Дома Blog Страница 133

Ќе има шоу во најсилните фудбалски лиги

3003 Лацио – Парма (20:45 ч.)

Лацио е во добра низа и има три победи по ред во домашното првенство и е сигурен на средината од табелата. Парма е во спротивна позиција, тие во последните четири кола освоија само два бода, но уште се далеку од опасната зона.

Со само 21 дадени голови, Парма го има најслабиот напад во Серија А, што само потврдува дека Лацио ќе ја има фаворитската улога.

Предлог тип: 1&0-3 (2.45)

 

1807 Штутгарт – Борусија Д. (18:30 ч.)

Дерби на колото во Бундеслигата меѓу третиот и вториот на табелата. Штутгарт е одличен на свој терен со 10 победи, две реми и само еден пораз, што значи дека Борусија ќе има екстремно тешка задача. Сепак, не треба да се заборави и дека Борусија има само еден пораз сезонава на гости, па ова ќе биде возбудлива пресметка.

На последните седум меѓусебни дуели, Штутгарт царува со пет победи и две нерешени. Најчесто има и повеќе погодоци

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.93)

 

1304 Бетис – Еспањол (18:30 ч.)

Бетис нема победа на последните пет меча во шпанското првенство, но веројатно нема подобар ривал од Еспањол во моментов. Еспањол е во очајна форма и во последните 12 меча има дури  осум победи и само четири нерешени. Тоа е едиснтвениот тим во оваа лига што нема ниту една победа во 2026 година.

Бетис победи и во последните четири меча со овој ривал и тоа најчесто е во дуел со барем три погодоци.

Предлог тип: 1-1 (2.80)

 

1101 Саутемптон – Арсенал (21 ч.)

Дуел од четвртфиналето во ФА Купот. Саутемптон ја има предноста на домашен терен, но тоа е тим кој е на седмото место во Чемпионшип, а за ривал го има лидерот во Премиер лигата, па јасно е кој е фаворитот.

Саутемптон нема пораз на последните 14 меча кои ги одигра, постојано постигнува макар еден гол што значи дека ќе бидат полни со самодоверба да се докажат против Топчиите.

Предлог тип: ГГ3+ (2.16)

 

1634 Ајакс – Твенте (21 ч.)

Ајакс има 48, а Твенте 47 бодови на табелата, што значи дека треба да е интересно. Во просек повеќе од три погодоци има на мечевите на Ајакс, а ако се погледнат резултатите и во последните шест пресметки против Твенте, дури пет пати било ГГ3+ и во просек има над три погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

Охрид подготвува спектакл, сите се подготвени за нова победа над Грците

Ракометниот тим на Охрид е на чекор од пласман во полуфиналето на ракометниот Европски куп на ЕХФ. Охриѓани во првиот меч на гостински терен го победија Олимпијакос со 31:26 и денеска од 18 часот пред своите навивачи во „Билјанини извори“ ќе го играат реванш дуелот против грчкиот тим.

Иако Охрид е во добитна позиција и ќе има голема поддршка од навивачите кои ќе ги исполнат трибините во салата, сепак постои претпазливост.

„Имаме предност од 5 гола од првиот натпревар, но тоа е опасен резултат во модерниот ракомет. Ништо не е готово, претстои реванш во кој влегуваме со четворица повредени играчи и затоа не треба да не залажува победата остварена на гостински терен. Ни треба голема поддршка од публиката да оствариме пласман во полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп“, истакаа тренерот Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески во пресрет на денешниот меч.

Интересно е дека актуелен освојувач на овој куп е тимот на Алкалоид кој во ланското финале на гости го победи АЕК од Атина, но потоа Грците одбија да го играат реваншот во Скопје и автоматски трофејот припадна на тимот од Автокоманда. Сезонава, Охрид атакува на освојување на овој трофеј во третото по ранг натпреварување на ЕХФ.

Џиновски коефициенти за дуелите на кои играат Реал, Баерн, Барселона и Борусија дортмунд

Секогаш посебен предизвик се понудите во Бет Билдер на Sport Life каде има големи коефициенти за неколку интересни дуели.

За мечот меѓу Фрајбург и Баерн има коефициент 13, а да биде добитен потребно е: Баерн Минхен да води на полувреме и да победи на крајот. Дијаз да даде гол, да бидат изведени повеќе од 8,5 корнери и фрајбург да добие повеќе картони.

Со 13 коефициент има и билдерска понуда за Мајорка – Реал Мадрид, а да биде добитна потребно е: Реал Мадрид да даде гол во двете полувремиња, Мбапе да биде стрелец на првиот гол, да има повеќе од 8,5 корнери и да има повеќе од 3,5 картони.

Среќен коефицинет од 13 може да има и на германското дерби меѓу Штутгарт и Борусија Дортмунд, а условите се: Двата тима да дадат гол и да има над 3,5 голови вкупно, Ундав да даде гол или да асистира, да има повеќе од 9,5 корнери и двата тима да добијат 2+ картони.

Вардар и Шкендија немаат право на грешка пред своите навивачи

Битката за титулата во македонското фудбалско првенство продолжува денеска со мечеви на кои домаќини ќе бидат Вардар и Шкендија. Актуелниот лидер  Вардар на арената „Тодор Проески“ од 15:30 часот ќе игра против Македонија Ѓорче Петров. Два часа претходно, во Тетово, Шкендија ќе биде домаќин на Пелистер.

Вардар и Шкендија имаат по 58 бодови и најверојатно ќе водат битка до последно коло за шампионскиот трофеј, а денеска се фаворити да освојуат три бодови пред своите навивачи. Македонија Ѓорче Петров има само 23 бодови и е на деветото место на табелата, а овој тим има и три порази по ред. Пелистер има 22 бодови и е на 10-тото место.

Кога играат Вардар и Македонија ЃП на четири од последните пет меѓусебни пресметки бил постигнат само еден гол, што е најава дека не треба да има многу погодоци.

Шкендија пред само еден месец на свој терен со 2:1 го победи Пелистер и тетовци сега повторно ќе атакуваат на три бодови. Традицијата вели дека Шкендија има седум победи и две нерешени во последните девет пресметки со битолчани.

 

 

Зголемени квоти на гигантите Барселона, Манчестер сити, Баерн Минхен, Галатасарај, ПСВ…

Целосно фудбалска е денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Возбудувањата ќе започнат со едно големо дерби во Англија и тоа во ФА купот меѓу Манчестер сити и Ливерпул. За победа на Граѓаните квотата е зголемена и изнесува 1.89. Домашниот терен се очекува да го искористат и ПСВ Ајндховен против Утрехт, Бетис против Еспањол, а за победа на Лацио во дуелот против Парма е 1.92.

Од гостинските екипи, Баерн Минхен да победи кај Фрајбуг е со коефициент од 1.48, а Галатасарај да слави против Трабзон е со 2.21 квота. Фиорентина да се радува на теренот на Верона е со коефициент од 2.15, додека Барселона да го добие големото  дерби против Атлетико во Мадрид е со коефициент од 2.36.

Челзи го договори првото засилување за следната сезона

Челзи минува низ турбулентна сезона во која до самиот крај ќе води битка за место во Лигата на шампионите.

И покрај неодамна објавениот финансиски минус, Сините од Лондон не планираат да запрат со трансферните активности. Напротив, клубот продолжува со стратегијата на ангажирање млади и перспективни фудбалери.

Веќе е извесно дека во летниот преоден рок во Лондон ќе пристигне аргентинскиот играч Валентин Барко. Тој настапува за Стразбур, клуб кој е во сопственост на истите газди како и Челзи, што дополнително го олеснува трансферот.

Барко пристигна во Франција минатото лето од Брајтон за сума од околу 10 милиони евра, а неодамна го забележа и своето деби за репрезентацијата на Аргентина, постигнувајќи гол против Замбија.

Кариерата ја започна во Бока јуниорс, каде што го привлече вниманието на европските клубови.

„Лудница“ интересни мечеви во Квоти на ден носат одличен вкупен коефициент

Викендот започна, а тоа е знак за многу возбудувања и неизвесност. Во денешната понуда на Квоти на ден има пет многу интересни натпревари, а ако се одиграат понудените комбинации, се добива вкупен коефициент од 44.53.

Манчестер сити и Ливерпул играат во дербито на ФА Купот, а опцијата е во првото полувреме да нема повеќе од два погодоци, додека во вториот дел да има два или повеќе голови, комбинација која се вреднува со 2.05.

Реал Сосиедад да го победи Леванте во меч на кој ќе има барем еден погодок во второто полувреме носи коефициент од точно два.

Борусија Дортмунд да не загуби на гости кај Штутгарт во дуел на кој барем еден погодок ќе има во првото полувреме е со квота од 2.15.

Победник треба да има на супер-дербито меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, а потребно е да има и меѓу три и пет голови за да биде добитна квотата од 2.15.

Саутемптон и Арсенал треба да одиграат меч на кој ќе си ддат минимим по еден погодок, а ќе има и барем два погодоци во второто полувреме, комбинација која носи квота од 2.35.

 

Гвардиола: Салах е вистинска легенда на Премиер лигата

Пеп Гвардиола се најде пред медиумите пред денешниот четвртфинален дуел од ФА купот против Ливерпул, и повторно вниманието беше на прашањето за неговата иднина во Манчестер сити.


Шпанецот одговори кратко, но со јасна самоувереност: „Многу пати сум зборувал за тоа…“

„Ливерпул секогаш бил нашиот голем ривал. Направија сериозни инвестиции минатата сезона и нивниот тим ќе биде силен уште долго време. Играчите се од највисоката класа, секогаш конкуренти за Лигата на шампионите. За нас е предизвик да се претставиме како против Арсенал и да направиме уште еден чекор напред“, истакна Гвардиола.

Стратегот на Граѓаните додаде дека и покрај желбата да се фокусираат на Лигата на шампионите, каде доживеаја елиминација, главниот приоритет сега е дуелот со Ливерпул и борбата за врвот во Премиер лигата.

Гвардиола не пропушти да го истакне и Мохамед Салах, кој ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната.


„Еден од најголемите. Неверојатни бројки, континуитет, сѐ тоа што го постигна. Легенда за Ливерпул, но и за Премиер лигата. Заслужува огромно признание.“

Арбелоа најави дека може да го одмора еден од најдобрите играчи на Реал против Мајорка

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, најави дека Винисиус Јуниор би можел да биде на клупата за резерви за денешниот натпревар против Мајорка на гостински терен. Винисиус не е повреден, но Арбелоа верува дека напаѓаќот е многу заморен поради напорните репрезентативни обврски.

Бразилскиот напаѓач кој сезонава е клучен играч во офанзивниот дел на Реал, одигра два натпревари со висок интензитет за својата репрезентација против Франција и Хрватска. Иако се појавија шпекулации за можен проблем со бутот, Арбелоа брзо разјасни дека Винисиус нема повреда, туку се работи за можно поштеда на фудбалерот посебно ако се знае дека во клучниот дел од сезоната, распоредот може да биде пеколен.

„Тој е уморен, како што се очекуваше. Имаше два многу напорни натпревари. Не мислам дека имал ниту еден слободен ден од почетокот на 2026 година“, објасни Арбелоа.

Реал Мадрид е во трка за титулата во шпанското првенство. По 29 одиграни кола, Реал е втор со 69 бодови, четири помалку од лидерот Барселона.

Шок за Лејкерс, Дончиќ е посериозно повреден и може да не се врати до крајот на сезоната

Најдобриот играч на Лос Анџелес лејкерс и најдобар стрелец во НБА лигата оваа сезона, Лука Дончиќ има повреда од втор степен на тетивата на коленото што значи дека има делумно напукнување и ќе му треба подолг период на пауза. Докторите велат дека има добро и лошо сценарио за тоа кога Словенецот би можел да се врати на теренот.

„Дончиќ во најдобар случај би можел да се врати за три недели, но да бидеме пореални и предвидувањата се дека ќе отсуствува меѓу четири и шест недели. Со оглед на тоа дека плејофот започнува за две недели, тоа значи дека сигурно ќе ги пропушти сите средби до крајот на регуларниот дел од сезоната и почетокот на плејофот. Можно е сезонава да се врати на теренот, но секако дека минутажата би му била ограничена“, вели докторот Џеси Морс.

Лејкерс сезонава имаат биланс од 50 победи и 27 порази и до крајот на сезоната имаат да одиграат уште пет меча. Главна цел ќе им биде да го зачуваат третото место на Западната конференција каде се наоѓаат во моментов. предивидувањата се дека сигурно ќе го пропушти првиот круг од плејофот, а најверојатно и вториот, што значи дека може да значи Дончиќ да сезонава да отсуствува до крајот на сезоната, во зависност од резултатите на Лејкерс.

Додека Лејкерс мака мачат со тоа како ќе играат без Дончиќ, од тимот на Минесота објавија дека одлучиле да го повлечат дресот со бројот 21 во чест на Кевин Гарнет, нивниот најдобар стрелец, скокач, асистент, крадец на топки и блокер во клупската историја. Од Минесота потврдија дека Гарнет ќе присуствува во Таргет центар арената на 12 април, кога навивачите ќе може да го поздрават во последниот меч од регуларниот дел сезонава.

Резултати: Шарлот – Индијана 129:108, Филаделфија – Минесота 115:103, Бруклин – Атланта 107:141, Њујорк – Чикаго 136:96, Хјустон – Јута 140:106, Мемфис – Торонто 96:128, Милвоки – Бостон 101:133, Далас – Орландо 127:138, Сакраменто – Њу Орлеанс 117:113.