31.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025
Дома Blog Страница 9558

Заврши фудбалската авантура на Болт: Барал плата од 1,8 милиони евра

Јусејн Болт е слободен фудбалски играч. Легендарниот атлетичар и светски рекордер на 100 и 200 метри одби да потпише професионален договор со австралискиот тим Сентрал Коуст маринерс. Во изминативе два месеци, Болт играше за оваа екипа, а успеа да даде и два гола.

Сепак, кога дојде време да се потпише и професионален договор, двете страни беа многу далеку од договор. Клубот му понудил 95.000 евра годишно, додека Болт побарал да има годишна плата од 1,8 милиони евра. По оваа огромна разлика во финансискиот дел, дојде до прекин на соработката. Австралискиот клуб се надеваше дека ќе добие спонзорство од локалните фирми, но тоа не се случи и затоа не можеше да му понуди на Болт подобра понуда.

„И покрај фактот дека не најдовме сериозен спонзор, воодушени сме што олимписки првак и светски рекорер беше дел од нашиот тим во изминативе два месеци“, стои во соопштението на клубот. И Болт на пријателски начин се раздели од клубот, посакувајќи му успех во иднина.

Еден од најдобрите атлетичари на сите времиња, откако реши да стави крај на таа кариера, се фокусираше на фудбалот. Во изминатава една година активно тренираше со Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед и уште неколку клубови, но не успеа да потпише професионален договор.

Пасторе се врати на тренинг пред дуелот со Фиорентина

Рома добива значително засилување во пресрет на саботниот меч против Фиорентина. Вчера на тренинг се врати Хавиер Пасторе, кој поради повреда на тетивата од десната нога не играше за „волчицата“ цели два месеци.

Со тренинг започна и младиот Џастин Клајверт, па и тој би можело да биде во конкуренција за настап против „виолетовите“. Де Роси, Карсдорп, Манолас и Пероти тренираа посебно со цел да бидат кондициски подготвени за утрешната пресметка.

Рома по овој дуел патува за Москва, каде што во среда ќе го одигра мечот од четвртото коло во ЛШ против тимот на ЦСКА Москва.

Сестрата на Солари е позната по една од најнеобичните трагедии во светот

Новиот привремен тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, со победа стартуваше на клупата на европскиот првак. Аргентинскиот стратег многу брзо падна во втор план, а овојпат поради неговата сестра. Лиз Солари е помала сестра на Сантијаго.

Лиз е глумица и голема ѕвезда во Аргентина, а посебно во центарот на вниманието беше во 2010 година, кога ѝ се случи една голема трагедија. Таа и нејзиното момче Леонардо Верхаген воделе љубов, а веднаш потоа на Леонардо му се слошило и починал во нејзините раце.

„Отворивме шише вино, слушавме музика, а потоа водевме љубов. Откако завршивме, Леонардо се пожали дека се чувствува лошо и наеднаш падна на подот. Ужасно беше да се гледа како ми умира на рацете“, се присетува Лиз.

Убавата Лиз сега има 35 години, а од неодамна се омажи.

 

Брахим може да биде идната ѕвезда на шпанскиот фудбал (Видео)

Брахим Абделкадер Дијас може да биде новата ѕвезда на шпанската репрезентација, смета неговиот сонародник и клупски колега, Давид Силва. Брахим го привлече вниманието на светската јавност со синоќешните два гола за Манчестер сити во дуелот со Фулам од ФА купот. Тоа негови први голови на официјален меч како сениор.

„Секогаш сум си замислувал како би било да се скандира моето име од трибините после постигнат гол. Сега успеав и тоа двапати. Како да не е реално ова што се случува. Ви благодарам за честитките, одиме во следната рунда“ – напиша 19-годишниот Шпанец на Твитер.

„Тој е иднината на црвената фурија. Ти честитам момче“ – порача Силва.

Брахим е роден во Малага пред 19 години, а веќе три години е во Сити, откако мина три години во кадетските категории на Малага. Беше репрезентативец на Шпанија за играчи до 17, 19, сега и до 21 година.

Надал предложи ново тениско правило кое може сѐ да смени

Рафаел Надал поради повреда на мускулот, го предаде мечот против Фернандо Вердаско и на тој начин го загуби првото место на АТП-листата. Откако стана јасно дека повредата нема да му дозволи да го доигра дуелот, Надал се откажа, а Новак Ѓоковиќ го презема приматот на број 1 во светскиот тенис.

По губењето на првата позиција, Шпанецот потенцираше дека тенисот оди во погрешна насока. Според него, премногу се игра на сила и на напад директно од сервис. Според Надал, потребно е да се направат промени, а тој даде еден оригинален предлог.

„Тенисот се движи во погрешна насока. Играчите сè повеќе играат на сила, па ако во следните неколку години не најдеме вистинско решение, се плашам дека овој спорт ќе се базира само на силата и на сервисот. Тоа може да биде опасно. Засега немам конкретна идеја за тоа што треба да смениме, но можеби ќе биде добро да се укине вториот сервис“, рече Надал.

Светската тениска асоцијација АТП веќе подолго време добива најразлични предлози за нови правила, но досега во направените експерименти ниту едно ново правило не се покажало како успешно.

Рекорд во НХЛ, два гола за две секунди (видео)

Хокеарите на Монтреал канадиенс поставија нов рекорд во НХЛ-лигата, со победата од 6-4 против актуелниот првак – тимот на Вашингтон капитолс. Откако по две третини резултатот беше 4-3 во корист на гостите, Доми и Армија приредија вистински спектакл, по кој Монтреал направи и пресврт, а потоа ја запечати победата.

На 19,38 минути до крајот, Доми погоди за 5-4 во корист на својот тим, а две секунди подоцна Армија го искористи празниот гол за конечните 6-4, па двата гола за две секунди се новиот рекорд за најбрзо постигнати погодоци во НХЛ-лигата.

Де Бројне пак се повреди

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бројне, повторно се здоби со повреда на коленото во вчерашниот триумф на „граѓаните“ против Фулам од 2-0. Белгиецот во 86-тата минута мораше да го напушти теренот, по еден незгоден пад на противничкиот играч врз неговата нога, по што де Бројне направи гримаса.

Поради повреда на коленото, од која се врати пред скоро време, ѕвездата на Сити беше надвор од редовите цели два месеци и пропушти 10 натпревари, а потребни се дополнителни прегледи за да се утврди дали се работи за сериозна повреда и колку време ќе го тргне од терените.

Шампионот на Англија викендов игра против тимот на Саутхемптон во рамките од 11-тото коло во Премиер лигата, додека во среда на свој терен го пречекува Шахтар Доњецк, во четвртиот меч од групната фаза во ЛШ.

 

Бразилец се почеша додека свиреше химната на Кина и доби казна (Видео)

Фудбалерот на кинескиот Шандонг Луненг, Диего Тардели, заработи необична суспензија и парична казна од тамошната фудбалска федерација. Бразилецот е казнет поради непочитување на кинеската химна.

Единствената причина поради која Тардели е казнет е тоа што додека свиреше химната, тој со раката се почеша за лицето. За Кинезите тоа е големо непочитување, па затоа решија да го казнат Бразилецот со еден меч суспензија и парична казна од 5.000 евра.

„Однесувањето на Тардели е непримерно. Додека свиреше националната химна, тој не се однесуваше како што треба“, стои во објаснувањето од кинеската федерација.

Нареден пат кога ќе биде пуштена химната, Тардели сигурно ќе стои мирно.

 

Неверојатен пресврт на Калгари, 40 одбрани на Коскинен за триумф на Едмонтон

Калгари флејмс успеа да се врати од заостанувањето со 4-1 и да направи комплетен пресврт во победата од 6-5 над Колорадо аваланш. Иако домаќините поведоа во вториот период со голот на Беклунд, Колорадо во четири наврати ја тресеше мрежата на Калгари. Во одлучувачките 20 минути, хокеарите на Калгари направија серија 5-0 и за 15 минути го остварија пресвртот и големата победа.

„Маслинарите“ од Едмонтон со 4-0 го совладаа тимот на Чикаго блекхокс, а ноќ за паметење имаше голманот на домаќините, Мико Коскинен. Финецот имаше неверојатни 40 одбрани, поточно ги спречи сите удари на гостите кон неговиот гол и придонесе за седмиот овосезонски триумф на Едмонтон.

Резултати НХЛ:

Њујорк ајлендерс – Питсбург пингвинс 3-2 (по пенали)

Торонто мејплс лифс – Далас старс 1-2

Детроит ред вингс – Њу Џерси девилс 4-3

Монтреал канадијанс – Вашингтон капитолс 6-4

Отава сенаторс – Бафало сејберс 4-2

Тампа беј лајтнинг – Нешвил предаторс 1-4

Сент Луис блуз – Вегас голден најтс 5-3

Калгари флејмс – Колорадо авеланш 6-5

Едмонтон ојлерс – Чикаго блекхокс 4-0

Анахејм дакс – Њујорк ренџерс 2-3 (по пенали)

ЛА кингс – Филаделфија флаерс 2-5

Сан Хозе шаркс – Колумбус блу џекетс 1-4

Четврток, 1-ви ноември:

Флорида пантерс – Винипег џетс 2-4

 

Невидена пенал-серија го исфрли Динамо од романскиот куп (Видео)

Некогаш големиот Динамо Букурешт е елиминиран од романскиот Kуп, и тоа во осминафиналето од третолигашот Мјеркуреја Чук со 9-8 на пенали, откако по продолженијата средбата заврши 3-3, а во регуларните 90 минути беше 2-2.

Пенал-серијата беше посебна приказна. Во петтата серија, Динамо имаше шут за победа, но Грозав сакаше да испадне мангуп и со „паненка“ да го матира противничкиот голман, но испадна смешен бидејќи топката заврши половина метар преку голот.

Последниот шут за Динамо беше непрецизен и домашните почнаа да се радуваат. Но, по 3-4 минути, судијата го врати пеналот бидејќи голманот Бордаш (Унгарец, а и не е чудно, бидејќи клубот Чук го спонзорира унгарската влада) излетал предвреме. Но, и повторениот пенал не беше реализиран. Голманот Бордаш гледаше во судијата и чекаше да види дали повторно ќе му ја поништи одбраната. Овојпат славјето можеше да почне.

Динамо од сезоната 1972/73 наваму не испаднал во осминафиналето и сега тренерот најави дека ќе игра со младинци бидејќи нема полза од искусните.

Погледнете ги сите голови и пенал-серијата:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=259&v=nqOhC1swMIU