24.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025
Дома Blog Страница 9575

Фени убедлив против Шкупи

Фени индустри беше подобар од Шкупи со 95:68, во меч од првата кошаркарска лига на Македонија, кој првично требаше да се игра вчера, но се одложи поради лоши услови во соблекувалните во салата „Шабан Трстена“. Гостите беа убедливи во првите 30 минути игра, а младиот тим на Шкупи во финишот се избори за избегнување на уште поголем дебакл.
Коцев со 20 поени беше прв стрелец во победничкиот тим, Фандербург даде 19. Од Шкупи објавија соопштение во кое велат дека на наредните гостувања ќе бараат да бидат исполнети сите услови, како што тоа се бараше вчера од нив (клубот ги санираше проблемите, иако не е сопственик на салата), во спротивно, нема да играат.

Колтоо завршува вечерва со дуелот на АВ Охрид и Куманово.

Нема ВАР систем, Шкендија поведе со сомнителен погодок

Шкендија води со 1:0 против Вардар во големото дерби на македонското првенство, но се чини дека голот на Изаир Емини не е регуларен, бидејќи топката по неговиот удар со глава не ја мина гол-линијата со целиот обем.

Вардарци се уште протестираат, но главниот судија Марјан Маркоски нема да ја промени одлуката, па гостите ќе заминат на одмор со предност.

Бесарт Ибраими центрираше во последните моменти од првиот дел, а Емини упати удар со глава. Топката ја фати Гачевски негде на гол-линијата, но во нашето првенство нема ВАР систем, ниту можност да се прегледуваат спорните моменти, па домаќините мораа да тргнат од центар.

 

Вардар има мака во дефанзива, нема проблем тука е Гачевски

Филип Гачевски брани извонредно на дербито против Шкендија и веќе одбрани два чисти зицери на Имери и на Ибраими и не дозволи предност на шампионот.

Најпрво како мачка реагираше на почетокот на мечот и на извонреден начин му го одбрани ударот на Имери, а потоа беше подобар и во дуелот со најдобриот стрелец кај нас Бесарт Ибраими.

Голманот на Вардар брани во животна форма, па и денеска потврдува дека не се случајни само 4 примени голови на 9 натпревари, убедливо најмалку во домашното првенство.

 

Фрозиноне за 90 минути постигна голови како за 8 кола

Во меч со пресврти Фрозиноне и Емполи одиграа нерешено, 3:3 и си поделија по еден бод во дербито на дното во Серија А.

Домаќините се разиграа и постигнаа еднаков број на голови, колку во сите 8 кола претходно, а интересно од вкупно 6 погодоци пет ги постигнаа во поседните две рунди. На Торино му дадоа два во претходното 8. коло,а денеска беа уште поефикасни.

И двапати водеа, со 1:0 и 3:2, но на крајот стасаа само до вториот бод во првата сезона во Серија А.

Јаховиќ се врати со гол по суспензијата

Адис Јаховиќ ја одработи казната од два меча по исклучувањето во меч од купот на Турција и со гол од пенал му обезбеди еден бод на Коњаспор на гостувањето кај Ризе.

Македонскиот интернационалец влезе во игра од клупата на почетокот на второто полувреме, а погоди од белата точка во 81. минута. Доволно за израмнување на 1:1 и еден бод за гостите.

Лани, Јаховиќ беше еден од најдобрите стрелци во турското првенство и тоа со настапи за два клуба, Гезтепе и Коњаспор.

Волците се последна шанса за опстанок на Функел

Фридхелм Функел е блиску до отказ во Фортуна Диселдорф, а веројатно кобен за него ќе биде дебаклот од Ајнтрахт Франкфурт. Тимот што од клупата го предводеше во првата деценија од овој век го декласира неговиуот сегашен клуб со 7:1, што е најава за разделба со тренерот.

Функел има само една победа со Фортуна во Бундеслигата и е на дното, па раководството најави дека се ближи разделбата. Единствена шанса е триумф против Волфсбург во следното коло, но ниту три бода против популарните „Волци“ не е сигурна добитна комбинација за тренерот на Фортуна.

Функел му беше тренер на Александар Васоски во Ајнтрахт и е познат како добар стратег за дефанзива, но во 8 кола во Бундеслигата, Фортуна има примено најмногу голови од сите екипи, вкупно 18.

Франка и Морено останаа заедно – Дербито „Дела Мадонина“ е повеќе од фудбалска страст

Приказните за големото италијанско дерби меѓу Интер и Милан се многубројни, а фудбалската страст кога играат градските ривали на истиот стадион со две различни имиња е неверојатна.

Имаше и предвоени дербија и неверојатни пресврти од 4:1 до 5:6, а во различни периоди двете екипи имаа свои моменти на доминација.

Една од многубројните приказни која ја отсликува страста на дербито на Милано, или популарната „Дела Мадонина“ е за Франка и Морено.

Љубовта на младиот пар од Милано беше сериозно загрозен во 1977 година. Договорот е ќе има брак ако победи Интер. Франка е голем навивач на „нераѕурите“ и има право на избор. Триумф на нејзиниот тим значи брак со љубовта на својот живот, Морено. Момчето е страстен симпатизер на Милан и триумф на неговиот миленик значи дека ќе треба да си ја побара среќата со друга девојка.

Мечот заврши без голови, а Франка и Морено останаа заедно, како што Интер и Милан и нивните навивачи имаат многу заеднички работи. Страста кон фудбалот, огромната љубов кон своите клубови, заеднички стадион, богата историја и колекции од трофеи.

Вечер од 20,30 часот се почнува одново, на ред е 299. дерби „Дела Мадонина“, а победниците долго ќе слават успех над вечниот ривал. За поразените останува некоја нова шанса да се биде главен во градот Милано.

Ракитиќ: Не е сеедно, без Меси Барса е поинаков тим

Лионел Меси ќе го пропушти „Ел Класико“ по лошиот пад и повредата на рамото, што е голем хендикеп за Барселона. Има скршеница на коска на рамото и нема да игра против Реал Мадрид идниот викенд.

„Не е сеедно. Без Меси и со него Барселона е сосема поинаков тим. Мораме некако да го надоместиме неговото отсуство и да најдеме начин да го победим е Реал. Нема да не залаже лошата форма на ривалот“, вели Иван Ракитиќ.

Меси веројатно ќе отсуствува еден месец, ако рехабилитацијата оди според планот.

Падна „кралот“ со кралски дочек за Барди и Леванте (Видео)

Енис Барди и соиграчите од Леванте беа пречекани на кралски начин, откако го урнаа „кралот“ во Мадрид. Реал беше поразен со 2:1 на Сантијаго Бернабеу“, што е вистинска сензација на играчите од Валенсија.

По цели 11 години Леванте беше подобар од Реал Мадрид, а интересно е што Барди во две сезони колку што игра во Ла Лига има победи и против Реал Мадрид и против Барселона. „Скалпот“ на двата гиганти на шпснакиот и на светскиот фудбал вредат многу, па спектакуларниот дочек е сосема заслужен.

https://twitter.com/LevanteUD/status/1053716625009065984

 

Дава по пет гола на меч, вреди само 6 милиони евра

Раководството на Ајнтрахт Франкфурт имаше извонреден сенс за добар бизнис и ќе го откупи договорот на Лука Јовиќ за само 6 милиони евра.

Младиот српски напаѓач блеска во Бундеслигата, а во петокот сам и даде пет гола на Фортуна од Диселдорф, со што стана најмладиот играч во германско првенство со петка на еден меч.

Вистински губитници во целата ситуација се популарните „орли“ од Лисабон. Бенфика го купи Јовиќ за 6,5 милиони евра од Црвена Звезда, но во клубот немаа трпение да му дадат вистинска шанса на Јовиќ.

Како 17-годишник го позајмија на Ајнтрахт со договор меѓу двата клуба, Германците да можат да го откупат комплетно играчот за 6 милиони евра. Така тврди „А Бола“, иако се шпекулираше дека цената ќе биде 12 милиони евра.

Ајнтрахт воопшто не размислува и ќе го откупи договорот за играчот што белска во Бундеслигата. Јовиќ веќе постигна 9 голови на 10 меча во новата сезона, а беше стрелец и во финалето на купот против Баерн во Берлин, во сензационалниот триумф на „орлите“ од Франкфурт.