11.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9881

Челзи без Азар против ПАОК

Најдобриот играч на Челзи, Еден Азар, ќе го пропушти денешниот меч против ПАОК во групната фаза од Лигата на Европа. Англискиот првак има максимални 12 бода во досегашните четири меча и е сигурен патник во нокаут-фазата. Токму поради тоа, тренерот Маурицио Сари реши да го поштеди Азар, кој се жали на мала повреда на зглобот на ногата.

„Повредата на Азар не е сериозна, но тој нема да игра против ПАОК. Мора да го поштедиме за дуелот против Фулам во недела. Претходно Азар имаше повреда на грбот, а сега и на ногата, па нормално е да не биде во врвна форма кога не е 100 отсто подготвен“, рече стратегот на Челзи, Сари.

ПАОК има теоретски шанси да ја помине групата, но ќе мора да направи сензација на „Стемфорд бриџ“ во Лондон.

 

 

Македонија си фати позиција, останавме на 68-мото место на листата на ФИФА

Македонија остана на 68-мата позиција втор месец по ред и веројатно е дека тука и ќе ја заврши годината според рангирањето што го прави ФИФА.

Сега имаме 6 поени повеќе во однос на октомври, односно 1343, но нема ниту напредок, ниту назадување, иако игравме натпревари во Лигата на Нации.

И во топ 5 нема промени, па Белгија за еден бод е пред светскиот првак Франција како прворангирана фудбалска селекција на планетата.

Зад нив се Бразил, Хрватска и Англија, поредок на првите пет што е идентичен со октомвриската ранг-листа на ФИФА.

Португалија го замени Уругвај на шестото место, Швајцарија е осморангирана, пред Шпанија и Данска. Иако напредуваше за една позиција, Аргентина е за едно место надвор од топ 10.

Му порасна цената по одличните настапи – Адеми си оди од Динамо во зимскиот преоден рок

Динамо Загреб одби да го продаде капитенот Аријан Адеми во летниот преоден рок, за македонскиот репрезентативец беше отфрлена одличната понуда од Лил вредна 6,5 милиони евра, но според најавите, по Нова година ќе има разделба.

Адеми и соиграчите имаат одлична сезона, први се во ХНЛ, а на прагот се да го освојат и првото место во својата група во Лигата на Европа. По долг период чекање, Динамо ќе презими во Европа, но Адеми веројатно нема да биде дел од тимот во продолжението од актуелната сезона.

Популарните „модри“ велат дека постапиле исправно кога ја одбиле понудата на Лил за ангажман на Адеми. По неговите добри настапи и на неговиот тим, цената е порасната и според информациите од Хрватска, македонскиот репрезентативец е прв на листата за заминување.

Аријан има само 27 години, велат дека е на врвот на својата кариера и време е за трансфер во голем клуб.

Претходно, тој ќе ги доигра натпреварите од Лигата на Европа и во ХНЛ, а веќе денеска се очекува со капитенската лента да го предводи Динамо против Фенербахче во Истанбул. Клуб за кој во првиот состав игра Елиф Елмас.

Мечот се игра од 18.55 часот.

 

Клоп: Изгледавме како месари против ПСЖ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше многу лут по поразот на синоќешното гостување од Пари Сен Жермен во мечот од петтото коло од Лигата на шампионите. Германскиот стратег вели дека неговите играчи на теренот изгледале како да се месари.

„Ние сме еден од оние тимови во Премиер лигата што играме чист фудбал, но ако го гледаме дуелот против ПСЖ, изгледавме како да сме месари. Мечот започна како што очекувавме. Противникот веднаш нападна, ризикуваше многу и успеа да даде два гола. Кога така ќе започне еден меч, многу е тешко потоа да се вратиш во игра. Сега ни останува да се подготвиме добро за последниот дуел кој го имаме на наш терен“, рече незадоволниот Клоп.

Ливерпул по поразот од ПСЖ, падна на третото место во групата каде што лидер е Наполи, а ПСЖ е втор. Англискиот гигант е во незавидна позиција и во последното коло ќе мора да одигра перфектно за да остане во Лигата на шампионите и во пролетниот дел.

За тоа какви се калкулациите и што му е потребно на Ливерпул во последното коло на дуелот против Наполи, може да прочитате ТУКА. 

 

Османи изненаден од Академија Пандев: Не се снајдовме против борбениот гостин

Немавме решение за борбената екипа на Академија Пандев. Гостите одиграа максимално пожртвувано, а ние не се снајдовме најдобро. Имавме неколку шанси, но и погрешен пристап во одредени делови од мечот. Се обидувавме низ средината, каде што беше најгусто и не ни успеа да го избегнеме поразот, вели Ќатип Османи.

Шкендија беше изненадена во Тетово, во дербито на 17-тото коло, а струмичани со голот на Марио Крстовски освоија важни три бода и ја прекинаа серијата на домаќинот од 7 победи во серија во Првата македонска лига.

„Имаме и многу повредени играчи сезонава, но немаме многу време пред нас бидејќи ни остануваат уште два меча до паузата. Се надевам дека ќе ја победиме Ренова во првенството и Победа во купот. Се уште сме први на табелата, со три бода предност пред Вардар, и нема простор за паника“, додаде Османи за клупската интернет-страница на Шкендија.

Актуелниот првак ќе биде есенски првак без разлика на исходот од последниот меч од првата етапа против Ренова на втори декември, а три дена подоцна ќе ѝ гостува на Победа во реванш-натпреварот од четврт-финаналето од националниот куп. Првиот дуел го добија прилепчани како гости со 1-0.

Дончиќ е незадржлив: Дава тројки од центар, забива низ целата одбрана, носи победи (Видео)

Од ден на ден, Лука Дончиќ станува сè поголема ѕвезда во НБА-лигата. Тинејџерот кој ја игра дебитантската сезона во најсилната лига на светот, едноставно е незадржлив за противниците. Дончиќ одигра уште еден меч, и тоа во дербито на Тексас, за победа на Далас од 128:108 против Хјустон.

Лука со својата игра го засени дури и Џејмс Харден, кој имаше трипл-дабл со 25 поени, 17 асистенции и 11 скока, но сите зборуваат за тоа што го прави 19-годишниот играч на Далас. Дончиќ одигра само половина меч, но и тоа беше доволно да го покаже целиот свој талент.

Уште на почетокот од мечот, Словенецот „му продаде“ финта на Харден и погоди тројка, покажувајќи дека ова е негов меч.

https://twitter.com/dallasmavs/status/1067951313584046080

Потоа покажа како од кош на кош може да ја помине целата противничка одбрана и „крвнички“ да забие, а на крајот од првото полувреме изведе шоу и погоди тројка од речиси половина игралиште пред да истече времето.

 

 

Вестбрук имаше неверојатен трипл-дабл, а потоа патиките ги даде на дете од публиката (Видео)

Расел Вестбрук одигра неверојатен меч во победата на Оклахома против Кливленд од 100:83. Првата ѕвезда на Оклахома дуелот го заврши со 23 поени, 19 скока и 15 асистенции и на тој начин се израмни со Џејсон Кид на третото место на вечната листа на играчи со трипл-дабл во НБА-лигата. Двајцата имаат по 107 меча со вакво постигнување, но на Вестбрук му требаше да одигра само 760 средби, додека Кид до таа бројка стигна одигрувајќи 1.247 натпревари.

Пред Вестбрук, на вечната листа по бројот на трипл-дабл мечеви сега се само уште двајца кошаркари. Рекордер е Оскар Робертсон со 181 таков натпревар, додека Меџик Џонсон на 138 средби имат двојно постигнување во три различни категории.

Со оваа победа, Оклахома само потврдува дека е во одлична форма. Откако на стартот од сезоната започна со 0:4, сега има 13 победи на последните 16 дуели.

Покрај одличната игра, Вестбрук направи уште еден одличен потег. По завршување на средбата, тој ги соблече патиките и заминувајќи кон соблекувалната, ги подари на едно детенце кое имаше дрес со неговото име.

Резултати: Шарлот – Атланта 108:94, Филаделфија – Њујорк 117:91, Бруклин – Јута 91:101, Хјустон – Далас 108:128, Милвоки – Чикаго 116:113, Минесота – Сан Антонио 128:89, Њу Орлеанс – Вашингтон 125:104, Оклахома – Кливленд 100:83, Портланд – Орландо 115:112, ЛА клиперс – Феникс 115:99.

Меси ја има магијата со четири шестки – Најдобар стрелец во фазата по групи во историјата на ЛШ

Лионел Меси повторно ја имаше магијата и во Ајндховен, постигна гол и асистираше за вториот во победата на Барселона од 2:1 против ПСВ и има уште еден рекорд во својата колекција.

Со 66 голови на исто толку натпревари аргентинскиот ас е најдобар стрелец во натпреварите во групната фаза во историјата на Лигата на шампионите, како дополнување на многу рекорди кои ги има во својата колекција.

Меси во 61-вата минута се поигра со одбраната на ПСВ Ајндховен и на чудесен начин погоди за предност на Барселона, за задржување на импресивниот ефект од еден гол по натпревар во фазата по групи во Лигата на шампионите. Ѓаволска партија на асот на Барселона и биланс од 66 голови на 66 натпревари кои ги играл за Каталонците во фазата по групи во луксузното натпреварување.

Ливерпул – Лани финалист, сега пред испаѓање во групата од ЛШ

Англискиот гигант Ливерпул синоќа загуби на гостувањето кај Пари Сен Жермен и сега се најде во незавидна ситуација. Тимот од „Енфилд роуд“ во последното коло мора да брка победа против Наполи ако сака да стигне до едно од првите две места во групата.

Моментно Наполи е лидер со девет бода, ПСЖ има осум, а Ливерпул е трет со шест бода. Финалистот од минатата сезона за да продолжи во нокаут-фазата, во последните 90 минути ќе мора да го победи Наполи, и тоа најверојатно ќе му бидат потребни два гола.

На првиот меч на овие два тима, Наполи победи со 1-0 во Неапол. Математиката вели дека Ливерпул и со 1-0 ќе оди понатаму, бидејќи во тој случај ќе имаат еднаков број бодови (по 9), еднаков ќе им биде меѓусебниот скор (победи на свој терен од 1:0), а Ливерпул ќе има подобра вкупна гол-разлика. Англичаните би имале 9:7, наспроти 7:5 на Наполи, ако мечот на „Енфилд роуд“ заврши 1-0.

Доколку Ливерпул победи со разлика од еден гол, но и Наполи постигне погодок, тогаш италијанскиот тим е сигурен за следната фаза. Освен тоа што ќе се случува на стадионот во Ливерпул, битно ќе биде каков ќе биде и резултатот од Белград, каде што Црвена ѕвезда ќе игра против ПСЖ. На францускиот тим доволно ќе му биде да не загуби на „Рајко Митиќ“ и е сигурен во следната фаза без разлика на исходот од вториот меч.

Како и да е, Ливерпул е во најнезавидна ситуација и финалистот од лани ќе треба добро да се намачи во последното коло ако сака да остане во нокаут-фазата.

 

 

Тепањето започна уште на пресот: Хаос како најава за дуелот Фјури – Вајлдер (Видео)

Тајсон Фјури против Дионтеј Вајлдер е борбата која треба да биде како шлаг за оваа година. Боксерите вечерва се соочија на прес-конференција и како што можеше да се очекува, страстите зовреа. Масовна тепачка на двата табора се случи како најава за тоа што треба да биде во недела, во 3 часот наутро по македонско време.

Фјури, кој во 2015 година го победи Владимир Кличко, овојпат е во улога на предизвикувач за освојување на појасот на ВБЦ. Минатиот месец поради постојаните навредувања и физички контакти, пропаднаа трите прес-конференции кои требаше да бидат како најава за борбите. Ништо подобро не беше ни вечерва.