Дома Blog Страница 114

Прогнозерите веќе решија кои се фаворитите на дерби-дуелите во Англија и во Германија

Само еден ден беше доволно да се таргетираат фаворитите на неколку мечеви од 26-тото коло на Спортската прогноза. Од понудените 13 натпревари во Топ 5 лигите, два меча ќе привлечат посебно внимание, а тоа се дерби-пресметките во Бундеслигата меѓу Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен и во англиската Премиер лига меѓу Челзи и Манчестер сити.

Дури 85 отсто од прогнозерите веруваат дека Борусија Дортмунд ќе победи на свој терен, а едвај пет отсто чекаат „двојка“ на Баер Леверкузен. Кога се работи за дербито во Премиер лигата, Манчестер сити да слави во Лондон кај Челзи очекуваат над 65 отсто од прогнозерите. Вo силата на Челзи веруваат едвај 20 отсто од прогнозерите.

Во понудата има уште 11 интересни дуели од Топ 5 лигите, а сите прогнозери имаат ист предизвик, да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 понудени натпревари. За перфектно типување главниот подарок е iPhone 16. За 12 погодени мечеви се добива ваучер од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

Во Англија се испишува еден негативен рекорд од 1888 година до денес

Екипата на Шефилд вензди испиша негативна историја во англискиот фудбал. Тимот кој е на последното место во Чемпионшип во Англија во понеделникот на свој терен одигра 1:1 против Лестер, во кој Шефилд водеше со 1:0 до 84-тата минута, кога гостите израмнија и средбата заврши без победник.

Со ова реми Шефилд вензди стигна до 36 меча по ред во сите натпреварувања на кои не победил. Со овој скор Шефилд го израмни негативниот рекорд по бројот на средби без победа откако е формирана Фудбалската лига во далечната 1888 година.

Претходно Дерби каунти во периодот од септември 2007 година до август 2008 година нареди 36 натпревари без победа, а сега Шефилд го израмни овој неславен рекорд. Шефилд е во опасност да постави нов апсолутен негативен рекорд доколку не победи на средниот дуел, а тоа е на 11 април, на гости кај лидерот Ковентри.

Последната победа Шефилд вензди ја имаше на 20 септември, и тоа во рамките од шестото коло во првенството на гости кај Портсмут. Од тој меч досега Шефилд има 27 порази, девет нерешени, без ниту една победа.

 

На „Камп ноу“ може да се чекаат пенал, црвен или автогол, Светците треба да блеснат против Ливерпул

Шпанска пресметка меѓу Барселона и Атлетико Мадрид и дуелот на актуелниот европски владетел ПСЖ против Ливерпул се двата денешни меча во Лигата на шампионите, за кои, секако, има и специјална понуда.

Барселона и Атлетико Мадрид ќе играат четвртипат во помалку од два месеца и сигурно може да се очекува ново шоу на „Камп ноу“. Ако се погледнат последните 10 меѓусебни дуели, Барселона има седум победи, Атлетико се радувал двапати, а еднаш било без победник. На осум од последните девет дуели на овие ривали имало 3+ погодоци.

Во понудата има одлични комбинации, а треба да се забележи дека во последните четири меѓусебни дуели имало два црвени картона, два пенали и еден автогол, а сите овие комбинации може да се одиграат и за денешниот дуел. Тука се и игрите за вкупно шутеви во рамките на голот, комбинации на стрелец на гол и победник на меч, бројот на жолти картони, изведени корнери, направени фаули, „уловени офсајди“…

Пари Сен Жермен сигурно ќе сака да го одбрани континенталниот трон и на свој терен ќе брка победа против Ливерпул. Светците имаат четири победи по ред, додека Ливерпул е во сосема поинаква ситуација дури со три порази, едно реми и само една победа на последните пет дуели.

ПСЖ и Ливерпул и лани играа во нокаут-фазата, и тоа во осминафиналето. Тогаш Ливерпул победи во Париз со 1:0, а потоа ПСЖ победи со ист резултат на „Енфилд роуд“, па патникот во следната фаза беше решен на пенали, кога Французите победија со 4:1. Тоа е само најава дека може да се очекува нов драматичен двомеч, а исто како лани, првиот меч се игра на „Паркот на принцовите“.

Почина Душко Вујошевиќ, во 2010 година ни „дозволи“ да го добиеме Бо Мекејлеб

Тажна вест пристигна од соседна Србија, почина славниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ. Тој долго време се бореше со разни болести, а денеска пристигна веста дека ја загубил најважната битка. Имаше 67 години.

„Доктор од Клиничкиот центар ми потврди дека Вујошевиќ починал. Јас сум ѕвездаш кој го сакаше Душко Вујошевиќ. Ова е голема загуба за нашиот спорт. Тој беше човек со став, кој со цело срце работеше и до крајот остана верен пријател“, рече новинарот на „Спортал“, Петар Поповиќ.

Цели 40 години траеше тренерската кариера на Вујошевиќ, а главен печат му беше работењето во Партизан. Тој е еден од оние кои дозволија Американецот Бо Мекејлеб да добие македонско државјанство. Во таа 2010 година, Вујошевиќ го тренираше Мекејлеб во Партизан, а беше и селектор на Црна Гора. Црногорците се интересираа да го донесат Мекејлеб да игра за Црна Гора, но Вујошевиќ сепак се откажа од таа идеја, па Бо стана Македонец и клучен играч за историскиот успех на Македонија на Европското првенство во 2011 година.

Меѓу многуте успеси на Вујошевиќ ќе издвоиме дека 12 пати беше државен првак со својот тим во Југославија, Србија и Црна Гора и Србија, петпати ја освојуваше АБА-лигата, а во 2009 година беше прогласен за најдобар тренер во Евролигата.

Последниот тренерски ангажман го имаше во романскиот Клуж, од каде што си замина во 2021 година.

Вардар има шампионски предизвик во Битола, забревтаниот Работнички на мегдан со првакот

Вечното фудбалско македонско дерби се игра вечерва од 20:30 часот во Битола. Стадионот „Петар Милошевски“ ќе биде мегданот каде што најголемите ривали ќе истрчаат со иста желба, а тоа е да се победи. Иста е желбата, но различни се целите на двата тима.

По 25 одиграни меча, Пелистер е на деветото место со 25 бода и до крајот на сезоната ќе има една цел, а тоа е да се спаси од испаѓање. Од друга страна, Вардар е со шампионски амбиции. Црвено-црните се лидери на табелата со 61 бод и освојувањето нови три бода ќе биде голем чекор кон посакуваната цел.

Пелистер сезонава дома има три победи, пет ремија и четири порази. Вардар во ноември победи во Битола со 2:1, а ако се погледат последните пет меѓусебни дуели, скопјани се со четири победи, а Пелистер се радувал еднаш.

Пред вечното дерби во Битола ќе има пресметка на арената „Тодор Проески“ меѓу Работнички и Шкендија. Тетовци се актуелни прваци и фаворити на овој меч, но не треба да се заборави дека Работнички игра одлично во пролетниот дел. Романтичарите наредија шест победи во последните седум кола, па сега има 25 бода и ги врати шансите дека може да се спаси од испаѓање. Традицијата вели дека Шкендија има пет победи и две нерешени во последните седум меча со Работнички, но формата на тимот од Дебар Маало најавува дека може да биде многу возбудливо денеска.

Со Бет билдер од двата меча во ЛШ до квота 40 (Фото)

Продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите, вечерва се закажани два нови натпревари, Барселона – Атлетико Мадрид и ПСЖ – Ливерпул. Секако, за нив има посебен третман преку Бет билдер понудата, која е фантастична и во текот на денешниот ден.

Можете до квота 40, ако го изберете Бет билдерот со дневниот микс од ЛШ. Ако секоја екипа постигне гол, изведе најмалку четири корнери, добие најмалку еден картон и упати најмалу четири удари во рамките на голот, се доаѓа до квотата 40.

Има и предлози наменети за секој натпревар од ЛШ посебно, како и за дуелот од Лигата на Европа меѓу Брага и Бетис.

 

Англичаните обезбедија пет места во ЛШ за следната сезона, а може да имаат и рекордни седум

Победата на Арсенал на гости кај Спортинг во Лисабон донесе доволни УЕФА бодови за Англија да се зацврсти на врвот на листата по која се прави рангирањето за следната сезона. Тоа значи дека Англија и дефинитивно во следната сезона ќе има најмалку пет екипи кои ќе играат во Лигата на шампионите.

Најквалитетните лиги од Европа даваат по четири екипи во ЛШ, но УЕФА ги наградува двете најуспешни земји уште со едно место, а сега веќе и официјално се знае дека едната позиција е за англиски тим резервирана. За втората таква привилегија се борат Шпанија и Германија. Моментално Шпанците се на второто место со 20.281 бодови, додека Германија е трета со 19.714 бодови. Англија е убедлива на врвот со 25.013.

Интересно е дека Англија може да стигне и дури до седум клуба кои би играле во ЛШ следната сезона, што би било за првпат во историјата на елитното натпреварување. Како е тоа можно? Моментално на првите четири позиции во Премиер лигата се Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Астон вила. Ливерпул е петти со 49 бода, а Челзи е на шестото место со 48 бода.

Доколку Челзи заврши на петтото место, ќе игра во ЛШ, а Ливерпул ако оваа сезона успее да ја освои Лигата на шампионите, па како бранител на трофејот би била шеста екипа во елитното друштво. Седмиот тим би можел да биде Нотингам форест, кој игра во Лигата на Европа и доколку успее да ја освои титулата во второто по ранг на натпреварување на УЕФА, ќе добие автоматско место во ЛШ за следната сезона.

Комбинации има многу, но сега е јасно дека Англија ќе има најмалку пет преставника во Лигата на шампионите следната сезона.

ПСЖ е во подобра форма од Ливерпул, ќе слави и Барселона

5121 Гамба Осака – Бангкок јунајтед (12 часот)
Ова е натпревар од азиската ЛШ и Гамба Осака е голем фаворит. Наш предлог е дека триумфот на домаќинот ќе биде зачинет и со три гола на мечот.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.83)

 

6030 Брага – Бетис (18.45 часот)
Неизвесен дуел од Лигата на Европа. Брага е сигурен домаќин, па на Шпанците нема да им биде лесно. Типуваме дека Брага нема да загуби, а на натпреварот да бидат постигнати од два до четири гола.
Предлог тип: 1X & 2-4 (2.20)

 

1951 Ѓозтепе – Галатасарај (19 часот)
Галатасарај има два порази по ред, а тоа не се случува често. Се очекува гигантот од Истанбул да реагира, но голем хендикеп е неиграњето на најдобриот стрелец Виктор Осимен, кој е повреден. Затоа се одлучивме Галатасарај да не загуби, а на мечот да има најмногу три гола.
Предлог тип: X2 & 0-3 (1.79)

 

6003 ПСЖ – Ливерпул (21 часот)
ПСЖ е во многу подобра форма и треба тоа да го искористи пред своите гледачи. Тимот на Луис Енрике ќе сака да обезбеди предност пред реваншот на „Енфилд“.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.98)

 

6004 Барселона – Атлетико Мадрид (21 часот)
Барселона и Атлетико се среќаваат многупати оваа сезона и секој меч е посебна приказна. На Ханси Флик ќе му недостига Рафиња, но се очекува каталонскиот тим да нападне од стартот и да забележи победа.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.07)

Нојер имаше голманско шоу во Мадрид, а повеќе одбрани во ЛШ забележа пред девет години, исто така на „Бернабеу“

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, имаше фантастични девет одбрани во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (1-2) и заслужено го доби признанието за „играч на натпреварот“. Ова е најдобриот настап на 40-годишниот Германец во елиминациската фаза на Лигата на шампионите во последните девет години. Во април 2017 година тој блесна со 10 одбрани во четвртфиналниот натпревар, повторно против Реал Мадрид.

Дури и кога Килијан Мбапе конечно постигна гол, Нојер, наизглед во безнадежна ситуација по шут од близина, сепак беше блиску до одбрана.

На „Бернабеу“ синоќа Нојер се доближи до совршенството и одигра речиси перфектен натпревар. Единствениот недостаток беа неколку лоши додавања во првото полувреме, едно од нив доведе до шанса за гол за Мбапе, но ветеранот потоа се реваншира и со одлична одбрана.

Сè уште не е јасно дали оваа сезона ќе биде неговата последна во кариерата. Тој сѐ уште е фантастичен на голот и извори од клубот велат дека Баерн е подготвен да му понуди уште еден договор. Сепак, последниот збор дали ќе продолжи ќе го има самиот Нојер.

Фудбал, тенис, кошарка, ракомет и хокеј со зголемени коефициенти во Супер типот (Фото)

Денешниот Супер тип е максимално разновиден и со максимално зголемени коефициенти. Има од сѐ по нешто и за сите вкусови.

Фудбалот доминира, но има мечеви и од тенисот, кошарката, ракометот, па дури и хокеј со максимални квоти.

Понудата стартува со два тениски меча, а потоа полека се приклучуваат фудбалот, хокејот и ракометот. Кошарката е резервирана за вечерните часови, кога исто така се закажани и натпреварите од фудбалската Лига на шампиони.

Изборот е одличен…