Дома Blog Страница 136

Продадени сите билети за ГРК Охрид – Олимпијакос

Од ГРК Охрид објавија дека се продадени сите билети за утрешниот спектакл, реванш дуелот со Олимпијакос, од четвртфиналето на Европскиот куп.

Трибините на „Билјанини извори“ ќе бидат преполни, исполнети се предусловите бројната публика да го прослави пласманот во полуфиналето заедно со играчите кои треба да потврдат дека се подобри од Грците, нешто што го најавија со триумфот на првиот меч во Атина од пет гола разлика.

Гостински фанови ќе нема, како што немаше Рибари на првиот меч во Атина, но охридската публика ќе треба да внимава да не наседне на евентуални провокации од гостите кои ќе пробаат на нечесен начин да стигнат до полуфиналето.

Таверес виде дека Хезоња гледа белградско дерби и извика два збора на српски (Видео)

Кошаркарите на Реал Мадрид вечерва играат на гости против Басконија и ќе се обидат да се одмаздат за поразот во финалето на Кралскиот куп, а синоќа во хотел во Виторија, Марио Хезоња на телефон со интерес го следеше дербито што се играше помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан.

Хрватскиот кошаркар, познат како голем навивач на Црно-белите, сподели видео на социјалните мрежи на кое се гледа како центарот на Реал, Еди Таварес, помина покрај него и штом виде што гледа, влезе во лифт и на српски рече:

„Партизане напаѓај!“.

Тоа го изненади и Хезоња, кој се насмеа, а потоа го прекина снимањето за веројатно да му одговори.

Уметноста на Леонардо им донесе три бода на струмичани, Шкупи се спаси од 7+

Брера во Струмица го совлада Арсими со 2-1, а Силекс со 6-0 го победи Шкупи, во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

Победата на струмичани им ја донесе Хрватот Леонардо Петровиќ со убав гол во 79-та минута. Петровиќ има дадено три гола во дресот на Брера, од кои два против Арсими нивниот директен ривал во битка за избегнување на бараж за опстанок. Сега Брера е седма, а Арсими падна на осмо место.

И Силекс како и Брера, прекина серија од четири меча по ред без победа. Кратовци немаа проблем со идниот второлигаш Шкупи, го надиграа со 6-0, со по три гола во двете полувремиња. Силекс имаше 20 минути да им го нанесе на чаирчани и најтешкиот пораз сезонава, но се задоволија со шестката.

Нант доби меч во ЛШ на кој губеше со два гола разлика на 50 секунди до крај (Видео)

Синоќа во ракометната Лига на шампиони за мажи беше виден најневеројатниот пресврт во историјата. Ова беше ист пример како може да се загуби добиен меч ако набљудувате од гледна точка на дански ГОГ, а како може да се добие загубен меч од гледна точка на француски Нант.

Во последната минута, ГОГ Гудме влезе со предност од 33-31, а имаше и напад. Напаѓаа без голман, сакаа да извојуваат што поубедлива победа пред реваншот. Но, топката беше пресечена и Нант ја погоди празната мрежа. Истото се случи и во следниот напад и Нант израмни. На крај, при нерешено, ГОГ имаше напад барем за минимална победа, но не реализираа, Нант имаше пет секунди за напад и дадоа гол со шут од голема далечина со голман меѓу стативите на ГОГ.

https://www.tiktok.com/@homeofhandball/video/7624210521369169174?embed_source=121374463%2C121468991%2C121439635%2C121749182%2C121433650%2C121404359%2C121497414%2C122221973%2C122122240%2C121351166%2C121811500%2C121960941%2C122122244%2C122122243%2C122122242%2C121487028%2C122258714%2C121331973%2C120811592%2C120810756%2C121885509%3Bnull%3Bembed_masking&refer=embed&referer_url=www.telegraf.rs%2Fsport%2Fostali-sportovi%2F4301653-najvece-cudo-evropskog-rukometa-vodili-sa-dva-razlike-u-poslednjem-minutu-pa-na-neverovatan-nacin-izgubili&referer_video_id=7624210521369169174

Арбелоа: „Имаме девет финалиња до крајот, првото е против Мајорка“

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја одржа својата редовна прес-конференција пред гостувањето кај Мајорка и истакна задоволство од фактот дека сите фудбалери се вратиле здрави по репрезентативните настапи.

„За среќа, сите репрезентативци се вратија здрави. Тоа ни беше приоритет. Оваа пауза беше многу позитивна бидејќи повеќето добија минути. Сега сме фокусирани на утрешниот натпревар затоа што и Мајорка има потреба од бодови исто како и ние. Подготвени сме, иако никогаш не е лесно да се игра на гости по пауза. Ни остануваат девет ‘финалиња’, а утре е првото“, изјави младиот стратег.

Во врска со составот, тој додаде:

„Ќе излеземе со најсилниот тим за да победиме. Имаме три натпревари во шест дена и нема простор за грешки. Утре ќе настапиме со најдоброто што го имаме, но ќе ни требаат сите играчи. Кога станува збор за Мбапе – тој е максимално посветен и точно знае што барам од него и од Винисиус Жуниор. Напаѓачите природно бранат помалку од дефанзивците, но од сите бараме максимална ангажираност.“

Луческу доживеа втор срцев удар за еден ден

Прославениот романски фудбалски тренер и довчерашен селектор на Романија, Мирчеа Луческу, доживеа втор срцев удар за еден ден и наводно животот му виси на конец на 80-годишниот стручњак.

Вториот срцев удар се случил кратко откако Универзитетската болница во Букурешт објави дека состојбата на Мирчеа Луческу се стабилизирала и дека тој е под строг надзор на специјалисти.

На 29 март Луческу беше итно бил хоспитализиран откако ја загубил свеста за време на тренинг на репрезентацијата. Романија не успеа да се квалификува за Светското првенство во 2026 година.

Според романски медиуми, семејството сака да го премести Луческу во болница во Виена, Австрија. Но, за да ја реализира идејата, на семејството на „Ил Луче“ ќе му треба одобрение од раководителот на одделот за кардиологија на Универзитетската болница во Букурешт.

„Моментално, неговата состојба е стабилна, под строг специјалистички надзор. Пациентот останува хоспитализиран на Одделот за кардиологија, каде што добива соодветна медицинска нега“, се вели во соопштението на Универзитетската болница.

Гатузо веќе не е селектор на Италија: Си заминувам со болка во срцето!

Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на италијанската репрезентација откако денеска и официјално го раскина договорот со заедничка согласност.

Причината за одлуката е притисокот и тензијата што се појавија во земјата откако тимот беше елиминиран од Босна и Херцеговина во финалето од плејофот за Светското првенство налето и не се квалификува на СП.

Заминувањето на Гатузо доаѓа еден ден откако Габриеле Гравина поднесе оставка од функцијата претседател на Италијанската фудбалска федерација, а Џанлуиџи Буфон поднесе оставка од функцијата шеф на делегацијата на Аѕурите.

„Заминувам со тешко срце и без да ја постигнам мојата цел. Би сакал да им се заблагодарам на Гравина и Буфон, како и на сите во Федерацијата за довербата и поддршката што отсекогаш ми ја давале. Беше чест да ја водам репрезентацијата и тоа да го правам со група играчи кои покажаа посветеност и заложба. Мојата најголема благодарност е до навивачите, до сите Италијанци кои постојано ја покажуваа својата љубов и поддршката во текот на овие месеци. Националната репрезентација секогаш ќе има место во моето срце“, рече Гатузо.

Челзи го отстрани Енцо Фернандес од составот поради интервју

Менаџерот на Челзи, Лијам Росениор, објави дека капитенот Енцо Фернандес нема да игра оваа сабота против Порт Вејл во ФА купот, ниту следната недела против Манчестер сити во Премиер лигата, по одлука на клубот.

Оваа казна доаѓа само неколку дена откако тој призна дека сака да му се приклучи на Реал Мадрид и навести можно заминување од клубот.

„Енцо ја премина границата во однос на нашата култура и она што сакаме да го изградиме тука. Разговарав со него. Тој нема да биде достапен за утрешниот натпревар ниту за натпреварот против Сити следната недела. Имам најголемо почитување кон Енцо, и како личност и како играч. Тој е разочаран затоа што сака да успееме. Што се однесува до одлуката, таа не беше само моја, ниту на спортските директори, ниту на одборот, ниту на играчите. Сите се согласивме со донесената одлука. Вратата не е затворена за Енцо. Ова е санкција. Мораме да го заштитиме клубот“, кажа Росениор.

Аргентинецот Енцо Фернандес ја искористи паузата за репрезентативни натпревари за да зборува за својата иднина.

„Би сакал да живеам во Шпанија. Навистина ми се допаѓа Мадрид, ме потсетува на Буенос Аирес. Би живеел во Мадрид“, рече светскиот шампион.

Но, ова флертување со Реал не е единствена причина што е суспендиран. Тој изрази сомнежи и за својата иднина во клубот со којшто има договор дури до 2032 година.

„Не знам дали ќе останам. Остануваат уште осум натпревари и уште неколку за ФА купот. Исто така, тука е и Светското првенство, а потоа ќе видиме“.

Сето ова го наведе Челзи да ја суспендира својата ѕвезда на два натпревари поради ова бидејќи неговите постапки ги сметаа за прекршување на клупскиот кодекс на однесување.

На три меча во Евролигата се очекуваат гостински победи, одлична понуда и за кошаркарите во Sport Life (Фото)

Вечерва во кошаркарската Евролига ќе се одиграат вкупно три натпревари, а она што е интересно е фактот дека на сите три се очекуваат победи на гостинските екипи.

Квотите за триумфи на гостите се движат помеѓу 1.23 и 1.45, а победи се очекуваат од Олимпијакос, Валенсија и Реал Мадрид.

Дел од богатата понуда во Sport Life се и кошаркарите со најпопуларната игра меѓу типувачите – „плус-минус“ на поени, скокови и асистенции. Комплетната кошаркарска понуда на Sport Life може да ја најдете ТУКА.

Доменек: Англија не е претендент за титулата на СП 2026, нив никој не ги сфаќа сериозно

Поранешниот селектор на француската репрезентација, Рајмон Доменек, ја критикуваше фудбалската репрезентација на Англија, велејќи дека тие немаат никакви шанси да се надеваат дека може да стигнат до титулата на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Според составот на играчите кои ги има, но и добрите резултати во последно време, Англија, според букмејкерите, но и според дел од аналитичарите, се најавува дека може да биде еден од главните фаворити за освојување на трофејот. Сепак, со тоа не се согласува Доменек.

На прашањето дали Англија е меѓу таа елитна група потенцијални шампиони, Доменек беше нештедлив во својата проценка, нагласувајќи дека тежината на историските неуспеси сè уште тежи врз националниот тим, без оглед на талентот што му е на располагање на Тухел.

„Англичаните не се меѓу фаворитите. Сите се согласуваме дека е така, нели? Тие имаат создадено таква слика на „губитинци“, што никој повеќе не ги сфаќа сериозно. Тоа е ужасно“, рече 74-годишниот француски тренер и некогашен предводник на Галските петли.

Во речиси стогодишната историја на Мундијалите, Англија има само една титула, и тоа таа во 1966 година, кога до пехарот стигнаа на домашно тло. Тоа е и единствениот трофеј од големите натпреварувања за Англија затоа што Гордиот албион уште никогаш не бил европски првак.