Дома Blog Страница 113

Битка на градските ривали: Сити и Јунајтед се подготвени да платат преку 100 милиони евра за фудбалер на „шумарите“

Репрезентативецот на Англија и член на Нотингем Форест, Елиот Андресот, ќе биде еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок. За него интерес има од градските ривали Сити и Јунајтед, а од двете екипи се подготвени да платат преку 100 милиони евра.

23-годишниот фудбалер од средниот ред во моментов вреди 60 милиони евра, но во Нотингем Форест очекуваат да добијат речиси двојно за него, односно помеѓу 100 и 120 милиони евра.

До овој момент, ниту од Сити, ниту од Јунајтед, нема официјална понуда, но на „шумарите“ веќе им е јасно дека ќе останат без еден од своите најдобри фудбалери.

Андерсон оваа сезона веќе собра 41 настап со ефект од два гола и три асистенции.

Бо Мекејлеб се збогуваше од Вујошевиќ: „Почивај во мир легендо“

Светот на кошаркарата се збогува од легендарниот тренер Душко Вујошевиќ, кој почита денес на 67-годишна возраст во Белград. Еден од нив е и поранешниот македонски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, кој беше дел од златната генерација која играше во полуфиналето на Европското првенство во Литванија во 2011 година.

Токму во тој период Мекејлеб беше член на белградски Партизан, чиј тренер тогаш беше токму Вујошевиќ.

„Почивај во мир легендо. Вечно ќе ми недостигаш. Ова навистина боли.“ – напиша на социјалните мрежи Лестер Бо Мекејлеб.

Нов скандал во Шпанија: Навивачи на Реал Мадрид скандирале на верска основа (Видео)

Навивачи на Реал Мадрид предизвикаа нов скандал во Шпанија откако пред дуелот против Баерн Минхен упатиле скандирања на верска основа. Тие додека се движеле кон стадионот извикувале: „кој не скока, тој е мислиман“, а тоа нареди многу навивачи на Кралевите од муслиманска вероисповест.

Слични скандирања имаше и на пријателскиот меч помеѓу Шпанија и Египет, а тогаш јавна критика упати Ламин Јамал. Во редовите на Реал Мадрид играат четворица Муслимани: Арда Ѓулер, Антонио Ридигер, Фред Менди и Брахим Дијас.

 

Шкендија му одржа лекција на Работнички и се израмни со Вардар на врвот од табелата

Серијата од четири победи по ред за Работнички заврши на домашен терен со убедлив пораз од 0-3 против Шкендија. За актуелниот шампион на Македонија ова е враќање на победничките патеки, откако претходно коло беше изненаден пред своите гледачи од Пелистер (1-2).

Серијата голови на теренот на ФФМ во Ново Лисиче ја отвори интернационалецот од Косово, Ендрит Красниќи, во седмата минута, а до полувремето Шкендија постигна уште еден гол преку Фабрис Тамба во 37-мата минута.

Малубројните гледачи во комплексот на ФФМ во вториот дел имаа можност да видат само уште еден гол, кој беше дело на Красниќи во 71-вата минута.

Шкендија со оваа победа барем привремено се израмни со Вардар на врвот од табелата во Првата лига со по 61 бод, но скопските „црвено-црни“ вечерва го играат вечното дерби против Пелистер во Битола и имаат шанса повторно да бидат осамени лидери.

Работнички останува во опасната зона со 25 бода, колку што има и битолски Пелистер на деветтото место.

Тензија во Париз пред мечот против Ливерпул: Фудбалер се жали на болки, раководството инсистира да игра

Се крева тензија во редовите на Пари Сен Жермен, а во центарот на вниманието е шпанскиот играч од средниот ред Фабијан Руис.

Во клубот не се задоволни од односот на Руис, откако наводно одбил да настапи поради болка во коленото. Францускиот шампион потврди дека фудбалерот ќе го пропушти првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони против Ливерпул, додека продолжува со индивидуална програма до целосно закрепнување.

Руис е надвор од терените уште од јануари, иако првичните прогнози беа дека станува збор за полесна повреда – „нагмечување на левото колено“. Но, ситуацијата очигледно се искомплицира.

Според раководството, коленото на Руис веќе било „целосно во ред“, па очекувале да настапи на мечот од Лига 1 против Тулуз минатиот викенд. Сепак, Шпанецот јасно ставил до знаење – нема да тренира ниту да игра ако чувствува болка.

Токму оваа одлука дополнително ја вжешти атмосферата во клубот.

Инаку, Руис беше еден од клучните играчи на ПСЖ во минатата сезона, кога Светците стигнаа до тројна круна, со дури 61 настап. Оваа сезона има 24 натпревари, но од јануари е надвор од комбинација и за клубот и за Шпанија.

Тренерот Луис Енрике се обиде да ги смири страстите, потенцирајќи дека на 30-годишниот фудбалер му е потребно време за целосно да се врати во форма.

Поранешен фудбалер на Реал го критикува Јамал: „На опасен пат е, некој мора да му каже“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хави Балбоа, го критикуваше однесувањето на Ламин Јамал на првенствениот меч против Атлетико Мадрид. Младиот Шпанец беше заменет, па влезе во конфликт со тренерот Ханси Флик, а тоа предизвика бура од реакции во јавноста.

„Интересно е, зависи за кој клуб игра фудбалерот, некого браниме, а некого осудуваме“, рече Балбоа, подвлекувајќи паралела во критиките кон Винисиус. „Тоа не е во ред. Според мене, ова што го прави Јамал е погрешно“.

Балбоа нагласи дека ова не е изолиран случај, туку однесување со кое фудбалерот покажува фрустрација кога нема да ја добие топката. „Тој е на опасен пат и некој мора тоа да му го каже“, вели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

Навивач на Ајнтрахт почина откако доживеал срцев удар на натпреварот со Келн

Долгогодишен навивач на Ајнтрахт Франкфурт почина во болница на 87-годишна возраст, само по неколку часа откако доживеал срцев удар на стадионот за време на натпревар од Бундеслигата, соопшти германскиот клуб.

Стадионот молчеше додека медицинскиот персонал му помагаше на човекот, чијашто идентификација не е објавена, за време на второто полувреме од натпреварот меѓу Ајнтрахт и Келн во неделата.

„Овој 87-годишнен навивач, кој беше долгогодишен член на клубот и години наназад поседуваше сезонска карта, доживеа срцев удар за време на натпреварот. Иако успешно беше реанимиран на самото место, неговата состојба не можеше да се стабилизира“, се наведува во соопштението на Ајнтрахт.

Клубот упати сочувство до неговото семејство и пријателите, а истовремено им се заблагодари на службите за итна помош за нивниот напор да го спасат животот, како и на навивачите за нивната реакција во тие моменти.

Медведев буквално збесна: Загуби со 6:0 и 6:0, па бесот го истури на рекетот (Видео)

Еден од најдобрите тенисери во светот, Данил Медведев, доживеа вистински дебакл на Мастерсот во Монте Карло откако беше прегазен од Матео Беретини со неверојатни 6:0, 6:0 во второто коло.

Италијанецот буквално го „избриша“ десеттиот тенисер во светот само за 49 минути, а за Медведев ова е историски негативен момент – првпат во кариерата на ATП-турнирите губи меч без освоен гем!

Русинот беше видно нервозен од самиот старт, но фрустрацијата експлодира при резултат 6:0, 2:0 за Беретини, кога загуби осум гема по ред. Следуваше вистинско „шоу“ – Медведев го искрши рекетот удирајќи го шестпати од земја, а потоа го фрли во канта за отпадоци покрај теренот.

Од друга страна, Беретини одигра совршен меч и обезбеди пласман во осминафиналето – без загубен гем!

Интересно, Италијанецот имаше олеснета работа и во првото коло, кога Роберто Баутиста Агут му го предаде мечот поради повреда при водство на Беретини од 4:0 во првиот сет.

Со оваа сензација, Беретини ја запиша и првата победа оваа година против тенисер од светскиот топ 10, и тоа на спектакуларен начин.

 

Мурињо збесна како никогаш досега и од тимот исфрли четворица играчи

По неочекуваното реми на Бенфика против Каза Пија (1:1), Жозе Мурињо одлучи да направи драстичен рез во екипата. Португалскиот стратег одлучи да ја заврши приказната со четворица играчи на гигантот од Лисабон.

„Не сакам повеќе да играм со одредени играчи“, рече Жозе Мурињо, а набрзо португалските медиуми открија за кои играчи станува збор. Рафа Силва, Доди Лукебакио, Гергиј Судаков и Енцо Баренечеа повеќе не се во плановите на легендарниот експерт. Приказната за нив во Бенфика е завршена.

Откако освои само еден бод против тим кој се бори за опстанок, Бенфика се најде во проблеми пред крајот на сезоната. Иако непоразен, тимот на Жозе Мурињо е трет на табелата со 66 бода и полека се оддалечува од место во Лигата на шампионите.

До крајот на сезоната има уште шест натпревари и јасно е дека Бенфика мора да одигра без грешка, во спротивно ќе остане зад најголемите ривали Порто и Спортинг. Тимот на Жозе Мурињо има два големи предизвика. На 19 април Бенфика ќе има голем предизвик бидејќи ќе гостува кај големиот градски ривал Спортинг, а дерби ќе биде и мечот против Брага на 9 мај.

Португалските медиуми објавуваат дека атмосферата во соблекувалната на Бенфика е напната веќе долго време. Мурињо наводно претходно предупредил дека нема да толерира недостаток на посветеност и професионализам, а нерешениот резултат против Каза Пија беше последната капка што ја прелеа чашата.

Исклучувањето на Рафа Силва, еден од најискусните и најважните играчи во тимот во последните години, има посебна тежина. Навивачите се поделени – некои од нив веруваат дека Португалецот дал сè што можел и заслужува повеќе почит, додека други го поддржуваат Мурињо и тврдат дека никој не може да биде над клубот.

Само со четири меча погоди вкупен коефициент од речиси 8.500 (Фото)

Многу често обложувачите играат на неверојатни тикети со големи коефициенти, а тактиката е дека еднаш мора да падне солидна добивка. Таквата тактика му се посреќи на еден обложувач од скопска Кисела Вода, правејќи тикет на кој само со 30 вложени денари, си заработи повеќе од 3.500 евра.

Тактиката е едноставна. Одбрани беа четири меча на кои еден од тимовите мораше да постигне три или повеќе погодоци во првото полувреме. Оваа игра носи огромни квоти, а овојпат сите беа добитни, па вкупниот погоден коефициент е 8.491.

Велес Сарсфилд на полувреме водеше со 3:0 против Депортиво Арменио благодарение на погодоците во 13-тата 31-вата и 45-тата минута, за погоден Т1 3+ во прво полувреме.

Фас имаше убедливи 4:0 на полувреме на гостувањето кај ЦД Драгон и тоа беше повеќе од доволно да се погоди дека гостите ќе дадат три или повеќе погодоци во првото полувреме.

Во Јужна Африка, Орландо Пиратс убедливо со 5:0 го победи Голден ароус, а на полувреме резултатот беше 3:0 и беше погодено дека домашниот тим ќе даде 3+ погодоци во првите 45 минути.

Последниот погоден натпревар е меѓу Вадуз и Белинцона. Домаќините победија со 3:2, а интересно е дека сите три погодоци ги дадоа во првото полувреме, точно колку што требаше за тикетот да е добитен. Погодоците за домаќините беа постигнати во шестата, 11-тата и 44-тата минута.