Дома Blog Страница 143

Зголемените квоти најавуваат победа на Црвена ѕвезда над Партизан

Разновидна е денешната понуда во Супер типот, па има зголемени коефициенти на мечеви од фудбал, кошарка, тенис и хокеј. Од тенисите, Џесика Пегула треба лесно да победи против Кокијарето, а победи се очекуваат и за Мерида и Бенчиќ, каде што квотите за фаворитите се зголемени и се движат од 1.33 до 1.56.

Главен фокус во кошарката ќе бидат дуелите од Евролигата, а посебно внимание треба да привлече белградското дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан. Црвено-белите се фаворити за победа и за „кец“ квотата е 1.49. И на останатите три евролигашки пресметки фаворити се домаќините, па зголемени се коефициентите за победи на Жалгирис, Дубаи и Макаби Тел Авив во дуелите со Барселона, Монако и Анадолу Ефес.

Фудбалот повторно е најзастапен дури со седум натпревари, а возбудувањата ќе започнат точно напладне кога во Австралија играат Брисбејн и Сиднеј. За победа на гостите, квотата е 2.27, а интересно е дека тоа е единствениот фудбалски гостин на кој денеска има зголемен коефициент за победа.

Во англиските пониски лиги се очекуваат победи на Виган и Кембриџ, во шпанската втора лига Леганес да слави над Сарагоса е со квота од 2.08, додека во бразилското првенство домашниот терен треба да го искористат екипите на Сантос и Палмеирас.

Тиквеш е во неверојатен налет и очекува победничката низа да ја продолжи и против Башкими

По десетдневна пауза, продолжуваат возбудувањата во Прва фудбалска лига на Македонија, и тоа со дуелот кој во Куманово ќе го играат Башкими и Тиквеш од 12:30 часот. Ова е меч на две екипи кои се мирни барем кога се работи за опстанок во лигата и се на петтото и шестото место на табелата.

Тиквеш е во одлична форма и има четири победи по ред, но и Башкими игра солидно и победи трипати во последните четири средби што ги играше.

Башкими сезонава во 12 меча на свој терен има шест победи, две ремија и четири порази, додека Тиквеш на гости е со биланс од по пет победи и исто толку порази и само едно реми. Интересно е дека Тиквеш победи на последните четири гостувања, и тоа без да прими ниту еден гол, а постигна дури 16 погодоци во победите над Брера, Шкупи, Македонија ЃП и Арсими.

Сезонава Башкими и Тиквеш одиграа два меча на кои Башкими дома славеше со 3:1, а Тиквеш во Кавадарци беше подобар со 3:0.

Ел Класико е во понудата, вкупниот коефициент на Квотите на денот е одличен

Пет фудбалски пресметки се дел од денешната понуда во Квотите на денот, а ако сите понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефцииент кој ќе го добиете е 44.46.

Барселона и Реал Мадрид, но во женска конкуренција ќе играат и тука се очекува да има меѓу четири и шест гола, што носи квота од точно два.

Најмалку по еден гол да има во двете полувремиња на дуелот меѓу Лас Палмас и Гранада носи коефициент од точно два.

Виган е домаќин на Лејтон Ориент, а опцијата да бидат постигнати меѓу еден и три погодоци во двете полувремиња се вреднува со 2.15 коефициент.

На пресметката меѓу Леганес и Сарагоса потребно е двете екипи да постигнат барем по еден гол, но да има и 1+ погодок во второто полувреме за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 2.20 коефициент.

Во Аргентина, Тигре е домаќин на Индепендиенте Ривер и тука да има победник на мечот со два до пет погодоци е со квота од 2.35.

Мареј со перфектна 10-ка со шут за три поени, нов трипл-дабл за Јокиќ (Видео)

Денвер нагетс славеше на гостувањето кај Јута со 130:117 во меч на којшто блескаа Џемал Мареј и Никола Јокиќ. Мареј едноставно беше снајперски наместен и погоди дури 10 тројки, од кои три беа во првите три напади на мечот. Денвер лесно поведе со 17:3 на стартот, а Мареј за крај на првата четвртина постигна тројка и од половина терен.

Мареј на крајот заврши со 37 поени, а дури шестмина кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен број поени. Никола Јокиќ застана на 18 поени, но Србинот стигна до нов-трипл дабл откако имаше и 17 скока и 12 асистенции. За Денвер ова е седма победа по ред.

Сан Антонио ја продолжува одличната серија од 10 победи, а сега славеше над Голден стејт со 127:113, и тоа на гости. Виктор Вембанјама беше незапирлив и постигна 41 поен, а имаше и 18 скока.

Во деветте меча кои се одиграа ноќеска, сите 18 екипи постигнаа над 100 поени, а дури три беа со 145+ постигнати поени.

Резултати: Орландо – Атланта 101:130, Вашингтон – Филаделфија 131:153, Мајами – Бостон 129:147, Чикаго – Индијана 126:145, Хјустон – Милвоки 119:113, Мемфис – Њујорк 119:130, Торонто – Сакраменто 115:123, Јута – Денвер 117:130, Голден Стејт – Сан Антонио 113:127.

Новиот тренер на Вардар пристигна во Македонија и веќе се запозна со Скопје (Фото)

Лидерот во македонското фудбалско првенство, екипата на Вардар од следната сезона и дефинитивно ќе има нов тренер и тоа странец. Аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани ќе го наследи Гоце Седлоски на тренерската функција, додека актуелниот стратег на Вардар целосно ќе се посвети на работата во репрезентацијата на Македонија.

Фабијани до пред неколку месеци беше на чело на прославениот аргентински клуб Њуелс олд бојс, а од синоќа е во Скопје. Аргентинскиот стратег преку социјалните мрежи потврди дека е во Македонија, објавувајќи една убава фотографија од нашиот главен град.

И аргентинските медиуми потврдуваат дека Фабијани ќе биде новиот тренер на Вардар. Фабијани е некогашен напаѓач чија играчка кариера траеше речиси 20 години, а најголемиот дел го има поминато играјќи во домашни клубови. Тренерската кариера ја започнува во 2021 година во Феникс де Пилар, а потоа има работено во Депортиво Риестра и Депортиво Мерло, а последен ангажман му е во Њуелс олд бојс, клубот од каде што потекна и легендарниот Лионел Меси.

Един Џеко можеби ќе го пропушти финишот на сезоната, но ќе биде подготвен за Мундијалот

Најдобриот босански фудбалер, Един Џеко, синоќа доживеа повреда на рамото на натпреварот од баражот против Италија за пласман на Светското првенство.

Џеко, кој на 40-годишна возраст ќе го игра своето второ Светско првенство како капитен, ја предводеше селекцијата на Босна и Херцеговина во баражите против Велс и Италија, а во финалето во Зеница се здоби со повреда по судирот со Фратези во судиското продолжение, при што десната рака му беше имобилизирана со завој.

„Рамото му се прегледува темелно. Дијагностиката ќе продолжи по враќањето во Гелзенкирхен. Тренерот Мирон Муслиќ го планира домашниот натпревар против Карлсруе без Џеко“, соопштија од Шалке 04.

Иако во прв момент се претпоставуваше дека ќе му биде потребна операција, среќа е што тоа не е потребно.
„Има полесна повреда на рамото и дефинитивно нема да биде достапен во недела. Но, Един е борец. Многу сме сигурни дека ќе се врати на теренот во следните неколку недели“, истакна тренерот на Шалке.

„Не ми треба операција, само ми треба од една до шест недели закрепнување. Идеално, би можел да се вратам за дуелот против Фортуна Дизелдорф на 2 мај или за последното коло против Брауншвајг на 17 мај“, истакна Един Џеко.

Реал Мадрид „фрли око“ на Екитике

Реал Мадрид сериозно се заинтересира за францускиот напаѓач Уго Екитике, кој настапува за Ливерпул. Шпанскиот гигант ја следи кариерата на 23-годишниот Французин со голем интерес, а британските медиуми шпекулираат за можен трансфер.

Екитике се пресели на „Енфилд“ во јули 2025 година, со шестгодишен договор, по успешните настапи во Ајнтрахт Франкфурт, Ремс, Пари Сен Жермен и Вејле.

Во тековната сезона 2025/26, тој одигра 42 средби во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 гола и додавајќи шест асистенции.

Вредноста на Екитике моментно изнесува околу 90 милиони евра, што го прави еден од најпосакуваните млади напаѓачи во Европа.

Новиот тренер на Вардар од Аргентина пристигнува во Скопје, ќе го гледа мечот против Македонија ЃП

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, е сè поблиску да добие нов тренер. Раководството на Вардар веќе пред два месеца најави дека многу веројатно е замената за Гоце Седлоски да дојде од далечната Аргентина, а меѓу главните кандидати беше најавено името на Кристијан Фабијани.

Токму овој аргентински стратег преку социјалните мрежи најави дека вечерва малку по полноќ треба да пристигне во Македонија, односно во Скопје. Јасно е која би била целта на Фабијани од далечната Аргентина да пристигне во нашата земја. На постот на кој Фабијани најавува пристигнување во Скопје, ја споделува и следната порака:

„Она што толку многумина го бараа конечно се случи. Сега е време да се продолжи со растот. Секој труд има своја награда“ е пораката од Фабијани, кој само пред пет месеци беше тренер во легендарниот аргентински клуб Њуелс олд бојс.

Првпат името на Фабијани челниците на клубот јавно го споделија за време на зимските подготовки на клубот во Турција. Тогаш првпат јавно се отвори темата за наследник на Гоце Седлоски, за кого е јасно дека по завршување на сезоната ќе го напушти кормилото на Црвено-црните и целосно ќе се фокусира на работата во репрезентацијата на Македонија.

Седлоски со Вардар минатата сезона го освои трофејот во Купот, и тоа по пауза од 18 години, а во тековната сезона води голема битка за освојување на шампионскиот пехар. По 24 одиграни меча, Вардар и Шкендија се на делба на првото место на табелата со по 58 бода, а од „сенка“ чека и Струга ТЛ со 53 бода.

Вардар следниот предизвик ќе го има в сабота, кога на арената „Тодор Проески“ ќе игра против Македонија Ѓорче Петров. Билетите за овој меч веќе се во продажба и влезница за овој меч може да купите ТУКА.

Логично е на тој меч на Арената да биде присутен и аргентинскиот стратег Фабијани.

 

Босанските репрезентативци на У21 не се поздравија со врсниците од Израел (Видео)

Квалификацискиот дуел на У21 репрезентациите на Израел и Босна и Хереговина немаше многу возбудувања, а на крајот немаше ни погодоци и заврши 0:0. Според тоа што беше покажано на теренот, овој дуел сигурно не е важен за споменување, но пред почетокот на средбата се случи нешто што не е секојдневие.

Откако беа ислушани химните, младите фудбалери на Босна и Херцеговина, кои беа гости на неутрален терен во Будимпешта, решија да не ги поздрават противниците. Најголем дел од младите репрезентативци на БиХ едноставно не сакаа да им подадат рака на своите врсници од Израел.

Подоцна стигна и објаснување дека ваквиот потег на играчите на БиХ било покажување револт кон моменталната политичка и воена состојба во светот. Според Босанците, ова е тивок револт, додека младите фудбалери на Израел збунето ги гледаа ривалите, а потоа заминаа на својата половина од теренот да се подготват за почеток на дуелот кој заврши без погодоци.

Донарума ја „отвори“ душата и призна дека плачел по поразот од БиХ

Четирикратниот светски првак Италија повторно остана без пласман на Светско првенство. Ова е третпат во низа Аѕурите да извисат и да не бидат дел од планетарниот собир. Вторпат по ред Италија е елиминирана во баражот за пласман на планетарниот собир. Во финалниот дуел на гости во Зеница, Италија беше елиминирана од Босна и Херцеговина. Откако дуелот заврши 1:1 на пенали, БиХ беше подобра со 4:1.

Еден од оние кои најтешко ја прифатија елиминацијата во плејофот беше голманот Џанлуиџи Донарума. Еден од најдобрите голмани на денешницата призна дека плачел откако репрезентацијата не успеа да се квалификува за Светското првенство.

„Плачев по натпреварот. Плачев од разочарување што не можев да ја водам Италија таму каде што заслужува да биде. Плачев од огромна тага што ја чувствувам заедно со целиот тим, чиј капитен сум горд и знам дека и вие, навивачите на нашиот тим, ја чувствувате оваа тага“, напиша Донарума на своите социјални мрежи.

Капитенот ги повика навивачите да веруваат во репрезентацијата и рече дека мора да се соберат и да почнат одново. Донарума веќе една деценија е голман на Италија, но досега немал шанса да брани на СП затоа што последен настап на Италија на најголемиот фудбалски собир беше на Мундијалот во 2014 година во Бразил.

„Зборовите сега не значат многу, тоа е вистина. Но, по толку длабоко разочарување, мора да најдеме храброст да свртиме нова страница – повторно. А тоа бара многу сила, страст и вера. Верата е она што нè движи напред. Бидејќи животот има начин да ги наградува оние кои даваат сè од себе, не штедејќи никаков напор“, додаде Донарума.