10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025
Дома Blog Страница 9939

Зошто Роналдо не сака да игра на „Сан Сиро“?

Јувентус го има најдобриот старт во историјата на Серија А со 10 победи и едно реми по првите 11 меча. Актуелниот првак вечерва ќе го има едно од најголемите искушенија. Гостува на „Сан Сиро“ против Милан. Домаќините се полни со самодоверба пред дуелот со „старата дама“, бидејќи имаат три победи по ред во првенството. Милан има 10 бода помалку од Јуве, но кога е дерби, никогаш не се знае предвреме.

Јасно е дека Јувентус вечерва најмногу ќе се надева на играта на Кристијано Роналдо. Најскапиот играч во Серија А, на последното гостување на Јуве даде два гола и беше најзаслужен за победата. Сепак, играњето на „Сан Сиро“ не е некоја радоста вест за Роналдо. Португалецот досега пет пати играл на овој стадион и досега никогаш не постигнал гол.

Кристијано три пати бил ривал на Милан и еднаш на Интер, а тука го играше и финалето на Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид. Единствената победа на овој стадион, ја има забележано токму против Атлетико Мадрид, додека кога играл против италијанските ривали, се нема радувано на триумф.

Добрата форма во која се наоѓа е само мотив плус, Роналдо да ја прекине лошата традиција која трае 13 години на овој легендарен стадион.

 

Ливерпул, Сити и Челзи продолжуваат со мисијата

За прв пат во историјата на Премиер лигата, по 11 одиграни кола има дури три екипи кои се без пораз. Речиси и да не се памти кога било последен пат во елитната англиска лига, три екипи да немаат пораз и по 12 одиграни меча. Тоа денеска ќе се обидат да го направат Ливерпул, Челзи и Манчестер сити. Сите три клуба имаат „домашна задача“.

Ливерпул на „Енфилд Роуд“ го пречекува Фулам во меч во кој речиси е јасно дека домаќините ќе победат. Во последните четири меѓусебни средби, Ливерпул се радувал и тоа во натпревари на кои имало барем по четири погодоци. Тоа значи дека најреално е да биде „кец“ со многу голови.

Без двоумење и Челзи против Евертон е фаворит. Кога игра на „Стемфорд Бриџ“ и против поголеми ривал, Челзи оди на три бода, па сигурно така ќе биде и против „карамелите“, од кои немаат пораз на последните пет меѓусебни дуели.

Според противникот кој го имаат, Манчестер сити треба да има најтешка задача. Актуелниот првак на свој терен го пречекува градскиот ривал Манчестер јунајтед. Иако се работи за градско дерби, речиси и да не се памти кога Сити до толку бил фаворит во еден ваков меч.

Ако се гледаат коефициентите, реално е водечката тројка во Англија да прокнижи нови три бода по денешните средби.

 

 

Протестираа дека е офсајд, па ги полија со пиво (Видео)

Баерн Минхен синоќа го загуби дербито од Борусија Дортмунд, иако гостите имаа предност од 1:0 и 2:1. Посебно возбудливо беше во моментот кога Пако Алкасер погоди за 3:2 за Борусија во 73 минута. Ерупција од радост имаше на стадионот во Дортмунд, а единствено незадоволни беа челниците на Баерн Минхен.

Претседателот на Баерн Минхен Ули Хенес и извршниот директор Карл Хајнц-Румениге протестираа мислејќи дека погодокот е од офсајд позиција. Сепак, откако видоа дека џабе протестираат, си седнаа на столчето, а тогаш ги дочека непријатно изненадување. Некој од погорните редови ги поли со пиво.

https://youtu.be/vcnyn6_sCBM

На крајот од мечот, првите луѓе на Баерн си заминаа разочарани и со седум бода заостанување зад Борусија Дортмунд, но и мокри од пивото со кое ги „истушираа“.

 

„Кралот“ Џејмс и ЛА влегуваат во ритам

Лос Анџелес лејкерс за прв пат сезонава е на 50 отсто победи. Тимот од „градот на ангелите“ славеше на гостувањето кај Сакраменто со 101:86, потврдувајќи дека влегува во добар ритам. За Лејкерс ова е четвртата победа во последните пет меча.

Леброн Џејмс очекувано беше најдобар на теренот. „Кралот“ заврши со 25 поени и 7 скока и тоа за 31 минута поминати на теренот. Уште во првата четвртина гостите стигнаа до предност и на крајот, во завршница без многу возбудувања, победија со 15 поени разлика.

Шампионот Голден Стејт брзо се врати на победите и со 116:100 беше подобар од Бруклин. Во отсуство на Стеф Кари, своја вечер имаше Квин Кук, кој даде 27 поени, рекордни за него во кариерата. Кук погоди 11 од 16 удари од поле, потврдувајќи дека речиси сите играчи на „воините“ се како „снајпери“.

Торонто го продолжува најдобриот старт во клупската историја и по победата од 128:112, сега има 12 победи и само еден пораз.

Резултати: Торонто – Њујорк 128:112, ЛА Клиперс – Милвоки 128:126 (прод.), Њу Орлеанс – Феникс 119:99, Чикаго – Кливленд 99:98, Мемфис – Филаделфија 112:106 (прод.), Мајами – Вашингтон 110:116, Голден Стејт – Бруклин 116:100, Сан Антонио – Хјустон 96;89, Далас – Оклахома 111:96, Сакраменто – ЛА Лејкерс 86:101.

 

Батлер и Шариќ си ги сменија клубовите

Минесота тимбервулфс и Филаделфија 76 ерс направија трампа со која Џими Батлер стана нов член на Сикерс, а Дарио Шариќ преоѓа во редовите на „шумските волци“.

Освен Батлер кој беше незадоволен и пред неколку месеци побара да биде продаден, во Филаделфија оди и Џастин Патон, а во спротивен правец со Шариќ заминаа и Роберт Ковингтон, Џерид Бејлис и еден пик од втора рунда на драфтот 2022.

Филаделфија која има 8-5, доби играч кој е корисен на двете страни од теренот, но спорно е како ќе се вклопи во тимот. Сиксерс на 15 јануари гостуваат во Минеаполис, а Вулфс во „градот на братската љубов“ одат на 30 март.

 

Пандев влезе предоцна за да спречи пораз на Џенова

Наполи со пресврт ја победи Џенова со 2:1, и изби на втората позиција на табелата во Серија А. Ова беше дуел на сегашниот и поранешниот клуб на Горан Пандев.

Нашиот репрезентативен капитен беше резерва, веројатно домашните беа задоволни и со 1-1, но дури откако го примија вториот гол во 85 минута, тренерот реши да го стави Пандев во игра. Тоа се случи во 91 минута, предоцна за да може да спречи пораз на „грифоните“.

И овој меч беше прекинат, но кратко, поради силни врнежи од дожд, и таа пауза како да ги пресече домашните и на крај го загубија натпреварот.

Кошмарно полувреме за Ним – два црвени и утнат пенал

Цели шест години поминаа откако последен пат на еден меч од француската лига некој тим добил два црвени картони во прво полувреме, а вечерва тоа му се случи на Ним на дуелот со Ница. Судијата на домашните им покажа два црвени картони, од кои првиот поради два жолти, а вториот директен.

Да биде трагедијата поголема, Ним во 5 минута утна пенал, па со право може да се каже дека имаа кошмарно прво полувреме. Потоа со двајца играчи помалку, машки се бореше, но прими гол во 61 минута и со тој погодок на Јусеф Атал, Ница славеше со 1:0, искачувајќи се на шесто место.

Резултати од денеска: Гингам – Лион 2:4, Анжер – Монпелје 1:0, Ним – Ница 0:1, Сент Етјен – Ремс 2:0, Тулуз – Амиен 0:1.

 

Кабаре клуб со бесплатен влез за фановите на Бока кои не се од Буенос Аирес

Сите навивачи на Бока јуниорс кои не се од Буенос Аирес и немаат каде да преноќат во главниот град на Аргентина, и имаат билет за финалето од Копа Либертадорес, може цела вечер да останат во кабаре клубот „Кокодрило“, а влезот ќе им биде бесплатен.

„Кокодрило“ е во сопственост на Омар Суарес, голем фан на Бока, и близок пријател на Диего Марадона, кој во минатото беше чест посетител на кабарето.

Суарес порача дека се добредојдени и фанови на Ривер, но ќе треба да си платат влезница и да не носат клупски обележја.

Бока се моли да не се игра утре

Одложениот меч помеѓу Бока јуниорс и Ривер плата од финалето на Копа Либертадорес, донесе многу проблеми за тимовите кои до последен момент веруваа дека ќе играат вечерва во закажаниот термин, но теренот беше поплавен и се донесе одлука за поместување за утре.

Утре е 11 ноември, датум на кој овие два ривали играле трипати и никогаш не победила Бока. Еднаш завршило нерешено, а две победи има Ривер. Затоа, ако се плашат од традицијата, во Бока може да имаат проблем доколку се игра утре. Од друга страна, подолгорочно одложување ќе значи и враќање на двајца важни повредени играчи на Ривер, и Бока нема да има предност.

Откако се одложи мечот, играчите на Бока се вратија во хотел, а иако „истураше“, фудбалерите на Ривер тренираа на својот „Монументал“ каде ќе се игра реваншот во битката за клупски првак на Јужна Америка.

Временската прогноза за утре не е поволна, а се размислува за утре да се одложат мечевите од аргентинската лига.

 

Новиот Меси игра во Тотенхем

Тотенхем го совлада Кристал Палас со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше 20-годишниот Аргентинец Хуан Фојт. Англиските медиуми веќе го нарекоа новиот Меси од Аргентина, а на шега велат дека Фојт сега е и подобар од Меси, бидејќи има повеќе голови од славниот сонародник во Премиерлигата.

Со оваа победа, Тотенхем дојде на два бода од лидерот Манчестер сити, кој има и еден меч помалку, а тимот на тренерот Покетино и по 12 кола сезонава нема нерешен резултат. Покетино има осум победи над Палас, и тие му се омилена жртва за едно со Свонси против кој истотака има осум триумфи.

Куриозитет е што Тотенхем последните пет меча против Кристал палас ги доби со идентични 1:0, а 25 од последните 26 гола во меѓусебните дуели паднаа во вторите полувремиња. Фојт е 146. различен играч во историјата на Тотенхем со гол во англиското првенство и тоа е рекорд.