Дома Blog Страница 128

ЖФК Љуботен: „Крај на една ера, во фудбалот нема место за тие што вложуваат и сакаат напредок“

Од Женскиот фудбалски клуб Љуботен излегоа со соопштение во кое најавија „крај на една ера“, откако екипата беше оштетена на мечот против Ас јунајтед во Струга и се повлече од теренот, а потоа беше казнета и со одземање на девет бода.

Во соопштението се наведени сите успеси на клубот, кој четири пати по ред беше шампион на Македонија, а освои и три трофеи од Купот. Минатото лето, екипата од Тетово постигна и историски успех во женската Лига на шампиони, но и низа проекти кои биле планирани, а сега нема да се реализираат.

Во продолжение дел од соопштението на ЖФК Љуботен објавено на социјалните мрежи.

„Денес беше последниот натпревар за многу играчи во ЖФК Љуботен, последен со интернационалки, последен по многу нешта!
По последните случувања на терените за кои сме повеќе од сигурни беа се само спортски не, како и одлуките на Фудбалската Федерација јасно и гласно ни покажаа дека нема место за успешни, за тие кои искрено вложуваат и сакаат напредок во спортот.
Изгубија сите изгуби Тетово, изгуби репрезентацијата имаме 10 репрезентативки, изгуби фудбалот, згаснува бренд по кој е познат женскиот фудбал во регионот и пошироко …
Ќе останат недовршени многу проекти и визии кои ги имавме во план од кои ќе наброиме неколку: нарачаниот клубски автобус ќе бевме први и во тоа можеби и на балканот женска екипа со свој сопствен автобус ќе заврши во некоја туристичка агенција, големиот проект со потенцијалниот странски инвеститор за изградба на тренинг центар со хотел и сите пропратни елементи во близина на Тетово, градоначалникот Јовица знае а го запознав и министерот при една наша средба, тука во Вас ФФМ гледавме партнери, планираното враќање на најстариот машки клуб во земјата прво во втората лига па потоа и ранг погоре итн….,
Денес дами и господа вие го погребавте Тетово, пркосот или тоа што им бодеше во нос на сите тука успесите на ЖФК Љуботен, денес Вие можеби ставте клуч на најстариот машки фудбалски клуб Љуботен денес ја погребавте македонштината и уште еднаш ни кажавте дека нема место за луѓе со чесност, визија и успеси! За нас Тетово и Македонија се светост ние сме сигурно многу поголеми од сите Вас и тие што ве советуваат ова да го направите, но чесноста ни е пред се!“ – се вели во дел од соопштението на се уште актуелниот шампион на Македонија, ЖФК Љуботен.

„Романтично“ е во Струга: Работнички и дефинитивно е пролетен хит!

Фудбалерите на Работнички продолжуваат со одличните игри пролетва и дефинитивно се хит во продолжението од првенството. „Романтичарите“ славеа со 1-2 на гостувањето кај поранешниот шампион на Македонија, Струга, и на тој начин продолжија со одличните игри.

Јован Попзлатанов во 14-тата минута изненадувачки донесе водство за Работнички, откако една недефинирана топка заврши во мрежата на голманот на Струга, Ангелети.

Стружани долго се обидуваа да се вратат резултатски, промашија низа шанси, а несовладлива пречна беше голманот на „романтичарите“, Ондоа.

Сепак, Струга успеа да израмни во 49-тата минута преку Христијан Малески од пенал, а кога сите очекуваа комплетен пресврт и победа на фаворитот, се случи „студен туш“ крај езерото.

18-годишниот Аритон Мехмед во 85-тата минута се најде на вистинското место и во вистинско време, па успеа да донесе големи три бода за Работнички во борбата за опстанок.

На табелата по 25 првенствени кола во водство е Вардар со 61 бод, пред Шкендија со 58 и Струга со 53. Вистинска мешаница има на дното, бидејќи освен испаднатиот Шкупи, во игра за избегнување на најлошото се неколку екипи.

Македонија ЃП е 11-та со 23 бода, по два повеќе имаат Работнички и Пелистер, додека Арсими со 29 поени е на осмата позиција.

Поранешната ѕвезда на Челзи сопре со играње фудбал поради проблеми со срцето

Поранешниот бразилски репрезентативец Оскар ја заврши фудбалската кариера на 34 години, соопштија од неговиот клуб Сао Пауло. Оваа одлука на Оскар доаѓа помалку од еден месец откако фудбалерот беше примен во болница поради проблеми со срцето. Тој имаше договор со Сао Пауло до крајот на 2027 година, но сепак здравствените проблеми го натераа порано да се пензионира.

Оскар последен пат играше во ноември минатата година, кога доживеал вазовагална синкопа – честа причина за несвестица по ненадеен пад на крвниот притисок или срцевиот ритам, што барало операција. Се чувствувал лошо за време на медицинските тестови пред сезоната и наводно бил во несвест околу две минути. Сао Паоло во тоа време изјавил дека имал „компликација со срцеви промени“.

Оскар се вратил во својот роден клуб кон крајот на 2024 година по долг престој во Кина.

„Сакав да направам повеќе за Сао Паоло, сакав да играм повеќе. Мислам дека имав и фудбалски талент и возраст да играм повеќе, но за жал се случи ова. Сега ќе се пензионирам и ќе продолжам да навивам за Сао Паоло, ќе го продолжам мојот живот како навивач“, разочарано констатираше Оскар.

Бразилецот освои една титула во Лигата на Европа и два трофеи во Премиер лигата со Челзи, на кого му се приклучи во 2012 година. Потоа се преселил во Шангај СИПГ кон средината на сезоната 2016-17 за трансфер од 73 милиони долари. Бразилецот освои три титули во кинеската Супер лига и стана омилен меѓу навивачите во Азија.

Клинсман: Да беа во Италија, Јамал и Мусијала веројатно би играле во Серија Б

Поранешниот германски репрезентативец и селектор, Јирген Клинсман даде свое мислење за случувањата ви италијанскиот фудбал и зошто Аѕурите трето Светско првенство по ред се надвор од елитата. Клинсман добро го познава италијанскиот фудбал затоа што како играч три сезони со успех настапуваше за Интер, а потоа кратко го носеше дресот и на Сампдорија.

По завршување на играчката кариера, Клинсман беше селектор на Германија, потоа предводник и на САД и Јужна Кореја. Од клупската тренерска кариера ги предводеше екипите на Баерн Минхен, Херта Берлин. Според Клинсман, Италија нема вистински лидер на теренот, но и фактот дека Аѕурите воопшто немаат доверба во младите талентирани фудбалери.

„Италијанската филозофија за фудбалот е да не загуби, победата не ги интересира толку многу. Италија ја плаќа цената на недостаток на лидер. Немаат играчи кои се технички добро подготвени и воопшто не веруваат на младите фудбалери. На пример, во Италија да играат Ламин Јамал и Џамал Мусијала тие веројатно би играле во некои екипи во Серија Б за да стекнат искуство“, вели Клинсман, додавајќи дека и тој бил разочаран кога видел дека Италија едноставно повторно остана без пласман на Мундијалот.

Барди прецизен од пенал, Коњаспор водеше, па се спасуваше од пораз (Видео)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, го постигна и шесттиот гол оваа сезона во дресот на турски Коњаспор, но неговата екипа не успеа да победи на гостувањето кај фаворитот Самсунспор.

Барди беше прецизен од пенал во 23-тата минута и ја донесе својата екипа во водство од 0-1, но домашните направија пресврт, а Коњаспор потоа израмни на 2-2. На крајот Самсунспор можеше и да победи, но не успеаја да погодат од пенал во 93-тата минута.

Коњаспор со 31 бод се искачи на 11-тото место со предност од осум бода во однос на екипите кои се во опасната зона.

Инѕаги: Жал ми е за Италија што не е на СП, но сега не сакам да бидам селектор

Симоне Инѕаги денеска го слави 50-тиот роденден, а во роденденско интервју откри дека воопшто не размислува да биде новиот селектор на Италија. Инѕаги работи како тренер во Саудиска Арабија во тимот на Ал Хилал и засега е задоволен од тоа што го создава таму.

„Јас да го заменам Гатузо? Поласкан сум, но подобро ми е во Саудиска Арабија. Тука ми е фантастично во секој поглед, животниот стил, спортската и останатата инфраструктура, мирот е многу важен во нашата работа, а тука го имам. Заработувачката е добра, но тука дојдов поради нешто друго. Чувствував дека треба да одморам од фудбалот на највисоко ниво како што беше случајот додека работев во Интер. Притисокот таму стана неиздржлив. Во Саудиска Арабија е поинаку“, вели Инѕаги кој веќе 10 години равботи како тренер. Почна во Лацио каде беше од 2016 до 2021 година, а пото замина во Интер каде остана до 2025 година.

Инѕаги додава дека го гледал мечот против Босна и Херцеговина и дека како и секој Италијанец бил разочаран.

„Жал ми е што Италија не се пласира на СП 2026. Јас сум Италијанец, а мојот брат во 2006 година го освои Светското првенство. Сигурен сум дека за брзо време италијанскиот фудбал ќе се врати таму каде што припаѓа“, заклучи Инѕаги.

Момчето од БиХ, откри како го измами Донарума и помогна неговата репрезентација да се пласира на СП

Босна и Херцеговина на пенали ја победи Италија и се пласираше на Светското првенство, а еден од клучните моменти на овој меч се случи кога започнаа да се изведуваат пеналите. Голманот на Босна и Херцеговина Џанлуиџи Донарума беше подготвен за сценарио според кое победникот ќе се решава на пенали и имаше подготвено лист на кој беа запишани сите фудбалери на Босна и Херцеговина и како тие најчесто шутираат пенали.

Сепак, тоа што не го предвиде Донарума е дека едно момент на стадионот „Билино Поле“ во Зеница, ќе се појави едно момче кое ќе успее да му го украде листот со потребните податоци за тоа како шутираат фудбалерите на БиХ. Момчето сега јавно зборува за тој момент, кој сигурно имаше големо влијание, затоа што Донарума кога виде дека го нема листот, беше видно изнервиран.

„Многу значи тоа што Донарума остана без тој лист. Кога го земав овој лист, Донарума на сите пенали се фрли на левата страна. Одеше на среќа. Кога дојдов дома му реков на татко ми дека треба листот да го ставиме на аукција, а заработените пари да ги дадеме во добротворни цели“, вели момчето во изјава за „FACE TV“ во Босна и Херцеговина.

Инаку момчето кое неочекувано стана еден од хероите на БиХ кога се работи за дуелот против Италија, е Афан Чизмиќ и е дел од јуниорскиот тим на Челик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FACE TV (@facetv)

 

Колекционерите на Балканот се очекува да плаќаат меѓу најскапите „Панини“ сликички за СП 2026

Панини сликичките за Светското првенство во 2026 година веќе привлекоа голем интерес кај колекционерите ширум светот, а првичните извештаи покажуваат големи разлики во цените меѓу земјите, поради што многу колекционери ќе се обидат да купат сликички во странство или преку интернет за да ги намалат трошоците за полнење на своите албуми.

Според достапните информации, колекцијата Панини на Светското првенство во 2026 година ќе биде најголемата досега, бидејќи 48 национални тимови ќе учествуваат на првенството за прв пат, што значи поголем број сликички отколку на претходните светски првенства.

Проценките сугерираат дека албумот би можел да содржи околу 900 до 1.000 сликички. Ова ќе биде и најскапиот албум досега. Цените на сликичките значително варираат од земја до земја.

Се очекува најевтините сликички да бидат во Соединетите Американски Држави, каде што пакетче од седум налепници треба да чини околу еден долар.

Во Италија, Германија и Шпанија, цената на едно пакетче треба да биде околу едно евро, додека во Франција ќе биде околу 1,20 до 1,30 евра. Меѓу најскапите земји ќе биде Обединетото Кралство, каде што пакетче ќе чини помеѓу 1,70 и 2 фунти.

На Балканот, цените традиционално се меѓу највисоките поради помалите пазари и увоз, па затоа се очекува цените да бидат повисоки отколку во повеќето земји од Европската Унија. Неофицијалните информации сугерираат дека пакетче во Босна и Херцеговина би можел да чини околу 1,5 евра, па таа цена би можела да се очекува и за пакетче во Македонија.

Албумот ќе чини меѓу четири и шест евра или фунти во повеќето земји. Проценките покажуваат дека комплетирањето на комплетен албум со купување само на пакетчиња би можело да чини повеќе од 1.500 евра или фунти, додека со размена на дупликати сликички и купување на оние што недостасуваат преку интернет, албумот може да се комплетира за околу 300 до 500 евра.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а се очекува колекцијата сликички „Панини“ да биде најпродавана досега токму поради поголемиот број национални тимови и огромниот пазар во Северна Америка.

Легендарниот Луческу е во кома

Легендарниот романски селектор Мирчеа Луческу се наоѓа во многу тешка здравствена состојба. Луческу кој има 80 години за краток период претрпе два срцеви удари и сега се наоѓа во индуцирана кома. Пред нешто повеќе од една недела Луческу беше примен во болницата, три дена по поразот на неговата репрезентација во бараж мечот од Турција за пласман на Светското првенство 2026.

Луческу е еден од најголемите фудбалски имиња во Романија. Како играч беше капитен на репрезентацијата на Светското првенство во 1970 година, а потоа беше и селектор во дебитантскиот настап на Романија на Европското првенство во 1984 година.

Во својата богата тренерска кариера предводеше екипи од Италија, Турција, Украина и Русија, а беше и селектор на Турција. Најголем печат во тренерската кариера остави во тимот на Шахтер каде беше на клупата од 2004 до 2016 година, а во 2009 година триумфираше во Купот на УЕФА (денешна Лига на Европа).

 

 

Не е многу добро да се даде прв гол против Барселона, каталонците освоија 21 бодови откако беа во негатива

Барселона победнички си замина од гостувањето во Мадрид кај Атлетико откако со 2:1 победи на „Ванда Метрополитано“. Со оваа победа каталонскиот гигант стигна до седум бода пред најголемиот ривал Реал Мадрид и сега е чекор поблиску до одбрана на титулата во домашното првенство.

Атлетико прв даде гол и поведе со 1:0, но тоа не ги збуни гостите. Барселона брзо израмни кога Маркус Рашфорд погоди за 1:1. Во финишот на мечот се случи комплетен пресврт кога на среќен начин Роберт Левандовски погоди за 2:1 и донесе три бода за актуелниот првак.

Сезонава Барселона покажува ментална сила и кога е во негатива, да успее да го сврти резултатот во своја корист. Вкупно 21 бодови освои Барселона сезонава откако тимот бил со негативен резултат. Од топ 5 лигите во Европа, единствено Баерн Минхен е подобар од каталонскиот гигант. Германскиот шампион сезонава освои 22 бодови, откако прво примил гол и бил во негатива.