Дома Blog Страница 138

Најсилните европски лиги се вратија на „менито“

1701 ПСЖ – Тулуз (20:45 ч.)

Пари Сен Жермен е голем фаворит, но Светците загубија на последниот меч кој го играа пред своите навивачи и сигурно ќе сакаат да се коригираат. Тулуз игра квалитетно на гостински терен, но сепак тешко е да се верува дека ќе може да му парира на актуелниот француски првак.

Традицијата во меѓусебните дуели на овие ривали вели дека ПСЖ има 11 победи во последните 13 дуели против Тулуз и најчесто тоа се пресметки со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.40)

 

1301 Рајо Валјакано – Елче (21 ч.)

Две екипи кои се во долниот дел од табелата и главна цел им е да обезбедат опстанок во лигата. Ова се и екипите кои имаат најмногу нерешени средби сезонава, по 11-пати играле без победник. Сепак, кога се работи за меѓусебните дуели на последните шест дуели на Рајо и Елче секогаш победувал домашниот тим.

Рајо со 28 дадени гола во 29 меча го има вториот најслаб напад во целатс лига, додека Елче ја има една од најслабите одбрани.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.66)

 

1021 Ковентри – Дерби (21 ч.)

Ковентри е лидер во Чемпионшип во Англија и е пред влез во Премиер лигата. На свој терен Ковентри има дури 14 победи во 19 меча и со 40 погодоци има просек од над два гола на меч.

Дерби има свои калкулации затоа што уште е во игра за влез во Топ 6 и да се бори за плејоф кој води во Премиер лига. Во мечот од првиот дел од сезоната Ковентри победи со 5:3, па и сега може да се очекува да биде возбудливо со многу погодоци

Предлог тип: ГГ3+ (2.11)

 

3151 Локомотив Пловдив – Локомотив Софија (18:45 ч.)

Домаќините ја имаат улогата на фаворити, но тоа не значи дека гостите од Софија предвреме ќе се предадат. Традицијата вели дека на шест од последните седум меѓусебни дуели, голови имало на двете страни, односно било гол-гол, но четири од последните пет средби немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.07)

 

1538 Спортинг – Санта Клара (21:30 ч.)

Спортинг нема друг избор освен да победи за да остане во чекор со лидерот Порто. Санта Клара е во долниот дел од табелата, дури на 13-тото место, но игра во одлична форма и има три победи во низа, а нема загубено на последните пет средби.

Сепак, гостувањето во Лисабон кај Спортинг е еден од најголемите предизвици, па гостите тешко дека ќе се одбранат.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.04)

 

Во Струмица дуел на две екипи кои се борат за опстанок, Силекс нема да има милост кај Шкупи

Два меча од 25-тото коло во Првата фудбалска лига на Македонија се играат денеска, од 15:30 часот. Во Струмица, Брера ќе биде домаќин на Арсими во дуел на две екипи кои се борат да обезбедат опстанок. Арсими има 29 бода и е на седмото место, последно кое носи сигурен опстанок, додека Брера е со 28 бода и е веднаш зад денешниот ривал.

Двете екипи имаат слаби одбрани и во просек примаат речиси по два гола на меч, што само може да е најава дека ќе биде возбудливо во Струмица денеска. Ако се изземе отпишаниот Шкупи, Брера е тимот со најслаб биланс на домашен терен и сезонава во 11 меча победи само двапати и освои едвај 10 бода.

Во двата меча кои овие две екипи ги одиграа сезонава, Брера двапати победи, и тоа со 2:1 во Струмица и со 2:0 на гости кај Арсими.

Освен ова дерби за опстанок во Струмица, денеска се игра и дуел во Кратово меѓу Силекс и Шкупи. Силекс е апсолутен фаворит и само прашање е колку голови ќе примат гостите од Скопје.

Зголемени квоти за победи на Реал Мадрид, Валенсија, ПСЖ, Бирмингем, Орландо, Филаделфија…

Како се наближува викентот, така се повеќе доминира фудбалот во Супер типот на Sport Life. Четири кошаркарски пресметки и еден хокеј дуел прават да нема целосна доминација на најважната споредна работа во светот.

Во кошаркарската Евролига се очекуваат две победи на гостинските екипи барем кога се работи за пресметките меѓу Басконија – Реал Мадрид и Виртус Болоња – Валенсија. За триумфи на Реал и Валенсија има зголемени квоти и тие се 1.46 односно 1.55. Во НБА лигата, Филаделфија да слави на свој терен против Минесота е со квота од 1.92, а Одландо да слави на теренот на Далас носи зголемен коефициент од 1.55.

Во фудбалот, од дури 11 натпревари на девет фаворитската улога е за домаќините. Во англиските пониски лиги, фаворти на свој терен треба да се Мидлсбро, Бирмингем, Лестер и Ковентри. Романскиот ФЦСБ да победи на гости кај Ботошани е со квота од 1.94, а како гостински фаворит се смета Шамрок кој ќе игра на теренот на Ватерфорд.

Мбапе откри кога и зошто сакал да се откаже од играњето за Франција

Капитенот на францускаѕта фудбалска репрезентација Килијан Мбапе е на само еден гол од израмнување на рекордот на Оливие Жиру кој е најдобар стрелец во историјата на Галските петли со 57 погодоци. Мбапе има само 27 години и јасно е дека тој ќе доминира уште неколку години и ќе постави рекорд кој ќе биде тешко достижен во брзо време за некој француски репрезентативец, барем кога се работи за бројот на постигнати погодоци.

Мбапе пред осум години како тинејџер ја предводеше Франција до освојување на светската титула во финалето во Москва, а со погодокците во финалето против Хрватска, стана вториот најмлад фудбалер кој дал гол во едно финале на СП, веднаш зад легендарниот Пеле.

И во 2022 година на Мундијалот во Катар, Мбапе ја предводеше Франција до финалето, но тогаш по многу драма и по изведување на пенали загубија од Аргентина. Сега, Франција и Мбапе се подготовени за трет предизвик на планетарните собири. Галските петли сигурно се меѓу фаворитите за златото.

Во големо интервју дадено неодамна, Мбапе откри дека размислувал дури и да се откаже од играњето за Франција. Тоа било по Европското првенство во 2021 година кога Мбапе не постигна ниту еден гол, а промаши клучен пенал против Швајцарија по што Франција испадна.

„Сакав да ја напуштам репрезентацијата. Сфатив дека Франција ја ставив многу многу високо на моите приоритети, но кога промашив еден пенал, многу луѓе почнаа да ме навредуваат и да ме нарекуваат мајмун. и тогаш се запрашав дали вреди за тие луѓе да играм и да се борам на теренот. Не можам да играм за оние кои ме нарекуваат мајмун“, открива Мбапе.

Голгетерот додава дека тоа бил многу тежок период за него. „Тие денови бев како жив мртовец. Паднав од многу високо, затоа што на првиот голем турнир со Франција, а тоа беше СП 2018 стигнав до златото и станав нациоанлен херој, а бев многу млад. Потоа, на следниот голем турнир добив силен удар и тоа беше тешко да се издржи. Бев кај претседателот на Федерацијата и му реков дека веќе не сакам да играм за Франција. Тој ми рече „зарем стварно мислиш дека така ќе те пуштам да излезеш од тука“. Потоа размислив и ја сменив одлуката“, раскажува Мбапе за своето непријатно искуство во националниот тим на Франција.

Петте дуели од Квотите на денот носат одличен вкупен коефициент

По еден меч од Англија, Франција, Белгија, Шпанија и Португалија има во понудата за Квотите на денот, а ако сите пет комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 42.57.

Мидлсборо да не загуби на свој терен од Милвол во меч на којшто во првото полувреме ќе нема повеќе од еден гол се вреднува со квота од 1.95.

Пари Сен Жермен треба да го победи Тулуз и во второто полувреме да бидат постигнати два или повеќе гола за да биде добитен коефициентот од 2.35.

Антверпен и Генк треба да си дадат барем по еден гол, а погодок е потребен и во второто полувреме, комбинација која носи коефициент 1.85.

На дуелот меѓу Рајо Валјекано и Елче не треба да има повеќе од еден гол во двете полувремиња за да биде добитна квотата од 2.45.

Спортинг Лисабон е домаќин на Санта Клара и потребно е во второто полувреме да бидат постигнати повеќе погодоци, што би донело добитна квота од 2.05.

Нов шок за Италија, овојпат нокдаунот доаѓа директно од првиот човек на УЕФА

Италијанскиот фудбал е нокаутиран откако репрезентацијата на четирикратниот светски првак повторно не обезбеди место на завршницата на Светско првенство. Ова е третпат во низа Италија да не биде дел од завршницата на планетарниот собир, што секако е нешто кое никој не го очекуваше и никој не веруваше дека може да се случи олку долга апстиненција од светската мапа.

И додека во Италија уште се анализира кои се најголемите виновници за елиминацијата на Италија од Босна и Херцеговина и поразот на пенали со 4:1, следува нов шок за Аѕурите. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги повика италијанските власти да ја модернизираат својата фудбалска инфраструктура за да не го изгубат правото да бидат домаќини на Евро 2032.

„Италијанските политичари треба да се запрашаат зошто земјата има една од најлошите фудбалски инфраструктури во Европа. Евро 2032 е планирано и се надевам дека Италија е подготвена, во спротивно нема да се одржи во оваа земја“, изјави Чеферин, цитиран од „Газета дело спорт“.

Италија последен пат беше домаќин на Европското првенство во фудбал во 1980 година, а пред тоа во 1968 година. За ЕП 2032 година, Италија треба да биде домаќин, а коорганизатор ќе биде и Турција, која ќе биде домаќин на натпревари на Европското првенство во 2032 година.

Лапорта ги кажа плановите на Барселона за летниот преоден рок

Барселона сезонава ја освои титулата во Суперкупот на Шпанија, а се бори за трофеите во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Освен борбите на теренот, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, неодамна доби една голема битка, а тоа е останувањето на чело на клубот по последните претседателски избори.

Со останувањето на чело на Лапорта, многумина се интересираа кои се плановите на Лапорта околу тоа дали и кои играчи би биле цел да бидат доведени на „Камп ноу“ во летниот преоден рок. Лапорта не даде конкретни имиња, но најави дека има свој план.

„Барселона не треба да потпишува играчи само за да потпише. Треба да потпишуваме само со оние што навистина му се потребни на тимот. Приоритет е да го одржиме и да го зајакнеме составот што го имаме, а не постојано да правиме промени“, изјави Лапорта, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.

По завршување на паузата поради репрезентативните настапи, Барселона сега се фокусира на следниот меч, а тоа е големото дерби против Атлетико Мадрид на 4 април. По 29 одиграни кола, Барселона е лидер на табелата со 73 бода, четири повеќе од Реал Мадрид.

 

Оклахома го растури Лејкерс со 43 разлика, се повреди Лука Дончиќ (Видео)

Во НБА-лигата ноќеска се одиграа вкупно шест меча, а главен во фокусот беше дуелот меѓу Оклахома сити тандерс и Лос Анџелес лејкерс. Иако се најавуваше како големо дерби на кое треба да се очекува неизвесна завршница, на крајот Оклахома го „демолираше“ гостинот од Лос Анџелес со 139:96. Со оваа победа Оклахома само дополнително се зацврсти на врвот на Западната конференција, а на Лејкерс им останува до крајот на регуларниот дел да се обидат да ја задржат третата позиција на која се наоѓаат во моментов.

Уште во првата четвртина беа решени сите дилеми околу победникот. Оклахома почна фуриозно и поведе со 18:4, а до крајот на првата четвртина стигна до водство од 44:21. Потоа до крајот на дуелот Оклахома рутински продолжи да ја зголемува предноста и на крајот стигна до убедлива победа.

За Лејкерс многу поголем проблем може да биде повредата на Лука Дончиќ. Словенецот заработи повреда на тетивата на коленото и мораше предвреме да излезе од игра. Денеска ќе му бидат направени дополнителни прегледи, по што ќе се знае колку е сериозна повредата на Дончиќ и дали ќе треба подолго време да отсуствува од терените.

Резултати: Шарлот – Феникс 127:101, Детроит – Минесота 113:108, Оклахома – ЛА лејкерс 139:96, Голден стејт – Кливленд 111:118, Портланд – Њу Орлеанс 118:106, ЛА клиперс – Сан Антонио 99:118.

Мбапе: Да не играв за Франција, би играл за…

Родителите на Килијан Мбапе се од Камерун и Алжир, но секогаш негов прв избор била Франција, државата во која е роден, па немал дилема за кој национален тим ќе игра.

„Роден сум во Франција, Французин сум иако моето потекло е од Камерун и Алжир. Пораснав со француската култура, тоа ми доаѓа од срцето. А, ако треба да бирам меѓу играње за земјата на татко ми, Камерун или на мајка ми, Алжир? Пораснав повеќе со камерунската отколку со алжирската култура. Бев поблизок со моите камерунски роднини и семејството. Но, потоа станав поблизок со мојата алжирска страна. Би сакал да одам таму, никогаш порано не сум бил. Би го испратил брат ми Итан да игра за Алжир, а јас за Камерун“, рече Мбапе.

Еве зошто не треба да се оди со деца на белградското дерби (Видео)

Натпреварите на Црвена ѕвезда и Партизан се од висок ризик, тоа се потврди и вечерва во Арената, кога фановите направија хаос.

Пред почетокот на мечот, во ходниците на салата имаше голема тепачка на ѕвездините Делии со полицијата (жандармеријата). Се користеа секакви реквизити, како факли, појаси, дури и маси. Неофицијално, причината е што многу фанови не можеле да влезат во салата.

Потоа Гробарите, фановите на Партизан, кои беа сместени на горниот дел од трибините, фрлија топовски удар врз публиката која седеше долу, а таму имаше и жени и деца. Се појавија фотографии на кои едно девојче плаче, па со родителите ја напушти салата.