Дома Blog Страница 132

Изненадувачка изјава на ѕвездата на ПСЖ: „Воопшто не уживав додека играв со Меси“

ПСЖ успеа да дојде до трофејот од Лигата на шампионите дури откако се „ослободи“ од големите ѕвезди во екипата, како што беа Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе. Со оваа констатација се согласува и Аштраф Хакими, Мароканецот кој изјави дека воопшто не уживал додека играл во иста екипа со Аргентинецот.

„Со пристигнување на Меси се промени целиот проект на ПСЖ, а со тоа и стилот на игра. Игравме на друг начин и јас во тоа воопшто не уживав. Не можев да го играм тоа што го сакав и да се чувствувам значаен за екипата. Се чувствував како да сум спореден играч. Тогаш си споредував дека во репрезентацијата ме сметаат за клучен играч. Психички ми беше тешко да играм во Париз онака како што сакав. Потоа започнаа и критиките, луѓето се прашуваа зошто за Мароко играм на еден начин, а во Париз потполно поинаку. Луѓето не можеа да ја сфатат разликата.“ – рече Хакими.

Манчестер сити со „покер“ голови го исфрли Ливерпул од англискиот ФА куп (Видео)

Манчестер сити со убедливи 4-0 славеше над Ливерпул во дерби-дуелот од четвртфиналето на англискиот ФА куп. „Граѓаните“ и третпат по ред славеа над големиот ривал, овојпат за пласман во полуфиналето од најстарото клупско натпреварување во светот.

Човек на одлука беше Ерлинг Халанд, кој со хет-трик беше предводник на „граѓаните“. Норвежанецот погодуваше во 39-тата минута од пенал, но и во втората минута од продолжението на првиот дел, како и во 57-та минута.

Третиот гол за Манчестер сити беше дело на Антоин Семењо во 50-тата минута.

Со овој пораз стана јасно дека Ливерпул оваа сезона останува без можност да се бори за уште еден трофеј, па актуелниот шампион на Англија сега е во игра само за титулата во Лигата на шампионите.

Шок за Шкендија: Пелистер со три бода големи колку Шар Планина си замина од Тетово (Видео)

Дуелот помеѓу Шкендија и Пелистер во Тетово имаше неочекуван епилог, откако битолчани успеаја да си заминат со цел плен, со три бода големи колку Шар Планина.

Пелистер славеше со 1-2 на „Градски стадион“ во Тетово против актуелниот шампион на Македонија и не само што дојде до значајни бодови во борбата за опстанок, туку му направи и услуга на најголемиот ривал, Вардар, во борбата за титулата.

Стефан Спировски во 37-мата минута го донесе Пелистер во водство од 0-1, откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник.

Сепак, радоста на битолчани траеше само шест минути, бидејќи Бесарт Ибраими во 43-тата минута израмни на 1-1.

Студен туш за гледачите во Тетово во 92-рата минута, кога Вилдан Керим постигна гол за 1-2 и победа на Пелистер.

Шкендија останува на 58 бода, колку што има и Вардар на врвот од табелата, додека Пелистер сега има 25 поени и се искачи на деветтата позиција.

Лајпциг сака да го „врзе“ Диоманде со клаузула од 100 милиони евра

Германскиот бундеслигаш Лајпциг планира да му понуди нов договор на 19-годишниот напаѓач Јан Диоманде, а според информациите, откупната клаузула би била фиксирана на 100 милиони евра.

Германскиот клуб сака да го обезбеди Диоманде на долг рок, со оглед на растечкиот интерес кон младиот крилен напаѓач. Ливерпул е меѓу клубовите кои внимателно го следат неговиот напредок и може да биде потенцијален кандидат за трансфер во иднина.

Во актуелната сезона, Јан Диоманде настапи на 29 мечеви во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и осум асистенции. Неговиот сегашен договор со Лајпциг важи до летото 2030 година.

Трагедија во Перу: Еден загинат и околу 50 повредени во хаосот пред големото дерби (Видео)

Трагичен инцидент го потресе Перу, само неколку часа пред големото дерби меѓу Университарио и Алијанса Лима. Најмалку еден навивач го загуби животот, а уште 47 лица се повредени во нереди и хаос на стадионот „Алехандро Виљануева“ во главниот град Лима.

Информацијата официјално ја потврди министерот за здравство Хуан Карлос Веласко за агенцијата Франс прес.

„На стадионот се случи трагедија во која 47 лица се повредени, а за жал имаме и еден смртен случај“, изјави Веласко, без да открие повеќе детали за точната причина за инцидентот. Првичните информации за уривање на трибина беа демантирани од раководството на Алијанса Лима и локалната противпожарна служба.

Состојбата на дел од повредените е сериозна – 39 лица веќе се хоспитализирани. Меѓу нив има тројца малолетници, а тројца пациенти се во критична состојба и лекарите се борат за нивниот живот.

Полицијата во Лима веќе започна истрага за да ги утврди причините за трагедијата, која ја засени атмосферата пред еден од најважните натпревари во земјата.

 

Денвер како ретко кога е аутсајдер на домашен терен, Мајами е сигурица (Фото)

Вечерва во НБА лигата ќе се одиграат само три натпревари, но тоа не значи дека нема да има возбудувања. Кошаркарската програма започнува во 21 часот по македонско време, а Денвер како ретко кога е голем аутсајдер на домашен терен.

Нагетси го пречекуваат Сан Антонио, а квотата за триумф на Никола Јокиќ и неговите соиграчи е фантастична – 2.20. Гостите имаат квота за победа од 1.79.

Најголем фаворит за победа вечерва е Мајами, со оглед дека квотата им е 1.10 во дуелот против Вашингтон.

Секако, не ги заборавајте и кошаркарите со најпопуларната игра меѓу типувачите – „плус-минус“ на поени. Комплетната понуда на Sport Life за натпреварите од НБА лигата може да ги најдете ТУКА.

Проблем за Интер, се повреди важен играч од одбраната

Интер се соочува со нов проблем во одбраната, откако Јан Бисек заработи повреда, потврдија од клубот.

25-годишниот германски дефанзивец ги поминал лекарските прегледи, при што бил дијагностициран мускулен проблем на десната нога. Неговата состојба ќе се следи во наредните денови, но веќе е јасно дека ќе го пропушти неделниот дуел против Рома во Серија А, додека настапот против Комо останува неизвесен.

Бисек е еден од клучните играчи во одбраната на Нераѕурите во вториот дел од сезоната, со 30 настапи и два постигнати гола.

Тимот предводен од Кристијан Киву во моментов е лидер на табелата во италијанскиот шампионат со 69 бодови, шест повеќе од градскиот ривал Милан.

Барселона на шампионски испит во Мадрид, но и по одмазда за елиминацијата од Купот (Фото)

Барселона вечерва ќе има вистински шампионски испит, бидејќи му гостува на Атлетико во Мадрид. Последното гостување со сигурност сакаат да го заборават, со оглед дека беа поразени со 4-0, а потоа и елиминирани од Купот на Шпанија.

Според квотите во Sport Life, „каталонците“ вечерва ја имаат фаворитската улога со квота од 2.25, додека триумфот на „јорганџиите“ има квота од 2.90. Сепак, овие квоти може да бидат и далеку повисоки доколку ги искомбинирате со стрелец, па тогаш ќе достигнат и до 9.00.

Секако, може да се одигра и само на стрелците, а за оваа игра во специјалната понуда на Sport Life има три опции: стрелец на првиот гол, стрелец во текот и хет-трик, а квотите достигнуваат до фантастични 100.00.

Помеѓу стотиците игри и комбинации во специјалната понуда се и статистичките елементи, кои може да се одиграат на картони, корнери, удари во гол, почетен удар, замени, фаули, офсајди …

Комплетната псецијална понуда на Sport Life може да ја најдете на следниот ЛИНК.

Барнс: Прекрасно е во Битола, го познавам Панчев, знаев дека ќе има многу навивачи затоа што ние сме големо семејство

Баер Леверкузен сака да го доведе Оливер Гласнер во Бундеслигата

Германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен го гледа Оливер Гласнер како потенцијален наследник на Каспер Хјулманд, пренесува „Билд“.

Германскиот клуб веќе пред пет години се обидел да го доведе 51-годишниот Австриец, но тогаш одлучил да го ангажира Херардо Сеоане. Сега, Баер Леверкузен ќе се обиде да го врати Гласнер во Бундеслигата, иако самиот тренер преферира да остане во Премиер лигата.

Гласнер е на кормилото на Кристал Палас од февруари 2024 година, а неговиот договор важи до 30 јуни 2026. Под негово водство, тимот оствари 48 победи во 108 натпревари, 30 нерешени резултати и исто толку порази.