Дома Blog Страница 129

Легендарниот Барнс објасни зошто Ливерпул треба да има доверба во тренерот Арне Слот

Ливерпул одигра разочарувачки меч на гостувањето кај Манчестер сити и загуби со 4:0, за елиминација од ФА Купот. Ако се знае дека Ливерпул заостанува дури 21 бодови зад Арсенал на првенствената табела, јасно е дека Црвените немаат шанси да го одбранат тронот во Премиер лигата.

На Ливерпул сега му останува само да се бори само уште за трофејот во Лига на шампиони, во спротивно сезоната ќе ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Иако многумина негодуваат и како еден од главните виновници за слабата сезона на Ливерпул го посочуваат тренерот Арне Слот, легендата на Ливерпул, Џон Барнс не мисли така.

Фудбалерот кој има одиграно преку 400 натпревари за Ливерпул и над 70 настапи во дресот на англиската репрезентација, е гостин во Битола на македонскиот фан клуб на Ливерпул. Барнс вчера заедно со уште неколку стотина навивачи на Ливерпул го следеше мечот против Сити, а пред средбата даде свое мислење околу тоа дали Слот треба да си замине.

„Не е само тоа да се бара да се смени тренерот. Потребно е да се има точно идеја кој би го заменил, ако тој си замине. Ете вие кажете кој тренер го сакате. Гвардиола е зафатен, Артета е зафатен, тренерот на ПСЖ не може да го добиеме, кој тренер би бил добро решение, ако Слот добие отказ сега“, рече Барнс, а потоа додаде дека е потребно да се име трпение и верба во работата на стратегот.

„Дали се сеќавате како беше првата сезона на Јирген Клоп кога дојде во Ливерпул. Завршивме со дури 20 бодови помалку од шампионот. Но тогаш Клоп не доби отказ затоа што имавме доверба во него. Потребно е да се биде константен, но потребно е и да се даде поддршка на тренерот кога не оди најдобро на тимот. Затоа и јас давам целосна поддршка на Слот. Играчите на теренот треба да знаат дека и тие мора да допринесат на теренот со добра игра и да се борат за секоја топка. Секогаш може да се случи да имате лоша сезона. Слот во првата сезона ја освои титулата, сега ќе биде добро ако завршиме во Топ 4 на табелата, но секако дека треба да се има повеќе трпение и доверба“, објасни Барнс.

За тоа како изгледаше фантастичната атмосфера вчера во Битола направена од неколку стотина фанови на Ливерпул може да видите на видеото од забавата во дискотеката, а што кажа самиот Барнс за тоа како беше дочекан во Битола, може да прочитате ТУКА. 
Еден од подржувачите за доаѓањето на Барнс во Битола е и обложувалницата Sport Life која уште еднаш потврди дека се залага за развој и популаризација на спортот и спортските настани во Македонија.

Интер нема победа од февруари, дерби дуелите со Рома често се решавале со само еден гол

Големо италијанско дерби се игра на „Џузепе Меаца“ во Милано каде Интер е домаќин на Рома. Двете екипи имаат мотиви за победа. Интер е лидер и сака да се зацврсти на чело на табелата за побрзо да стигне до скудетото, додека Рома е во потера на место кое води во Лига на шампиони за следната сезона.

Интер е во улога на фаворит, игра на свој терен, но не треба да се заборави дека Нераѕурите беа очајни во последните три кола и освоија само два бода, што значи дека се под притисок за повоторно да не киксираат. Ако се додаде и ремито без голови против Комо, тоа значи дека последната победа на Интер е од 20 февруари против Џенова со 2:0.

И Рома не е сјајна па има само една победа во последните шест средби што ги одигра. Ако се погледне традицијата од меѓусебните дуели, на четири од последните пет меча, имало само еден гол, кој се покажувал како решавачки за победа (три пати Интер славел со 1:0, а еднаш Рома).

Лаутаро Мартинез е главен фаворит за прв стрелец на погодок, а добра комбинација е дека Аргентинецот ќе даде гол а Интер ќе победи. Вкупно 15 играчи се во понудата за стрелец на погодок, а има и други одлични комбинации. Тука се и статистичките игри, па може да се погаѓа бројот на изведени корнери, шутеви во рамките на голот, направени фаули, добиени жолти картони…

Интер Мајами го отвори новиот стадион, Меси има своја трибина, се знае кој го даде првиот домашен гол (Видео)

По 13 години чекање и сонување, Интер Мајами конечно доби свој дом. Актуелниот шампион во МЛС првенството во САД, го одигра првиот натпревар на новиот стадион кој има капацитет од 26.700 гледачи, а се наоѓа во близина на аеродромот во Мајами. Еден од најсреќните беше Дејвид Бекам кој е сопственик на Интер Мајами.

„Кога пред 20 години дојдов во САД, мојот сон беше да го освојам првенството, да го популаризирам фудбалот тука и да создадам свој клуб. Пред 13 години одбрав тоа да биде Мајами. Немавме ни име за клубот, Немавме навивачи, немавме свој стадион. Сега, стадионот е наш. Стоиме на нашиот нов дом и тоа како шампиони во МЛС. Во тимот го имаме и најдобриот играч во историјата на фудбалот. Сонот навистина може да стане јаве“, задоволно коментираше Бекам.

Интересно е дека една од главните трибини на новиот стадион го носи името „Лионел Меси“ во чест на аргентинскиот виртуоз кој го препороди клубот и е најзаслужен што сега тие се шампиони во САД.

„Ова е голем ден за клубот“, рече тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано.

Сепак, првиот меч за Интер не помина перфектно затоа што ремизираа 2:2 против тимот на Остин. Првиот гол на новиот стадион го постигна Гилерме Биро по само шест минути игра, но веднаш потоа возврати Лионел Меси кој даде гол со глава. Многу очекувано беше дека токму Меси ќе биде првиот стрелец за Интер Мајами на нивниот нов дом.

Во второто полувреме гостите повторно поведоа со 2:1, но Луис Суарес во 81 минута израмни на 2:2.

Џиновски се квотите за четири меча од најсилните лиги

Посебни возбудувања нудат комбинациите кои може да се најдат во Бет билдерот на Sport Life. Тоа се огромни коефициенти, а потребно е да се погодат само неколку комбинации.

За дуелот од шпанското првенство меѓу Валенсија и Селта Виго има квота од 18, а ќе биде добитна ако: Двете екипи постигнат гол, двете екипи изведат над 3,5 корнери на мечот, Борха Инглесијас упати над 1,5 шутеви во рамките на голот и Хуго Дуро упати барем еден удар во рамките на голот.

За дербито меѓу Интер и Рома истотака има 18 коефициент, а потребно е: Интер да победи, да се изведат над 3,5 корнери во двете полувремиња, двата тима да добијат над 1,5 картони и Лаутаро Мартинез да даде гол или да асистира.

Струга ТЛ е домаќин на разиграниот Работнички кој никако не помислува да испадне

Со дуелот меѓу Струга Трим Лум и Работнички денеска ќе се комплетира 25 коло во Прва фудбалска лига на Македонија. Струга има мотив да се бори барем за второто место на табелата и со евентуална победа ќе дојде на само два бода зад Шкендија.

Сепак, многу поголеми мотиви за победа има Работнички. Тоа е тимот кој грчевито се бори за да не испадне. Со 22 бодови, тимот од Дебар Маало е на претпоследното место, но не треба да се заборави дека имаат пет победи во последните седум средби. Токму затоа Романтичарите се оптимисти дека може да продолжат со добра игра и со евентуални три бода да се израмнат со Пелистер кој е деветти на табелата.

Струга сезонава на свој терен има осум победи, две реми и само два порази, а на страна на стружани е и традицијата која вели дека го имаат победено овој ривал на сите четири последни дуели.

Ова е ден кога на главната сцена се екипите кои се борат да не испаднат

1706 Мец – Нант (17:15 ч.)

Дуел на двете најслаби екипи во француското првенство кои со голема веројатност во следната сезона ќе играат во Втора лига. Мец ја има убедливо најслабата одбрана и прими дури 60 голови во 27 меча, а и Нант е очаен кога се работи за гол-разликата.

Мец нема ниедна победа во 2026 година и е со биланс од девет порази и три нерешени. Нант нареди осум порази и само две победи во овие четири месеци, а немаат одиграно нерешено. Традицијата е неумолива и вели дека не треба да се очекуваат голови. На 12 од последните 13 меѓусебни пресметки немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.25)

 

3005 Пиза – Торино (18 ч.)

За Пиза нема спас сезонава и речиси сигурно ќе испадне во Серија Б, додека Торино едноставно мора да освојува бодови против ваквите ривали, ако сака да остане во сигурната зона. Пиза е рекордер со 12 нерешени сезонава.

Торино е многу слаб на гостински терен и во 15 меча освои само 13 бодови, а прими дури 30 голови. Сезонава играа два пати, Торино со 1:0 победи во Купот, а во првенството беше 2:2. И сега треба да се очекува Торино да не загуби.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.71)

 

1809 Ајнтрахт Франкфурт – Келн (17:30 ч.)

Ајнтрахт е без шанси за излез во Европа, а на Келн му „гори под нозете“, затоа што со само 26 бодови е на последната позиција која носи опстанок. Келн освои само 10 бода во 13 меча на гости, а овој тим нема победа на последните седум кола.

Есеноска Ајнтрахт победи со 4:3 на гости кај Келн, а и сега може да се очекува отворена пресметка со повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.98)

 

1308 Овиедо – Севилја (18:30 ч.)

Овиедо е последен на табелата и има дури 10 бодови помалку од Севилја која е на последната позиција која носи спас од испаѓање. Невообичаено е Севилја да се бори за опстанок, но тоа и не е толку чудно ако се знае дека примија дури 49 голови и ја имаат втората најслаба одбрана во лигата.

Во првиот дел од сезоната Севилја убедливо победи со 4:0 и едноставно гостите и сега треба да атакуваат на освојување на трите бода.

Предлог тип: 2 (2.70)

 

1958 Фенербахче – Бешикташ (19 ч.)

Големото истанбулско дерби во кое притисокот на на страна на домаќинот. Фенербахче има само четири бодови помалку од лидерот Галатасарај, додека Бешикташ тешко дека може да мрдне повеќе од четвртото место на табелата.

Фенербахче сезонава дома има девет победи и четири реми без пораз, ни и Бешикташ игра добро на гости и има само два порази во 13 дуели. На последните седум средби на овие два тима секогаш имало победник.

Предлог тип: 1&3+ (2.85)

 

Артета објасни зошто Арсенал е елиминиран од второлигаш во ФА Купот

Арсенал беше фаворит на хартија, но на теренот загуби од Саутемптон со 2:1 и е елиминиран во четвртфиналето на ФА купот. Тренерот на Топчиите Микел Артета призна дека неговиот тим бил под потребното ниво. Саутемптон е тим кој се бори да влезе во Топ 6 во Чемпионшип, но синоќа успеа пред своите навивачи да го победи лидерот во Премиер лигата.

„Прво на сите, морам да им честитам на Саутемптон. Тие се на Вембли, ние не“, изјави Артета, а потоа додаде: Тимот имаше неколку многу добри моменти, но не ги искористивме. на овој меч не можевме да се справиме добро со долгите топки, нешто што е многу чудно, но  тоа е причината зошто го загубивме натпреварот. Двата гола ги примивме на сличен начин. Многу е тешко да се објасни тоа што се случи, но ете се случи“, рече Артета, кој додаде дека неговиот тим мора да ја прекине низата на лоши резултати.

Арсенал нема многу време да мисли за елиминацијата од ФА Купот затоа што денеска треба да замине на пат во Португалија, каде во вторник ќе игра во првиот меч од четвртфиналето од Лига на шампиони против Спортинг Лисабон.

Зголемени коефициенти за победи на Интер, Партизан, Селтик, Лион, Фенербахче, Олимпијакос, Шалке…

Фудбалските возбудувања од понудата во Супер типот ќе започнат од 13:30 часот со германската пресметка меѓу Шалке и Карлсруе, каде за победа на тимот од Гелзенкирхен „кецот“ е зголемен на 1.58. Многу интересни зголемени квоти има, а посебно може да се истакнат оние за победи на свој терен на Партизан против Чукарички каде „кецот“ е 1.75, за триумф на Интер против Рома квотата е зголемена на 1.76,  а Фенербахче да слави во истанбулското дерби против Бешикташ е со квота од 2.12.

На пет натпревари гостите се во улога на фаворити, па така Салцбург да победи на теренот на Хартберг е со квота од 1.68, додека Феенорд да слави кај Волендам е 1.53. Фаворитските улоги на туѓ терен треба да ги потврдат и Лион, Славија Прага и Селтик.

Голманот го постигна голот на годината со шут од 80 метри (Видео)

Во турското првенство беше постигнат гол на еден од најнеобичните начини. Касимпаша со 2:0 на свој терен славеше над Кајзериспор, а во главна улога беше домашниот голман Андреас Јаниотис, кој го постигна вториот погодок.

Се играше 66 минута кога грчкиот голман излезе од 16-тникот и со шут од 80-тина метри силно ја исфрли топката далеку од неговиот гол. Топката леташе далеку и тапна на шеснаесетникот на противникот, а потоа го изненади противничкиот голман и заврши во мрежата.

Квотите на ден носат одличен вкупен коефицинет за петте предлози

Пет меча од најсилните европски лиги се дел од денешната понуда во Квоти на ден, а ако сите понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е одличен и изненсува 48.7.

Хетафе го пречекува Атлетик Билбао и тука во првото полувреме не треба да има повеќе од еден гол, а во вториот дел потребно е да има меѓу еден и два погодоци, за да биде добитна квотата од 2.20.

Лион да не загуби на гостувањето кај Анже во меч на кој двата тима ќе постигнат гол се вреднува со 2.40 коефициент.

Валенсија на свој терен да не загуби од Селта Виго, а да има најмалку еден погодок во првото полувреме е комбинација која носи квота од 2.20.

Гол-гол во првото или во второто полувреме треба да биде на дуелот меѓу Монако и Олимпик Марсеј за да биде добитна квотата од 1.95.

Во Италија се игра дерби меѓу Интер и Рома, а понудата е да има победник во натпревар на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци.