Дома Blog Страница 95

Бет билдерски комбинации со квоти од 13 до 120

Десет Бет билдери се најдоа во денешната понуда на Sport Life, а квотите се во распон од 13.0 до 100.0 и можете да бирате дали ќе ризикувате повеќе или помалку, но секако сите комбинации се со џиновски коефициенти.

За добивка, потребно е да се исполнат четири услови. Тука се и двата дневни микса за шпанската и италијанската лига кои носат квоти од по 120.0. И во Ла Лига и Серија А денеска се играат по четири меча, па потребно е на сите овие четири меча да се исполнат услови во вид на голови, картони, шутеви и корнери.

Сити уште од короната не загубил од Челзи, Тотенхем гостува на стадион на кој 16 години нема пораз

1008 Сандерленд – Тотенхем (15.00 часот)

Тешко дека пред почетокот на сезоната некој очекуваше дека по 31 кола Сандерленд ќе има 13 бодови повеќе од Тотенхем, но реалноста е таква. Лондонските Петли се борат за опстанок, и само со победа ќе побегнат од 18-тото место на кое се во моментов и кое води во Чемпионшип. Тотенхем е тим кој има поефикасен напад, но и далеку полоша одбрана од Сандерленд. Сандерленд на првите 12 меча дома немаше пораз, а сега има три порази по ред пред домашна публика. Тотенхем во Премиер лигата нема гостинска победа во 2026 година. Сандерленд 16 години не победил дома против Тотенхем.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.40)

 

3615 Парма – Наполи (15.00 часот)

Со 22 гола на 31 меч, Парма е меѓу најнеефикасните екипи во Серија А. Наполи има пет победи по ред и го држи второто место на кое ќе остане што и да се случи попладнево во Парма. Тимот на Парма не е загрозен од испаѓање во моментов, но има црна серија од пет кола по ред без победа, и ако продолжи така, може да се најде во проблем. Наполи е тим кој на гости најчесто или победува или губи, има само едно реми на 16 гостувања. Во јануари кога овие два тима се сретнаа во Неапол, немаше голови, а 0-0 беше и лани кога последен пат играа меѓусебе во Парма.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.18)

 

1009 Челзи – Манчестер сити (17.30 часот)

Фановите на Арсенал ќе бидат најголеми навивачи на Челзи денеска, а Манчестер сити со победа во ова дерби ќе ја вжешти трката за титулата. Сините имаат три порази во последните четири кола и загрозено им е учеството во Лигата на шампионите следната сезона. Сити играше нерешено во претходните две кола, а овој меч им е една од последните шанси да фатат приклучок кон врвот и да направат притисок врз лидерот Арсенал кој вчера загуби дома. Во јануари кога се сретнаа на „Етихад“ беше 1-1, а на „Стемфорд бриџ“, Челзи нема лигашка победа над Сити уште од јуни 2020.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

3619 Комо – Интер (20.45 часот)

Ако има некој тим што може да го победи Интер, тоа е Комо, кој освои 13 бодови од можни 15 во последните пет кола. Комо се бори за место во ЛШ, а Интер е убедлив лидер и убедливо најефикасен тим во лигата. Интер не успеваше да победи на последните две гостувања во Серија А, а денеска ќе го немаат на располагање Лаутаро Мартинес. Интер пред 40-тина дена гостуваше кај Комо во меч од Купот на Италија и резултатот беше 0-0. Комо на претходните седум дуели со Интер нема дадено гол.

Предлог тип: Х било кога (1.82)

 

1543 Есторил – Порто (21.30 часот)

Порто не смее да ја испушти шансата да го добие овој меч и да се зацрвсти на првото место. Порто има само еден пораз сезонава и прими само 13 гола на 28 меча. Есторил е на солидното седмо место на табелата, но има два порази по ред и Порто не е тим против кој би сакале да играат во таква ситуација во која бараат излез од кризата. Порто во 2024 година загуби на гости во Есторил кој е попознат по патеката за Формула 1 отколку по фудбалот. Есеноска беше само 1-0 за Порто, па можеби ова и нема да им биде баш лесно гостување на фаворитите.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.97)

Финале во кое се игра за титула, за број 1, за предност во недели на врвот и на освоени турнири

Денеска е празник на тенисот во Монте Карло, Карлос Алкарас и Јаник Синер ќе се борат за титулата на Мастерсот, а ова ќе биде многу повеќе од само едно обично финале.

Тој што ќе победи, не само што ќе освои важен пехар, туку ќе биде прв на АТП листата која ќе се објави утре и ќе поведе 67-66. Во моментов, Шпанецот и Италијанецот по 66 недели биле на прв место.

Двајцата имаат по 26 турнирски титули, па победникот ќе има еден трофеј повеќе од ривалот. Ако победи Синер, ќе го повтори подвигот на Новак Ѓоковиќ од 2015 година кој засега е единствен што ги освоил првите три Мастерс 1000 турнири во годината. Алкарас го брани тронот, тој лани победи во Монте Карло.

Ова ќе биде прв нивен меѓусебен дуел во 2026 година, па и тоа му дава тежина на мечот. Двајцата велат дека ова се мечеви за кои живеат и поради кои тренираат. Алкарас води 10-6 во меѓусебните средби, откако во 2019 првпат играа еден против друг.

Многу фудбали, а тука е и тенискиот мега дуел со зголемени Супер тип квоти

Атрактивна и привлечна е денешната Супер тип понуда на Sport Life, во неа има 13 фудбалски мечеви меѓу кои и Челзи – Манчестер сити, а посебна убавина внесува и тенискиот спектакл Алкарас – Синер, финалето на Мастерсот во Монте Карло кое ќе одлучи кој од нив двајца од утре ќе биде прв на АТП листата.

Алкарас кој ја брани титулата од лани, е благ фаворит, зголемените квоти и за него и за Синер се одлични и вреди да се искористат ако верувате дека точно ќе прогнозирате кој ќе победи.

Од нефудбалските мечеви, тука се набилдана квота за победа на Партизан над Цедевита Олимпија во АБА лигата и на Хапоел над Макаби во заостанатото израелско дерби од Евролигата.

Прогнозерите веруваат во седум-осум тима кои играат денеска

Вчера се одиграа пет, а за денеска останаа уште осум парови од основната 13-ка на Спортска прогноза, а ако верувате во типувањето на мнозинството играчи кои ги има илјадници, по нивен вкус може да се состави прекрасен празничен тикет.

Возбудувањата ќе започнат од 15 часот кога ќе играат три меча од Премиер лигата.

За победа на Њукасл на гости над Кристал Палас се изјасниле 68,2 отсто. Во победа на Тотенхем над Сандерленд веруваат 59,3 проценти од прогнозерите. Над 73 отсто чекаат победа на Мајорка над Рајо, три четвртини мислат дека Лил ќе триумфира во Тулуз, а за дербито Челзи – Манчестер сити мнозинството е за „двојка“, 64,4 проценти од играчите типуваат победа на Сити.

„Кецови“ треба да бидат Мајнц – Фрајбург и Билбао – Виљареал, така мислат 66,5 односно 54,2 проценти од играчите на Спортска прогноза.

Поделеноста е најголема кај Нотингам форест – Астон вила. Таму 44,1 отсто се за победа на Вила, 32,2 отсто за нерешено, додека 23,5 отсто типуваат победа на Форест.

Доколку се земат во предвид прогнозите за кои има над 40 проценти, замислениот денешен тикет по вкусот на мнозинството прогнозери изгледа вака:

1007 Кристал Палас – Њукасл 2

1008 Сандерленд – Тотенхем 2

1307 Мајорка – Рајо Ваљекано 1

1705 Тулуз – Лил 2

1009 Челзи – Манчестер сити 2

1809 Мајнц – Фрајбург 1

1309 Билбао – Виљареал 1

1006 Нотингам форест – Астон вила 2

Велигденските пет квоти на денот се 2.00 или поголеми

Денешните квоти на денот во Sport Life прават вкупен коефициент од 43.5 и примамливи се за играње.

Велигденската петорка предлози почнува со Келн – Вердер и тоа со квота од 2.05 дека на овој бундеслигашки меч ќе има 0-1 гол во прво и 1-3 гола во второ полувреме.

Квота од точно 2.00 добивате ако уплатите дека Челзи ќе даде еден или два гола во второто полувреме против Манчестер сити.

Комбинацијата двата тима да постогнат гол и да има погодок во првото полувреме на средбата Комо – Интер, носи квота од 2.15.

Атлетик Билбао да не загуби дома од Виљареал и притоа да има гол во прво полувреме, е игра за која квотата во Sport Life е 2.10.

Доколку верувате дека Порто ќе го победи Есторил и притоа дека ќе има гол во прво полувреме и 3+ голови на целиот меч, треба да ја искористите одличната квота од 2.35 за оваа опција.

Фудбалерите на Барселона пееја песни во кои се навредува и понижува Еспањол (Видео)

После убедливата победа на Барселона над Еспањол во градското дерби, некои од фудбалерите на Барса неспортски се однесуваа кон своите ривали за што реагираа од поразениот тим.

Прв на тапет им беше Гави од кој се пожалија дека не му е првпат и „треба да има повеќе почит кон свои колеги професионални фудбалери“.

На крајот од натпреварот, играчите на Барса, претежно Шпанците (Фермин, Касадо, Гави, Јамал…), им се придружија на навивачите скандирајќи против Еспањол.

Текстот на песната која ја пееја е: „Се колнам дека дури и како што минуваат годините, никогаш нема да заборавиме, а потоа те исфрливме од нашиот град, потоа ти испадна за да можеш да бидеш шампион. Ќе се молиме за твоето исчезнување.“

Фјури издоминира против Махмудов, и го предизвика Џошуа

На стадионот „Тотенхем Хотспур“ во Лондон пред речиси 55.000 гледачи се одржа боксерска вечер на која главна беше борбата помеѓу поранешниот светски шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, и Русинот Арсланбек Махмудов.

Борбата траеше 12 рунди и заврши со победа на Фјури со едногласна одлука на судиите. Ова беше прво појавување на Фјури во рингот од декември 2024 година, кога загуби од Украинецот Олександр Усик. Сега 37-годишниот Фјури има 35 победи (24 со нокаут), два порази и едно реми.

За 36-годишниот Махмудов, овој пораз беше трет во кариерата, а има и 21 победа (19 со нокаут).

После победата, Фјури го предизвика на борба својот долгогодишен ривал Ентони Џошуа кој седеше во првиот ред

Сакам да ви ја дадам борбата што сите ја чекавте. Те сакам, Еј-Џеј, Ентони Џошуа. Ајде да им го дадеме на љубителите на боксот она што го сакаат, Битката за Британија. Сакам да се борам со тебе следниот пат, го прифаќаш ли мојот предизвик? Голем кукавица си, сакаш борба или не?! Овој пат нема да ми избегаш“, извика Фјури.

Џошуа не даде директен одговор, нагласувајќи дека не избегнува никого, туку дека моментално е фокусиран на својот личен живот по трагичната сообраќајна несреќа во декември во Нигерија кога загинаа негови пријатели, а и тој за малку ќе настрадаше и ја наведе потребата да „среди некои работи“.

Но, официјалниот профил на социјалните мрежи на Нетфликс подоцна потврди дека борбата помеѓу Фјури и Џошуа ќе се одржи оваа есен во Велика Британија.

Тајсон Фјури против Ентони Џошуа. Доаѓа оваа есен од Велика Британија. Само во живо на Нетфликс“, се вели во објавата.

Меси мирен, Интер Мајами никако да победи на новиот стадион

Интер Мајами одигра 2-2 против Њујорк Ред Булс во натпревар од регуларната сезона на МЛС лигата. 

Матео Силвети и Херман Бертераме ги постигнаа головите за Интер, а капитенот Лионел Меси го одигра целиот натпревар и не постигна гол.

Интер го играше својот втор натпревар по ред на новиот стадион „Ну“, а и првиот исто така заврши нерешено 2-2. Со овој резултат против Њујорк, Интер Мајами ја продолжи својата серија без пораз на осум натпревари во сите натпреварувања, но ова беше нивно петто реми во овој период.

Нејмар, сепак, има шанси да заигра на Светското првенство

Карло Анчелоти ја остави отворена вратата за можен камбек на Нејмар во составот на Бразил за претстојното Светско првенство, иако напаѓачот засега не доби повик за последните пријателски натпревари.

И покрај тоа што Анчелоти претходно нагласуваше дека Нејмар ќе биде во конкуренција само ако биде целосно фит, ѕвездата на Сантос не се најде на списокот за дуелите со Франција и Хрватска.

Нејмар, најдобар стрелец во историјата на Бразил со 79 гола, не настапува за националниот тим од тешката повреда на коленото во октомври 2023 година, а по враќањето во Сантос сè уште се обидува да ја врати врвната форма.

По поразот од Франција во Бостон, дел од навивачите го скандираа неговото име, но Анчелоти тогаш порача дека фокусот треба да остане на играчите кои се моментно во составот.

Сега, сепак, италијанскиот стратег остава простор за промена, нагласувајќи дека следните два месеци ќе бидат клучни за конечната одлука.

„Тој е голем талент и нормално е луѓето да мислат дека може да ни помогне на Светското првенство. Сѐ уште е под анализа од Фудбалската конфедерација на Бразил и од мене. Има време да покаже дека е подготвен. По повредата се враќа добро, постигнува голови, но мора да ја подобри физичката подготвеност“, истакна Анчелоти.

Бразил ќе настапи во групата Ц заедно со Мароко, Хаити и Шкотска, а турнирот ќе го започне на 13 јуни во САД.