Доаѓа нова ера за Аргентина, Меси оди во заборав

Аргентина го совлада Мексико со 2-0 во пријателски меч, кој засекогаш ќе го памтат две докажани ѕвезди. Мауро Икарди и Пауло Дибала беа стрелци на погодоците, први за нив во националниот дрес. Икарди, кој не беше повикан за Светското првенство во Русија, сега ја презема улогата лидер. На Икарди му беа доволни само една минута и 11 секунди да се израдува на погодок против Мексико, негов дебитантски во петиот репрезентативен дуел.

И Дибала не чекаше многу. Во игра влезе во 81-вата минута на местото токму на Икарди и погоди само по шест минути поминати на теренот. За Дибала ова е прв гол во 18 натпревари за Аргентина. На овој меч „гаучосите“ покажаа дека имаат нова генерација и дека полека, но сигурно пензионираниот Маскерано, како и Лионел Меси и Анхел ди Марија може да размислуваат на повлекување бидејќи има кој да ги замени.

По завршување на Мундијалот во Русија, Аргентина одигра шест меча и има четири победи, едно реми и еден пораз.

https://youtu.be/SefrFwbh2VU

Во останатите пријателски мечеви: Чиле – Хондурас 4-1, Перу – Костарика 2-3, Ел Салвадор – Хаити 1-0, Панама – Еквадор 1-2, Франција – Уругвај 1-0, Италија – САД 1-0, Бразил – Камерун 1-0, Албанија – Велс 1-0, Турција – Украина 0-0.

 

- Оглас -

Најнови вести