Дома Blog Страница 123

Винисиус јуниор ги откри плановите за својата иднина

Винисиус јуниор долго време беше цел на шпекулации околу неговата иднина, но сега е јасно дека тој ќе остане во Реал Мадрид.

Бразилецот ја стекна својата слава токму во Реал Мадрид, а во последно време се зборуваше за можен трансфер. Иако има договор до 2027 година, се појавија информации дека би можело да го напушти клубот ова лето.

Манчестер јунајтед, како и други големи клубови, беа споменати како потенцијални дестинации, а нивните менаџери беа во контакти и со Манчестер сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул, ПСЖ и Баерн Минхен.

„Кога ќе дојде вистинското време, ќе го продолжам договорот со Реал и ќе останам тука уште долго. Реал Мадрид е клубот на моите соништа. Имам уште една година од договорот, но мирен сум околу преговорите и имам доверба во претседателот Флорентино Перес. Имам посебна врска со тренерот Алваро Арбелоа како што имав и со Карло Анчелоти. Тренерот секогаш ми зборува што очекува од мене, а јас давам сè од себе и ќе продолжам така“, изјави Винисиус јуниор.

Со ова Бразилецот ги отфрли сите дилеми околу неговата иднина и потврди дека ќе остане во Реал. Сега клубот го очекува двомеч со Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Покрај тоа, Винисиус ќе мора да биде подготвен и за Светското првенство што годинава ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, каде што Бразил се наоѓа во група заедно со Мароко, Хаити и со Шкотска.

Дефинитивно се смирија: Чеферин утре ќе седи до Перес и ќе гледа Реал – Баерн

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, најголемото дерби во четвртфиналето на Лигата на шампионите на два тима кои заедно имаат 21 европска титула и никој нема повеќе мечеви од нив во елитното натпреварување, ќе го следи и првиот човек на европскиот фудбал, Александер Чеферин. 

Ова е вест затоа што тоа е знак дека дефинитивно дошло до помирување на Реал и УЕФА откако Кралскиот клуб се откажа од Суперлигата. Дојде и моментот кога и Реал Мадрид ќе ги отвори вратите на својот стадион за претседателот на УЕФА.

Чеферин утревечер ќе биде покрај Флорентино Перес во претседателската ложа на „Бернабеу“ во Мадрид, а таму ќе биде и претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лузан. Се очекува да дојдат уште неколку претседатели. 

Самиот Чеферин неодамна на последниот конгрес на УЕФА рече дека не му е проблем да се врати на стадионот на Реал.

„Враќање на Бернабеу? Секако, зошто да не. Веќе одам во Париз, Милано или Барселона. Нема проблем“.

Бејл: Некои луѓе мислеа дека Модриќ е пренизок за да игра во среден ред

Легендарниот велшки фудбалер Герет Бејл во емисија зборуваше за својот поранешен соиграч Лука Модриќ, со кого играа во Тотенхем, а потоа заедно освоија многу трофеи во Реал Мадрид.

„Лука Модриќ многу ми помогна, беше одличен кон мене. Тој е играчот со кого најмногу сум играл во мојата кариера. На почетокот во Тотенхем имаше мал физички проблем бидејќи беше низок, му требаше краток период на адаптација, но потоа беше одличен. На почетокот беше крилен играч, играше пред мене и влегуваше во средината, а јас добивав простор на крилото. Некои луѓе мислеа дека е премногу низок за да игра во средината, но тој влегуваше во средината, одеднаш ја менуваше насоката и покажуваше дека не секогаш е потребна сила“, рече Бејл.

Бејл одиграл повеќе натпревари со Модриќ (301) отколку со кој било друг соиграч. Модриќ стана еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата, го зацврсти својот статус со освојувањето на Златната топка во 2018 година, откако ја водеше Хрватска до финалето на Светското првенство.

ФК Водно со блесок на „Овиедо купот“, освоени шампионски трофеи во генерациите 2013 и 2015

Фудбалската школа „Водно“ имаше блескав настап на „Овиедо купот“ кој изминативе неколку денови се одржуваше во шпанскиот град Овиедо. Македонскиот преставник на овој турнир на крајот стигна до шампионските трофеи во две генерации. Талентите на ФК Водно се победници во генрациите 2013 и 2015.

Младите фудбалери на ФК Водно во една силна конкуренција, одиграа одлично низ целиот турнир и на крајот славеа двоен триумф, како за генерацијата 2013, така и и за онаа 2015, со што само уште еднаш се потврдува дека во Македонија има многу талентирани деца за фудбал со кои треба само правилно да се работи и да се стигне до посакуваните резултати.

Патрик Мекинро мисли дека најдобриот јуниор би ја победил Сабаленка со 6-1, 6-1

Поранешниот капитен на американскиот Дејвис куп тим, Патрик Мекинро, даде контроверзна изјава во својата радиоемисија кога ги спореди машкиот и женскиот тенис.

Егзибицискиот натпревар одигран претходно оваа година помеѓу Арина Сабаленка и Ник Кирјос ја разгоре дебатата околу машкиот и женскиот тенис во таканаречената „Битка на половите“.

Мекинро смета дека разликата е огромна и дека „ако го ставите најдобриот јуниор на светот, најдобриот 17-годишник против Сабаленка, тој би ја победил со 6-1, 6-1 или нешто слично“.

И покрај ова, тој тврди дека е голем обожавател на женскиот тенис.

„Не го велам ова за да го омаловажам женскиот тенис, го сакам женскиот тенис. Ако има добар натпревар, ќе го гледам повеќе отколку машки натпревар ако е нерамноправен“.

Одлични вести за Баерн, Хари Кејн тренираше и ќе биде спремен за мечот со Реал

Убедливо најдобриот стрелец во Бундеслигата, а и реализатор на 10 гола сезонава во Лигата на шампионите, Хари Кејн, денеска се појави на тренинг на Баерн Минхен. Првите 15 минути, колку што беше дозволено присуство на новинари и фоторепортери, тој нормално тренирал со останатите соиграчи и тоа е сигнал дека би можело да игра на утрешниот прв меч од четвртфиналето на ЛШ против Реал Мадрид.

Кејн имаше повреда на глуждот поради која не настапи викендов, но на фановите на Баварците многу им олесна кога го видоа на тренинг. Тренерот Венсан Компани ќе треба да процени дали Кејн треба да биде стартер утре во Мадрид и дали е спремен за 90 минути или ќе чека шанса од клупата за резерви.

Одлични квоти во Специјалот да има пенал или црвен картон на Наполи – Милан

Специјалот посветен на дербито Наполи – Милан носи огромен број игри со привлечни квоти кои се и повеќе од реално добитни.

Една од попримамливите игри за обложувачите е да погодат кој играч ќе постигне гол, фаворити се Хојлунд од Наполи, како и Леао и Пулишиќ од Милан, на списокот на потенцијални стрелци на првиот гол или било кога во текот на мечот е и нашиот Елмас.

Одлични квоти има и за пенал или црвен картон. А, есеноска, кога овие два тима играа во Милано, имаше и пенал и црвен картон. Што се однесува до пеналите, ги имаше на претходните две лигашки соочувања на овие тимови, па ако верувате во хет-трик, задолжително уплатете, квотата е одлична.

На Барса и Атлетико им се стемни кога видоа кој ќе им суди в среда

УЕФА го одреди Иштван Ковач за главен судија на четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

УЕФА високо го цени Иштван Ковач, кој го судеше и ланското финале на ЛШ во кое ПСЖ го победи Интер и ја освои својата прва титула. Романецот е еден од најдобрите фудбалски судии на светот, но Барса и Атлетико во минатото имаа лошо искуство кога овој арбитер им делеше правда.

Судијата Ковач е вистинска ноќна мора за Јорганџиите од МадридТие никогаш не победиле на натпревар што го судел Романецот. Оваа сезона тој им судеше при ремито 1-1 во Истанбул со Галатасарај, каде што им покажа четири жолти картони на играчите на Атлетико. 

Уште му го паметат поништениот гол на натпреварот од Светското клупско првенство против ПСЖ. По тој меч, тренерот Диего Симеоне му беше доста лут на Ковач.

Единствениот пат кога Ковач судел натпревар на Барселона во ЛШ, тие дома загубија со 1-4 од ПСЖ. Тој, исто така, го судеше и нивниот натпревар од Лигата на Европа против Наполи, кој заврши нерешено 1-1.

Значи, ниту Атлетико Мадрид, ниту Барселона досега не победиле на натпревар суден од романскиот судија

Викенд со серија чудни резултати во македонскиот спорт

Викендов во Првата македонска фудбалска лига и кошаркарската Суперлига имаше неколку резултати кои изненадија многумина.

Честитки за екипите на Пелистер, кој во Тетово ја победи Шкендија, и за Работнички, кој славеше на гости кај Струга Трим Лум. Вакви исходи тешко дека може да се случат пред некој месец, но сега, кога на тимовите им гори под нозе, знаат да направат и чуда.

Шкендија се бори за титула, но на свој терен потклекна пред битолчани, на кои бодовите им требаат за да останат прволигаши. Работнички многумина го видоа како сигурен второлигаш покрај Шкупи, но Романтачарите се преродија периодов и имаат четири победи по ред, го напуштија претпоследното место, но уште се загрозени од директно испаѓање.

И во кошарката имаше чудни резултати, незамисливи до пред некое време. Но, кога некому му треба победа по секоја цена, може да победи и фаворит.

Последното коло од регуларниот дел во суперлигашкиот макбаскет донесе многу возбуда бидејќи неколку тимови се бореа за место во топ 6. Најдобрите три тима во лигата претрпеа порази. Лидерот ТФТ е прегазен од Тиквеш (само трети пораз на Црно-белите, првите два беа од МЗТ), МЗТ Скопје Аеродром загуби од Чаир, што исто така е сензација, а Пелистер беше совладан од Кожув.

Најголеми губитници испаднаа кумановци, кои загубија од Работнички и останаа без шанса за плејоф, па овие два тима ќе си играат меѓу себе и наскоро во разигрувањето за опстанок.

Необично богат и атрактивен Бет билдер како за понеделник

Бет билдерот на Sport Life за денеска е необично богат и атрактивен, затоа се играат неколку интересни дуели од Топ 5 лигите, па двоцифрени квоти има за комбинации за мечевите Удинезе – Комо, Лече – Аталанта, Јувентус – Џенова, Милан – Наполи и Жирона – Вилјареал.

Кај секој од овие мечеви се бара да се исполнат по неколку услови за добивка, а за дневниот микс посветен на дуелите од италијанската Серија А (првиот меч е веќе од 12.30 часот), билдерот е со квота дури од 100.0. Потребно е да има барем по два гола на секој денешен меч, како прв од четирите услови за оваа комбинација да биде добитна.