Дома Blog Страница 135

Македонија договорила контролен меч против селекција која ќе игра на СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски меч против Босна и Херцеговина на гостински терен на 31 мај илио на 1 јуни, најавуваат медиумите во земјата која ќе учествува на Светското првенство ова лето.

БиХ направи подвиг откако во бараж средбите прво на гости го елиминираше Велс на пенали, а потоа во историски дуел на „Билино Поле“ во Зеница, исто така на пенали славеше против четирикратниот светски првак Италија.

Гути: Од првата плата во Реал Мадрид си купив мобилен телефон и бев главен фраер во квартот

Легендарниот играч на Реал Мадрид, Гути, откри како ја потрошил својата прва плата од фудбалот. Тој сите пари ги потрошил за да купи мобилен телефон „Сименс“.

„До 17-тата година никогаш не помислував дека ќе играм за Реал Мадрид или дека ќе станам професионалец. Едноставно, го сакав фудбалот. Кога наполнив 18, ми понудија професионален договор и добив малку пари. Си купив мобилен телефон „Сименс“ и беше неверојатно. Бев единствениот во мојот кварт со мобилен телефон. Тогаш заработував околу милион пезети годишно, тоа се околу 6.000 евра денес“, се присети Гути.

„Сега работите се сосема поинакви. Се плаќа и на младинско ниво. Децата кои доаѓаат од други клубови веќе добиваат плата. Претходно, за да добиеш професионален договор или дури и за а ти дадат копачки од клубот, мораше долго време да се докажуваш во првиот тим“, додаде легендата Хосе Марија Гутиерес-Гути.

Повредата на Хари Кејн го мачи Баерн Минхен

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе го пропушти саботниот натпревар од Бундеслигата против Фрајбург, но тренерот Венсан Компани се надева дека ќе може да смета на него за дуелот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид следната недела.

„Хари тренираше одлично до неделата, но почувствува болка во глуждот додека беше со репрезентацијата на Англија. Затоа утре нема да биде на располагање“, изјави Компани.

„Сепак, оптимист сум за вторник. Би сакал да игра против Фрајбург, но тоа не е можно“, додаде стратегот на минхенскиот гигант.

Покрај отсуството на Кејн, Баерн ќе биде без суспендираниот Николас Џексон. Добрата вест е враќањето на Џамал Мусијала и Алфонсо Дејвис, а голманот Мануел Нојер повторно е во составот по кратката криза на таа позиција, при што шансата ја доби и резервниот чувар Свен Улрих.

„Ќе видиме кој ќе започне како стартер против Фрајбург, но генерално составот ни е речиси комплетен“, додаде Компани.

Дел Пјеро жестоко удри по италијанскиот фудбал: „Ова е срамно и неоправдано“

Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, Алесандро дел Пјеро, без задршка зборуваше за состојбата во Италија.

Како што е познато, Италија по третпат по ред нема да настапи на Светско првенство, а последен пат кобна за Аѕурите беше Босна и Херцеговина, која ги совлада во Зеница.

Резултатот беше 4:1 по изведување пенали за избраниците на Сергеј Барбарез, кои на тој начин по вторпат во историјата обезбедија пласман на Мундијал.

„Бевме огромна сила. За жал, сега преовладуваат негативни чувства – тага, огорченост, разочарување и неверување. Првиот пат беше шок, вториот кошмар, а ова третото е веќе срамно и неоправдано“, изјави остро Дел Пјеро.

Тој повика на колективна одговорност и нова енергија за обнова.

„Секој од нас мора да почувствува желба да реагира и да почне одново – да се стави на располагање, да учи и да работи за да се решат проблемите, со ентузијазам кој мора да го најдеме во себе“, додаде тој.

Дел Пјеро смета дека Италија го изгубила она што некогаш ја правело посебна – идентитетот, локалната припадност и фудбалската традиција.

„Имавме силен локален фудбал, а сега ги изгубивме просторот и традицијата. Во други земји има повеќе идентитет во клубовите, како што е случај со Атлетик Билбао и Севиља во Шпанија. Ова е прашање на тимска работа – ни треба тим во сите сегменти и заедничка цел. Мора да направиме чекор назад и да си признаеме: ‘Веќе не сме најдобри, не сме ни втори ни трети’. Треба да ја тргнеме гордоста на страна и да покажеме понизност“, порача тој.

Дел Пјеро за италијанската репрезентација одигра 91 натпревар и постигна 27 гола. Во дресот на Аѕурите“ настапуваше од 1995 до 2008 година, а во 2006 ја освои светската титула.

Понуда за мерак, во НБА вечерва има шест сигурици

Одлична понуда има во Sport LIfe за вечерашните девет натпревари во НБА лигата, а мечевите се особено привлечни за играње кај оние што одат на сигурно и не ризикуваат премногу.

До крајот на регуларната сезона, останаа уште само десет дена, па секој меч е важен. Од деветте дуели, кај дури пет, квотите за победа на фаворитите се 1.10 или помали. Најблиски се квотите за дуелот на Филаделфија и Минесота каде предност им се дава на домашните, но гостите не се толку големи аутсајдери на хартија.

Секако тука и богатат понуда на играчи, за околу 100 кошаркари може да уплатите колку поени ќе дадат вечерва.

Продадени сите билети за ГРК Охрид – Олимпијакос

Од ГРК Охрид објавија дека се продадени сите билети за утрешниот спектакл, реванш дуелот со Олимпијакос, од четвртфиналето на Европскиот куп.

Трибините на „Билјанини извори“ ќе бидат преполни, исполнети се предусловите бројната публика да го прослави пласманот во полуфиналето заедно со играчите кои треба да потврдат дека се подобри од Грците, нешто што го најавија со триумфот на првиот меч во Атина од пет гола разлика.

Гостински фанови ќе нема, како што немаше Рибари на првиот меч во Атина, но охридската публика ќе треба да внимава да не наседне на евентуални провокации од гостите кои ќе пробаат на нечесен начин да стигнат до полуфиналето.

Таверес виде дека Хезоња гледа белградско дерби и извика два збора на српски (Видео)

Кошаркарите на Реал Мадрид вечерва играат на гости против Басконија и ќе се обидат да се одмаздат за поразот во финалето на Кралскиот куп, а синоќа во хотел во Виторија, Марио Хезоња на телефон со интерес го следеше дербито што се играше помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан.

Хрватскиот кошаркар, познат како голем навивач на Црно-белите, сподели видео на социјалните мрежи на кое се гледа како центарот на Реал, Еди Таварес, помина покрај него и штом виде што гледа, влезе во лифт и на српски рече:

„Партизане напаѓај!“.

Тоа го изненади и Хезоња, кој се насмеа, а потоа го прекина снимањето за веројатно да му одговори.

Уметноста на Леонардо им донесе три бода на струмичани, Шкупи се спаси од 7+

Брера во Струмица го совлада Арсими со 2-1, а Силекс со 6-0 го победи Шкупи, во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

Победата на струмичани им ја донесе Хрватот Леонардо Петровиќ со убав гол во 79-та минута. Петровиќ има дадено три гола во дресот на Брера, од кои два против Арсими нивниот директен ривал во битка за избегнување на бараж за опстанок. Сега Брера е седма, а Арсими падна на осмо место.

И Силекс како и Брера, прекина серија од четири меча по ред без победа. Кратовци немаа проблем со идниот второлигаш Шкупи, го надиграа со 6-0, со по три гола во двете полувремиња. Силекс имаше 20 минути да им го нанесе на чаирчани и најтешкиот пораз сезонава, но се задоволија со шестката.

Нант доби меч во ЛШ на кој губеше со два гола разлика на 50 секунди до крај (Видео)

Синоќа во ракометната Лига на шампиони за мажи беше виден најневеројатниот пресврт во историјата. Ова беше ист пример како може да се загуби добиен меч ако набљудувате од гледна точка на дански ГОГ, а како може да се добие загубен меч од гледна точка на француски Нант.

Во последната минута, ГОГ Гудме влезе со предност од 33-31, а имаше и напад. Напаѓаа без голман, сакаа да извојуваат што поубедлива победа пред реваншот. Но, топката беше пресечена и Нант ја погоди празната мрежа. Истото се случи и во следниот напад и Нант израмни. На крај, при нерешено, ГОГ имаше напад барем за минимална победа, но не реализираа, Нант имаше пет секунди за напад и дадоа гол со шут од голема далечина со голман меѓу стативите на ГОГ.

https://www.tiktok.com/@homeofhandball/video/7624210521369169174?embed_source=121374463%2C121468991%2C121439635%2C121749182%2C121433650%2C121404359%2C121497414%2C122221973%2C122122240%2C121351166%2C121811500%2C121960941%2C122122244%2C122122243%2C122122242%2C121487028%2C122258714%2C121331973%2C120811592%2C120810756%2C121885509%3Bnull%3Bembed_masking&refer=embed&referer_url=www.telegraf.rs%2Fsport%2Fostali-sportovi%2F4301653-najvece-cudo-evropskog-rukometa-vodili-sa-dva-razlike-u-poslednjem-minutu-pa-na-neverovatan-nacin-izgubili&referer_video_id=7624210521369169174

Арбелоа: „Имаме девет финалиња до крајот, првото е против Мајорка“

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја одржа својата редовна прес-конференција пред гостувањето кај Мајорка и истакна задоволство од фактот дека сите фудбалери се вратиле здрави по репрезентативните настапи.

„За среќа, сите репрезентативци се вратија здрави. Тоа ни беше приоритет. Оваа пауза беше многу позитивна бидејќи повеќето добија минути. Сега сме фокусирани на утрешниот натпревар затоа што и Мајорка има потреба од бодови исто како и ние. Подготвени сме, иако никогаш не е лесно да се игра на гости по пауза. Ни остануваат девет ‘финалиња’, а утре е првото“, изјави младиот стратег.

Во врска со составот, тој додаде:

„Ќе излеземе со најсилниот тим за да победиме. Имаме три натпревари во шест дена и нема простор за грешки. Утре ќе настапиме со најдоброто што го имаме, но ќе ни требаат сите играчи. Кога станува збор за Мбапе – тој е максимално посветен и точно знае што барам од него и од Винисиус Жуниор. Напаѓачите природно бранат помалку од дефанзивците, но од сите бараме максимална ангажираност.“