16.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025
Дома Blog Страница 9908

Кој прв до две победи – Химки или Будуќност?

Репрезентативните обврски завршија, но тоа не значи дека во една „празна“ среда нема што да се игра. Додека ги чекаме фудбалерите да се вратат во своите клубови и да продолжат со фудбалските возбудувања, денес ќе ги искористиме средбите од кошаркарската Евролига, односно Европкупот, и ракометната Лига на шампиони како предлози за типување.

Химки – Будуќност (18 часот)

Ниту на едната, ниту на другата екипа никако да им тргне во елитното континентално натпреварување. Всушност, шампионот на АБА во претходното коло конечно стигна до првиот овосезонски триумф, на Химки тоа му успеа два меча порано, но и двете екипите делат ист скор, 1-6. Кој прв ќе стигне до втората победа? Химки е во фаворитска улога од неколку причини. Најмногу бидејќи го имаат Алексеј Швед, најдобриот стрелец во Евролигата, а, секако, имаат и предност на домашен терен, како и повеќе искуство од црногорскиот состав во овој шампионат.

Предлог тип: 1-1 & <152.5 (2.60)

 

ЦСКА Москва – Жалгирис Каунас (18.45 часот)

Ќе има реприза од борбата за третото место на последното Ф4, но Жалгирис гостува на теренот каде што никогаш не забележал победа во рамките од Евролигата. ЦСКА планира така и да остане, нејзиниот кошаркарски храм да биде неосвоива тврдина за Литванците. Исто така, кошаркарите на Итудис имаат задача да го задржат чекорот со Реал Мадрид, па и по осум меча, да останат непоразени. Отсуството на искусниот Паулис Јанкунас создава дополнителни проблеми кај Жалгирис.

Предлог тип: 1 & >167.5 (2.30)

 

Панатинаикос – Барселона (20 часот)

Исклучиво интересна ќе биде оваа пресметка. ПАО и Барса редовно приредуваат екстра дуели за гледање, а тоа се очекува и вечерва. Каталонците последен пат во Атина се радуваа во 2015 година, кога ги предводеше Чави Пасквал, сегашниот тренер на грчкиот состав. Од тој меч, во наредните шест средби победувал тимот кој бил домаќин, што значи дека скорот е 3-3 меѓу овие две екипи.

Избраниците на Светислав Пешиќ се во одлична форма, имаат амбиции да ја продолжат низата победи на шест во Евролигата, додека Панатинаикос ќе сака што побрзо да закрепне од поразот од Анадолу Ефес во претходното коло.

Предлог тип: <80.50 прво (1.88)

 

Партизан – Валенсија (19 часот)

Доаѓањето на Андреа Тринкиери на клупата на Партизан донесе доста измени во играта на „црно-белите“, а сега знаењето на италијанскиот стратег одново ќе биде тестирано. Белграѓани се пред нов предизвик, им гостува шпанска Валенсија во рамките од осмото коло во Европкупот. Скорот на двете екипи гласи 5-2, меѓутоа Валенсија има пет победи и два порази, додека кај Партизан е сосема спротивен случајот. Двата порази Шпанците ги претрпеа во последните пет меча, а во Партизан се опитимстични дека можат дополнително да им ги закомплицираат работите.

Предлог тип: Т1 & T2 >72.5 (1.88)

 

Рајн-Некар Левен – Веспрем (19 часот)

Лавовите потклекнаа во претходното коло пред шампионот Монпелје, што за нив значеше трет пораз по осум средби во групната фаза од ЛШ. За Веспрем, еден од двата порази на последните шест меча е токму од Рајн-Некар, загубија пред своја публика, а денес ќе сакаат да се реваншираат, тоа е несомнено. Дуел меѓу овие две екипи е секогаш неизвесен, а најчесто знае да одлучи поцврстата одбрана.

Предлог тип 1 & <57.5 (3.23)

Михаел Шумахер: Омилена ми е титулата во 2000 година со Ферари

На трети јануари Михаел Шумахер ќе наполни 50 години, а на неговата интернет-страница излезе интервју кое тој го даде на 30-ти октомври 2013, неколку недели пред несреќата. Семејството на Шуми пет години молчи за неговата здравствена состојба, но објавено е старо, досега необјавено интервју на седумкратниот светски првак.

„Најемотивна титула дефинитивно ми беше онаа во 2000 година. На патеката „Сузука“ ја освоив титулата и тоа беше прва титула за Ферари по 21 година. Јас четири години се обидував на Ферари да му ја донесам таа титула и конечно успеав, па дефинитивно таа ми е омилена“, изјави Шумахер, кој за најпочитиван ривал го кажа Мика Хакинен.

Рекордерот по број на титули во Формула 1 рече дека спортски идол од детството му бил голманот Тони Шумахер, а од тркачите, додека возел картинг, му се допаѓале Аиртон Сена и Винченцо Соспири.

За Формула 1 вели дека е тимски спорт и секако дека не би успеал без помошта од екипата, а заедничко за сите три тима за коишто возеше е Рос Браун. Вели дека картингот многу му помогнал во кариерата бидејќи тие тесни трки „тркало до тркало“ се многу корисни за подоцна.

„Секогаш си велев дека не сум доволно добар и дека мора уште да работам и напредувам. Мислам дека тоа е еден од клучевите на успехот“, заклучи Шумахер.

Кевин Лав ќе игра кошарка дури по Нова година

Кливленд кавалирс нема да смета на услугите на Кевин Лав најмалку до Нова година. Ѕвездата на „коњаницата“ уште во октомври го повреди прстот на ногата, по што му беше направена операција на почетокот на овој месец. Целосно закпренување се очекува дури во јануари, па Кливленд ќе мора да се снаоѓа уште некое време без најзвучното име во франшизата.

„Не можам да кажам колку точно ќе ми биде потребно да закрепнам, но мислам дека ќе заиграм повторно по Новата година. Во процесот на закрепнување често користам чизма за фиксирање на ногата“, истакна Лав.

Крилниот центар сезонава настапи само на четири натпревари, во кои имаше просек од 19 поени, а без Лав, актуелниот вицешампион забележа само две победи на 15 меча досега.

Ѓоковиќ е најстариот број 1 на крајот на годината

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ официјално ја заврши сезоната како број 1 на светската ранг-листа, а со 31 година и 223 дена тој е најстариот тенисер во историјата кој календарската година ја завршил на врвот.

Ѓоковиќ со пораз во финалето во Лондон ја заврши сезоната, но има солидна предност пред Рафаел Надал, кој е втор на листата.

Интересно е што подвигот на Новак е голем, затоа што во јуни, само пред половина година, тој беше подготвен и да крене раце од играњето тенис, беше на 22-рото место на АТП-листата, немаше ниедно финале во 2018, но по турнирот во Квинс, кога загуби во финалето од Марин Чилиќ, му се смени мислењето и одеднаш од губитник се претвори во победник.

Од тој 24-ти јуни до 18-ти ноември освои четири турнири, од кои два Гренд слема и на 38 меча, само трипати беше поразен. Врсниците лесно ги победува, а поразите му се од младите Циципас, Хачанов и Зверев.

Во првата половина од 2019, тој брани само 335 поени и има прилика драстично да ја зголеми предноста на АТП листата, а потоа ќе треба да се помачи да ја задржи.

Барселона не смее да купува играчи на Ливерпул до 2021

Шпанскиот првак Барселона во договорот со којшто го купи Филипе Кутињо од Ливерпул се обврзала дека до 2021 година веќе нема да ангажира фудбалери на премиерлигашот од градот на Битлси. Англичаните инсистирале ваквата клаузула да биде вметната во договорот кога во јануари Кутињо премина во Барса.

Трансферот на Кутињо беше вистинска сага, Ливерпул не сакаше толку лесно да се ослободи од својата ѕвезда, во летото 2017 не попушти, па Бразилецот премина во Барселона во јануари годинава и немаше право да игра во Лигата на шампионите, но Ливерпул и без него стигна до финалето.

Ова значи дека Каталонците нема да смеат да купат играч на Ливерпул во следните две и пол години, па на „Камп ноу“ нема да заиграат фудбалери од типот на Роберто Фирмино или Садио Мане.

Дурант казнет со 25.000 долари за пцуење на навивач на Далас

НБА го казни Кевин Дурант со 25.000 долари поради пцуење на навивач во текот на мечот против Далас маверикс. Дурант беше снимен како се расправа со навивачите на домашниот тим кои седеа во непосредна близина позади еден од кошевите, по што Националната кошаркарска асоцијација мораше да реагира.

„Гледај го еб*ниот натпревар и еб*но заќути“, се обрати Дурант на еден од навивачите на Далас.

Ова е само еден дел од казните кои стигнаа во таборот на Голден стејт изминатиов период. Дрејмонд Грин пред неколку дена беше казнет со 120.000 долари поради расправија токму со Кевин Дурант за време на мечот против ЛА клиперс.

Деби-победа за Хичкок на клупата на „нафташите“

Едмонтон ојлерс се изборија за победа во продолежние против „ајкулите“ од Сан Хозе со конечни 4-3. Кен Хичкок тргна со деби-победа на клупата на „нафташите“ откако Тод Меклелан вчера доби отказ.

Гостите во три наврати успеваа да се вратат по негатива од еден гол, а само по 51 секунда во дополнителното време, Драјсајтл се избори за прецизен удар и ја реши средбата.

Едмонтон со тоа ѝ стави крај на мини-серијата од два порази, запишувајќи ја 10-тата овосезонска победа, четврта остварена во продолжение. Сан Хозе останува на четвртата позиција на Западот, со 26 бода од вкупно 11 победи.

За гигантите, Македонија не е посакуван ривал од петтиот шешир

Франција, Германија, Србија, Грција и Македонија. Според мислењето на некои западни фудбалски експерти и аналитичари, вака отприлика би изгледала групата на смртта во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

По завршувањето на Лигата на нациите, познато е која селекција во кој шешир ќе се најде, а новина е што Германија за првпат во историјата не е меѓу главните носители. Македонија е во петтиот, но интересно е што за многумина „црвено-жолтите“ нема да бидат посакуван противник за фаворитите кои сакаат на полесен пат да стигнат до ЕП.

Секако, ваква група ниту на Игор Ангеловски не му одговара доколку се има амбиција да се обидеме да обезбедиме ЕП преку квалификациите од март до ноември следната година, а не да се надеваме само на успех во плејофот од Лигата на нациите во истата година со самото ЕП.

Македонија се врзува и за потенцијално најизедначена група во која повеќе тимови би се бореле за првите две позиции кои водат на ЕП. Таа би изгледала вака: Полска, Турција, Данска, Романија, Македонија.

Доаѓа нова ера за Аргентина, Меси оди во заборав

Аргентина го совлада Мексико со 2-0 во пријателски меч, кој засекогаш ќе го памтат две докажани ѕвезди. Мауро Икарди и Пауло Дибала беа стрелци на погодоците, први за нив во националниот дрес. Икарди, кој не беше повикан за Светското првенство во Русија, сега ја презема улогата лидер. На Икарди му беа доволни само една минута и 11 секунди да се израдува на погодок против Мексико, негов дебитантски во петиот репрезентативен дуел.

И Дибала не чекаше многу. Во игра влезе во 81-вата минута на местото токму на Икарди и погоди само по шест минути поминати на теренот. За Дибала ова е прв гол во 18 натпревари за Аргентина. На овој меч „гаучосите“ покажаа дека имаат нова генерација и дека полека, но сигурно пензионираниот Маскерано, како и Лионел Меси и Анхел ди Марија може да размислуваат на повлекување бидејќи има кој да ги замени.

По завршување на Мундијалот во Русија, Аргентина одигра шест меча и има четири победи, едно реми и еден пораз.

https://youtu.be/SefrFwbh2VU

Во останатите пријателски мечеви: Чиле – Хондурас 4-1, Перу – Костарика 2-3, Ел Салвадор – Хаити 1-0, Панама – Еквадор 1-2, Франција – Уругвај 1-0, Италија – САД 1-0, Бразил – Камерун 1-0, Албанија – Велс 1-0, Турција – Украина 0-0.

 

Од Втората светска војна наваму, Жиру е француски рекордер

Оливие Жиру синоќа со гол од пенал ѝ донесе победа на Франција од 1-0 во пријателскиот меч со Уругвај и оствари едно достигнување кое го нема направено ниту еден друг француски фудбалер по Втората светска војна.

Тој има дадено 12 гола во дресот на репрезентацијата по 30-тиот роденден. Вакво нешто не им успеа ниту на Зинедин Зидан, Мишел Платини, Жист Фонтен, Тјери Анри и останатите легенди.

Очигледно Жиру е како виното, колку постар, толку подобар, зрелоста му помага да бележи подобри резултати отколку кога беше помлад. Напаѓачот на Челзи има 32 години и во последните две години постигна 12 гола за „галските петли“. Вкупно, на 87 меча за Франција дал 33 гола, еден помалку од Давид Трезеге, кој е на третото место на вечната листа, зад лидерот Анри и вториот Платини.