Дома Blog Страница 141

Тешка повреда за Решат Рамадани, го очекува операција и долга пауза

Фудбалерот на Шкендија и македонски репрезентативец, Решат Рамадани, претрпе сериозна повреда кинење на лигаментите на коленото и е принуден да се подложи на операција. За него оваа сезона е завршена, а го очекува и подолг рехабилитациски процес по хируршкиот зафат.

Дефанзивниот играч од средниот ред на Шкендија ја доживеа сериозната повреда за време на меѓународниот натпревар меѓу Ирска и Македонија што се одржа во Даблин. Рамадани беше воведен во игра во 60-тата минута, но издржа само 11 минути на теренот, по што беше принуден да го напушти теренот поради повреда.

Лекарските прегледи потврдија дека се работи за сериозна повреда на десното колено, што вклучува руптура на предниот вкрстен лигамент, оштетување на медијалниот менискус и дополнителни проблеми во околните структури.

Се очекува играчот да биде опериран во наредните денови, пред да започне фазата на рехабилитација, која се очекува да трае неколку месеци.

Легендарниот Роберто Баџо уште пред 15 години го предвиде крахот на италијанскиот репрезентативен фудбал

Италија претрпе нов огромен неуспех во обидот да стигне до пласман на Светското првенство, а медиумите повторно ја потсетија јавноста на „пророштвото“ на легендарниот Роберто Баџо. Уште во 2011 година тој предупреди дека за италијанскиот фудбал доаѓаат тешки времиња.

Сега Аѕурите не успеаја да се пласираат на трет последовен Мундијал, а неуспешни беа и нивните настапи на претходните два на кои сепак учествуваа, Светското првенство 2010 и Светско првенство 2014, каде што беа елиминирани уште во групната фаза.

Неколку недели по фијаското на Мундијалот 2010, Баџо беше назначен за претседател на техничкиот сектор на Италијанска фудбалска федерација. Во декември 2011 година тој претстави извештај од 900 страници, насловен „Обновување на иднината“, во кој предложи сеопфатна реформа на системот за развој на таленти во Федерацијата.
Сепак, на 23 јануари 2013 година, Баџо поднесе оставка од функцијата, истакнувајќи дека Федерацијата ги игнорирала неговите идеи за подобрување на системот и за поголем фокус кон младите таленти, што го натерало да се повлече.

Клучни акценти во неговата програма тогаш беа теми како: „Целосна реформа на италијанските академии и клубови“, „Национална програма за млади напаѓачи“, „Реформа во едукацијата на тренерите“, „Модернизација на скаутингот инспирирана од шпанскиот и холандскиот модел“ и други.

Во овој период Италија сепак бележеше солидни резултати на европските првенства, каде што стигна до две финалиња (ЕП 2020 – шампион, ЕП 2012 – сребро), четвртфинале (ЕП 2016) и осминафинале (ЕП 2024).

Црвена ѕвезда е голем фаворит за триумф во евролигашкото вечно дерби (Фото)

Очите на кошаркарската јавност се вперени кон вечното дерби помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан кое се игра во рамките на Евролигата.

Ако се погледнат квотите во Sport Life, тогаш фаворитската улога ја имаат „црвено-белите“ со квота за победа од 1.42, додека квотата за победа на Партизан е 3.25.

Победи се очекуваат и од Жалгирис (1.55), Дубаи (1.56) и Макаби (1.57), додека неизвесно треба да биде на дуелите во Париз и во Софија.

Во Sport Life има богата понуда и за кошаркарите и играта „плус-минус“, која може да се одигра на поени, скокови и асистенции, а комплетната понуда може да ја најдете ТУКА.

Барселона потпиша договор со фудбалер од Казахстан

Барселона за првпат во својата историја ќе има фудбалер од Казахстан. Каталонскиот гигант го ангажираше 15-годишниот Карим Мендиканoв.

Талентираниот крилен напаѓач веќе потпишал договор со Каталонците, кој ќе стапи на сила од следната сезона.

Мендиканов игра на позицијата крило и важи за играч со голем потенцијал за развој. Тој живее во Шпанија од 2022 година, а во моментов настапува за Сант Кугат.

Младиот фудбалер веќе одработил неколку тренинзи со Барселона, со дозвола од неговиот сегашен клуб.

Тиквеш водеше, па се спасуваше од пораз против Башкими

Башкими и Тиквеш одиграа возбудливо реми на отворањето од 25-тото коло на Првата македонска фудбалска лига. Мечот во Куманово заврши 2-2, но немаше да биде незаслужено доколку било која од екипите на крајот се радуваше на победата.

Првото полувреме заврши 0-0, а Сила во 54-тата минута погоди за водство на Тиквеш од 0-1. Следуваше пенал за Башкими, но Авронијо промаши. Истиот фудбалер само една минута подоцна погоди за израмнување на 1-1, а во 75-тата минута го донесе Башкими во водство од 2-1.

Тиквеш долго се обидуваше да израмни, а тоа му успеа на Лавал во 92-рата минута. Со ремито во Куманово заврши победничката низа за кавадарчани од четири победи по ред.

И двете екипи остануваат на истите позиции кои ги имаа во пресрет на ова коло. Тиквеш е петти со 37 бода, додека Башкими е на шесттата позиција со бод помалку.

Барселона ќе слави во Мадрид, Манчестер сити ќе го елиминира Ливерпул

Полека, но сигурно, се наѕираат типовите на играчите на Спортската прогноза за натпреварите кои се играат викендов. Над 2.000 типувачи веќе ја одиграа најпопуларната бесплатна игра во Македонија, а над половината од нив веруваат дека Барселона ќе слави на гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Во Јорганџиите веруваат 21% од типувачите, а 27% очекуваат реми во Мадрид.

Голема е довербата и во Манчестер сити. Дури 77% од играчите очекуваат дека Граѓаните ќе го елиминираат Ливерпул во англискиот ФА куп. На актуелниот шампион на Англија шанса за триумф му даваат само осум отсто од играчите на Спортската прогноза.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

Слот за заминувањето на Салах: „Мо ќе си оди од Ливерпул како вистинска легенда на клубот“

Мохамед Салах минатата недела откри дека ќе се раздели со Ливерпул по завршувањето на актуелната сезона. Веста предизвика силен одек во јавноста, а за првпат на оваа тема проговори и тренерот на Црвените, Арне Слот.

Иако холандскиот стратег во неколку наврати бил критикуван од египетската ѕвезда за одредени одлуки, особено оваа сезона, тоа не го спречи да ги истакне квалитетите што го прават Салах исклучителен фудбалер.

„Знаев, така што тоа не беше новост за мене, но беше навистина убаво да ги видам реакциите – и од неговите соиграчи и од целиот свет – за сè што направил за клубот и за фудбалот воопшто“, изјави Слот за клупската телевизија.

„Со години го гледав како навивач. Гледав како игра за Ливерпул и прави неверојатни работи – натпреварите против Манчестер сити, но и сите останати. Го гледав како руши рекорд по рекорд. Кога почнав да работам со него, уште од првиот ден бев импресиониран од неговиот професионализам. На почетокот на секоја сезона има тестови што покажуваат колку играчите работеле во паузата, а тој секогаш беше најподготвен. За еден менаџер тоа е идеална ситуација – најголемата ѕвезда да се врати во врвна форма“, додаде тој.

Слот посочи дека Салах постојано има потреба да се докажува.

„Тој нема што да им докажува на другите, но на себе – секогаш. Мо мисли дека треба да се докажува на секои три дена. Тој глад никогаш не исчезнува, и тоа е најспецијалното кај него. Гладот, професионализмот, посветеноста, желбата да постигнува голови и секогаш да игра – тоа ме воодушевува. Дури и кога ќе го извадиш неколку минути пред крајот, изразот на неговото лице кажува: ‘Можеби ќе дадев уште еден гол!’“, објасни тренерот.

„Се надевам дека во следните недели и месеци ќе го направи своето наследство уште посебно. Но, во секој случај, тој ќе си замине од овој клуб како легенда“.

„Мо дефинитивно заслужува навивачите да му приредат големо збогување. Ако сакаат тоа да го прават натпревар по натпревар – јас сум целосно за затоа што тоа обично им помага на играчите. Мо ќе ја добие таа поддршка 100%“, заклучи Слот.

Официјално: Стојанче Стоилов ќе биде тренер на РК Бутел

Легендарниот Стојанче Стоилов од налето ќе го преземе кормилото на Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони и ќе го замени Горан Кузманоски, кој заминува по крајот на оваа сезона.
Стоилов, кој во моментов е дел од стручниот штаб во сениорската машка репрезентација, по работата во Вардар, во нашиот клуб ќе го има првиот ангажман како прв стратег и се надеваме дека заедно ќе пишуваме многу убави страници во клупската историја.
Стојанче Стоилов во играчката кариера настапуваше за Металург, романскиот Одорхеи и Вардар, каде што мина дури 13 сезони и освои две титули во Лигата на шампионите, десет титули во македонската Супер лига, 11 трофеи во Купот на Македонија, како и пет титули во регионалната СЕХА лига.
„Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да им посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил ростерот со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона – пласман во плејофот, само со македонски ракометари“, изјави Стојанче Стоилов.
Претседателот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски, исто така истакна задоволство по потписот на договорот.

„Баравме идеално и квалитетно решение за клупата на Бутел Скопје. Имавме краток состанок со Стоилов и веднаш се договоривме. Станува збор за легенда не само во македонскиот ракомет, туку и пошироко. Со него ќе добиеме и на квалитет и на искуство на клупата, а во ростерот и натаму ќе имаме млади македонски играчи. Амбициите ни се високи, па затоа се договоривме за соработка на две сезони. Mу даваме одврзани раце на Стоилов околу формирање на ростерот, а ние како раководство ќе се потрудиме да му обезбедиме максимални услови за работа“, рече претседателот на Бутел.

Манчестер сити го „притиска“ Гвардиола: Ќе останеш или ќе си одиш?

Раководството на Манчестер сити испратило официјално барање до менаџерот Пеп Гвардиола во врска со неговата иднина и дали планира да го испочитува договорот до крај. Управата на клубот, предводена од спортскиот директор Уго Вијана, сè уште нема јасна слика за намерите на каталонскиот стратег.

Очекувањата биле Гвардиола да даде појасна насока за време на репрезентативната пауза, но тоа не се случило.

На „Етихад“ сакаат што поскоро одговор бидејќи позицијата на Гвардиола е клучна за планирањето на идната селекција и стратегијата на тимот. Една од главните трансфер цели е Елиот Андерсон од Нотингам форест, а токму одлуката на Пеп дали ќе остане ќе влијае врз евентуалниот трансфер.

Раководството на Граѓаните е подготвено за различни сценарија. Во клубот се надеваат дека шпанскиот менаџер ќе остане до истекот на договорот во 2027 година, но засега не е сигурно дали и самиот тој има такви планови. Досега, Гвардиола има освоено 19 трофеи со Манчестер сити, вклучувајќи шест титули во Премиер лига и една во Лигата на шампионите.

Доколку Гвардиола одлучи да замине по крајот на сезоната, на „Етихад“ веќе имаат неколку потенцијални наследници. Меѓу нив се поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, стратегот на Баерн Минхен и поранешен капитен на Сити, Венсан Компани, како и Чаби Алонсо, кој се поврзува со Ливерпул, и новиот тренер на Тотенхем, Роберто де Ѕерби.

Гатузо нема да остане на клупата на Италија, веројатно ќе си оди веднаш

Џенаро Гатузо е сè поблиску до заминување од функцијата селектор на Италија, пренесуваат новинарите Фабрицио Романо и Џанлука ди Марцио. Веста доаѓа само два дена по новиот тежок удар за „Аѕурите“, кои не успеаја да се пласираат на Светското првенство третпат по ред.

Во вторникот навечер, четирикратниот светски шампион загуби од Босна и Херцеговина во финалниот бараж одигран во Зеница. По натпреварот, Гатузо не сакаше да даде јасен одговор за својата иднина на клупата на репрезентацијата. Набргу потоа, претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина, откри дека го повикал тренерот да продолжи со работата.

Директорот на репрезентацијата, Џанлуиџи Буфон, исто така ја коментираше ситуацијата, наведувајќи дека засега и тој и Гатузо планираат да останат на функциите барем до јуни.

Сепак, според Фабрицио Романо, поранешниот италијански репрезентативец би можел да замине уште сега.

Следниот предизвик за Италија е закажан за 25 септември, кога ќе се соочи со Белгија во натпревар од Лигата на нациите. Претходно може да играат само пријателски натпревари во јунскиот прозорец на ФИФА.