Дома Blog Страница 91

Синер е нов број 1, но Алкарас веќе в понеделник може да се врати на врвот

Понеделнички, објавена е новата АТП ранг-листа на најдобри светски тенисери, и како што се знаеше од вчера, нов број 1 е Јаник Синер.

Италијанецот се враќа на прво место по 3-ти ноември, симнувајќи го Карлос Алкарас на втора позиција. Синер има мала предност пред Шпанецот. Тие двајца може да се сретнат на Мастерсот во Мадрид кој почнува на 22-ри април, но пред тоа Алкарас неделава ќе игра и во Барселона, па ако го освои тој турнир на кој лани беше финалист, ќе се врати на прво место.

Инаку на трето место остана Александар Зверев, четврти и понатаму е Новак Ѓоковиќ, десетти остана Данил Медведев, а од петто до деветто место има многу промени. Лоренцо Музети падна четири места и сега е деветти, Феликс Оже-Алиасим кој е петти и Бен Шелтон кој е шести, напредуваа по две места. Алекс Де Минор падна едно место и сега е седми, а напредок за едно место имаше Тејлор Фриц кој е осми.

Единствен Македонец во топ 1000 е Калин Ивановски на 982-ро место.

Од петте квоти на денот, најголемата е за најинтересниот натпревар

Вкупна квота од 46.78 ќе добиете ако на ист тикет ги уплатите петте квоти на денот во Sport Life. Има микс на квоти од 1.85 до 2.55 и ги прави привлечни за сечиј вкус.

Квота од 1.85 е предлогот за мечот Ваљадолид – Еибар, а за добивка потребно е домашните да не загубат и во прво полувреме да има најмногу еден гол.

Комбинацијата на Фиорентина – Лацио двата тима да постигнат гол и да има барем еден гол во второ полувреме, носи квота од 2.05.

Леванте и Хетафе да не дадат повеќе од еден гол во прво, а 1-2 гола во второ полувреме, е игра со квота од 2.15.

Историското дерби на Манчестер јунајтед и Лидс носи одлична квота од 2.55 за прилично едноставна варијанта, победа на домашните во меч со 2-4 гола.

Sport Life нуди и натпросечна квота од 2.25 како за популарната игра дека во двете полувремиња ќе има од еден до три гола, а мечот е Тондела – Жил Висенте.

Гвардиола: До сонцето е, да беше сончево во ноември, уште во јануари ќе бевме шампиони

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, има интересна теорија дека неговиот тим игра добро секоја пролет поради сонцето. 

Граѓаните со победата над Челзи ја намалија разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бодови, а кој Сити има и еден меч помалку и следниот викенд го пречекуваат Арсенал, па ако ги добијат двата натпревари – оној заостанатиот и меѓусебниот дуел со Топчиите, ќе имаат израмнет број на бодови. 

„До сонцето е…“ рече Пеп и ги изненади новинарите на прес-конференцијата во Лондон.

Тој ги потврди своите зборови, велејќи дека е сериозен: „Не, не се шегувам. Во Манчестер никогаш нема сонце. Да имаше сонце во ноември, ќе бевме шампиони на Премиер лигата во јануари. Сонцето е причина за подобрените перформанси, искрено. Расположението е подобро кога има сонце…“

Во врска со тоа дали Арсенал, кој оваа недела го игра реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон, ќе биде поуморен за решавачкиот натпревар против Сити, Пеп призна дека чувствува завист кон Топчиите.

„Би сакал и ние да игравме во средината на неделата, да бидам искрен. Би сакал. Би сакал да бидам на позицијата на Арсенал“, рече Гвардиола чиј тим испадна од ЛШ во осминафиналето. 

Тренерот на Интер им фати сеир на колегите Алегри и Конте

Со победата на гостувањето кај Комо, Интер направи огромен чекор кон освојување на титулата во италијанската Серија А, на шест кола до крајот има големи девет бодови предност пред вториот Наполи.

Скудетото им е на дофат на Нераѕурите од Милано, а тренерот Кристијан Киву уште не сака да зборува за тоа, бидејќи Интер математички уште нема обезбедено ни пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, иако има 17 бодови предност пред петтиот Комо. Интер веројатно уште во следното коло ќе осигура учество во ЛШ, а Киву не пропушти шанса да ги „боцне“ колегите од Наполи и Милан кои цело време тврдат дека нивните тимови не се тркаат за титулата туку целта им е пласман во ЛШ, иако е јасно дека не го мислат тоа туку само јавно кажуваат така за да ја сокријат немоќта во трката со Интер.

„Ќе кажам како што кажуваат и моите колеги кои зборуваат само за пласман во ЛШ, не и за титула. Еве и јас ќе кажам дека сме среќни што се приближуваме до таа цел, но математички уште не сме таму“, рече Киву.

Крај на регуларната сезона во НБА, Јокиќ направи нешто што досега не беше видено

Регуларниот дел од НБА сезоната заврши, конечните пласмани и паровите од плејофот и плеј-ин турнирите беа одлучени дури во натпреварите од последниот ден.

Детроит пистонс после 20 години има сезона со 60 победи, Оклахома Сити тандер има со најдобар резултат во лигата што му носи предност на домашен терен во целиот плејоф. Најважната вест е дека Никола Јокиќ играше синоќа и го исполни условите да биде МВП на сезоната бидејќи играл 65 меча колку што се бара. Центарот на Денвер нагетс го предводеше својот тим до 12-та победа по ред, и официјално стана првиот играч во историјата на НБА кој во една сезона би и најдобар скокач и најдобар асистент во лигата.  

Познати плејоф двојки на Истокот се Њујорк – Атланта и Кливленд – Торонто. Детроит ќе чека разврска од плејин разигрувањето, можни ривали му се Мајами, Шарлот, Филаделфија и Орландо. Бостон истотака чека, но можни противници му се Филаделфија или Орландо.

На западот, ЛА Лејкерс игра со Хјустон, битка на Леброн Џејмс против Кевин Дурант, а Денвер на Јокиќ ќе се бори со Минесота на Ентони Едвардс.

Оклахома Сити и Сан Антонио Спарс ќе почекаат да го дознаат ривалот. Спарс може да се падне со Феникс или Портланд, а на Тандер можни противници им се и ЛА Клиперс и Голден Стејт.

Гвардиола: Арсенал има само три порази на 49 натпревари, но ние покажавме дека можеме да ги победиме

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, го најави големото дерби против лидерот во Премиер лигата, Арсенал, потенцирајќи ја тежината и значењето на натпреварот.

По убедливата победа од 0-3 против Челси, Гвардиола не штедеше пофалби за ривалот.

„Ќе играме против тим кој на 49 натпревари има само три порази, а во Лигата на шампионите е без ниту еден. Тоа доволно говори за нивниот квалитет“, изјави Пеп Гвардиола.

Тој се осврна и на претходните натпревари, нагласувајќи дека неговиот тим често бил потценет.

„Во финалето на Карабао купот бевме целосни аутсајдери. Немаше човек во оваа земја кој би се обложил на нас, а сепак покажавме дека можеме да бидеме подобри“, додаде стратегот на Сити.

Во моментов, Арсенал има предност од шест бода на врвот, но со одигран натпревар повеќе од Манчестер сити, што дополнително ја зголемува неизвесноста.

Големото дерби меѓу Манчестер сити и Арсенал е закажано за следната недела од 17:30 часот и се очекува да има огромно влијание врз разврската во трката за титулата во Премиер лигата.

Виљареал го покори Билбао и го држи курсот за ЛШ

Виљареал продолжува со импресивните изданија оваа сезона, потврдувајќи дека го игра можеби и најдобриот фудбал во последната деценија.

Жолтата подморница славеше на тешкото гостување кај Атлетик Билбао со 1-2 и направи огромен чекор кон пласман во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што има дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтата позиција.

Гостите први се заканија преку Гаја со силен удар од далечина, додека на спротивната страна Јури Берчиче се обиде во 22-та минута, но голманот на Виљареал беше на висина на задачата.

Резултатот беше отворен во 26-та минута по брз контранапад, Олувасеји асистираше до Кардона, кој со елегантен лоб удар погоди за 0-1.

До крајот на полувремето имаше шанси на двете страни, но повторно гостите беа тие што ја затресоа мрежата. По голема грешка на Ињиго Лекуе, топката стигна до Гонзалес, кој без проблеми зголеми на 0-2.

Во второто полувреме, Атлетик Билбао се врати во игра преку Горка Гурузета, кој реализираше по одлична акција иницирана од Берчиче.

До крајот, Виљареал постигна уште еден гол преку Пепе, но беше поништен поради офсајд. Сепак, тоа не го спречи тимот да освои вредни три бода и да се доближи чекор поблиску до елитата на европскиот фудбал.

Интер ја покажа моќта против Комо (Видео)

Интер е на чекор до нова шампионска титула во Италија, откако славеше на гости против Комо со 3-4. Тимот на Кристијан Киву покажа моќ, откако не го стартуваше мечот според своите желби, имаше и негатива од 2-0, но потоа Нераѕурите постигнаа четири гола и триумфираа.

Алекс Вале во 36-тата минута го отвори резултатот, а шест минути подоцна Нико Паз зголеми на 2-0. Но, Маркус Турам сепак постигна гол за Интер непосредно пред одморот.

Турам израмни на 2-2 во 49-тата минута, а потоа следеа и два гола на Дензел Дамфрис, во 59-тата и во 72-тата минута.

Комо доби пенал во 88-та минута што го реализираше Лукас да Куња, па домаќинот имаше неколку минути и да стигне до реми. Шанси имаа Морено и Рамон, но, сепак, Интер освои важни три бода кои го доближија до нова титула.

Нојер не се премислува околу учеството на СП 2026

Мануел Нојер, светскиот шампион од 2014 година, се повлече од германската репрезентација по Европско првенство 2024. Сепак, дебатата за негово можно враќање повторно се отвори откако новиот прв голман Марк-Андре тер Штеген имаше неколку повреди, додека Нојер и понатаму настапува на највисоко ниво.

Еден од примерите беше неговата одлична партија во победата на Баерн Минхен од 1-2 против Реал Мадрид во Лигата на шампионите минатата недела.

Иако постојано истакнува дека враќањето во националниот тим не е опција, Нојер реагираше и на изјавите на поранешниот капитен на Германија, Лотар Матеус, кој тврдеше дека неговиот однос со селекторот Јулијан Нагелсман не е најдобар.

„Немаме лош однос, напротив, имаме добри релации. Но, тоа што луѓето го зборуваат однадвор не нè засега, ниту него ниту мене, па затоа сме мирни околу тоа“, изјави Нојер.

Тој исто така потврди дека во следните недели ќе донесе одлука дали ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен за уште една сезона. Баварскиот гигант се бори за тројна круна и е подготвен да му понуди нов договор, а Нојер истакна дека сака да ужива во претстојните натпревари, по што ќе одлучи за својата иднина заедно со клубот.

Реал Мадрид има план да го врати Тони Крос на „Бернабеу“

Реал Мадрид сериозно размислува да го врати Тони Крос во својата структура од следната сезона, но овојпат не како играч, туку како дел од спортскиот менаџмент на клубот, пишуваат шпанските медиуми.

Иако Германецот сè уште физички изгледа подготвен за фудбал, планот на Кралскиот клуб воопшто не е поврзан со негов камбек на теренот, туку со негово ангажирање во спортскиот сектор, каде би можел да придонесе со своето искуство и фудбалска интелигенција.

Во Мадрид постои силно убедување дека неговото присуство би донело нов квалитет во работата со тимот, особено во развојот на играчите и стратегијата на клубот во наредните сезони.

Крос зад себе остави длабока трага во Реал Мадрид, а во клубот сметаат дека неговото заминување создало празнина која сè уште не е целосно пополнета. Поради тоа, веќе се разгледуваат конкретни модели за негово враќање, иако конечната улога што би ја имал сè уште не е прецизирана.

Односот меѓу Крос и клупското раководство, вклучително и претседателот Флорентино Перес, отсекогаш бил одличен, а токму Перес наводно е еден од најголемите поддржувачи на идејата за негово враќање.

Крос и денес живее во Мадрид, каде што работи во својата фудбалска академија. Често се појавува во тренинг-центарот Валдебебас, каде учествува во активности со младите категории на Реал Мадрид, а повремено се вклучува и во тренерски задачи.

Во клубот веруваат дека неговото знаење, авторитет и искуство би можеле да бидат клучен адут во понатамошниот развој на спортскиот проект веќе од следната сезона.