Дома Blog Страница 134

Арбелоа најави дека може да го одмора еден од најдобрите играчи на Реал против Мајорка

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, најави дека Винисиус Јуниор би можел да биде на клупата за резерви за денешниот натпревар против Мајорка на гостински терен. Винисиус не е повреден, но Арбелоа верува дека напаѓаќот е многу заморен поради напорните репрезентативни обврски.

Бразилскиот напаѓач кој сезонава е клучен играч во офанзивниот дел на Реал, одигра два натпревари со висок интензитет за својата репрезентација против Франција и Хрватска. Иако се појавија шпекулации за можен проблем со бутот, Арбелоа брзо разјасни дека Винисиус нема повреда, туку се работи за можно поштеда на фудбалерот посебно ако се знае дека во клучниот дел од сезоната, распоредот може да биде пеколен.

„Тој е уморен, како што се очекуваше. Имаше два многу напорни натпревари. Не мислам дека имал ниту еден слободен ден од почетокот на 2026 година“, објасни Арбелоа.

Реал Мадрид е во трка за титулата во шпанското првенство. По 29 одиграни кола, Реал е втор со 69 бодови, четири помалку од лидерот Барселона.

Шок за Лејкерс, Дончиќ е посериозно повреден и може да не се врати до крајот на сезоната

Најдобриот играч на Лос Анџелес лејкерс и најдобар стрелец во НБА лигата оваа сезона, Лука Дончиќ има повреда од втор степен на тетивата на коленото што значи дека има делумно напукнување и ќе му треба подолг период на пауза. Докторите велат дека има добро и лошо сценарио за тоа кога Словенецот би можел да се врати на теренот.

„Дончиќ во најдобар случај би можел да се врати за три недели, но да бидеме пореални и предвидувањата се дека ќе отсуствува меѓу четири и шест недели. Со оглед на тоа дека плејофот започнува за две недели, тоа значи дека сигурно ќе ги пропушти сите средби до крајот на регуларниот дел од сезоната и почетокот на плејофот. Можно е сезонава да се врати на теренот, но секако дека минутажата би му била ограничена“, вели докторот Џеси Морс.

Лејкерс сезонава имаат биланс од 50 победи и 27 порази и до крајот на сезоната имаат да одиграат уште пет меча. Главна цел ќе им биде да го зачуваат третото место на Западната конференција каде се наоѓаат во моментов. предивидувањата се дека сигурно ќе го пропушти првиот круг од плејофот, а најверојатно и вториот, што значи дека може да значи Дончиќ да сезонава да отсуствува до крајот на сезоната, во зависност од резултатите на Лејкерс.

Додека Лејкерс мака мачат со тоа како ќе играат без Дончиќ, од тимот на Минесота објавија дека одлучиле да го повлечат дресот со бројот 21 во чест на Кевин Гарнет, нивниот најдобар стрелец, скокач, асистент, крадец на топки и блокер во клупската историја. Од Минесота потврдија дека Гарнет ќе присуствува во Таргет центар арената на 12 април, кога навивачите ќе може да го поздрават во последниот меч од регуларниот дел сезонава.

Резултати: Шарлот – Индијана 129:108, Филаделфија – Минесота 115:103, Бруклин – Атланта 107:141, Њујорк – Чикаго 136:96, Хјустон – Јута 140:106, Мемфис – Торонто 96:128, Милвоки – Бостон 101:133, Далас – Орландо 127:138, Сакраменто – Њу Орлеанс 117:113.

Кристијано Роналдо се врати во дресот на Ал-Наср и веднаш постигна два гола (Видео)

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо се врати на терените по повредата и продолжи таму каде што застана претходно. Веднаш почна да ги тресе противничките мрежи.

Роналдо беше двоен стрелец во триумфот од 5-2 против Ал-Најма.

За Ал-Наср двапати погоди и Садио Мане, а првиот гол беше дело на Абдула Ал Хамдан.

Басконија во драматичен финиш „украде“ победа против Реал Мадрид

Басконија го совлада Реал Мадрид со 98:96 во неверојатно возбудлив дуел од 35-тото коло на Евролигата.

По триумфот во финалето на Купот на Кралот, Басконија уште еднаш ги надигра мадриѓани, остварувајќи ја 11-та победа во Евролигата. Со ефект од 11-24, тимот е на 18-то место на табелата, додека Реал со 22-13 ја дели третата позиција со Валенсија.

Реал го имаше водството во свои раце кога Факундо Кампасо погоди тројка за предност од 95:88 на помалку од две и пол минути до крајот. Но, Тими Луваву-Кабаро и Коби Симонс направија неверојатен пресврт за победа на Басконија. Одлучувачки беа слободните фрлања на Симонс и промашената тројка на Љуљ во последниот напад.

Тими Луваву-Кабаро блескаше со 26 поени, а по 21 поен постигнаа Коби Симонс и Мамади Дијаките. Кај Реал, Кампацо беше најпрецизен со 26 поени.

Валенсија го победи тимот на Виртус во Болоња со 81:94. Фантастичен беше Нејтан Риверс со 33 поени, 10 скока и неверојатен индекс на корисност од 44, што го прави најкорисен играч во ова коло.

Карсен Едвардс се истакна кај гостите со 26 поени. Виртус останува на 17-то место со 13 победи во досегашниот тек на Евролигата.

ПСЖ го победи Тулуз и сега е на +4 од Ленс

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Тулуз на домашен терен со 3-1 и се одлечија на врвот со четири бода позитива во однос на Ленс.

Осман Дембеле беше двоен стрелец на овој натпревар. Постигна убав погодок во 23-тата минута, а Тулуз израмни преку Николаисен по грешката на голманот Сафонов.

Сепак, Дембеле повторно ја врати предноста за ПСЖ во 33-тата минута.

Во завршницата, Гонсало Рамош погоди за конечни 3-1 во 92-та минута од дуелот.

Микел Артета и Бруно Фернандеш се најдобрите во Премиер лигата за март

Микел Артета и Бруно Фернандеш ги понесоа индивидуалните признанија за месец март во Премиер лигата, откако беа избрани за менаџер и играч на месецот.

За Артета ова е осмо вакво признание, а го заслужи по перфектниот месец на Арсенал, во кој Топчиите забележаа победи над Челзи, Брајтон и Евертон. Лондонскиот клуб сериозно чекори кон првата титула по пауза од 22 години и моментно е лидер на табелата со девет бода предност пред Манчестер сити.

На индивидуален план, Бруно Фернандеш блеска во дресот на Манчестер јунајтед. Португалецот повторно е во врвна форма под водство на Мајкл Карик, откако по тренерската смена забележа дури осум асистенции во последните десет натпревари од Премиер лигата.

Со вкупно 16 асистенции оваа сезона, Фернандеш се наоѓа на чекор до историски подвиг, доколку продолжи во истиот ритам, може да ги надмине легендарните достигнувања на Тиери Анри и Кевин Де Бројне, кои држат рекорд со по 20 асистенции во една сезона.

Италијанскиот фудбал ќе загуби околу 100 милиони евра поради неучеството на Светското првенство

Дебаклот во Зеница ги потресе темелите на италијанскиот фудбал. Италијанската репрезентација се најде во нова криза која ја тресе целата фудбалска структура на земјата. Најмногу загрижува тоа што четирикратните светски шампиони ќе го пропуштат третиот последовен Мундијал, што е огромен удар не само за угледот, туку и за финансиската стабилност.

Според „Газета дело Спорт“, Фудбалската федерација на Италија остана без најмалку 100 милиони евра сигурни приходи поради неуспехот да се пласира на Свеѕското првенство. Најголем дел од ова, околу 45 милиони евра, се однесува на пропуштеното учество на Мундијалот.

Самото учество на завршниот турнир би донело најмалку 9 милиони евра од ФИФА, додека дополнителните загуби од околу 16 милиони евра се поврзани со казни од спонзорите и намалена продажба на комерцијални права. Финансискиот удар е дополнително засилен со загуба од околу 20 милиони во идни преговори со партнери и спонзори, бидејќи новиот неуспех значително ја ослаби преговарачката позиција на Федерацијата.

Колку болен бил поразот од Босна и Херцеговина, покажуваат и брзите промени на врвот на Федерацијата. Претседателот Габриеле Гравина поднесе оставка, а неговиот пример го следеа селекторот Џенаро Гатузо и шефот на делегацијата Џанлуиџи Буфон, оставајќи го италијанскиот фудбал во фаза на големи промени.

Македонија договорила контролен меч против селекција која ќе игра на СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски меч против Босна и Херцеговина на гостински терен на 31 мај илио на 1 јуни, најавуваат медиумите во земјата која ќе учествува на Светското првенство ова лето.

БиХ направи подвиг откако во бараж средбите прво на гости го елиминираше Велс на пенали, а потоа во историски дуел на „Билино Поле“ во Зеница, исто така на пенали славеше против четирикратниот светски првак Италија.

Гути: Од првата плата во Реал Мадрид си купив мобилен телефон и бев главен фраер во квартот

Легендарниот играч на Реал Мадрид, Гути, откри како ја потрошил својата прва плата од фудбалот. Тој сите пари ги потрошил за да купи мобилен телефон „Сименс“.

„До 17-тата година никогаш не помислував дека ќе играм за Реал Мадрид или дека ќе станам професионалец. Едноставно, го сакав фудбалот. Кога наполнив 18, ми понудија професионален договор и добив малку пари. Си купив мобилен телефон „Сименс“ и беше неверојатно. Бев единствениот во мојот кварт со мобилен телефон. Тогаш заработував околу милион пезети годишно, тоа се околу 6.000 евра денес“, се присети Гути.

„Сега работите се сосема поинакви. Се плаќа и на младинско ниво. Децата кои доаѓаат од други клубови веќе добиваат плата. Претходно, за да добиеш професионален договор или дури и за а ти дадат копачки од клубот, мораше долго време да се докажуваш во првиот тим“, додаде легендата Хосе Марија Гутиерес-Гути.

Повредата на Хари Кејн го мачи Баерн Минхен

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе го пропушти саботниот натпревар од Бундеслигата против Фрајбург, но тренерот Венсан Компани се надева дека ќе може да смета на него за дуелот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид следната недела.

„Хари тренираше одлично до неделата, но почувствува болка во глуждот додека беше со репрезентацијата на Англија. Затоа утре нема да биде на располагање“, изјави Компани.

„Сепак, оптимист сум за вторник. Би сакал да игра против Фрајбург, но тоа не е можно“, додаде стратегот на минхенскиот гигант.

Покрај отсуството на Кејн, Баерн ќе биде без суспендираниот Николас Џексон. Добрата вест е враќањето на Џамал Мусијала и Алфонсо Дејвис, а голманот Мануел Нојер повторно е во составот по кратката криза на таа позиција, при што шансата ја доби и резервниот чувар Свен Улрих.

„Ќе видиме кој ќе започне како стартер против Фрајбург, но генерално составот ни е речиси комплетен“, додаде Компани.