Дома Blog Страница 90

Струга ТЛ е умерен фаворит против Тиквеш (Фото)

Поради големиот христијански празник Велигден вчера немаше натпревари, но денеска продолжува 27-то коло од Првата фудбалска лига со нови два меча. Во Тетово, Шкендија го пречекува Шкупи и таму поради ситуацијата во тимот од Чаир се чини дека победникот однапред е познат.

Понеизвесно ќе биде во Струга, каде домашниот состав на Струга Трим Лум ќе го пречека Тиквеш. Според квотите, стружани се умерени фаворити, но и Тиквеш не е без шанси за да направи изненадување.

Младиот и талентиран фудбалер на Струга ТЛ, Флоријан Рочи, кој беше еден од стрелците на последниот натпревар против Шкупи, вели дека тимот се наоѓа во добра форма.

„Ова е многу важен натпревар за нас, особено затоа што играме пред домашна публика. Верувам дека со максимална посветеност и нивна поддршка можеме да стигнеме до нова победа. Тимот се наоѓа во добра форма и мислам дека тоа ќе го покажеме на денешниот дуел со Тиквеш“, истакна Рочи, кој верува во себе и ветува уште поголем придонес за тимот секогаш кога ќе добие шанса.

Ракометарките ќе играат на Европско првенство, успех или…?

Женската ракометна репрезентација на Македонија во декември ќе игра на Европско првенство и на девојките треба да им се честита за пласманот меѓу 24-те најдобри во Европа.

Македонија и во женска конкуренција фаќа континуитет на европските првенства, ова е трето по ред на кое ќе бидеме учесници. Важно е да се учествува, макар и да се загубат сите мечеви таму, нешто што се чини дека е реалност.

Откако девојките прославија ново учество на ЕП, по социјалните мрежи има (не)очекувано многу негативни реакции. Оправдани или не, ги има.

Се напаѓаат селекторот, ракометарките, се поставуваат прашања дали треба да играме на Европско како туристи, дали заслужуваме ЕП со оглед на поразите во квалификациите.

Само една победа над Белгија и нешто потесни порази во однос на некои третопласирани селекции, ни беа доволни да се најдеме на континенталниот собир. Такви се правилата, чесно се пласиравме на завршницата. Се чини дека и очекувањата на јавноста секогаш се преголеми, слично како кај мажите кои истотака немаат големи успеси на ЕП последните години, но секогаш се таму и имаат поддршка од Фалангата.

Ждрепката е наскоро, Македонија со кого и да падне ќе биде аутсајдер, и веројатно пак ќе биде собирање искуство, и борба за што потесни порази. За да не биде така, потребно ќе биде сите најдобри ракометарки што ги има Македонија да бидат повикани во тимот, и да се направат соодветни подготовки.

Што се однесува до она што ја интересираше фудбалската јавност во светот, викендов почна да станува јасно дека Барселона ќе биде првак во Шпанија, а Интер во Италија, а во англиската Премиер лига допрва ќе има борба за титулата, особено ако во претстојниот викенд Манчестер сити го победи Арсенал. На Топчиите може да им биде џабе што цело време водат, на моменти и со огромна предност, ако на крај продолжат да пропуштаат под притисок кога сите имаат големи очекувања од нив, и го зацврстат статусот на „вечно втори“.

ФИФА ги враќа надежите на Италија дека ќе игра на Светското првенство?

Соништата на Италија за место на Светското првенство во 2026 година не се целосо уништени и покрај поразот од Босна и Херцеговина во финалниот бараж. Аѕурите би можеле да добијат уште една шанса, најавуваат британски медиуми.

Нестабилната политичка ситуација во Иран би можела да ги принуди Иранците да се повлечат од СП. ФИФА го одби барањето на Иран своите натпревари да ги игра во Канада и Мексико наместо во САД. 

Иако до стартот на СП има уште помалку од два месеци, не може со сигурност да се каже дека листата на учесници е дефинитивна. Ако Иран сепак откаже во последен момент, а тоа не е исклучено, ФИФА има идеја како да го пополни испразнетото место.

ФИФА размислува за организирање на меѓуконтинентален плејоф во кој би играле по два национални тима од Европа и Азија кои не се квалификуваа. Италија и Данска би биле двете европски селекции кои би добиле шанса, а би играле со Обединетите Арапски Емирати и Оман. Победникот на тој турнир би одел на СП во групата која ја сочинуваат Белгија, Египет и Нов Зеланд.

Членот 6 од прописите за СП ѝ дава право на ФИФА да донесе конечна одлука доколку некој учесник се повлече. ФИФА има дискретно право да преземе каква било акција, вклучително и одредување замена.

Индира Кастратовиќ е шеф на делегацијата на Македонија на училишното СП во ракомет

Македонската ракометна легенда, Индира Кастратовиќ, ќе биде шеф на делегацијата на Македонија на Светското училишно првенство во ракомет кое за прв пат ќе се одржи во Скопје, во периодот од 21 до 29 април во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, под покровителство на Министерството за Спорт.

Кастратовиќ која беше дел од славната генерација на Кометал Ѓорче Петров, а сега е координатор на женските национални селекции вели дека е голема чест и задоволство што ќе биде шеф на делегацијата на Македонија.

„Ми претставува голема чест и задоволство, но во исто време и пријатна обврска, да бидам шеф на делегацијата на нашата земја на ваков голем спортски настан како што е Светско училишно првенство во ракомет, настан на кој учество ќе земаат околу 700 млади ракометарки и ракометарки на средношколска возраст“, вели Индира.

Љубовта кон спортот започнува токму во училишните клупи и токму во основно училиште ја започнала нејзината ракометна приказна.

„Уште на рана школска возраст почнав да се занимавам со спорт во моето основно училиште „Милош Шиљеговиќ“ во Приједор каде сум родена. Мојот прв избор беше атлетика, со учество на крос-натпреварувања каде што го претставував моето училиште на локални и регионални натпревари. Потоа следеше „излет“ во тенискиот спорт на препораката на мојот професор по физичка култура. Во седмо одделение почнав да тренирам и играм ракомет во моето основно училиште. Ракометот од тие училишни денови прво стана моја љубов, а подоцна и моја професија“, додава Кастратовиќ.

Светското училишно првенство во ракомет треба да биде поттик и инспирација за младите ракометари и ракометарки.

„Мундијалот има големо значење за нашите млади ракометарки и ракометари од повеќе аспекти. Учество на овој настан за млади луѓе треба да претставува голем поттик во развојот на нивните ракометни кариери, убава можност за стекнување на нови интернационални спортски искуства, како и можност за создавање на новите пријателства. Освен тоа, се надевам, овој светски шампионат треба да биде инспирација за новите млади генерации да го засакаат ракометниот спорт и да почнат се занимаваат со него“.

Кастратовиќ испрати порака порака до сите млади деца кои се уште се двоумат дали да започнат со спорт.

„Мојата порака за сите деца би била да изберат да тренираат било кој спорт, таму ќе прво ќе научат многу нешта поврзани за тој спорт, ќе научат како да бидат организирани, а понатаму ќе запознаат нови другарчиња со кои ќе се дружат на теренот и надвор од него“.

На Светското училишно првенство во ракомет ќе настапат македонските репрезентации во женска и машка конкуренција до 18 години.

Натпреварите ќе се играа во шест спортски сали во Скопје: СРЦ „Македонско сонце”, СРЦ „Архиепископ Доситеј”, СРЦ „Кочо Рацин”, СРЦ „Крсте Мисирков” и СРЦ „Антон Димитров”, додека финалните натпревари, ќе се одиграат на 28 април во спортската сала “Расадник„ кога ќе се одржи и свеченото затворање на првенството.

Свеченото отварање ќе се одржи на 21 април со почеток во 19.30 часот на плоштад Македонија.

Ѓаволски тешко гостување за Лидс, скоро половина век не победиле на „Олд Трафорд“

3145 Вуковар – Динамо З. (18.00 часот)

Динамо во овој меч влегува како лидер на табелата, со седум бодови предност пред вториот Хајдук. Динамо во просек дава речиси по три гола на меч, а прима помалку од еден и тоа не се добри сигнали за Вуковар кој е последен на табелата и му претстои речиси сигурно испаѓање. Вуковар не е толку лош на свој терен, во октомври успеа дури и да го победи Динамо, но Модрите се огромни фаворити и чудо би било ако повторно киксираат на истокот на Хрватска. Динамо на последните седум меча во лигата секогаш даваше барем три гола.

Предлог тип: 2-2 & 3+ (1.93)

 

5646 Ал Хилал – Ал Сад (20.00 часот)

Во овој саудиско-катарски дуел од азиската Лига на шампиони, фаворит за победа е гигантот од Саудиска Арабија. Ал-Хилал беше лидер на табелата во првата фаза во тој таканаречен арапски дел, а подобриот од овој меч кој ќе се игра во С. Арабија, но не во Ријад, туку на неутрален терен во Џеда, во четвртфиналето на ЛШ ќе игра со јапонски Кобе. Во октомври, Ал-Хилал дома го победи Ал-Сад со 3-1, а сега Ал-Хилал е уште посилен бидејќи за разлика од есеноска, сега го имаат Карим Бензема.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.83)

 

3620 Фиорентина – Лацио (20.45 часот)

Двата тима се во форма, имаат серии од четири меча по ред без пораз. Виолетовите се борат за опстанок, имаат пет бодови предност пред Лече и Кремонезе кои се најзагрозени од испаѓање покрај Верона и Пиза на кои се чини дека им нема спас. Лацио е на дури 13 бодови од местата кои водат во еврокуповите, па Орлите играат само за својата чест. Фиорентина дома има само три победи сезонава, а пред четири дена беше надиграна од Кристал Палас со 0-3. Лацио од 2022 не победил во Фиренца.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.08)

 

1010 Манчестер ј. – Лидс (21.00 часот)

Црвените ѓаволи ако поентираат со бод или три, ќе бидат осамени на третото место во Премиер лигата и во добра позиција да се пласираат во ЛШ. Лидс е на само три бода над зоната на испаѓање. Јунајтед дома има пет победи по ред, додека Лидс играше нерешено на претходните четири гостувања, и има само една победа на гости цела сезона. Лидс на претходните четири меча во Премиер лигата не даде гол. И традицијата е на страна на Манчестер. Лидс цели 45 години нема лигашка победа на „Олд Трафорд“, од февруари 1981, неколку месеци пред да се роди сегашниот менаџер на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.91)

 

1360 Леванте – Хетафе (21.00 часот)

Леванте е последен на табелата во шпанската лига и со победа би скокнал едно место, па шансите за опстанок би им биле подобри отколку во моментов. Хетафе е на одличното осмо место, имаат четири победи во последните пет кола и се бори за излез во Европа. Леванте е тим со најмногу примени голови дома во лигата, но Хетафе дал само 13 гола на 15 гостувања. Есеноска во Мадрид беше 1-1, и сега тешко дека може да има некаква голеада.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (3.05)

Заборавете ги другите, ова е магичниот гол на годината: со рабона од надвор од 16-никот (Видео)

Неверојатен гол со тежок технички удар, популарната рабона, беше постигнат во натпревар од мароканскиот фудбалски шампионат. Многумина сметаат дека овој погодок мора да ја добие наградата Пушкаш за гол на годината.

Централниот дефанзивец на Магреб Фез, Ел-Џабли, се реши на потег во кој ногата што шутира се доведува зад потпорната нога, нозете се вкрстени и играчот ја удира топката. Не само што шутот беше силен и прецизен, туку и топката заврши во мрежата на воодушевување на сите. 

Чиста фудбалска магија, погледнете:

Од 64 зголемени квоти, има и такви кои не смее да се испуштат

Sport Life во својот Супер тип кој е омилен кај обложувачите, одреди 60 зголемени квоти за фудбалски и четири за тениски натпревари кои се играат во текот на денов.

Има многу примамливи џокери кои се реално добитни и треба да се искористат за подобрување на потенцијалната добивка на тикетите уплатени во Sport Life.

Тука се и пет зголемени квоти за мечот на кој фаворитот Манчестер јунајтед го пречекува Лидс, дуел кој предизвикува најголемо внимание вечерва.

Синер е нов број 1, но Алкарас веќе в понеделник може да се врати на врвот

Понеделнички, објавена е новата АТП ранг-листа на најдобри светски тенисери, и како што се знаеше од вчера, нов број 1 е Јаник Синер.

Италијанецот се враќа на прво место по 3-ти ноември, симнувајќи го Карлос Алкарас на втора позиција. Синер има мала предност пред Шпанецот. Тие двајца може да се сретнат на Мастерсот во Мадрид кој почнува на 22-ри април, но пред тоа Алкарас неделава ќе игра и во Барселона, па ако го освои тој турнир на кој лани беше финалист, ќе се врати на прво место.

Инаку на трето место остана Александар Зверев, четврти и понатаму е Новак Ѓоковиќ, десетти остана Данил Медведев, а од петто до деветто место има многу промени. Лоренцо Музети падна четири места и сега е деветти, Феликс Оже-Алиасим кој е петти и Бен Шелтон кој е шести, напредуваа по две места. Алекс Де Минор падна едно место и сега е седми, а напредок за едно место имаше Тејлор Фриц кој е осми.

Единствен Македонец во топ 1000 е Калин Ивановски на 982-ро место.

Од петте квоти на денот, најголемата е за најинтересниот натпревар

Вкупна квота од 46.78 ќе добиете ако на ист тикет ги уплатите петте квоти на денот во Sport Life. Има микс на квоти од 1.85 до 2.55 и ги прави привлечни за сечиј вкус.

Квота од 1.85 е предлогот за мечот Ваљадолид – Еибар, а за добивка потребно е домашните да не загубат и во прво полувреме да има најмногу еден гол.

Комбинацијата на Фиорентина – Лацио двата тима да постигнат гол и да има барем еден гол во второ полувреме, носи квота од 2.05.

Леванте и Хетафе да не дадат повеќе од еден гол во прво, а 1-2 гола во второ полувреме, е игра со квота од 2.15.

Историското дерби на Манчестер јунајтед и Лидс носи одлична квота од 2.55 за прилично едноставна варијанта, победа на домашните во меч со 2-4 гола.

Sport Life нуди и натпросечна квота од 2.25 како за популарната игра дека во двете полувремиња ќе има од еден до три гола, а мечот е Тондела – Жил Висенте.

Гвардиола: До сонцето е, да беше сончево во ноември, уште во јануари ќе бевме шампиони

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, има интересна теорија дека неговиот тим игра добро секоја пролет поради сонцето. 

Граѓаните со победата над Челзи ја намалија разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бодови, а кој Сити има и еден меч помалку и следниот викенд го пречекуваат Арсенал, па ако ги добијат двата натпревари – оној заостанатиот и меѓусебниот дуел со Топчиите, ќе имаат израмнет број на бодови. 

„До сонцето е…“ рече Пеп и ги изненади новинарите на прес-конференцијата во Лондон.

Тој ги потврди своите зборови, велејќи дека е сериозен: „Не, не се шегувам. Во Манчестер никогаш нема сонце. Да имаше сонце во ноември, ќе бевме шампиони на Премиер лигата во јануари. Сонцето е причина за подобрените перформанси, искрено. Расположението е подобро кога има сонце…“

Во врска со тоа дали Арсенал, кој оваа недела го игра реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон, ќе биде поуморен за решавачкиот натпревар против Сити, Пеп призна дека чувствува завист кон Топчиите.

„Би сакал и ние да игравме во средината на неделата, да бидам искрен. Би сакал. Би сакал да бидам на позицијата на Арсенал“, рече Гвардиола чиј тим испадна од ЛШ во осминафиналето.