29.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025
Дома Blog Страница 9557

Ѓоковиќ е големата пречка до јубилејната 100-та титула на Федерер

Роџер Федерер ја сонува стотката, но ќе мора да ја мине најтешката можна пречка во Париз, а пред него денеска ќе застане најдобриот тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ.

Двајцата големи мајстори на тениската игра по 47. пат ќе бидат од спротивната страна на мрежата и билансот е 24:22 за Новак. Српскиот тенисер е во страшна форма, има 21 победа во низа и 30 на последните 31 меч, што му ја дава улогата на фаворит.

Мотивите на Федерер по триумфот против Нишикори со 6:4, 6:4 се да ја мине големата пречка и потоа да се обиде да ја освои импресивната 100-та титула на тениските турнири. Повеќе од него има само Џими Конорс, точно 109.

Ѓоковиќ во Париз е како на свој терен и има 4 шампионски круни, годинава веќе го победи Федерер, во финалето на Синсинати, каде ја освои титулата што му недостасуваше од Мастерс турнирите.

Финалето, пред финале во Париз ќе се игра од 16.30 часот, а ривал во завршниот меч за титулата на Ѓоковиќ, или Федерер ќе биде победникот од првото полуфинале, меѓу Доминик Тим и Карен Хачанов, што ќе се игра од 14 часот.

Збунувачки: Наполи победи 5:1, а Анчелоти вели Емполи бил подобар

Во првиот меч од 11 коло во италијанската Серија А, Наполи убедливо со 5:1 го победи Емполи и стигна до 25 бодови. Тимот од југот на Италија сега има само три бода помалку од лидерот Јувентус, кој денеска игра против Калјари и со евентуална победа, повторно може да избега на шест бода позитива.

Наполи против Емполи на полувремето имаше предност од 2:0, а гостите намалија на 2:1 во 58 минута. И покрај примениот гол, фаворитот не дозволи изненадување и даде уште три погодоци, за сигурен тримф од 5:1. По мечот, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не беше задоволен. Стратегот дури потенцираше дека Емполи бил подобар тим.

„Повеќе бев лут, отколку возбуден за победата. Иако резултатот покажува дека сме имале одличен меч, но настапот на теренот сепак покажуваше дека Емполи играше подобро. Имаа поголема контрола на топката, поголема иницијатива и се додека не го дадовме четвориот погодок тоа беше неизвесен дуел“, рече незадоволниот Анчелоти по синоќешниот меч.

 

Силно свети рекордот во Париз – ПСЖ го урна Тотенхем со 12 стартни победи

Килијан Мбапе и Нејмар погодија во второто полувреме против Лил, а Пари Сен Жермен со триумф од 2:1 го урна рекордот на Тотенхем, стар 58 години.

Силно блеска 12-та во Париз вечерва, а ПСЖ има летечки старт во француското првенство со 12 победи во исто толку натпревари. Тоа е најдобар почеток на било која екипа во историјата на Топ-5 лигите во Европа.

Претходно Тотенхем му правеше друштво на францускиот шампион со 11 стартни победи во Англија во сезоната 1960/61.

Почесен погодок за Лил постигна Пепе од пенал во 93. минута.

Ѓоковиќ има сили за пресврт, го победи Чилиќ по 16-ти пат

Новак Ѓоковиќ го продолжи триумфалниот од против Марин Чилиќ, а вечерва ја забележа и 16-та победа против Хрватот.

Со пресврт по загубениот прв сет, српскиот ас славеше со 4:6, 6:2, 6:3 и ќе игра во полуфиналето на турнирот во Париз.

Досега Ѓоковиќ и Чилиќ имаат 18 меѓусебни дуели, а билансот е 16:2 за прворангираниот светски тенисер.

Последното четврфинале е во тек, а играат Нишикори и Федерер.

Првиот полуфинален пар е Хачанов против Тим.

Наполи и Ајнтрахт со убедливи победи

Наполи потврди дека е во врвна форма и со 5:1 лесно го декласира аутсајдерот Емполи на домашен терен, а Ајнтрахт во меч од Бундеслигата славеше во Штутгарт со 3:0.

Дријс Мертенс беше супер расположен за игра и го креираше триумфот на Наполи со хет-трик и асистенција до Милик. Белгиецот погоди во 38., 64. и 93. минута, а му асистираше на Милик во 90. минута. Триуфот на фаворитот го најави Инсиње во деветтата минута.

За Емполи стрелец беше Капуто во 58. минута.

Ајнтрахт е разигран и петти меч по ред не знае за пораз. Вечерва ги декласира популарните „шваби“ и тоа на нивни терен во Штутгарт. Халер, Ребиќ и Милер погодија за пробив на третата позиција во Бундеслигата.

Будуќност ќе чека прва победа во иднина

Третото учество на Будуќност во Евролигата не почна добро за црногорскиот првак и вечерва е забележан петтиот пораз, па тие се единствената екипа без победа во конкуренција на 16 состави.

Во Подгорица вечерва славеше и Панатинаикос со 72:67, со што Будуќност го забележа и петтиот пораз во исто толку натпревари.

Слаба утеха за домаќините е што Ален Омиќ беше најефиаксен кошаркар на мечот со 16 поени, бидејќи само уште Ивановиќ забележа двоцифрен број на поени, 12 кај црногосркиот првак.

Останува во идните натптревари Будуќност да покаже дека има квалитет за настапи во Евролигата, а следна можност за прв триумф ќе им биде дуелот со Жалгирис на домашен терен.

Почетокот и крајот го расипаа дербито – Почина навивач на Фенер, голема тепачка меѓу играчите на Галата и Фенер

Голема тепачка по завршувањето на мечот го расипа големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче. Имаше вистинска бркотница по терен, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас се обидуваше да ги смири страстите.

Елмас го одигра целиот меч, кој заврши нерешено, 2:2. По завршувањето на дербито се обиде да ги раздвојува завојуваните страни.

Турските медиуми најавуваат дека ќе има строги казни. Ќе се користат и камерите за да се казнат виновниците за инцидентот, кој го расипа одличното дерби на Истанбул.

Инциденти имало и пред мечот, со тепачка меѓу навивачите, а од срцев удар починал навивач на Фенербахче.

Елмас промаши меч топка, големото турско дерби заврши нерешено, 2:2

Елиф Елмас имаше меч топка за победа на Фенербахче во големото турско дерби со Галатасарај, но Фернандо Муслера на чудесен начин му го одбрани ударот во 84. минута.

Галатасарај водеше со 2:0, но на крајот се спасуваше од пораз, па двете екипи освоија по еден бод со реми, 2:2.

Елмас го одигра ц елито меч и ова е негово прво дерби со Галатасарај, на кое играше. Лани беше рфезерва, сега ја доби довербата на новиот тренер Ервин Куман и одигра одличен меч. Заработи и жолт картон, а ја имаше шансата на мечот за победа на гостите од 3:2.

Донк и Линес со по еден гол му донесоа предност на Галатасарај, но Валбуена од пенал и Жаилсон за само 360 скеунди од 66. до 72. минута израмнија на 2:2 во возбудливото дерби на Истанбул.

И Химки конечно победи во Евролигата

Химки ја забележа првата победа во Евролигата, откако вечерва во меч од петтото коло ја надигра Гран Канарија. Рускиот состав славеше убедливо со 87:72, а повторно како и обично ги предводеше Швед со 24 поени.

Моментно по триумфот на Химки само Будуќност е без победа во конкуренција на 16 екипи во најсилното клупско натпреварување во Европа.

Според Викиликс – Големата единаесетка се договори за Супер Лига, има и петорка што ќе се менува

Гигантите на европскиот фудбал предводени од актуелниот шампион Реал Мадрид веќе договориле Суперлига во која постојани членки и основачи ќе бидат 11 клубови, објави Викиликс.

Според документот од Мадрид на состанокот вчера било договорено постојани учесници и основачи на Лигата да бидат Реал, Барселона, Јувентус, Баерн, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ и Милан, а останатите пет клубови до шеснаесетка се Интер, Рома, Олимпик Марсеј, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Петорката е со посебна покана и би учествувале сигурно во првото издание, а како што објави Викиликс тие пет позиции ќе бидат променливи.

Не е прецизирано кога точно ќе почне лигата, но по ноемврискиот состанок во Мадрид јасно е дека Суперлигата ќе постои со меѓусебен договор на европските фудбалски великани.