11.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9884

„Халелуја“ преработена во „Халелука“ во чест на Лука Дончиќ (Видео)

Продукциската компанија „Рингер рекордс“ објави нова песна со наслов „Халелука“, која претставува ода за словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ. Всушност, претставува своевидна пародија на славната песна „Халелуја“ од Леонард Коен. Музиката е иста, но текстот е изменет, а во насловот е вметнато името на кошаркарот на Далас маверикс.

Во песната се говори за важноста на играта на Дончиќ за неговиот тим, дека и Дирк Новицки му аплаудира, а текстописецот Џејсон Галагер се шегува со Сакраменто кингс, кој на драфтот го избра Марвин Бегли пред Дончиќ, што барем во дебитантската сезона се покажува како голема грешка.

Лука е главен кандидат за дебитант на сезоната, а слушнете ја пресната посветена на Лука:

https://twitter.com/twitter/statuses/1067418012712615936

Спортска прогноза: Предизвик е да се погоди победникот на истанбулско дерби

Кога има меч меѓу две екипи чиј ривалитет е речиси еден век, тогаш повеќе од јасно е дека сите три знаци за конечен тип се во игра. Уште кога се работи за турско дерби, тогаш предизвикот да се погоди победникот е уште поголем. Бешикташ ќе биде домаќин на Галатасарај во 344-тиот дуел на овие ривали. Вкупниот биланс е во корист на Галатасарај (121 победи), Бешикташ се радувал на 109 меча, а 113 средби завршиле нерешено.

За тоа колку е неизвесно, покажуваат последните 10 дуели. Двата тима се радувале по четири пати, а два меча завршиле без победник. Интересно е што двата гиганти имаат пролично заостанување зад лидерот во турското првенство, Башакшехир. Галатасарај е во минус од шест бода, а Бешикташ заостанува дури девет бодови. Тоа е уште еден знак повеќе дека нема да има калкулации и дека ќе се брка освојување на трите бода.

Сѐ уште ја чекаме првата 12-ка, која носи и освојување на мобилен телефон „самсунг А6“. Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

Со 100 денари „улови“ речиси 14.000 евра

Две уплати во главниот град Скопје синоќа донесоа неверојатни добивки. Играч кој уплатил во Чаир, 100 вложени денари, успеал да добие дури 850.000 денари. Само четири натпревари му биле доволни за ваква неверојатна добивка. Се работи за мечеви од англиските пониски лиги, а играта е дека на сите четири до полувреме ќе има три погодоци, а до крајот на мечот, односно во текот на 90 минути двете екипи да дадат барем по еден гол. Ливчето е добитно уште по завршување на првите 45 минути.

Првиот меч меѓу Оксфорд и Рочдејл бил погоден уште по првите 30 минути, кога домаќините водеа со 2-1. Интересно е што и на останатите три погодени дуели домаќините на полувреме имале предност од 2-1. Тоа е и еден од посакуваните резултати за ливчето да биде добитно.

НЕВЕРОЈАТНАТА УТКА НА РОМА И ПОГОДОКОТ НА ФЕЛАИНИ ДОНЕСОА НАД 90.000 ДЕНАРИ

Второто одлично прогнозирано ливче е на уплатното место во Сити Мол на Sport Life. Се работи за пет меча од Лигата на шампионите погодени со фиксовите на полувреме и на крај. Играчот имал многу среќа, посебно на средбите Рома – Реал Мадрид и Манчестер јунајтед – Јанг бојс.

Типот е дека на „Олимпико“ ќе биде нерешено на полувреме, а Рома во 45-тата минута испушти неверојатна шанса кога Ундер Џенгиз не погоди празен гол од 5 метри. Во вториот дел Реал успеа да постигне два гола и да победи.

Манчестер мораше да победи за да биде сигурен во нокаут-фазата, а „црвените ѓаволи“ дадоа гол во 91-вата минута, кога Фелаини со помош на раката си намести ситуација во која го матираше противничкиот голман.

 

Ел Тигре пристигна дома, ќе грми од емоции на „Ванда Метрополитано“

Ел Тигре пристигна во Мадрид, а вечерва сигурно ќе биде поздравен со громогласни аплаузи од навивачите на Атлетико, иако ќе им биде противник со Монако во меч од Лигата на шампионите.

Радамел Фалкао ќе биде главна закана за голот на домаќините, а и да ја затресе мрежата на Јан Облак, домашните симпатизери нема да се лутат.

„Пристигна Ел Тигре. Тој е вечно во нашите срца и ќе биде поздравен како еден од хероите на Атлетико Мадрид“, велат симпатизерите на популарните „јорганџии“.

Фалкао играше две сезони во Атлетико Мадрид и остави траен печат во клубот. На 68 меча постигна неверојатни 52 гола, а имаше неколку импресивни фудбалски достигнувања.

Веднаш во првата сезона, 2011/12, Колумбиецот со прекрасни игри и голови ги освои срцата на симпатизерите на Атлетико. Беше прв стрелец на тимот во Лигата на Европа и имаше огромен придонес во освојувањето на трофејот во финалето во Букурешт против Атлетик Билбао.

Речиси на секој меч во европското натпреварување постигнуваше најмалку по еден гол, а во финалето двапати беше стрелец за победа од 3-0 и помогна да се освои пехарот на УЕФА. Стана првиот фудбалер во историјата што успеал во две сезони по ред да биде победник со два различни клуба во Лигата на Европа (Порто и Атлетико Мадрид).

Пристигна како најскап играч во историјата на Атлетико Мадрид од Порто за сума од околу 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите и како што велат во клубот, вредеше за сите пари.

Во август 2012 година постигна хет-трик против Челзи во Суперкупот на УЕФА за триумф на Атлетико од 4-1 и стана првиот играч со три гола во дуелите на европскиот првак против освојувачот на Лигата на Европа во новиот формат што се игра и сега.

„Ќе има многу емоции вечерва. По долго време се враќам во Мадрид и се радувам на средбата со сите пријатели што ги имам во Атлетико. Верувам дека на терен ќе бидеме поуспешни и дека Монако ќе победи“, изјави Фалкао.

Играч што ќе биде во фокусот на вниманието вечерва на „Ванда Метрополитано“ од 18.55 часот.

 

Роналдо сруши нов рекорд во Лигата на шампиони

Кристијано Роналдо летоска го смени тимот, но ги задржа старите навики да победува. И како играч на Јувентус, на Роналдо му оди одлично во Лигата на шампиони. Италијанскиот првак синоќа минимално, со 1-0 ја победи Валенсија и на тој начин си обезбеди место во нокаут-фазата.

Марио Манџукиќ го даде единствениот погодок на асистенција на Роналдо. Иако Португалецот не се запиша во листата на стрелците, тој се запиша со уште еден нов рекорд во Лигата на шампиони. Роналдо стана првиот фудбалер кој успеал да стигне до 100 победи во елитното натпреварување на УЕФА.

Роналдо може да се пофали дека сам има повеќе победи од дури 136 клубови кои биле дел од групната фаза во ЛШ. Освен што е рекордер по бројот на победи, тој има и најмногу голови постигнато досега, вкупно 121 погодок. Зад него е Лионел Меси со 105 голови, а сите останати се далеку зад нив.

 

Се дозна кој е освојувач на Златната топка за 2018 година

Лука Модриќ ќе ја освои и Златната топка, која традиционално секоја година ја доделува „Франс Фудбал“ на најдобриот фудбалер во светот. Иако официјалниот избор ќе биде на трети декември во Париз, протече информација дека победникот веќе е познат.

Хрватот во дресот на Реал Мадрид освоил најмногу поени, пред Кристијано Роналдо и Антоан Гриезман. Модриќ имаше одлична година како на клупско така и на репрезентативно ниво. Со Реал Мадрид ја одбрани титулата во Лигата на шампиони, а со Хрватска стигна до сребрениот медал на Светското првенство во Русија. Модриќ оваа година досега ги собра сите најважни индивидуални награди. Беше прогласен за најдобар играч во изборот на УЕФА, а потоа го доби истото признание и во изборот на ФИФА.

Роналдо, кој ќе заврши како втор во изборот на „Франс Фудбал“, најавил дека нема да присуствува на церемонијата.

 

Шкендија полага за осумка, тестот е против Академците на Пандев

Шкендија игра одлично и без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими и денеска, од 13 часот, ќе игра дома против Академија Пандев за осма победа во низа.

Тетовци од почетокот на октомври имаат само еден пораз, но и тој не е во првенствен меч од нашата најсилна лига, туку во првиот полуфинален меч во националниот куп од Победа.

Импресивната серија од 7 победи, актуелниот шампион ја почна против Вардар на 21-ви октомври и оттогаш ги надигра и останатите 6 ривали против кои играше. И денеска се фаворити против Академците на Пандев, екипа која им задава маки во меѓусебните дуели. Последните два завршија нерешено, а Шкендија има една победа повеќе.

Второто дерби од 17-тото коло е меѓу Вардар и Победа во Скопје, а играат старите ривали со многу меѓусебни дуели, и тоа интересни.

Најтрофејниот македонски клуб е фаворит, во минатото коло ја прекина серијата од 3 меча без победа, а има одличен скор против Победа, кога прилепчани гостуваат во Скопје. Последните 3 меча ги доби Вардар, и тоа со одлична гол-разлика од 11:0.

Двојки, 17-то коло, денеска од 13 часот: 

Шкендија – Академија Пандев

Вардар – Победа

Шкупи – Ренова

Македонија Ѓ.П. – Силекс

Беласица – Работнички

Табела: Шкендија 37, Вардар 31, Академија Пандев 26, Работнички 23, Ренова 20, Шкупи 19, Победа, Македонија Ѓ.П и Беласица по 17, Силекс 14.

 

На кого што му треба за вечерва да се радува на осминафинале во ЛШ

Барселона беше единствената екипа која по четири кола обезбеди место во осминафналето. Од синоќа, со сигурно место во нокаут-фазата се уште седум клубови. Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Рома, Јувентус, Баерн Минхен, Ајакс и Реал Мадрид се радуваа на место меѓу најдобрите 16. Вечерва уште седум места може да бидат пополнети, доколку се поклопат резултатите.

Во групата А, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид имаат „меч топки“ пред своите навивачи. „Милионерите“ не смее да си дозволат кикс против Бриж, додека Атлетико во Мадрид треба рутински да го победи Монако, кој нема никакви шанси. Единствено може да не се знае кој тим ќе биде прв, а кој втор на крајот. Моментно на табелата Борусија и Атлетико се со 9 бода, Бриж има 4, а Монако само еден бод.

Барселона ја реши едната загатка во групата Б, а за второто место може да се води битка до последната секунда. Интер има седум бода, но гостува во Лондон кај Тотенхем, кој е трет со четири бода. Доколку Тотенхем победи, ситуацијата ќе биде многу неизвесна до самиот крај. Но, ако Интер издржи да не загуби, англискиот тим ги губи сите надежи за второто место.

Најнеизвесна е групата Ц. Ливерпул и Наполи се со по 6 бода, ПСЖ има 5, а аутсајдерот Црвена ѕвезда се држи на 4 бода. Тука математиката е Наполи и Ливерпул да победат за да има две сигурни екипи. Сепак, тоа е тешко остварливо, ако се знае дека Ливерпул во дербито на колото гостува кај ПСЖ во Париз. Наполи ќе има полесна задача бидејќи во Неапол го пречекува српскиот шампион.

Порто и Шалке вечерва, по меѓусебниот дуел може двете екипи да се радуваат. Порто е домаќин, но и многу посигурен на табелата. Португалскиот гигант има 10 бода, Шалке е со осум, а Галатасарај чека од „сенка“ со четири бода. Доколку Галатасарај загуби на гости кај Локомотив Москва, тогаш не е важно како ќе заврши мечот на „Драгао“ во Порто. Турскиот тим и со реми нема многу да направи, бидејќи и така ќе биде елиминиран, што значи дека Галатасарај мора да победи на гости, ако сака да им ги замрси работите на првите две на табелата.

По синоќешните дуели во Сегментот од Е до Х групите, јасно е дека Шахтер и Олимпик Лион во меѓусебна пресметка ќе решат кој оди понатаму.

 

 

Црвена ѕвезда не се плаши од Наполи: На 260 километри оттука, станавме европски прваци

Црвена ѕвезда верува дека може да направи уште едно големо изненадување на вечерашниот дуел против Наполи на гости. Српскиот првак гостува кај калчилигашот во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите. На претходните две гостувања во групната фаза, Ѕвезда не помина добро. Кај Ливерпул загуби со 4-0, а во Париз со 6-1 беше поразен од Пари Сен Жермен.

Сепак, дека може да направи подвиг, Црвена ѕвезда покажа во претходното коло, кога во Белград со 2-0 го победи Ливерпул. Претходно, на свој терен одигра и 0-0 против Наполи. Сега е ред против „наполитанците“ да одиграат и на гости.

„Против себе имаме еден фантастичен противник. Не би го гледал овој меч низ призмата дали можеме да поминеме понатаму. Играме за Ѕвезда и верувам дека можеме да бидеме редовни учесници во елитното друштво бидејќи тука и припаѓаме. Единствено што барам од сите играчи е да веруваат во себе и да уживаат во секој момент на теренот. Јас верувам во нив. Го почитуваме Наполи, но не се плашиме од никого. На некои 260 километри оттука, во Бари станавме европски прваци. Затоа нема од што да се плашиме“, рече тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ.

Засега не се знае дали во тимот на гостите ќе биде Милан Павков, кој беше стрелец на двата гола во дуелот против Ливерпул во Белград.

 

Подвиг на Левандовски – Седми играч во ЛШ со 50+ голови

Роберт Левандовски двапати ја затресе мрежата на Бенфика во победата на Баерн од 5-1 и прослави убав јубилеј. Полјакот само во 77 натпревари постигна 50 голови во Лигата на шампионите и им се приклучи на седмтемина фудбалери со таков или подобар ефект.

Сега популарниот Лева има 51 погодок, и тоа постигнати за два тима во ЛШ. Почна во Борусија Дортмунд, а продолжи да ги тресе мрежите во ЛШ за Баерн Минхен.

Пред него се легендите на светскиот фудбал, Роналдо, Меси, Раул, Бензема и Нистелрој.

 

Еве го комплетниот состав на кремот стрелци со 50 или повеќе погодоци во Лигата на шампионите:

 

Кристијано Роналдо 121 (Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус)

Лионел Меси 105 (Барселона)

Раул Гонзалес 71 (Реал Мадрид, Шалке 04)

Карим Бензема 59 (Лион, Реал Мадрид)

Руд ван Нистелрој 56 (ПСВ Ајндховен, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид)

Роберт Левандовски 51 (Борусија Дортмунд, Баерн Минхен)

Тјери Анри 50 (Монако, Арсенал, Барселона)