Дома Blog Страница 130

Боксерски спектакл: По 12 брутални рунди се радуваше Бронзениот бомбардер (Видео)

Боксерската пресметка на две легенди во тешка категорија во Лондон му припадна на Деонтеј Вајлдер (40), кој го победи Дерек Чисора (42) во преполната „О2 Арена“. По 12 фајтерски рунди, Вајлдер победи со одлука на судиите. Двајца од арбитрите му ја донесоа победата со 115:111 во бодови и 115:113, додека третиот судија сметаше дека Чисори е подобар со 115:112.

Во спектакуларна, израмнета битка меѓу великаните, бронзениот бомбардер стигна до 45-тата победа во својата професионална кариера, во која има и четири порази и едно реми. Во својот 50-ти професионален меч, Делбој го претрпе 14-тиот пораз, а остана на 36 победи. Чисора претходно објави дека ова е последниот меч во неговата кариера.

Тој си замина со стил бидејќи борбата меѓу него и Вајлдер беше старомодна војна. „Војна“ без никакви калкулации, целосно отворена борба без многу тактики и техника, едноставно апсолутен хаос. Беше отворена борба со многу жестоки напади и контранапади, а се очекуваше да заврши со нокаут.

Чисора беше поблиску до нокаут. Сакаше да се збогува со победа и постојано го напаѓаше Вајлдер. Најблиску до победата беше во четвртата рунда, кога Вајлдер едвај ја преживеа офанзивата. Сепак и Вајлдер напаѓаше и му зададе жестоки удари на Чисора, со што собра поени кај судиите и на крајот што ќе се покажат како одлучувачки.

Осмата рунда беше најефикасна. Чисора го стресе противникот со силен удар, но следеше смртоносна контранапад. Вајлдер нанесе серија жестоки удари, но Делбој преживеа и упати контранапад. Чисора го преживеа броењето. Борбата продолжи во 12-тата, последна рунда, на воодушевување на публиката.

На крајот, судиите со поделена одлука, решија победата да му припадне на Вајлдер и го испратија Чисора во пензија со пораз.

 

Флик: Освоивме важни три бода, не ме интересира што прават другите тимови

Барселона стигна до многу значајна победа на гости во Мадрид, откако со 2:1 славеше над Атлетико во дербито од 40 коло во шпанското првенство. По овој триумф на каталонскиот гигант, но и по поразот на Реал Мадрид на гости кај Мајорка, сега разликата меѓу двата најголеми ривали е седум бодови во корист на Барселона.

„По црвениот картон за домашниот тим, ние ја имавме контролата на играта и на крајот освоивме три многу значајни бодови. Секогаш потенцирам дека не ми е гајле за другите тимови. Фокусирани сме на нашата работа. Имаме уште работи да подобриме“, по мечот рече тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Стратегот на Барселона ја објасни ситуацијата со Ламин Јамал кој делуваше луто по завршување на мечот, но даде свое мислење и за ситуацијата во која фудбалерот на Барселона доби црвен картон, но по прегледување на ВАР снимката, одлуката беше променета и каталонскиот гигант остана со сите 11 играчи на теренот.

„Ламин Јамал напорно работеше, дриблаше, напаѓаше, се обиде се да направи, но не постигна гол. По мечот тој беше малку вознемирен затоа што ова беше дуел со многу емоции. Тоа е нормално. Воопшто не е лесно да се игра тука, на таква атмосфера. Сега во соблекувалната ќе биде се во ред. Многу сум среќен што победивме“, вели Флик, а потоа додаде: „Не го видов инцидентот со Герард на телевизија, но тоа што го видов во живо, јасно видов дека тој прво дојде до топката и за мене тоа никако не е црвен картон“.

Во епски дуел меѓу Јокиќ и Вамбањама, Денвер по продолженија славеше над Сан Антонио (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс во НБА класика го победија Сан Антонио спарс со 136:134 и тоа дури по продолжение од пет минути. Мечот кој уште долго време ќе се раскажува не можеше да биде решен во регуларното време, па мораше да има дополнителни пет минути за на крајот Денвер да се радува.

Ова беше пресметка на фантастични центри, Никола Јокиќ од една страна и Виктор Вамбањама од другата. На крајот, Јокиќ одигра фантастичен меч и постигна 40 поени, додаде и 13 асистенции а имаше и осум скока, што значи дека му фалеа само два скока за да има трипл-дабл.

На спротивната страна, Вамбањана заврши со 34 поени и 18 скокови и седум асистенции, но центарот на Сан Антонио не успеа да донесе победа за гостите.

Кошаркарите на Мајами беа расположени за постигнување поени и на крајот дадоа дури 152 во победата над Мајами, а гостите застанаа на 136 поени. Во третиот меч кој се одигра ноќеска во НБА лигата, Детроит на гости беше подобар од Филаделфија со 116:93.

 

Сензација во ФА купот: Премиерлигашкиот лидер испадна од второлигаш! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал вечерва се збогуваа со уште еден трофеј – оној од англискиот ФА купо, бидејќи си дозволија луксуз да загубат од второлигашот Саутемптон.

„Топчиите“ се убедливо први во Премиер лигата, а нивниот противник е седми во Чемпионшип дивизијата, но во Англија тоа не игра голема улога, па токму Саутемптон се радуваше на триумф од 2-1 пред своите гледачи.

Рос Стјарт во 35-тата минута ги изненади „топчиите“ и донесе предност од 1-0 за Саутемптон.

Виктор Ѓекереш во 68-мата минута израмни на 1-1 и сите очекуваа комплетен пресврт, но се случи чудо.

Ши Чарлс во 85-тата минута ги врати домашните во водство, а на крајот тоа се покажа како доволно за полуфинале во англискиот ФА куп, каде веќе се наоѓаат Манчестер сити и Челзи.

Среќата ги следи храбрите: Барселона со случаен гол до цел плен во Мадрид (Видео)

Велат „среќата ги следи храбрите“, а ова вечерва се однесува за фудбалерите на Барселона. „Каталонците“ веќе имаат +7 во однос на Реал Мадрид во борбата за титулата и тоа пред се поради случајниот гол на Роберт Левандовски за победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид од 1-2.

„Јорганџиите“ поведоа преку Џулијано Симеоне во 39-тата минута, но Маркус Рашфорд не дозволи Барселона да оди со негатива на паузата, па во 42-рата минута израмни на 1-1.

Николас Гонзалес беше исклучен во седмата минута од продолжението на првото полувреме поради стартот над Ламин Јамал, па сите очекуваа дека „каталонците“ ќе имаат лесна задача во вториот дел.

Сепак, Атлетико одлично се бранеше и со играч помалку, а победата за Барселона дојде во 87-мата минута, кога Кансело најпрво со одличен дриблинг се ослободи од двајца дефанзивци на Атлетико, а потоа и биеше кон голот на Мусо, кој одбрани, но одбиената топка го погоди Левандовски, а топката заврши во мрежата.

До крајот на Ла Лига остануваат уште осум кола, вклучително и Ел Класико во Барселона, но се чини дека „кралевите“ веќе може да се збогуваат од титулата. Барселона по 30-тото коло има 86 бода, додека Реал Мадрид има 79.

Арне Слот по дебаклот: „Единственото позитивно е што не примивме повеќе голови“

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се огласи по најтешкиот пораз на неговиот тим оваа сезона. „Црвените“ беа поразени со 0:4 од Манчестер Сити во четвртфиналето на ФА Купот.

„Првото полувреме беше доста изедначено, но губевме со 0:2 на паузата. По паузата излеговме со надеж дека ќе се вратиме во натпреварот, но веднаш бевме казнети и примивме уште два гола. Единственото позитивно е што не примивме повеќе, но четири гола се четири гола“, изјави Слот.

Тој не го криеше разочарувањето од начинот на кој дојде елиминацијата.

„Многу разочарувачки, не само поради испаѓањето, туку и поради начинот и резултатот. Уште едно големо разочарување за нас. Ни недостасуваа работите што ни недостигаат во голем дел од сезоната – не ги реализираме шансите. Натпреварот беше изедначен до пеналот. И минатиот пат кога игравме со нив ни дадоа гол пред пауза, а сега повторно се случи истото“, додаде тој.

Холандскиот тренер беше запрашан и за настапот на Мохамед Салах, кој промаши неколку шанси, вклучително и пенал.

„Не би се фокусирал на еден играч, туку на целиот тим. Промашениот пенал можеби ја отсликува нашата игра и голем дел од сезоната. Мора да постигнуваш голови ако сакаш да победиш“, заклучи Слот.

Халанд задоволен: „Време беше и јас да постигнам хет-трик“

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, го постигна својот прв хет-трик за „граѓаните“ од август 2024 година наваму. Норвешкиот голгетер трипати се запиша во листата на стрелци против Ливерпул, а неговиот тим славеше убедлива победа од 4:0 во четвртфиналето на ФА Купот.

„Во првото полувреме имавме проблеми, но од 30-тата до 60-тата минута го прикажавме нашето најдобро издание оваа сезона. Одлично е. Следува патување на ‘Вембли’, што е навистина важно. Клубот мора да освојува трофеи на најголемата сцена. Подолго време немав постигнато хет-трик за Сити, па беше време. Уште еден хет-трик – секогаш е нешто посебно. Многу сум среќен“, изјави Халанд по натпреварот.

Со трите гола, центарфорот обезбеди сигурен триумф и пласман во следната фаза, при што „граѓаните“ покажаа висока ефикасност во клучните моменти. Халанд повторно беше главната фигура во нападот и уште еднаш го потврди своето значење за офанзивната моќ на тимот.

„Ќе му кажам на (Антоан) Семењо да продолжи со тие центаршутови. Тој е нов и му треба време да се адаптира. Неговите центрирања беа одлични, како и тие на (Нико) О’Рајли. Оваа сезона ни е со осцилации, што не е доволно добро. Нè чека подолга недела бидејќи не сме во Лигата на шампионите, а потоа следи натпревар против Челзи“, додаде норвешкиот напаѓач.

Арбелоа презеде одговорност: „Ова е мој пораз, целосно само мој!“

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја презеде целосната одговорност за поразот од Мајорка (1:2), признавајќи дека тимот не го покажал потребното ниво и концентрација, особено во второто полувреме.

Тој нагласи дека целта останува иста – да се добијат сите преостанати осум натпревари до крајот на сезоната, и ги повика играчите целосно да се фокусираат на следниот дуел против Баерн Минхен.

„Сега освојувањето на првенството стана потешко отколку пред почетокот на натпреварот. Ни остануваат уште осум натпревари и, како што им кажав на играчите, без разлика на ситуацијата, нашата цел е да ги добиеме сите. За да го постигнеме тоа, мора да играме подобро од денес и да покажеме многу повисоко ниво. Сè е потешко, но целта мора да остане иста“, изјави Арбелоа.

Тој жали што падот на концентрацијата ја чинел екипата скап гол.

„Во натпревар во кој бевме подобри, падот на концентрација нè чинеше гол. Кога не си доволно смирен пред голот, а противникот е, тогаш плаќаш цена. Најболно е што во второто полувреме не бевме подобри.“

На крајот, Арбелоа повторно ја презеде вината врз себе.

„Ова е мој пораз, целосно и само мој. Одлуките ги носам јас и одговорноста е моја. Сакам играчите веќе да мислат на натпреварот во вторник. Кога ќе излезат од соблекувалната, треба да мислат само на Баерн“, заврши тренерот на Реал Мадрид.

Вардар веќе игра „танго“: Аргентинецот изведе „магија“ и даде гол (Видео)

Малубројната публика на Националната арена во Скопје имаше можност да види шест гола на мечот помеѓу Вардар и Македонија ЃП (5-1), но за истакнување е оној последниот со кој беше постигнат конечниот резултат.

Аргентинецот Хоакин Торес во 74-тата минута одлучи да биде „себичен“ и сам да ја завршува акцијата, а на крајот тоа се покажа како вистинско ремек-дело. Тој успеа да направив „слалом“ низ одбраната на „лавовите“ и да го совлада Ристе Јанков.

Заклучокот би бил дека Вардар веќе игра „танго“, во очекување на новиот тренер кој доаѓа од Аргентина, Кристијан Фабијани, а официјално треба да ја преземе функцијата од Гоце Седлоски на крајот од оваа сезона.

Вардар како брз воз мина и низ Кавадарци, убедлив триумф и за Алкалоид

Ракометарите на Вардар победнички се враќаат од гостувањето кое беше незгодно за нив претходните години и каде загубија две титули. „Црвено-црните“ со убедливи 24-35 славеа над Тиквеш и ја зголемија предноста на +8 во однос на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој има и меч помалку.

Победникот беше одлучен уште во првото полувреме, откако Вардар на паузата замина со убедливи 11-17, а во вториот дел предноста беше зголемена за дополнителни пет гола разлика.

Убедлив триумф забележаа и ракометарите на Алкалоид, кои водат битка за третото место со Охрид, па можеби и со битолчани за второто. Избраниците на Кирил Лазаров победија со 21-37 на гостувањето кај Бутел, а победата беше обезбедена со неверојатната серија од 12-0 на почетокот на второто полувреме, откако првиот дел го добија со минимални 15-16.

На табелата води Вардар со 50 бода, пред Еурофарм Пелистер со 42, додека Алкалоид и Охрид имаат по 40, со напомена дека битолчани и охриѓани имаат по еден натпревар помалку од скопските ривали.