Дома Blog Страница 115

Артета ја откри тајната за победата на Арсенал во Лисабон

Арсенал минимално со 1:0 го победи Спортинг во Лисабон и направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Клучниот момент на средбата се случи во судиското продолжение на второто полувреме, кога Кај Хаверц постигна гол во 90+1 минута за голема радост на фановите на Топчиите.

По мечот, тренерот на лондончани, Микел Артета, беше задоволен затоа што неговиот тим победи на тешко гостување.

„Многу сум среќен. Воопшто не е лесно во оваа фаза од Лигата на шампионите да се победи далеку од дома, и тоа кај ривал кој толку многу време нема загубено на свој терен. Тоа покажува колку беше тежок мечот. Знаевме дека мора да бидеме фокусирани, да бидеме побрзи, а кога влеговме во последната третина од мечот, имавме две-три шанси за погодок. На крајот еден магичен потег ни ја донесе победата. Тоа е она што е потребно во оваа фаза од сезоната. Секој мораше да има свое влијание на теренот, а играчите тоа го направија“, рече Артета веднаш по средбата во Лисабон.

Шпанскиот стратег на чело на Арсенал вели дека клучно за победата е тоа што играчите покажале карактер и го потенцирале идентитетот на заедништво во играта, нешто што тој постојано го бара од нив. Артета посебно ги пофали стрелецот на единствениот гол, но и голманот Раја, кој не дозволи неговата мрежа да биде затресена.

„Хаверц е играч кој сака да игра на големи, важни натпревари. Задоволен сум што се појави кога имавме потреба од него. Одличен беше и Давид Раја, кој имаше неколку добри одбрани.Вечерва го покажавме тоа што го барав од играчите, а тоа е да се истакне идентитетот на овој тим. Сега сме чекор поблиску до полуфиналето. Но, сепак ова е само прво полувреме и мора добро да се подготвиме за реваншот кој ќе биде пред нашите навивачи. Ако го направиме тоа, ќе може да продолжиме со мисијата во ЛШ“, додаде Артета.

Реваншот се игра следниот вторник во Лондон.

Нова возбуда и одлична можност за добивки со Квотите на денот (Фото)

Среда по „традиција“ е среќен ден, а и денешниот има такви предиспозиции ако се погледнат Квотите на денот. Носат нова возбуда, но и одлична можност за нови добивки.

Брага го пречекува Бетис во мечот од Лигата на Европа, а ако двете екипи постигнат гол и има барем еден погодок во првото полувреме, квотата на денот е 2.20.

Ѓозтепе се среќава со Галатасарај и ако гостите постигнат гол, а има повеќе голови во второто полувреме, квотата на денот е 2.30.

Ал-Итихад игра со Неом и квотата на денот е 2.05 доколку на мечот има победник и во првото полувреме биде постигнат најмногу еден гол.

Барселона е домаќин на Атлетико Мадрид во ЛШ и квотата на денот е 2.10 доколку гостите постигнат идентичен број голови во првото и во второто полувреме.

ПСЖ ќе го пречека Ливерпул и квотата на денот е 2.05 ако двете екипи постигнат гол и има два гола во второто полувреме.

 

Компани: Секоја победа на „Бернабеу“ е одличен резултат

Венсан Компани истакна задоволство по победата на Баерн Минхен со 1-2 против Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Баварците славеа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, што им дава сериозна психолошка предност пред реваншот.

„Секоја победа на „Бернабеу“ е одличен резултат. Можеме да надградиме врз неа, а следниот натпревар го играме на домашен терен. На моменти тие беа неверојатно опасни, погледнете го нивниот квалитет, но и ние останавме да се закануваме до крајот. Сега нашата цел е да продолжиме понатаму и да победиме и дома.

Секој може да избере кој е најдобар голман на сите времиња, но Мануел Нојер е еден од ретките што можат да го прават тоа на врвно ниво многу, многу долго време. Да се игра на ваков начин на оваа возраст е исклучително тешко. Не знам како било да се работи со него на 30 години, но тој навистина е импресивен. Потребни се посебни изданија на ова ниво во вакви натпревари. Имавме шанси да постигнеме уште голови. Се надевам дека ќе ја продолжиме оваа форма и следната недела… и дека нашите напаѓачи ќе бидат најдобрите играчи.

Зависи од клубот и од Мануел дали ќе продолжи на неговите години. Нема да коментирам за тоа. Најважно е она што го видовме од него. Имам чувство дека е во одлична форма и ни е потребен, не само поради неговото искуство, туку и поради квалитетот. Реагираше во многу тешки моменти од натпреварот. Но, не сум изненаден ако се земе предвид неговиот пристап на тренинзите“, изјави Компани.

Тој смета дека сепак ќе следи тежок и неизвесен реванш во Минхен.

„Ништо не е завршено. Немаше причина за еуфорија, со оглед на важните натпревари што следуваат. Ако моите момчиња победат следната недела, можеби тогаш ќе почувствувам вистинска радост. Во Баерн имавме голема почит кон противникот. Свесни сме колку голем клуб и тим е Реал Мадрид, но важно беше и што претставуваме ние и што значеше оваа победа за нашите играчи“, дополни тренерот на Баерн Минхен.

Арбелоа: Можевме да постигнеме повеќе голови и со подобар резултат да одиме во Минхен

Алваро Арбелоа зборуваше по поразот на Реал Мадрид со 1-2 од тимот на Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на УЕФА. Баварците остварија победа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, што значи дека на реваншот следната недела Кралевите ќе треба да направат голем пресврт на „Алијанц арената“.

„На полувремето зборувавме дека треба да продолжиме да играме цврсто, но примивме гол веднаш по паузата. Инсистирав дека треба повеќе да работиме на играта со топка, да го подобриме поседот, да ја задржуваме и брзо да ја враќаме откако ќе ја загубиме. Во второто полувреме навистина бевме подобри. Нашиот гол ни даде надеж, но ова беше вечер во која игравме против талентиран и опасен тим.

Им честитам на моите играчи што продолжија да напаѓаат и не ја загубија вербата. Одиме во Германија со сознание дека сме способни да победиме. Грешките се ситуации за кои веќе сме зборувале. Кога играш под притисок, мора да бидеш внимателен, да го поставиш телото правилно и да ја заштитиш топката бидејќи тоа е опасна фаза од играта. Често тоа е најважното нешто што треба да се избегне, да ја загубиш топката на лоша позиција против ваков тим. Можевме да постигнеме уште голови и да извлечеме подобар резултат.

Разговарав многу со Џуд Белингам за тоа безбедно да се врати по долгата повреда, но тој е играч кој не сакам да биде на клупата. Кога ќе влезе целосно во форма, го сакам во тимот секоја недела“, изјави Арбелоа.

ЛА лејкерс без Лука Дончиќ и Леброн Џејмс доживеа дебакл во Оклахома (Видео)

Кошаркарите на Оклахома сити тандер го совладаа тимот на Лос Анџелес лејкерс со убедливи 123-87.

Иако на прв поглед резултатот изгледа неверојатно, работите стануваат појасни кога ќе се знае дека Лејкерси настапија без петмина играчи кои во просек заедно постигнуваат речиси 100 поени — Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Остин Ривс, Маркус Смарт и Џексон Хејс.

Во нивно отсуство, Лејкерс ги предводеше Руи Хачимура со 15 поени, додека по 11 поени постигнаа Дру Тим и Ник Смит.

Во редовите на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер постигна 25 поени со осум асистенции, додека Чет Холмгрен оствари „дабл-дабл“ со 15 поени и 10 скокa.

Бостон селтикс го совлада Шарлот хорнетс со 113-102. Тимот до победата го предводеше Џејлен Браун со 35 поени, додека на спротивната страна Ламело Бол постигна 36 поени.

Резултати НБА: Вашингтон – Чикаго 98-129, Индијана – Минесота 104-124, Бруклин – Милвоки 96-90, Торонто – Мајами 121-95, Њу Орлеанс – Јута 156-137, Голден sтејт – Сакраменто 110-105, ЛА клиперс – Далас 116-103.

Реал можеби ќе се спасеше од пораз, но Винисиус успеа да го промаши невозможното (Видео)

Реал Мадрид загуби со 1-2 од Баерн Минхен на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите, но резултатот можеше да биде и поинаков. Мануел Нојер беше одличен и со осум фантастични одбрани ја сочува победата на Баерн, но во 61-вата минута остана немоќен.

Упамекано направи грешка на средината на теренот, а Нојер се најде далеку од својот гол. Винисиус истрча контра, изби „очи во очи“ со противничкиот голман, кој не беше ни поставен, но ударот на Бразилецот заврши во надворешниот дел од мрежата.

Шансата на Винисиус беше потешко да се промаши отколку да се погоди.

Димитријевиќ со „дабл-дабл“ во победата на Баерн, Црвена ѕвезда на чекор од разигрувањето

Ненад Димитријевиќ имаше „дабл-дабл“ ефект во победата на Баерн Минхен на гостувањето кај Виртус Болоња. Баварците славеа со 80-85 на гостувањето кај Болоња во меч кој немаше резултатско значење за ниту една од екипите.

Нашиот кошаркар го заврши мечот со 11 поени, но и со три скока и 10 асистенции.

Баерн Минхен има заостанување од три победи од десеттото место, а до крајот на регуларниот дел во Евролигата треба да одигра уште два меча.

Црвена ѕвезда дојде до победа од 94-81 пред својата публика против Париз и дојде на чекор од пласман во разигрувањето. „Црвено-белите“ имаат шанси за влез и во топ-6, но лесно може да се случи и да испаднат од топ-10, па затоа ќе мора да одиграат на победа и против Лион и против Реал Мадрид на последните два меча.

Нојер како да имаше „сто раце“ – Баерн го победи Реал, минималец за Арсенал во Лисабон (Видео)

Реал Мадрид и Баерн Минхен приредија вистински спектакл на „Сантијаго Бернабеу“ со низа шанси за гол на двете страни, но и триумф на „Баварците од 1-2.

Иако головите беа дело на Луис Дијас и Хари Кејн, сепак играч на натпреварот е голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој иако има полни 40 години, сепак покажа светска голманска класа и со осум фантастични интервенции ја сочува победата на Баварците.

Баерн имаше водство од 0-1 на полувремето со голот на Луис Дијас во 41-вата минута, а Хари Кејн само по 20-тина секунди во вториот дел зголеми на 0-2.

Почесниот погодок за Кралевите беше дело на Килијан Мбапе во 74-тата минута.

Вториот четвртфинален меч од Лигата на шампионите кој се одигра вечерва им припадна на фудбалерите на Арсенал со минимални 0-1. Иако Спортинг имаше повеќе, но и подобри шанси за гол и за победа, сепак Хаверц во 91-вата минута донесе триумф за Топчиите.

Ливерпул добива голем адут: Исак отпатува со екипата за Париз!

Ливерпул официјално ја потврди групата од 21 фудбалер за гостувањето кај Пари Сен Жермен во рамките на Лигата на шампионите в среда навечер, а главната вест е – Александер Исак се враќа!

Напаѓачот за кого Црвените искешираа дури 125 милиони фунти конечно е фит и тренира со полн интензитет откако закрепна од тешката повреда на ногата и зглобот, заработена во декември на дуелот со Тотенхем во Премиер лига.

Се очекуваше шведскиот репрезентативец да се врати уште за четвртфиналето од ФА купот против Манчестер сити, но на крајот остана надвор од тимот при тешкиот пораз од 0:4. Во Ливерпул проценија дека гостувањето на „Етихад“ е прерано за ризик со него.

Сепак, сигналите се повеќе од позитивни – Исак беше забележан во одлично расположение на тренингот во Керкби, што само ја зголемува надежта дека ќе добие минути во Париз.

Напаѓачот веќе отпатува кон француската престолнина заедно со уште 20-мина соиграчи и е сериозен кандидат за камбек токму на големата сцена.

Во составот се очекува да бидат и Мохамед Салах, Федерико Кјеза и Џереми Фримпонг – тројца играчи кои исто така се вратија од повреди и веќе запишаа минути на мечот против Сити.

Полувреме во ЛШ: Баерн води сред Мадрид, во Лисабон мируваат мрежите (Видео)

Реал Мадрид и Баерн Минхен одиграа возбудливо прво полувреме со многу шанси на двете страни, но Баварците се тие кои имаат предност по првите 45 минути.

Нојер и Лунин беа одлични сè до 41-вата минута, кога попушти одбраната на Кралевите, па Луис Дијас ја начна мрежата на украинскиот голман по фантастичното проигрување од Гнабри.

На вториот четвртфинален меч кој се игра вечерва, Спортинг и Арсенал играат без голови во Лисабон по првиот дел. Гостите ја имаа повеќе топката, но домашните се оние кои беа поконкретни и поблиску до гол во првото полувреме.

Спортинг се закани петпати, а два удари одеа во рамките на голот од Раја, додека Топчиите“ упатија само еден удар кој не беше закана по голот на „лавовите“ од Лисабон.