Според Викиликс – Големата единаесетка се договори за Супер Лига, има и петорка што ќе се менува

Гигантите на европскиот фудбал предводени од актуелниот шампион Реал Мадрид веќе договориле Суперлига во која постојани членки и основачи ќе бидат 11 клубови, објави Викиликс.

Според документот од Мадрид на состанокот вчера било договорено постојани учесници и основачи на Лигата да бидат Реал, Барселона, Јувентус, Баерн, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ и Милан, а останатите пет клубови до шеснаесетка се Интер, Рома, Олимпик Марсеј, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Петорката е со посебна покана и би учествувале сигурно во првото издание, а како што објави Викиликс тие пет позиции ќе бидат променливи.

Не е прецизирано кога точно ќе почне лигата, но по ноемврискиот состанок во Мадрид јасно е дека Суперлигата ќе постои со меѓусебен договор на европските фудбалски великани.

- Оглас -

Најнови вести