11.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9885

Манчестер имаше многу среќа: Голот на Фелаини е нерегуларен (Видео)

Манчестер јунајтед со гол во судиското надополнување стигна до минимална победа од 1-0 против Јанг бојс и на тој начин си обезбеди место во осминафиналето од Лигата на шампионите. Англискиот гигант во текот на сите 90 минути се мачеше да ја пробие одбраната на гостите, а на крајот тоа му успеа во 91-вата минута.

Маруан Фелаини доби топка во зоната за шут, одлично реагираше и ја затресе мрежата на гостите. Сепак, тој погодок на Фелаини лесно можеше судиите да го поништат, и тоа со право. Белгискиот репрезентативец играше со рака непосредно пред да го даде погодокот.

За негова среќа и за среќа на сите навивачи на Манчестер, судиите не го забележаа тој момент, па погодокот е признат, а Манчестер си обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

 

Денвер стигна до најубедливата победа во историјата против ЛА лејкерс (Видео)

Денвер нагетс никогаш претходно во историјата немал поубедлива победа во дуелите со Лос Анџелес лејкерс од тоа што ги победи ноќеска. Со одлична игра во второто полувреме, Денвер стигна до триумф од 117:85, во меч на којшто триото Пол Милсап, Џемал Мари и Малик Бисли дадоа по 20 поени.

Првото полувреме не покажуваше дека Лејкерс ќе доживее таков дебакл. Денвер имаше контрола на резултатот и предност, но само од осум поени по 24 минути игра (58:50). Во второто полувреме Денвер заигра уште подобро, додека најдобриот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс, имаше слаб шут. Џејмс погоди пет од 15 шута и заврши со скромни 14 поени.

Најдобриот тим во лигата, Торонто, стигна до шестата победа во низа, а вкупно 18-та во 22-риот меч, откако на гости го победи Мемфис со 122:114.

Резултати: Детроит – Њујорк 115:108, Мајами – Аталанта 113:115, Мемфис – Торонто 114:122, Денвер – ЛА лејкерс 117:85, Феникс – Индијана 104:109.

Мурињо почна да крши и фрла по голот на Фелаини (Видео)

Манчестер јунајтед се мачеше, но на крајот успеа да го скрши отпорот на Јанг бојс на „Олд Трафорд“. Белгискиот репрезентативец Фелаини погоди во судиското надополнување и донесе победа од 1-0, што значи дека англискиот гигант обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Чудна беше реакцијата на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, по постигнувањето на голот. Наместо да се радува, Специјалиот започна да фрла и крши. Настрадаа шишињата со вода кои беа покрај Мурињо.

https://youtu.be/VKSzzs2CQZ4

https://twitter.com/TheManUtdWay/status/1067537887175028741

Манчестер јунајтед победи со гол во „ферги-времето“, Јуве и Реал сигурни

Европските гиганти Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед со победи го потврдија пласманот во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. За Реал беше сигурно дека ќе презими во Европа, но со победата од 2-0 на гости кај Рома, Кралскиот клуб си го обезбеди првото место во групата, додека Рома е втора.

И во Групата Х се знаат двата патника за следната фаза. Јувентус со 1-0 ја победи Валенсија благодарение на голот на Марио Манџукиќ во 59-тата минута, додека многу понеизвесно беше на „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед во 91-вата минута, благодарение на голот на Фелаини, стигна до победа од 1-0 против Јанг бојс и на тој начин избегна во последото коло да оди во „пекол“ кај Валенсија.

Двојна радост има за градот Манчестер, бидејќи и вториот претставник, Сити, е сигурен патник понатаму. „Граѓаните“ одиграа 2-2 на гости кај Лион. Французите двапати водеа, но не ја задржаа предноста. Во последното коло Лион ќе мора да остане непоразен на гости кај Шахтер.

И германскиот првак Баерн Минхен оди понатаму, а за тоа дали ќе биде на првото место, ќе одлучи во директен дуел против Ајакс во последното коло на мечот кој треба да се одигра во Амстердам.

Резултати: АЕК – Ајакс 0-2, ЦСКА Москва – П’лзењ 1-2, Рома – Реал Мадрид 0-2, Баерн Минхен – Бенфика 5-1, Хофенхајм – Шахтер 2-3, Јувентус – Валенсија 1-0, Лион – Манчестер сити 2-2, Манчестер јунајтед – Јанг бојс 1-0.

 

На Рома – Реал има промашување за „верувале или не“ (Видео)

Турчинот Ундер Џенгиз ќе биде запамтен по едно од најневеројатните промашувања во Лигата на шампионите. На дербито на „Олимпико“, Рома и Реал играат без голови, а домаќините може да жалат што не водат.

Најголема заслуга што нема погодоци по првите 45 минути има токму играчот на Рома, Џенгиз. Се играше судиското надополнување, кога сите на стадионот очекуваа радост за домаќините, но тогаш Џенгиз направи нешто неверојатно.

https://youtu.be/CCOmefNTkmU

Играчите на Баерн решија да го спасат тренерот Ковач: Ја „мелат“ Бенфика

Баерн Минхен уште по првото полувреме речиси сигурно си обезбеди место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, откако има предност од 3-0 во дуелот против Бенфика. На германскиот првак му е потребна победа за да обезбеди место во осминафиналето од елитното европско натпреварување. Со три бода против Бенфика, Баерн ќе биде прв во својата група со 13 бода, два повеќе од Ајакс и во последното коло во Амстердам, во директен дуел ќе се решава кој ќе биде прво место.

Арјен Робен даде два гола, а еднаш прецизен беше Роберт Левандовски за радост на навивачите на „Алијанц арена“. Овој меч може да биде и спас за тренерот Нико Ковач. Стратегот на Баерн е во фокусот на вниманието откако најтрофејниот германски тим во Бундеслигата заостанува со девет бода зад лидерот Борусија Дортмунд, но во елитната лига на УЕФА игра одлично.

Тадиќ е чудо, на 24 меча за Ајакс нанижа 13 голови и 8 асистенции

Душан Тадиќ е вистински хит во Амстердам и има блескав учинок во рангот на најголемите светски фудбалски ѕвезди.

Вечерва српскиот интернационалец постигна два гола и помогна во главната ролја да се победи АЕК во Атина со 2-0 и само си го подобри неверојатниот ефект во дресот на Ајакс.

Тадиќ има блескав учинок, откако дојде во Ајакс и постигна 13 голови и има 8 асистенции на вкупно 24 меча. Или со речник на НХЛ, српскиот репрезентативец има 21 поен на 24 натпревари, што е импресивен учинок.

 

Рома и Реал уште пред да почнат на „Олимпико“, си обезбедија место во нокаут-фазата

Дербито меѓу Рома и Реал Мадрид на „Олимпико“ уште не започнало, а двата тима можат да бидат порелаксирани бидејќи сигурно ќе се пласираат во осминафиналето од Лигата на шампиони. Тоа стана јасно откако ЦСКА загуби од П’лзењ со 2-1, па рускиот тим ги загуби и теоретските шанси да се бори за едно од првите две места.

ЦСКА добро започна и на полувремето имаше предност од 1-0, но П’лзењ не само што не се предаде, туку во вторите 45 минути направи целосен пресврт.

Единствениот предизвик за Рома и Реал вечерва ќе биде борбата за првото место во групата.

Групната фаза ја помина и Ајакс. Некогашниот европски првак со 2-0 победи на гости кај АЕК во Атина и со 11 бодови сигурно ќе биде прв или втор на крајот, по завршување на шестте кола во групата.

Од претходно, сигурно место во осминафиналето имаше обезбедено само уште Барселона.

Лига на шампиони во живо: Тајсон и Фелаини го имаат последниот збор (Видео)

93-та минута – Гоооооооооолллллл Хофенхајм – Шахтар 2-3 – Тајсон им донесе радост на Украинците во последните мигови од дуелот со Хофенхајм за победа од 3-2.

91-та минута – Гоооооооооолллллл – Манчестер јунајтед – Јанг бојс 1-0 – Маруан Фелаини е таличен за Манчестер јунајтед. Со победнички гол го носи англискиот тим во осминафиналето во ЛШ.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy9j4

83-та минута – Гоооооооооолллллл Лион – Манчестер сити 2-2 – Брзо се одвиваат работите на „Стад Жерлан“. Агуеро со гол повторно израмни, сега на 2-2.

81-та минута – Гоооооооооолллллл Лион – Манчестер сити 2-1 – Максвел Корне повторно му носи предност на францускиот првак против гостите од Англија. Сега е идентично како и резултатот од првиот меч, кога Лион славеше со 2-1.

77-та минута – Гоооооооооолллллл Баерн – Бенфика 5-1 – Ветераните го спасуваат Нико Ковач. По двата гола на Робен и на Левандовски, се запиша и Франк Рибери за убедлива предност на Баварците во Минхен.

63-та минута – Гоооооооооолллллл Лион – Манчестер сити 1-1 – Лапорт погоди со глава, а англискиот првак брзо се врати во игра по негативата на „Стад Жерлан“.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy8d7

59-та минута – Гоооооооооолллллл Рома – Реал Мадрид 0-2 – Лукас Васкес рутински погоди од близина по асистенцијата на Карим Бензема.

59-та минута – Гоооооооооолллллл Јувентус – Валенсија 1-0 – Кристијано Роналдо му подготви сè на Марио Манџукиќ, а Хрватот лесно постигна гол за предност на „старата дама“.

55-та минута – Гоооооооооолллллл Лион – Манчестер сити 1-0 – Корне ја затресе мрежата на англискиот тим, а лавовите од „Жерлан“ се незгоден ривал за Манчестер сити. Ги победија во Англија и сега водат со 1-0 на домашен терен.

51-ва минута – Гоооооооооолллллл Баерн – Бенфика 4-1 – Два Левандовски, два Робен за убедлива предност на Баерн од 4-1 против Бенфика.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy7t4

47-ма минута – Гоооооооооолллллл Рома – Реал Мадрид 0-1 – Герет Бејл искористи грешка во одбраната на домаќините и казни со водечки гол за актуелниот европски првак.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy7hv

46-та минута – Гоооооооооолллллл Баерн – Бенфика 3-1 – Фернандес постигна прв гол за Бенфика во Минхен само што влезе во игра. Може ли Баерн повторно да прокоцка огромна предност?

40-та минута – Гоооооооооолллллл Хофенхајм – Шахтар 2-2 – Германците никогаш не се предаваат, а Зубер со погодок во финишот на првото полувреме ја анулира негативата од 0-2.

36-та минута – Гоооооооооолллллл Баерн – Бенфика 3-0 – Левандовски му се приклучи на Робен, а на Бенфика ѝ се заканува бродолом во Минхен.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy63x

31-ва минута – Гоооооооооолллллл Баерн – Бенфика 2-0 – Робен има шоу на „Алијанц арената“. Со легендарните удари во негов стил, веќе постигна два гола за Баерн за половина час игра во Минхен.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy5s3

17-та минута – Гоооооооооолллллл Хофенхајм – Шахтар 1-2 – Се разбудија и домаќините, а најдобриот стрелец на Хофенхајм, Андреј Крамариќ, намали на 1-2 со прекрасен удар.

15-та минута – Гоооооооооолллллл Хофенхајм – Шахтар 0-2 – Тајсон е немилосрден, а Украинците експресно поведоа со 2-0 во Германија.

14-та минута – Гоооооооооолллллл Хофенхајм – Шахтар 0-1 – Исмаили е еден од најдобрите бекови во ова издание на Лигата на шампионите, а повторно погоди за предност на гостите.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy4x0

13-та минута – Гоооооооооолллллл Баерн – Бенфика 1-0 – Во свој стил со „фелш“ од страна Робен му носи предност на германскиот шампион против Португалците.

https://youtu.be/b27m3r5luLE

81-ва минута – Гоооооооооолллллл ЦСКА – П’лзењ 1-2 – Лукаш Хејда беше прецизен за комплетен пресврт во Москва. Сега гостите водат со 2-1, откако губеа со 1-0 по првото полувреме. И сега П’лзењ е поблиску до третото место во групата и настап во Лигата на Европа.

72-ва минута – Гоооооооооолллллл АЕК – Ајакс 0:2 – Блиц-криг на Душан Тадиќ во Атина. Српскиот интернационалец повторно погоди и во кус рок од само 4 минути му носи голема предност на Ајакс во Атина.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy2fk

68-ма минута – Гоооооооооолллллл АЕК – Ајакс 0-1 – Гостите од Амстердам поведоа во Атина со погодокот на Душан Тадиќ од белата точка. Дополнителна предност за Холанѓаните е и исклучувањето на Марко Ливаја, кој е директен виновник за пеналот.

https://www.dailymotion.com/video/x6xy2d7

Роман Прохаска постигна ефектен гол за П’лзењ, екипата која израмни на 1-1 против ЦСКА во Москва, а погодокот беше таман за играчот од средниот ред на гостите да се “извади“ за непогодениот пенал во првото полувреме.

Прохаска лошо го изведе ударот од белата точка во 44-тата минута, Акинфеев лесно одбрани, но голманот на ЦСКА беше немоќен по ефектниот удар на Роман во 56-тата минута.

Лоши вести за Гатузо, заврши сезоната за Бонавентура

На Џакомо Бонавентура денеска во САД му беше извршена оперирација на коленото на левата нога. Процесот мина без проблеми, но на искусниот играч од средниот ред на Милан ќе му треба доста време за да се врати на фудбалските терени.

Проценката е дека за него оваа сезона е завршена, а неизвесно е дали ќе биде подготвен да игра и на почетокот на следната.

Бонавентура има 29 години и е мошне важна алка во играта на Милан, па вестите што стигнаа од САД не се добри за Џенаро Гатузо и за сите во клубот.