18.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9871

Србин даде гол за паметење во втората шпанска лига (Видео)

Српскиот фудбалер Урош Ѓурѓевиќ, синоќа постигна прекрасен гол за водство на Спортинг Хихон од 2-0 против Тенерифе во шпанската Сегунда дивизија, и се кандидираше за признанието „Пушкаш“ за најубав гол. Србинот му помогна на Хихон да победи со 2:1.

Ѓурѓевиќ има 24 години, кариерата ја почна во белградски Рад, потоа беше член на Витесе, Палермо, Партизан и Олимпијакос, пред летоска да замине во Спортинг Хихон. Ова му е прв гол во дресот на клубот од областа Астурија, и ќе го памети цел живот.

Погледнете ја мајсторијата на Урош:

 

Македонија ги чека ривалите за ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација како никогаш досега има шанса да се избори за пласман на едно големо натпреварување. Македонија е дел од плеј-офот за пласман на завршницата на Европското првенство 2020 и тоа благодарение на добрите игри во Лигата на нации. Доколку „црвено-жолтите“ го победат Косово, а потоа слават и во финалето од Д сегментот, тоа ќе биде историски подвиг за Македонија.

Но, додека се чека дуелот со Косово, закажан за во март 2020 година, Македонија ќе игра и во редовните квалификации за ЕП 2020. Денеска на пладне, во Даблин, ќе биде ждрепката за групите во квалификациите. Македонија е во петиот барабан, што значи дека ќе добие четири подобро рангирани селекции.

Низ историјата, Македонија досега никогаш преку квалификациите не била на завршница на големо натпреварување, бидејќи најголем успех ни е четврто место во групата, а на ЕП или СП може да се оди само со првите две места во групата.

Според распоредот на репрезентациите, Македонија може да се најде во една балканска група во која би биле: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Како една од најатрактивните групи кои може да се погоди е да бидеме ривали со Франција, Германија, Турција и Грција.

За тоа која селекција во кој барабан се наоѓа можете да проверите ТУКА и да го очекуваме стартот на ждрепката во Даблин.

Драмонд и Грифин го урнаа шампионот, Кингс со забивање до победа (Видео)

Блејк Грифин со 26 поени и Андре Драмонд со 16 поени и 19 скока (осум офанзивни), беа творци на победата на Детрпит пистонс над Голден стејт вориорс. „Клиповите“ играат како да се добро подмачкани, и имаат серија од пет победи по ред.

Во победничкот тим, шестмина беа со двоцифрен број на поени, и придонесоа во нивната сала да падне актуелниот првак. На Голден стејт не му помогна ниту враќањето на Стеф Кари, кој поради повреда ги пропушти претходните 11 натпревари. Бекот даде 27 поени, од кои 20 во второто полувреме, Кевин Дурант заврши со 28, а Клеј Томпсон со 21 поен, но Вориорс немаше одговор за високите играчи на Детроит. Изненадувачки е што Детроит даде и 12 тројки, двојно повеќе од шутерска екипа како Голден стејт.

Во одлична форма е и Торонто, кој има осум победи по ред, три помалку од клупскиот рекорд. И без Кајл Лаури, го совладаа Кливленд. Вашингтон почна да се стабилиизра, после стартните 1-7, сега на последните 15 меча им а 8-7, па добро им дојде што им гостуваше Бруклин, тим со пет порази едноподруго, сега и шест. Лошо игра и Чикаго, кој доби само еден од последните 11 меча, а синоќа немаше шанса против Хјустон.

Сакраменто минимално ја победи Индијана, со забивање на Вили Каули Стајн на 16 секунди до крајот:

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Голден стејт 111:102, Вашингтон – Бруклин 102:88, Кливленд – Торонто 95:106, Хјустон – Чикаго 121:105, Минесота – Бостон 109:118, Сакраменто – Индијана 111:110, Њујорк – Милвоки 136:134 (по продолжение).

Вајлдер: Два пати го пратив на подот, јас сум победник

Донте Вајлдер го задржа шампионскиот боксерски појас во ВБЦ верзијата, иако не го победи Тајсон Фјури. Иако во боксот на вакви мечеви е многу ретко да се случи дуелот да заврши нерешено, овојпат токму таа е одлуката на судиите. По бодувањето на тројцата арбитри, двајцата боксери добија по еден поен, а еден судија смета дека е нерешено.

„Со двата нокдауна мислам дека дефинитивно сум победник во борбата. Двајцата покажавме дека сме големи борци, но со два нокдауна верувам дека сум победник. Ова беше одлична борба. Форсирав борба и повеќе удари. Навистина сакав да го нокаутирам и да им приредам шоу на навивачите. Покажавме дека сме најдобрите боксери во светот“, рече Вајлдер по мечот.

Британецот Тајсон Фјури како ретко кој боксер покажа сила, посебно откако во 12 рунда се најде на подот, да успее да стане и да издржи до крајот. Фјури прими тешки удари, но брзо се врати во последната рунда и со тој негов потег покажа зошто уште нема ниту еден пораз во кариерата.

„Бев на гостински терен и иако бев два пати на подот, верувам дека јас сум победникот. Покажав дека сум голем професионалец. Отидов во Германија да боксувам против Кличко, а сега дојдов во Америка да се борам со Вајлдер. Господ да ја благослови Америка, Џипси кинг се врати. Не знам дали има човек на планетата да го направи тоа што успеав јас. Ја издржав борбата и цел свет знае дека јас сум победник. Се вратив на боксот по три години и покажав дека јас, но и Вајлдер сме двајцата најдобри тешкаши во светот“, рече Фјури по мечот.

 

Спектакуларен меч: Вајлдер и Фјури го продолжија митот за непобедливост (Видео)

Донте Вајлдер и Тајсон Фјури приредија одличен меч во 12 рунди, а на крајот судиите решија дека двајцата треба да го продолжат митот на непобедливост. Двајцата боксери добија по еден поен, а третиот судија реши дека дуелот треба да заврши нерешено. Со овој исход Вајлдер го задржа шампионскиот појас, но во скоро време може да се очекува реванш.

Вајлдер покажа зошто 39 од 40 победи ги имаше со нокаут и успеа два пати да го прати Фјури на подот. Посебно импресивен беше вториот нокдаун во последната 12 рунда. Два силни удари во лицето на Британецот и пад на подот кој се чинеше дека ќе значи крај на борбата.

Сепак Фјури покажа зошто нема пораз во профи кариерата. Успеа брзо да стане и на неверување на многумина покажа сила дека ќе издржи до крајот на мечот.

https://twitter.com/TheMMABible/status/1069105452301074432

Вајлдер никогаш во кариерата не бил во нокдаун, но против Фјури прими голем број на чисти удари. Британецот покажа дека може да боксува против секого и да биде рамноправен.

Првиот судија одлучи дека поените се 115:111 во корист на Вајлдер, вториот предноста му ја даде на Фјури со 114:110, а бодовите кај третиот судија беа 113:113. Веднаш по мечот започнаа разговорите за реванш.

Вајлдер сега има 40 победи и едно реми без пораз, додека Фјури е со 27 победи и реми, без ниту еден пораз.

Валенсија сама се победи против Реал Мадрид

Реал Мадрид го доби дербито против Валенсија, победувајќи со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“. Кралскиот клуб може да биде презадоволен што ги освои трите бода, бидејќи гостите едноставно како сами да се победија. Уште во осмата минута гостинскиот играч Даниел Вас си постигна автогол и донесе радост на домашните навивачи.

Во продолжение на мечот, Валенсија создаде неколку одлични шанси, но едноставно „лилјаците“ не знаеја како да ја затресат мрежата на Тибо Куртоа. За тоа како се постигнува гол Реал покажа во 83 минута. Валенсија беше во напад, но гостите ја загубија топката. Реал направи контра по која Бензема асистираше до Лукас, а овој погоди за 2:0 и стави крај на сите надежи дека Валенсија може да си замине непоразена од Мадрид.

Со оваа победа Реал стигна до 23 бодови и се искачи на петото место на табелата, додека Валенсија остана со 17 бодови, што е доволно за 13 позиција во моментов.

 

Роналдо признал дека ја силувал девојката, адвокатите се борат да го спасат од одење во затвор

Германскиот „Шпигел“ објави шокантна информација во која стои дека Кристијано Роналдо потврдил дека ја силувал девојката во 2009 година, додека престојувал во Лас Вегас. Иако поминаа речиси 10 години од тој настан, девојката Кетрин Мајорга неодамна ја разбранува јавноста со изјавата дека била силувана од Роналдо, а потоа добила 375.000 долари за да молчи за целиот настан.

Адвокатите на Мајорга сакаат да докажат дека девојката била присилена да се спогоди и да ги земе понудените пари. Интересно е што на Роналдо му бил даден прашалник кој требало да го пополни и да објасни што точно се случувало таа вечер во 2009 година во Лас Вегас.

Според сознанијата до кои дошле во „Шпигел“, Роналдо во своето објаснување вели „Таа ми рече „не“. Неколку пати ми го повторуваше тоа и викаше да престанам“, е дел од изјавата напишана од Роналдо, со што јасно се потврдува дека тој признал дека ја силувал девојката.

Сега адвокатите на Роналдо се обидуваат да го „испеглаат“ тој прашалник кој го пополнил Роналдо. Португалецот и во 2005 година имаше афера дека силувал девојка во Лондон, кога една француска државјанка го пријави, но и во таа ситуација Кристијано излезе дека е невин и дека обвинувањата биле невистинити.

 

 

Талант бурно реагираше: Нека се појави пред мене тој што напиша дека сум пе*ер

Тренерот на Кјелце, легендарниот Талант Душебаев повеќе беше разочаран од постапките на навивачите на Вардар, отколку од поразот на неговиот тим, на гостувањето во „Јане Сандански“. Талант беше пречекан со транспарент на трибините на кој пишуваше „Талант пе*ер“, а неговиот син Алекс беше исвиркан од навивачите кои некогаш му аплаудираа. Свирешите за Алекс беа поради провокациите кои шпанскиот репрезентативец ги имаше на првиот меч на теренот на Кјелце.

„Алекс направи многу за Вардар. Не е убаво да исвиркуваш играч кој освоил многу трофеи и донел успеси во Македонија. Тоа е срамно. Во салата имаше и транспарент на кој пишуваше дека сум пе*ер, па јас би го повикал тој што дозволи таа парола да стои таму, да се појави пред мене и да се видиме маж со маж“, луто реагираше стратегот на Кјелце по средбата.

Вардаровиот тренер Парондо беше задоволен што е исполнет планот, а тоа е македонскиот првак да дојде до второто место во групата пред завршување на 2018 година.

„Среќни сме бидејќи победивме голем противник како што е Кјелце. Одлиравме одлични 50 минути, но потоа Кјелце покаѓа дека е опасен ривал. Го остваривме тоа што сакавме и дојдовме до двата планирани бода“, рече задоволно предводникот на Вардар по победата над Кјелце.

Металург со нов пораз се прости од Лига на шампиони

Металург го претрпе деветиот пораз во последниот 10-ти меч од Лигата на шампиони. Македонскиот вицепрвак загуби на гости кај Татран Прешов со 30:24. Со само два освоени бодови, Металург е вториот најслаб тим сезонава во ЛШ. Единствно послаб биланс имаше швајцарскиот Тун кој е единствен без победа.

Против Татран Прешов, Металург уште еднаш покажа дека не може да игра во ист ритам. Тимот од Автокоманда одлично парираше и на почетокот на второто полувреме имаше нерешено (17:17), а неизвесноста беше до резултат 23:21 за домаќините. Тогаш Металург цели седум минути не успеа да даде гол, а прими пет и разликата се зголеми на 28:21 и се беше познато.

Миха Пучнк со шест гола беше најефикасен кај Металург, Серафимов даде 4 гола, а по три погодоци постигнаа Рибеиро и Арсеновски.

Германија го нанесе првиот пораз на Норвешка по речиси четири години

Германија го направи најголемото изненадување во првото коло од Европското ракометно првенство за жени, откако со 33:32 ја победија Норвешка. За Норвежанките ова е прв пораз на ЕП по речиси четири години доминација во женскиот ракомет.

Мечот беше неизвесен од почеток до крај. Двете екипи се менуваа во водство, а Германија даде гол за 33:32, а потоа го одбрани последниот напад на европските шампионки.

Во останатите денешни дуели, Унгарија – Холандија 25:28, Романија – Чешка 31:28, Шпанија – Хрватска 25:18.