25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025
Дома Blog Страница 9528

Ангеловски: Македонија не се плаши од никого

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски беше во Даблин каде на лице место ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

„Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротистави со сите противници, само сплотено и тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Евро 2020. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите“, е првата реакција на селекторот Ангеловски директно од Даблин.

Германија и Холандија се во „групата на смртта“

На ждрепката во Даблин беа извлечени сите 10 групи за квалификациите на Европско првенство 2020 година. Квалификациите ќе започнат на 21 март 2019 година и ќе траат до 19 ноември следната година. Директно место на евро завршницата ќе обезбедат првопласираните две селекции од секоја група.

Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово.

Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург.

Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија.

Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар.

Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан.

Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта.

Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, Македонија, Летонија.

Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора.

Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казакстан, Сан Марино,

Група Ј: Италија, Босна и Херцеговина, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн.

 

Посакувана ждрепка: Македонија доби група во која може да се надева за пласман на ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија, во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, одлучи ждрепката која се оддржа во Даблин. Македонија се најде во Г групата, каде нема ниту една селекција од европскиот врв.

Вкупно 55 репрезентации беа дел од ждрепката, а преку квалификациите на завршницата ќе се најдат 20 селекции. Четири места за ЕП се загарантирани за победниците во четирите сегменти од Лигата на Европа, каде и Македонија има шанси.

Форматот на квалификациите е тоа што има 10 групи во кои ќе бидат по пет или шест репрезентации. Квалификациите ќе започнат на 21 март 2019 година и ќе траат до 19 ноември истата година година. Директно место на евро завршницата ќе обезбедат првопласираните две селекции од секоја група.

Мечевите на ЕП 2020 ќе се играат во 13 града низ цела Европа. Одлуката да нема класичен домаќин беше во чест на прославата, 60 години од стартот на Европските првенства во 1960 година.

Погледнете ги сите останати групи во квалификациите за ЕП 2020.

Голманите ќе смеат да ја напуштат гол-линијата при пенал

Добра вест за голманите. Предложено е од 1 јуни да се укине забраната за напуштање на гол-линијата од страна на чуварите на мрежата при изведувањето пенали.

Според сегашните правила, голманот мора со барем едната нога да стои на гол-линијата, нешто што често се прекршува, но од судијата зависи дали ќе го поништи пеналот или не. Во иднина, голманите без да се плашат од повторување на пеналот, ќе смеат да ја напуштат линијата и да тргнат понапред пред да им биде упатен шутот од 11 метри.

Ако овој предлог се усвои на состанокот во Глазгов на 2 март 2019, ќе стапи на сила на 1 јуни наредната година, и своето деби ќе го има во финалето на Лигата на шампионите во Мадрид.

Предложени се и уште неколку промени во правилата кои треба да придонесат за поинтересна фудбалска игра и без многу губење на време.

Кошаркарите се фаворити, но треба да потврдат и на паркетот во Гевгелија

Натпреварот помеѓу машките кошаркарски репрезентации на Македонија и Косово во Гевгелија може да ги донесе избраниците на селекторот Јорданчо Давитков на чекор од пласман во квалификациите за Евробаскетот 2021 година. Победа над гостите во мечот кој почнува во 17.45 часот, ќе значи скор 3-0, и само некој неверојатен сплет на околности во февруарскиот циклус може да ја спречи Македонија од освојување на првото место во групата.

Од МКФ порачаа публиката да дојде порано во сала, бидејќи вратите на „26 Април“ ќе се затворат на 15 минути пред почетокот. Преземени се мерки за средбата да мине во најдобар ред, како што беше и кога Македонија гостуваше во Приштина.

Поддршката од гевгеличани, и мотивот на Шејн Витингтон да ја оствари првата победа во дресот на македонската репрезентација, се едни од адутите на „црвено-жолтите“. Сепак, улогата мора да се потврди и на терен.

„Нема да биде лесно, можеби олеснителна околност е што ќе немаат Американец. Ние си ја гледаме нашата работа. Треба да влеземе во ритам како во Приштина. Верувам во репрезентацијата и се надевам дека сите заедно ќе дојдеме до таа посакувана победа“, вели Бојан Трајковски.

И гостите се свесни дека Македонија е фаворит, но најавуваат дека во Гевгелија се дојдени со намера да изненадат.

„Ќе се обидеме да прикажеме добра игра и да победиме, иако ќе биде многу тешко, Македонија е фаворит. Браќата Стојановски се нивни главни играчи, потоа Трајковски, како и Витингтон кој игра во Шпанија“ – рече селекторот Дамир Мулаомеровиќ, кој уште ја чека првата официјална победа како предводник на селекцијата на Косово.

Навивачите кои купија билет и нема да можат да го проследат натпреварот од трибините, ќе можат да го проследат пред малите екрани на фрекфенцијата на МРТ, а преносот ќе биде достапен и „Јутјуб“ каналот на ФИБА.

 

 

На „Олимпико“ ќе паднат барем три гола

Најголемо внимание кај љубителите на фудбалот и обложувачите кај нас, па и во Европа, предизвикуваат дербијата во Лондон, Рим, па и Ливерпул и Истанбул, каде силите ќе ги одмерат тимови кои се стари ривали, па затоа и SPORT LIFE нуди квоти на денот во кое се вклучени и овие два натпревари. Ви даваме уште три предлози за денеска, со мини-анализи зошто мислиме дека треба тоа да се прогнозира.

 

Арсенал – Тотенхем (15.05 часот)

За стартот на дербито на северен Лондон нема да се чека долго, мечот почнува во 15.05 часот. Нивните четири последни меѓусебни дуели завршија со не многу голови, но двата тима играат добро и нема зошто да не падне барем по еден гол во двете полувремиња. Емери рече дека Тотенхем е благ фаворит, но традицијата е на страна на „топчиите“. Неговиот колега Покетино смета дека ова дерби наликува на она помеѓу Севилја и Бетис. Двата тима имаат повредени играчи, но не се клучни за тимовите.

Предлог тип: 1-2 I& 1-2 II (2.85)

 

Рома – Интер (20.30 часот)

Дерби натпреварите се незгодни за прогнозирање, особено кога двата тима имаат променливо. Рома на претходниот домашен меч со Интер водеше со 1-0, но загуби. Тогаш голот за домашните го даде Џеко, кој ќе го нема вечерва и тоа е проблем за римјаните, што се виде и против Реал. Последните пет средби секогаш биле со гол на двете страни. И Интер загуби во ЛШ, па триумф над Рома ќе ги залечи раните.

Предлог тип: 1+ I & 3+ (2.00)

 

Бордо – ПСЖ (21.00 часот)

Парижаните имаат 14 победи по ред, а жирондинците се 12-ти и првакот на Франција го пречекуваат после низа од три ремија во низа. Тука ситуацијата е чиста околу тоа кој ја има фаворитската улога, а треба да се знае и дека ПСЖ нема примено гол на последните три лигашки гостувања.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.20)

 

Ливерпул – Евертон (17.15 часот)

Тука се препорачува „кец“, поради традицијата, иако последниот меѓусебен меч на „Енфилд“ заврши нерешено, без голови. Веројатно и Евертон е способен да даде гол, па тука лесно може да паднат и повеќе од три гола. Кај Ливерпул ќе го нема суспендираниот Хендерсон, а кикс на тимот со најдобра одбрана во Премиер, ќе се радува Манчестер сити кој засега е сигурен на врвот.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.96)

 

Бешикташ – Галатасарај (18.00 часот)

И едните и другите имаат проблеми околу составите. Кај Бешикташ повредени се Бабел, Медел, Торе, а суспендирани се Хачинсон и Арслан. Кај Галата поради суспензија ќе ги нема Рогригес, Донк, Ндиаје и Азиз, додека повредени се Белханда, Ѓумуш и Акбаба. Галатасарај е во подобра форма, но Бешикташ е домаќин, што во дербијата има голема улога.

Предлог тип: Х (3.50)

Карлеуша му даде 100.000 динари на ватерполо клубот Партизан

Откако ватерполо клубот Партизан од Белград со соопштение до јавноста се пожали на условите во кои тренираат (немање адекватно греење во зимскиот период), и побара помош од сите кои може да им помогнат да го решат проблемот, прва се јави пејачката Јелена Карлеуша.

Карлеуша, чиј сопруг е фудбалерот Душко Тошиќ, преку Твитер порача дека на ватерполистите ќе им даде 100.000 динари (околу 900 евра) како придонес за решавање на нивниот проблем, а побара и други да се приклучат. Од Партизан беа скромни, бараа по 3.000 динари месечно во петте месеци додека трае грејната сезона.

„Уплатив симболични 100.000 динари. За ватерполистите. За српската гордост. За греење. Како држава, го допревме дното. Ве молам, кој колку може, да помогнете и вие. Српското ватерполо заслужи да добие помош од овој народ, кога веќе државата не ја боли к….“ – напиша Карлеуша, која додаде дека уплатницата ја пополнил нејзиниот брат Марко, стидент на четврта година на Медицински факултет.

Тотенхем има само две победи кај Арсенал во историјата на Премиер лигата

Арсенал повеќе од две децении се гордееше дека на крајот од сезоната секогаш завршувал пред локалниот ривал Тотенхем. Сепак, во последните две сезони ситуацијата е поинаква. Тотенхем е тимот кој завршува пред Арсенал и најавува борба дури и за титулата во Премиер лигата.

Дербито на северен Лондон доаѓа во вистинско време за двата тима. Арсенал е во одлична серија и има 14 победи и четири нерешени во последните 18 средби во сите натпреварувања. Серијата на Тотенхем е помала, но важно е дека победија на последните шест средби, меѓу кои беа и дерби дуелите против Челзи и тој против Интер во Лигата на шампиони. Арсенал ќа ја има предноста на домашен терен, но стратегот на „топчиите“ Унаи Емери, предноста им ја дава на гостите.

„Во овој момент Тотенхем е подобар од нас на табелата, а беа подобри од нас и минатата сезона на крајот од сезоната. Сепак, историјата покажува дека Арсенал имал повеќе успех од Тотенхем. Ова е дуел на два силни тима и очекувам добар меч. Играме на свој терен и очекувам навивачите да ни дадат дополнителна сила за да стигнеме до победата“, рече Емери.

Низ историјата, Арсенал има 81 победа, Тотенхем се радувал на 63 меча, а без победник завршиле 51 средба. Првиот меч датира уште од 1887 година и тој не се доиграл до крај, бидејќи на 15 минути до крајот се стемнило, а Тотенхем имал предност од 2:1.

Откако во 1992 година е формирана Премиер лигата, Тотенхем е очаен кога гостува кај Арсенал. Во овие речиси три децении има само две победи на гости, последната во 2010 година. Во овој период Арсенал дал 49 гола, а Тотенхем само 25 пати ја погодил мрежата на Арсенал на гостински терен.

Сепак, гостите очекуваат ова да се смени денеска. Тотенхем е убедливо најдобар тим на гостински терен во 2018 година. Во 17 меча одиграни надвор од „Вембли“, Тотенхем има 12 победи, три реми и само два порази. Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн обожава да погодува на гостински терен. Во последнава една и пол сезона има дадено дури 20 погодоци на теренот на ривалите, што само потврдува кој ќе биде најголема опасност за голот на „топчиите“.

Арсенал е очаен кога се работи за дуелите против ривалите од Топ 6. Од 2015 година до сега во 33 такви дерби дуели, „топчиите“ имаат само пет победи, односно вкупно 27 освоени бодови. Тотенхем во истиот период во дерби дуелите со Топ 6 екипите има освоено дури 22 поени повеќе од Арсенал.

Освен дербито на северен Лондон, во Премиер лигата денеска се играат уште два градски дуели. Челзи е апсолутен фаворит против Фулам кој се бори за опстанок, а Ливрпул на „Енфилд Роуд“ игра против Евертон, во меч кој треба да реши дали во градот на фудбалски план доминира црвената или сината боја.

Еве како би можеле да изгледаат стартните состави на денешното дерби на северен Лондон.

 

 

Момент на мечот: Изразот на лицето на Вајлдер кога Фјури стана по нокдаунот (Фото)

Без победник заврши мечот за титулата во ВБА боксерската верзија меѓу Донте Вајлдер и Тајсон Фјури и тоа најмногу благодарение на неверојатната издржливост на британскиот боксер. Двајцата боксери воопшто не се штедеа и си разменија многу силни удари.

Највпечатлива беше последната, 12 рунда кога Вајлер успеа по втор пат на мечот да го испрати Фјури на подот. Два силни директни удари во главата на Британецот и Фјури беше во нокдаун.

https://twitter.com/TheMMABible/status/1069105452301074432

Вајлдер очекуваше дека со тие удари ја заврши целата работа и дека противникот нема да може да стане и да продолжи. Сепак, Фјури покажа колку е издржлив и успеа да застане на нозе и да продолжи да се бори за помалку од 10 секунди, а на крајот и да стигне до нерешен исход на дуелот.

„Јас сум борец и црпам сила и енергија од Исус. Немаше шанса да останам на подот во овој меч“, откри Фјури од каде му е таа сила да ги издржи сите тие силни удари на противникот.

Вајлдер едноставно не можеше да верува дека Фјури успеа да се врати, а изразот на лицето на американскиот боксер е вистински хит.

Ваков дриблинг немале ни Меси, ни Роналдо (Видео)

Борусија Дортмунд е тим кој секогаш имал млади и талентирани играчи. Еден од тие сезонава е Англичанецот Санчо. Тој добива голема минутажа во дресот на „милионерите“, а со играта на теренот покажува зошто ја има довербата кај тренерот.

На дуелот против Фрајбург, Џејдон Санчо направи потези и дриблинзи кои ретко се гледаат на фудбалските терени, а на вештината и начинот на кој успеа да помине неколку играчи, може да му подзавидат дури и Лионел Меси и Кристијано Роналдо.