14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025
Дома Blog Страница 9527

Лудило на „Енфилд“ – Ливерпул со гол во 95-та го совлада Евертон

Ливерпул се избори за триумф над Евертон од 1-0, буквално во последните секунди од 232-то „Мерсисајд“ дебри. Изненадувањето на Јирген Клоп, Дивок Ориги, е херојот на „црвените“ против градскиот ривал.

Белгискиот напаѓач ја донесе победата во 95-тата минута од мечот, откако ја искористи катастрофалната грешка на Пикфорд, во последниот напад на домаќините. Домаќините претходно не искористија бројни шанси, но целиот труд до последен здив на крајот се исплати.

Човекот кој го замени Роберто Фирмино десетина минути претходно, ја имаше најлесната задача во на целиот драматичен натпревар на „Енфилд“.

https://www.youtube.com/watch?v=w5_UDIu3KXY

Ливерпул и по 14. кола во Премиер лигата останува на втората позиција, со освоени 36 бода, заостојуваат два зад лидерот Манчестер сити, додека имаат пет повеќе во однос на третопласираниот Челзи. Составот кој го води Марко Силва, со ист број на бодови како и Манчестер јунајтед (22), се наоѓа на шестото место со подобра гол-разлика од „црвените ѓаволи“.

Квалификациите за ЕП 2021 се на дофат за кошаркарите

Добрата игра во непарните четвртини ѝ ја донесоа третата победа во третиот настап на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2021 година. Во салата „26 Април“ совладана е селекцијата на Косово со 78:68.

Со новите два бода, Македонија е на чекор од пласман во квалификациите, во кои ќе играат 32 најдобри тима во Европа, а 24 ќе се пласираат на континенталниот шампионат. За остварување на целта, во февруарскиот циклус на Македонија ќе ѝ треба победа на гостувањето во Романија, или пораз од Романците до 13 поени разлика.

Доколку овие услови не се исполнат што е тешко за верување, тогаш останува да навиваме за Косово кога во Приштина ќе игра против Романија, но поучени од непријатното искуство од 2017 година, подобро сами да си ја завршиме работата и да не чекаме од другите.

Добриот почеток на првото и второто полувреме за Македонија, беа доволни за победа над Косово, тим кој се закани во вториот квартал, но не успеа да ја загрози победата на фаворитот.

Македонските кошаркари имаа падови и подеми во играта, можеби осцилациите беа предизвикани од бројните измени и недоволната воуграност со натурализираниот Витингтон кој дојде до првата победа во дресот на националниот тим, но најважно е дека се освоени двата бода.

Трајковски со 23, Витингтон со 15, и браќата Стојановски со 14 (Војдан), односно 10 поени (Дамјан), беа најефикасни во македонскиот тим кој беше испратен со аплаузи.

Македонија со тесно водство против Косово по првите 20 минути

Репрезентацијата на Македонија води со по првото полувреме против Косово, но не може да биде задоволна, бидејќи лесно прокоцка убедлива предност стекната во првите 8-9 минути од овој меч од претквалификациите за Евробаскетот 2021.

Македонија отвори одлично, со серија од 6-0, од кои четири поени беа од контра со забивање, па гостинскиот селектор Мулаомеровиќ побара тајм-аут по само една ипол минута игра. Во петта минута, македонската селекција поведе со 16-4. Првата четвртина заврши со 29-16, нападот на нашата репрезентација функционираше добро и умешно ги користевме грешките на гостите.

Во првите три ипол минути од вториот квартал, македонските репрезентативци форсираа шут за три поени, но не им одеше, никако не можеа да го погодат кошот, па Косово дојде на едноцифрена негатива. Лошата реализација донесе нервоза кај домашните, па косовскиот тим се осоколи, намали на 32-33, а имаше обид за водство при 33-35. Дополнителен проблем беше што Трајковски и капитенот Стојановски имаа по три лични грешки.

По првите 20 минути, најефикасен во македонската репрезентација е Бојан Трајковски со 14 поени и седум скока. Македонија во првото полувреме изведе само едно слободно фрлање.

Обамејанг стигна до 20 гола во Премиер лигата, 16 од нив ги постигна во недела

Пјер Емерик Обамејанг со двата гола против Тотенхем се искачи на врвот на листата на стрелци во Премиер лигата за оваа сезона. Тој е првиот фудбалер кој постигнал 10 погодоци оваа сезона, а воедно стигна до 20-от гол во дресот на „топчиите“.

Уште поневеројатен е учинокот на Обамејанг што дури 16 од вкупните 20 гола ги постигнал во недела. Исто така, тој е напаѓачот со најдобар просек на голови според одиграни минути, Обамејанг постигнува гол за Арсенал на секои 103,5 минути.

Погодокот за 2-2 беше вистинско ремек-дело, додека првиот го постигна од белата точка против „петлите“.

https://www.youtube.com/watch?v=TH46oxs97Uw

Реми на Атлетико на гости кај Жирона

Атлетико Мадрид со конечни 1-1 ремизираше на гостувањето кај Жирона. „Јорганџиите“ имаа шанса да избијат на врвот на табелата во Ла Лига, меѓутоа одличниот тим на Жирона беше рамноправен противник.

Домаќините имаа водство до 82-та минута од мечот. Пред крајот на првото полувреме, Кристијан Стуани ја продолжи голгетерската форма во шпанскиот шампионат, од белата точка го постигна 11-от погодок сезонава. Избраниците на Диего Симеоне стигнаа до посакуваниот израмнувачки гол по еден одличен контра-напад во изведба на Гриезман и Коста.

Французинот испрати топка во простор за Коста преку цел терен, а со помош на Рамалјо „јорганџиите“ израмнија за конечни 1-1.

https://www.dailymotion.com/video/x6y8af4

Публиката е подготвена да биде шестиот играч на Македонија

На половина час пред почетокот на натпреварот Македонија – Косово, на трибините во салата „26 Април“ веќе немаше слободни места, гевгеличани се мотивирани да дадат поддршка и да бидат шестиот играч на нашите кошаркари. Македонија првпат игра како домаќин во Гевгелија, па гевгеличани со нетрпение го очекуваат стартот на средбата која може да ја донесе македонската репрезентација на чекор од место во квалификациите за ЕП 2021.

Гевгеличани дисциплинирано дојдоа порано, за да нема турканици при влезот, мажи, жени, помлади и повозрасни, сите дојдоа со надеж дека „црвено-жолтите“ ќе победат.

Трибините почнаа да се полнат на околу еден час пред почетокот, и веќе е преполно. Во првите редови покрај теренот се раководството на МКФ, градоначалникот на Гевгелија, директорот на Агенцијата за млади и спорт, кошаркарите и стручните штабови на гевгелиските клубови Кожув и Блокотехна, како и семејствата на кошаркари.

На трибините, тон дава навивачката група „Фантоми“, но нема дилеми дека и останатите нема да ги штедат грлата и дланките.

Од составот кој тренираше до вчера, Давитков реши надвор од составот да ги остави Бобан Стајиќ и Адем Мекиќ.

Вернер го урна Менхенгладбах

Лајпциг станува вистински кошмар за Борусија Менхенгладбах. Со денешниот тирумф од 2-0, тимот на Лајпциг веќе пет меча останува непоразен против моментално второпласираната екипа во Бундеслигата. Во пет меѓусебни средби, Лајпциг брои три победи и две ремија.

Денес главен актер на пресметката беше Тимо Вернер. Германскиот голгетер ја стресе мрежата на гостите по само три минути игра, а конечните 2-0 ги постави во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Лајпциг со овој триумф изби на третото место со 25 бода, со еден бод повеќе пред Баерн, додека Менхенгладбах остана на второто место со 26 бода по 13 меча во германскиот шампионат.

Пандев играше 15 минути во поразот на Џенова од Торино

Торино со конечни 2-1 ја совлада Џенова во мечот од рамките на 14. коло во Серија А. Џенова и по седум меча не успева да забележи позитивен резултат откако на клупата седна Иван Јуриќ, под негово водство имаат учинок од четири порази и три ремија.

Куаме во 36-тата минута ги изненади „биковите“ за предност од 1-0 на Џенова, но домаќините пред паузата успеаја да го свртат резулатот во своја корист. Во втората минута од судиското надополнување, Ансалди израмни, а по само три минути Торино доби пенал, кој го реализираше Белоти.

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, повторно чекаше шанса од клупа, ја доби во 74-тата минута заменувајќи го Сандро, но „Гранде“ Пандев не му помогна на својот тим да го избегне седмиот овосезонски пораз.

Останатите две средби во Серија А кои започнаа во 15 часот завршија без победник. Фросиноне и Калјари ремизираа при конечни 1-1, додека немаше голови на мечот помеѓу Сасуоло и Удинезе.

Спектакл на „Емирати“ – „Топчиите“ се распукаа против лутиот ривал Тотенхем

Арсенал го освои првото овосезонско градско дерби против Тотенхем, „топчиите“ славеа голема победа од 4-2 на „Емирати“. Вистински спектакл се одигра во Лондон, меч полн со погодоци, неизвесност, страст, а секако не може да помине без тензии.

По само 10 минути игра, главниот арбитар Мајк Дин досуди најстрога казна за Арсенал, а Обамејанг го совлада Љорис од белата точка. Сепак, предноста на домаќините траеше само 20 минути, Даер израмни на 1-1, па со провокативна прослава кон фановите на Арсенал предизвика немир на трибините, по што настана мешаница на теренот помеѓу играчите на двете екипи.

Само четири минути подоцна, Дин повторно покажа на белата точка. Овојпат пеналот беше досуден во корист на Тотенхем, а Хари Кејн беше неприкосновен за комплетен пресврт на „петлите“ пред финишот на полувремето.

Емери на почетокот од вториот дел посегна по клупата, во игра влегоа Лаказет и Ремзи, играчи кои имаа своја улога во пресвртот во корист на Арсенал. Прво Обамејанг во 56-тата минута израмни на 2-2 со прекрасен погодок од далечина, а Лаказет ја искористи грешката на одбраната на Тотенхем за 3-2 во 74-тата минута. Асистент на тие два гола беше токму Ремзи.  Конечниот резулат го постави Лукас Тореира само три минути по голот на Лаказет.

Гостите во 85-тата минута останаа со играч помалку, Вертонген заработи втор жолт картон и исклучување од средбата.

https://www.youtube.com/watch?v=KdKfE2XVn5Q

Робен потврди: Ова е мојата последна сезона во дресот на Баерн

Крилото на Баерн Минхен, Арјен Робен, потврди дека ова е неговата последна сезона во дресот на актуелниот германски првак. Холаѓанецот ја игра десеттата сезона во редовите на Баерн, неговиот актуелен договор со клубот истекува во јуни 2019 година, па двете страни се согласија дека нема да има продолжување на истиот.

Робен несомнено е еден од најдобрите фудбалери кои го носеле дресот на Баерн. Во 10 сезони, триесет и четиригодишниот крилен играч освои 19 трофеи со германскиот клуб, настапи на повеќе од 300 натпревари на кои запиша 134 погодоци и 101 асистенции.

Навивачите на Баерн најмногу ќе го паметат по круцијалниот гол за 2-1 во самиот финиш на мечот против Борусија Дортмунд во финалето од Лигата на шампионите во 2013 година, по кој Баерн по петти пат го подигна европскиот пехар.