Дома Blog Страница 142

Манчестер сити го „притиска“ Гвардиола: Ќе останеш или ќе си одиш?

Раководството на Манчестер сити испратило официјално барање до менаџерот Пеп Гвардиола во врска со неговата иднина и дали планира да го испочитува договорот до крај. Управата на клубот, предводена од спортскиот директор Уго Вијана, сè уште нема јасна слика за намерите на каталонскиот стратег.

Очекувањата биле Гвардиола да даде појасна насока за време на репрезентативната пауза, но тоа не се случило.

На „Етихад“ сакаат што поскоро одговор бидејќи позицијата на Гвардиола е клучна за планирањето на идната селекција и стратегијата на тимот. Една од главните трансфер цели е Елиот Андерсон од Нотингам форест, а токму одлуката на Пеп дали ќе остане ќе влијае врз евентуалниот трансфер.

Раководството на Граѓаните е подготвено за различни сценарија. Во клубот се надеваат дека шпанскиот менаџер ќе остане до истекот на договорот во 2027 година, но засега не е сигурно дали и самиот тој има такви планови. Досега, Гвардиола има освоено 19 трофеи со Манчестер сити, вклучувајќи шест титули во Премиер лига и една во Лигата на шампионите.

Доколку Гвардиола одлучи да замине по крајот на сезоната, на „Етихад“ веќе имаат неколку потенцијални наследници. Меѓу нив се поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, стратегот на Баерн Минхен и поранешен капитен на Сити, Венсан Компани, како и Чаби Алонсо, кој се поврзува со Ливерпул, и новиот тренер на Тотенхем, Роберто де Ѕерби.

Гатузо нема да остане на клупата на Италија, веројатно ќе си оди веднаш

Џенаро Гатузо е сè поблиску до заминување од функцијата селектор на Италија, пренесуваат новинарите Фабрицио Романо и Џанлука ди Марцио. Веста доаѓа само два дена по новиот тежок удар за „Аѕурите“, кои не успеаја да се пласираат на Светското првенство третпат по ред.

Во вторникот навечер, четирикратниот светски шампион загуби од Босна и Херцеговина во финалниот бараж одигран во Зеница. По натпреварот, Гатузо не сакаше да даде јасен одговор за својата иднина на клупата на репрезентацијата. Набргу потоа, претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина, откри дека го повикал тренерот да продолжи со работата.

Директорот на репрезентацијата, Џанлуиџи Буфон, исто така ја коментираше ситуацијата, наведувајќи дека засега и тој и Гатузо планираат да останат на функциите барем до јуни.

Сепак, според Фабрицио Романо, поранешниот италијански репрезентативец би можел да замине уште сега.

Следниот предизвик за Италија е закажан за 25 септември, кога ќе се соочи со Белгија во натпревар од Лигата на нациите. Претходно може да играат само пријателски натпревари во јунскиот прозорец на ФИФА.

 

Истече клаузулата според која Барселона можеше да го откупи Маркус Рашфорд?

Клаузулата која Барселона можеше да ја искористи за откуп на правата на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед за 30 милиони евра истече. Според извори на „Кадена сер“, оваа опција важеше до 31 март, што значи дека иднината на играчот веќе не е под контрола на каталонскиот клуб. Сепак, „Спорт“ тврди дека претставници на Рашфорд ја негирале оваа информација.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, истакна дека клубот ќе преговара со Манчестер јунајтед за пофлексибилни услови, кои би овозможиле Рашфорд да остане под водство на Ханси Флик уште една сезона.

Се тврди дека Барселона сака да ја продолжи позајмицата на англискиот репрезентативец за уште една сезона, но британските медиуми наведуваат дека Црвените ѓаволи го одбиле ова сценарио и преферираат играчот да се врати на „Олд Трафорд“, со надеж дека по успешниот период во Барселона ќе можат да го продадат за повисока сума ова лето.

Во меѓувреме, Милан и Пари Сен Жермен продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата околу Рашфорд.

Галијани за неуспехот на Италија: Националната репрезентација е одраз на првенството

Meѓу многумината кои ги анализираа причините за поразот на Италија од Босна и Херцеговина и фактот дека Аѕурите третпат по ред нема да бидат дел од Светското првенство, со свое мислење се јави и поранешниот претседател на Милан, Адријано Галијани. Легендарниот Галијани вели дека причините за овие неуспеси и отсуството од Мундијалите, треба да се бара во падот на квалитетот во италијанската Серија А. Тој вели дека ситуацијата во италијанскиот фудбал се променила од 1990-тите.

Галијани ги спореди останатите спортови со фудбалот и вели дека ако во минатото во фудбалот тие доминирале, сега успеси имаат во други спортови, но фудбалот носи разочарувања.

„Секако дека сум многу тажен, како и секој Италијанец. Генерално, така е со фудбалот и спортот, тоа е нивната природа. По прекрасната недела, со победи во Формула 1, Мото ГП и титула за Јаник Синер, дојде многу тажен вторник. Сè е циклично – кога фудбалот победуваше, другите спортови не. Не сакам да давам коментари што веќе сум ги слушнал и прочитал. Сè се промени од 90-тите години на минатиот век, кога клубовите и нашата репрезентација победуваа. Националната репрезентација е одраз на првенството. Нивото на фудбалот генерално падна, но мора да ја погледнеме ситуацијата од сите можни гледни точки, а не само да го обвинуваме претседателот на Федерацијата“, коментираше Галијани во интервју за „Скај спортс“.

По два меча од Англија и Шпанија и еден дуел од првенството на Чиле

4301 Универзитатеа Католика – Палестино (23 ч.)

Само три бода е разликата меѓу двата тима, а Католика е на четвртото место, додека Палестино е на еден бод од зоната за испаѓање, што само се потврдува израмнетоста на екипите.

Во изминативе три години, овие ривали играле шестпати и секогаш на крајот имало меѓу два и три погодоци, а трипати било нерешено, Католика има две победи, а само еднаш славел Палестино.

Предлог тип: 1Х&2-3 (2.45)

 

1024 Виган – Лејтон Ориент (20:45 ч.)

Две екипи кои се во долниот дел од табелата во Лига 1 во Англија (трета лига по ранг). Виган влезе во добра серија и пред своите навивачи има четири победи во последните пет дуели. И Лејтон Ориент игра одлично и освои 13 од можните 15 бода во последните пет кола.

Традицијата вели дека на последните пет меѓусебни дуели секогаш имало максимум два гола, што најавува дека може и еден момент да го реши овој дуел.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.18)

 

1037 Кембриџ – Свиндон (21 ч.)

Меч од 41-вото коло во Лига 2 (четврта лига по ранг во Англија) на две екипи кои уште имаат да се борат за директен пласман во повисок ранг. Кембриџ е тимот со најдобар биланс на домашен терен и има 13 победи, пет ремија и само еден пораз, а во 19 меча прими само 12 погодоци.

Од друга страна, Свиндон игра одлично на гости и има 11 победи во 20 дуели. Традицијата е на страната на Свиндон затоа што има девет победи во последните 12 дуели со овој ривал.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.04)

 

1314 Леганес – Сарагоса (21 ч.)

Две екипи кои имаат иста цел, а тоа е да не испаднат од втората шпанска лига. Леганес има само една победа во последните седум кола и едноставно сега е под притисок да ги освои трите бода. Сарагоса е во зоната за испаѓање, но со трите победи во последните четири кола има надеж дека може да се спаси.

Традицијата вели дека Сарагоса има три победи и едно реми во последните четири дуели со овој ривал, што само дава надеж дека ќе освојат бодови и вечерва.

Предлог тип: 1Х-Х2 (2.55)

 

1311 Лас Палмас – Гранада (19 ч.)

Лас Палмас е во борба за влез во Топ 6 и да се бори за пласман во Примера дивисион, додека Гранада е сигурна на средината од табелата. Лас Палмас на свој терен сезонава игра сигурно и има само три порази во 16 средби.

Лас Палмас ги доби последните два меча на свој терен против овој ривал и вечерва сигурно ќе одат на „хет-трик“ победи над Гранада.

Предлог тип: 1&0-3 (2.50)

 

Нова повреда на Фримпонг во клучен момент за Ливерпул

Жереми Фримпонг повторно се повреди и ќе биде недостапен за Арне Слот за неодреден период. Десниот бек влезе во игра за Холандија на полувремето при пријателскиот натпревар против Еквадор, но беше заменет само 12 минути подоцна. По мечот, селекторот Роналд Куман потврди дека Фримпонг повторно има повреда.

Фримпонг веќе бележи три повреди од почетокот на својата дебитантска сезона во Ливерпул, сите поврзани со потколеничната тетива. Последниот пат тој пропушти пет натпревари на Црвените. Вкупно Фримпонг веќе пропуштил 25 средби оваа сезона поради овие проблеми.

Ситуацијата е исклучително чувствителна за менаџерот Арне Слот, кој нема друг вистински десен бек, а на Ливерпул му претстојат два клучни натпревари, против Манчестер сити во четвртфиналето на ФА купот и веднаш потоа гостување кај Пари Сен Жермен во истата фаза од Лигата на шампионите.

Зголемените квоти најавуваат победа на Црвена ѕвезда над Партизан

Разновидна е денешната понуда во Супер типот, па има зголемени коефициенти на мечеви од фудбал, кошарка, тенис и хокеј. Од тенисите, Џесика Пегула треба лесно да победи против Кокијарето, а победи се очекуваат и за Мерида и Бенчиќ, каде што квотите за фаворитите се зголемени и се движат од 1.33 до 1.56.

Главен фокус во кошарката ќе бидат дуелите од Евролигата, а посебно внимание треба да привлече белградското дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан. Црвено-белите се фаворити за победа и за „кец“ квотата е 1.49. И на останатите три евролигашки пресметки фаворити се домаќините, па зголемени се коефициентите за победи на Жалгирис, Дубаи и Макаби Тел Авив во дуелите со Барселона, Монако и Анадолу Ефес.

Фудбалот повторно е најзастапен дури со седум натпревари, а возбудувањата ќе започнат точно напладне кога во Австралија играат Брисбејн и Сиднеј. За победа на гостите, квотата е 2.27, а интересно е дека тоа е единствениот фудбалски гостин на кој денеска има зголемен коефициент за победа.

Во англиските пониски лиги се очекуваат победи на Виган и Кембриџ, во шпанската втора лига Леганес да слави над Сарагоса е со квота од 2.08, додека во бразилското првенство домашниот терен треба да го искористат екипите на Сантос и Палмеирас.

Тиквеш е во неверојатен налет и очекува победничката низа да ја продолжи и против Башкими

По десетдневна пауза, продолжуваат возбудувањата во Прва фудбалска лига на Македонија, и тоа со дуелот кој во Куманово ќе го играат Башкими и Тиквеш од 12:30 часот. Ова е меч на две екипи кои се мирни барем кога се работи за опстанок во лигата и се на петтото и шестото место на табелата.

Тиквеш е во одлична форма и има четири победи по ред, но и Башкими игра солидно и победи трипати во последните четири средби што ги играше.

Башкими сезонава во 12 меча на свој терен има шест победи, две ремија и четири порази, додека Тиквеш на гости е со биланс од по пет победи и исто толку порази и само едно реми. Интересно е дека Тиквеш победи на последните четири гостувања, и тоа без да прими ниту еден гол, а постигна дури 16 погодоци во победите над Брера, Шкупи, Македонија ЃП и Арсими.

Сезонава Башкими и Тиквеш одиграа два меча на кои Башкими дома славеше со 3:1, а Тиквеш во Кавадарци беше подобар со 3:0.

Ел Класико е во понудата, вкупниот коефициент на Квотите на денот е одличен

Пет фудбалски пресметки се дел од денешната понуда во Квотите на денот, а ако сите понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефцииент кој ќе го добиете е 44.46.

Барселона и Реал Мадрид, но во женска конкуренција ќе играат и тука се очекува да има меѓу четири и шест гола, што носи квота од точно два.

Најмалку по еден гол да има во двете полувремиња на дуелот меѓу Лас Палмас и Гранада носи коефициент од точно два.

Виган е домаќин на Лејтон Ориент, а опцијата да бидат постигнати меѓу еден и три погодоци во двете полувремиња се вреднува со 2.15 коефициент.

На пресметката меѓу Леганес и Сарагоса потребно е двете екипи да постигнат барем по еден гол, но да има и 1+ погодок во второто полувреме за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 2.20 коефициент.

Во Аргентина, Тигре е домаќин на Индепендиенте Ривер и тука да има победник на мечот со два до пет погодоци е со квота од 2.35.

Мареј со перфектна 10-ка со шут за три поени, нов трипл-дабл за Јокиќ (Видео)

Денвер нагетс славеше на гостувањето кај Јута со 130:117 во меч на којшто блескаа Џемал Мареј и Никола Јокиќ. Мареј едноставно беше снајперски наместен и погоди дури 10 тројки, од кои три беа во првите три напади на мечот. Денвер лесно поведе со 17:3 на стартот, а Мареј за крај на првата четвртина постигна тројка и од половина терен.

Мареј на крајот заврши со 37 поени, а дури шестмина кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен број поени. Никола Јокиќ застана на 18 поени, но Србинот стигна до нов-трипл дабл откако имаше и 17 скока и 12 асистенции. За Денвер ова е седма победа по ред.

Сан Антонио ја продолжува одличната серија од 10 победи, а сега славеше над Голден стејт со 127:113, и тоа на гости. Виктор Вембанјама беше незапирлив и постигна 41 поен, а имаше и 18 скока.

Во деветте меча кои се одиграа ноќеска, сите 18 екипи постигнаа над 100 поени, а дури три беа со 145+ постигнати поени.

Резултати: Орландо – Атланта 101:130, Вашингтон – Филаделфија 131:153, Мајами – Бостон 129:147, Чикаго – Индијана 126:145, Хјустон – Милвоки 119:113, Мемфис – Њујорк 119:130, Торонто – Сакраменто 115:123, Јута – Денвер 117:130, Голден Стејт – Сан Антонио 113:127.