Дома Blog Страница 94

Претседателот Трамп го пофали Пауло Коста: „Изгледаш премногу добро за да бидеш борец“

На УФЦ 327 настанот во Мајами присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп.

Во една од главните борби, Бразилецот Пауло Коста го нокаутираше Азамат Мурзаканов, нанесувајќи му го првиот пораз на Русинот во кариерата.

По победата, Коста му се приближи на Трамп и се ракуваа. Првиот човек на САД му дал комплимент на Бразилецот:

„Згоден си и одличен борец“. Коста продолжи да разговара со претседателот, но бидејќи англискиот не му е мајчин јазик, беше тешко да го разбере. Трамп, слушајќи го Коста како го изговара зборот „модел“, и на шега му рече: „Можеш да бидеш модел, толку си убав. Премногу си убав за да бидеш борец, но си вистински борец. Ти благодарам, другар“.

По настанот, Коста беше прашан за средбата и им рече на новинарите:

„Само малку поразговаравме. Тој ми кажа нешто лично, засега ќе го чуваме во тајност. Тоа е само меѓу нас.“

Миовски влегува во гол-серија, го носи Ренџерс кон титула (Видео)

Ренџерс со пресврт победи на гостувањето кај Фалкирк со 6-3 во дуел од шкотската лига, а два од головите за гостинскиот тим беа дело на македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

Штипјанецот влезе во игра на стартот на второто полувреме при резултат 2-1 за Фалкирк кој имаше водство и од 2-0. Со Миовски на терен, Ренџерс за само 12 минути даде три гола. Миовски погоди во 58-ма минута за 4-2 во тој момент. Бојан стави и точка, кога во 89-та минута даде гол за конечни 6-3. Ова е второ коло по ред во Шкотска во кое нашиот репрезентативец постигнува гол.

Голот на Миовски за 4-2 погледнете го ТУКА. Погодокот за 6-3 може да го видите ТУКА.

После оваа победа, Ренџерс дојде на само еден бод негатива зад лидерот Хартс. До крајот останаа уште пет кола во кои ќе има меѓусебни дуели на трите водечки екипи кои се во трка за титулата.

Флорентино Перес: Тука никој не се предава, освоивме 58 трофеи во последните 15 сезони

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, испрати силна порака до навивачите и членовите на клубот за време на специјалната церемонија на која им беше оддадена почит на навивачите со по 50 и 60 години лојалност кон Кралскиот клуб. 

„Вие кои ги посветивте вашите животи на Реал Мадрид добро знаете дека никој не се откажува тука. Ќе продолжиме да се бориме, година по година, до последен момент, за да се обидеме да го додадеме на најбогатиот список на титули во историјата на спортот што го поседува Реал Мадрид. Ова го покажува нашето ниво на барања, но, ве молам да ги цениме работите соодветно и да бидеме свесни за тешкотијата на освојувањето на секоја титула“, рече Перес.

Шефот на Мадрид, исто така, ги истакна импресивните успеси на клубот во последните години:

„Во последните 15 сезони освоивме 58 титули, вклучувајќи шест трофеи од Лигата на шампионите во фудбал и три во кошаркарската Евролига“. 

Гвардиола: Ако не го победиме Челзи, ќе биде готово, сите во Англија го знаат тоа

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, верува дека неговиот тим има шанса да биде првак на Премиер лигата само ако ги добие сите осум натпревари до крајот на сезоната и дека немаат право на никаква грешка.

Вечерва Граѓаните имаат тешко гостување кај Челзи, а Гвардиола вели дека ако не победат, тоа ќе биде крај на нивната трка за титулата.

„Ако не победиме на Стемфорд бриџ, а тоа не е лесно место за гостување, можеби нема да им потреба од прес-конфереција пред мечот со Арсенал, трката за титулата ќе биде готова. Јас го знам тоа, вие го знаете, играчите го знаат, сите во Англија знаат. Ако сакаме титула мора да победиме на сите натпревари, не смееме да имаме ни нерешено, заборавете на тоа“, рече Гвардиола.

Сити во минатото знаел да има големи победнички серии кои му носеле титули, но се чини дека сега е периодот кога ќе се решава трката, бидејќи после гостувањето кај Челзи, следниот викенд на Сити му следува домашен меч со лидерот и директен ривал Арсенал. Ако не ги добијат овие два меча, Граѓаните може да се простат од титулата.

Арсенал има девет бодови предност, но Манчестер сити има одиграно два меча помалку.

Екс шампионката на САД опен се посрамоти со најлошиот сервис во историјата (Видео)

Женската тениска репрезентација на Канада не успеа да се квалификува во плејофот за Светската група „Били Џин Кинг“ купот, беа надиграни од Казахстан, а во клучниот меч и поен, Бјанка Андрееску имаше катастрофален сервис и тоа при меч-топка на Јулија Путинцева.  

Поранешната шампионка на Отвореното првенство на САД во тај-брејкот во третиот сет при 4-6, сервираше за да остане во натпреварот и направи грешка каква ретко се гледа во професионалниот тенис. Бјанка беше толку непрецизна што го испрати топчето на сосема спротивната страна од теренот.

Бруно Фернандеш: „Кејн го направи вистинското нешто што се приклучи на Баерн“

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, зборуваше за важноста на трансферот на напаѓачот Хари Кејн во Баерн Минхен. Кејн 14 години играше за Тотенхем пред да се пресели кај Баварците, даде 280 голови, но освои ништо. Со Баерн има титула во Бундеслигата, а во игра е и за Лигата на шампионите.   

Португалецот веќе некое време се поврзува со можно заминување од клубот од Манчестер, со кој не освоил титула во лигата.

„Доколку останеше во Тотенхем уште една или две сезони, Кејн ќе станеше најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата. Дали ќе беше легенда или не? Ќе беше. Но, тој одлучи да се пресели во Баерн и тоа е вистинската одлука бидејќи знае дека има голема шанса да освои трофеи. Сега може да ја освои Златната топка бидејќи освојува трофеи“, вели Бруно. 

Ракометарките и со тесен пораз од Словенија може да се пласираат на ЕП!

Женската ракометна репрезентација на Македонија има добра прилика повторно да биде учесник на Европско првенство. Македонија би требало да биде една од четирите третопласирани во шесте квалификациски групи, но тоа треба да се потврди и по осми пат во историјата да се најдеме на континенталниот шампионат.

Математиките велат дека на гостувањето кај Словенија во Велење од 18 часот (во истиот термин се играат сите мечеви), победа или реми сигурно ја носат Македонија на ЕП кое ќе се игра во декември годинава во пет различни земји, а и пораз до седум голови разлика.

Во случај на пораз поголем од седум гола разлика, ќе го чекаме исходот на дуелот Франција – Финска каде ќе ни треба победа на Французинките, по можност со што поголема разлика, и Италија да не направи сензација против Швајцарија.

Капитенот Ивана Гакидова, истакна дека секој гол ќе биде исклучително важен.

„Мора да играме агресивно, да се бориме за секоја топка и да останеме фокусирани до самиот крај. Имаме шанса да се пласираме на Европско првенство, секој гол ќе биде многу важен за нас. Верѕвам дека со срце, карактер и тимски дух, можеме да направиме резултат кој многу ќе ни значи“, вели Гакидова.

Халанд или некој друг, Специјалот нуди можност да погодите кој ќе даде гол на Челзи – Сити

Премиерлигашкото дерби помеѓу Челзи и Манчестер сити ќе ви биде поинтересно за следење ако се обложите на некоја од многубројните игри во Специјалот на Sport Life.

Една од најпривлечните игри е онаа да погодите стрелци, и тоа опциите прв стрелец, било кога во текот на мечот, автогол, дали некој ќе има хет-трик и комбинација победа на тим и стрелец во тек на средбата.

Фаворит за прв стрелец е Ерлинг Халанд од Сити, а тој беше стрелец и на првиот гол на претходниот меѓусебен дуел на овие екипи во Лондон кога Сити победи со 2-0. Но, есеноска кога се сретнаа на „Етихад“ и дуелот заврши 1-1, прв стрелец беше Тијани Рајндерс кој е играч од средниот ред и головите не му се специјалност. Од тимот на Челзи, најголеми шанси да дадат гол имаат Жоао Педро и Кол Палмер.

Специјалот нуди игри и на корнери, картони, шутеви, фаули, пенали, итн.

Историја: прва жена главен тренер на тим од топ 5 лигите!

Унион Берлин ја назначи Мари-Луиз Ета за привремен тренер на првиот тим до крајот на сезоната, со што 34-годишната Ета стана првата жена што ќе предводи машки бундеслигашки тим и прва жена тренер на тим во петте најдобри европски лиги.

Таа ќе го има своето деби на клупата на Унијата следната недела против Волфсбург.

Ета го презеде тимот откако клубот ја прекина соработката со претходниот тренер Штефен Баумгарт и неговите соработници. Според договорот, Ета ќе го води тимот само до крајот на оваа сезона, а потоа ќе го преземе женскиот тим на Унион.

Инаку Ета пристигна во клубот во 2023 година како член на тренерскиот штаб, а потоа стана првата жена помошник тренер во машката Бундеслига и Лигата на шампионите. Таа веќе имаше искуство во водењето на тимот, кога на почетокот на 2024 година кога на еден меч го замени тогашниот тренер Ненад Бјелица поради суспензија и забележа победа.

Таа е прва жена што води тим во елитната германска лига, но не е единствената жена тренер на машки тим во Германија, бидејќи Сабрина Витман го предводи третолигашот Инголштат. Ета претходно работеше во јуниорските категории на женската репрезентација на Германија, а како играч поголемиот дел од својата кариера го помина во Вердер Бремен. Својата играчка кариера ја заврши на 26-годишна возраст, а потоа се посвети на тренерската работа. Нејзиниот сопруг, Бенџамин Ета, е тренер на женскиот тим на Лајпциг до 20 години.

Бет билдерски комбинации со квоти од 13 до 120

Десет Бет билдери се најдоа во денешната понуда на Sport Life, а квотите се во распон од 13.0 до 100.0 и можете да бирате дали ќе ризикувате повеќе или помалку, но секако сите комбинации се со џиновски коефициенти.

За добивка, потребно е да се исполнат четири услови. Тука се и двата дневни микса за шпанската и италијанската лига кои носат квоти од по 120.0. И во Ла Лига и Серија А денеска се играат по четири меча, па потребно е на сите овие четири меча да се исполнат услови во вид на голови, картони, шутеви и корнери.