10.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025
Дома Blog Страница 9938

Иранките покажаа дека го сакаат фудбалот

На натпреварот од финалето на Азиската лига на шампиони, помеѓу Персеполис и Кашима антлерс, на трибините имаше и неколку стотини жени. Овој потег веројатно значи крај на 37-годишната забрана за присуство на жени на стадионите во Иран.

И ФИФА работи со Иран на укинување на забраната, се укажува на предностите на либеризацијата, но нема да оди лесно. Минатиот месец, имаше жени и на пријателскиот меч помеѓу Иран и Боливија, но рестрикциите брзо повторно беа воведени.

Во март годинава, 35 жени се уапсени за обид за влез на стадион за да го гледаат дуелот на Персеполис и Естеглал. Од исламската револуција во 1979 година, на Иранките многу ретко им се дозволува да присуствуваат на спортски настани, а на фудбалски мечеви не смеат да влезат од 1981 наваму.

Кашима ја освои титулата, поддршката од Иранките не му помогна доволно на Персеполис, но половите бариери полека се уриваат.

Ќе гори на „Етихад“, „Сан Сиро“ и „Караискакис“

Понудата за денеска е пребогата, се играат градски дербија во Манчестер и Атина, интерес привлекува и дуелот со Милано каде гостува Јувентус. Некои од овие мечеви се играат во раните попладневни часови, што значи дека немате премногу време, уплатните места на SPORT LIFE ве очекуваат, а ние помагаме со квоти на денот и мини-анализи.

 

Манчестер јунајтед – Манчестер сити (17.30 часот)

Исто како во минатата сезона, очекувањата и овојпат се да има барем по еден гол на двете страни, со тоа што лани славеа гостите, а сега трите бода ќе ги освојат домашните. Ако победи, Сити ќе му побегне на Јунајтед цели 12 бода, но сигурно е дека и гостите има што да покажат. Јунајтед цели четири години нема загубено на „Етихад“, но сезонава имаат проблем со одбраната и не им се пишува добро ако не го дадат максимумот против тим кој даде по 6 гола на претходните две средби дома.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.80)

 

Милан – Јувентус (20.30 часот)

Милан нема да смета на Калабрија и Билја, а неизвесни се Бонавентура и Стриниќ. Кај Јувентус ќе го нема Џан, но Манџукиќ веројатно е подготвен. Шампионот не би требало да загуби, а традицијата наложува да се игра и на голови. Јуве има пет победи по ред во меѓусебните дуели, последната радост на „росонерите“ беше пред две години. Нерешено во лигашки меч не било уште од февруари 2012 година.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.60)

 

Челзи – Евертон (15.15 часот)

Челзи дома има низа од дури 25 меча по ред без пораз во дуелите со Евертон и тоа доволно говори кој е фаворит. Лондонските „сини“ имаат низа од девет меча по ред на кои даваат барем два гола, а немаат пораз веќе на 11 средби едноподруго.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)

 

Олимпијакос – Панатинаикос (18.30 часот)

Најголемото грчко дерби ќе го суди судија од Швајцарија. Недовербата е на највисоко ниво, и тука решаваат нервите, а не формата на фудбалерите. Тренерот на ПАО, на „Караискас“ гостувал 10 пати во кариерата и нема ниту една победа (девет порази и едно реми). Панатинаикос е во послаба форма, но на последните три дуели со Олимпијакос не знае за пораз и беше со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.60)

 

Монако – ПСЖ (21 часот)

Домашните се инфериорни во секој поглед и на хартија, немаат шанса. Монако е едно од најголемите разочарувања во Европа, а има и повредени играчи (Јоветиќ, Лопес, Ендорам, Головин, а Тилеманс и Пеле се суспендирани). Монако нема победа од 11 август и црната низа секако не може да запре против ПСЖ кој има 12 победи во 12 меча.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)

 

Ако има 25 трки годишно, Хамилтон ќе ја напушти Формула 1

Луис Хамилтон нема да се трка во Формула 1 шампионатот, доколку сезоната биде проширена на 25 трки годишно, а тоа е реалност. Петкратниот светски првак мисли дека и оваа сезона со 21 трки е долга, а според него, идеално е да има 18. Но, не одлучува тој.

Британецот заработува 40 милиони евра годишно, има добар болид и тим зад себе, патува со приватни авиони и избегнува чекање ред на пасошка контрола на аеродроми, престојува во најдобрите хотели, но му пречи предолгата сезона.

„Се чувствувам како да сме имале 25 трки годинава. Лично, мислам дека не е добро што се проширува сезоната. Не знам која бројка е идеална, но мислам дека со 18 беше супер. Тешко е да се биде толку време отсутен од дома и одвоен од семејството. Ако има 25 трки по сезона, јас сигурно нема да учествувам“ – рече Хамилтон.

Во иднина сигурно ќе има трка во Виетнам, во најава се вклучување на Холандија и САД на патеката во Мајами, Индонезија и Индија имаат интерес.

Сè што треба да знаете за манчестерското дерби

Пресметката на Манчестер сити и Манчестер јунајтед е интересна по многу параметри, а ви помагаме при обложувањето со многу статистички податоци кои треба да се земат во предвид.

КОЈ НЕМА ДА ИГРА?

Во тимот на Сити се враќа Агуеро кој не играше во ЛШ против Шахтар, а ќе ги нема Де Брајне, Мангала и голманот Браво кои се повредени. На клупа ќе остане Габриел Жезус кој даде три гола против Украинците. Добра вест за Јунајтед е враќањето на Лукаку кој пропушти два премиерлигашки меча, како и на капитенот Валенсија. Во петокот не тренираше Погба, но тој ќе биде во составот на гостите.

ШТО КАЖАА ТРЕНЕРИТЕ?

Според Гвардиола, ако Јунајтед можеше да слави во Торино, значи дека е силен тим со голема самодоверба. Гвардиола потсети дека и традицијата е на страната на противникот и неговиот тим нема да има улога на којзнае колку голем фаворит. Сити ќе има контрола на топката, но ќе му треба и ефикасност.

Од друга страна, на Мурињо за кого ова е 300-ти меч во Премиер, не му се допаѓа што често први примаат гол, и вели дека ќе дојде меч кога нема да можат да направат пресврт и затоа побара концентрација во сите 90 минути. Португалецот смета дека формата на тимот е во нагорна линија, но треба да тргнат силно ик компактно уште од првата минута.

Гвардиола против Мурињо има 9 победи, 5 порази и 7 ремија.

ТРАДИЦИЈАТА ГИ ФАВОРИЗИРА ГОСТИТЕ

Во минатата сезона Сити на убедлив начин дојде до титулата, но на 24 април, дома загуби од ривалот кога прими три гола во второто полувреме. Всушност „граѓаните“ цели четири години не знаат за триумф над Јунајтед на својот стадион, а на два од последните три меча, не успеаја да дадат гол.

Од тој пораз наваму, Сити дома добра 25 од можните 27 бода, даде 32, прими само четири гола, но дерби си е дерби. Сепак, Гвардиола како домаќин никогаш не загубил двапати по ред од еден ист тим.

ЈУНАЈТЕД СЕЗОНАВА САМО ЕДНАШ НЕ ПРИМИ ГОЛ

Манчестер јунајтед прими 18 гола на 11 меча и само еднаш ја зачува мрежата. Ако прими два гола, ќе го изедначи негативниот клупски рекорд од 20 гола на првите 12 средби. Затоа надежите им се кај напаѓачите, во прв ред Марсијал, кој може да стане седмиот во историјата на клубот со голови на пет меча по ред.

Сити има девет бода повеќе и не знае за пораз сезонава, па важи за фаворит на хартија. Но, со непредвидливиот Јунајтед никогаш не се знае.

 

УЕФА сака Лига на шампиони да се игра за викенди

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, ќе предложи мечевите од Лига на шампиони да се играат на крај на неделата, а вторник и среда да бидат термини за играње на репрезентациите и националните шампионати.

Во оваа „војна“ за превласт во фудбалот, се вмеша и Светската федерација ФИФА. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се закани дека оние фудбалери кои ќе настапат во хипотетичката Суперлига, нема да имаат право да учествуваат на Светско или Европско првенство, ниту на светско клупско, Копа Америка, Копа Либертадорес, итн.

На 3 декември ќе има состанок на УЕФА, на кој ќе се разгледува идејата за воведување на видео-технологија за мечевите од ЛШ уште во тековната сезона, а ќе се даде предлог и за формирање на ново клупско натпреварување со што во трите натпреварувања би имало вкупно 96 учесници.

Јапонецот патуваше 33 часа до Буенос Аирес, и чека дали ќе се игра Бока-Ривер

Јапонецот Исаму Като патуваше 33 часа од Токио до Буенос Аирес, но по пристигнувањето во главниот град на Аргентина имаше несреќа да заврне многу силен дожд кој го одложи играњето на првиот меч од финалето на Копа Ливертадорес.

Исаму кој има 31 година, е навивач на Бока јуниорс, но може да се случи доаѓањето во Буенос Аирес да биде за џабе, и ако мечот се игра наредната сабота, тој да има дополнителни трошоци и повторно да има патешествие, или да остане цела недела во Аргентина, што истотака е дополнителен трошок.

Инаку, синоќа вниманието го привлече и понудата на газдата на кабаре клубот „Кокодрило“, дека на сите фанови на Бока кои не се од Буенос Аирес и немаат каде да преспијат, им нуди бесплатен влез и забава до утринските часови.

Не се знае дали и Јапонецот бил во омиленото место за излегување на Диего Марадона, но атмосферата внатре на моменти личеше како на стадион:

 

Дербито на Манчестер го суди арбитар од Манчестер, а тоа ги радува гостите

Речиси не се памети ситуација во која Манчестер сити бил толку голем фаворит во дуелот со градскиот ривал Манчестер јунајтед. „Граѓаните“ се актуелни шампиони на Англија, играат на домашен терен, се наоѓаат во добра форма и сето тоа прави средбата да не изгледа како дерби.

Сепак, кога се работи за Манчестер јунајтед, никогаш ништо предвреме не се знае. Тоа се потврди и во мечот од Лигата на шампионите, кога „црвените ѓаволи“ во второто полувреме направија пресврт и славеа на гости кај Јувентус со 2:1. Освен фактот дека Јунајтед игра на ипспирација и може секого да изненади, многумина потенцираат дека гостите ќе имаат уште еден голем адут, а тоа е судијата.

Ентони Тејлор ќе биде делител на правдата денеска на стадионот „Итихад“. Тоа е судија кој е роден во Манчестер, но е етикетиран како голем навивач на Јунајтед, бидејќи живее во близина на „Олд Трафорд“. Токму поради судијата кој е делегиран да го суди дербито, дел од навивачите на Сити најавија дека се плашат од евентуален намерен судиски кикс. За разлика од фановите, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола не е загрижен.

„Тејлор ќе ни суди? Не е проблем, мислам дека ќе се обиде да биде на највисоко ниво. Верувам дека и тој како и сите играчи и тренерите, сака да има вистинско дерби. Најважно за нас е да се фокусираме на нашата игра и да мислиме како да ги сопреме нападите на противникот. Секој може да навива за било кого. Тоа е приватна работа. Ниеден судија не сака да направи грешка. И Тејлор е свесен дека цел свет ќе го гледа овој меч“, рече Гвардиола.

Последен пат Тејлор судеше на „Итихад“ во декември 2016 година и тоа на дербито Манчестер сити – Челзи. „Граѓаните“ го добија тој меч со 3:1. Сепак, ако вкупно се погледнат дуелите на кои Тејлор му судел на Манчестер сити, „граѓаните“ во 12 премиерлигашки дуели немаат ни 40 отсто победи, односно се радувале само пет пати.

Манчестер јунајтед е многу поуспешен кога му судел Тејлор. „Црвените ѓаволи“ имаат победено на 70 отсто, од дуелите на кои судија бил Тејлор.

 

 

Вардар сака „хет-трик“ против Барселона

Македонскиот ракометен првак Вардар против Барселона е дербито на 7. коло во Лигата на шампиони. Двете екипи имаат по пет победи и само еден пораз во А групата. „Црвено-црните“ ќе ја имаат поддршката од навивачите во „Јане Сандански“. Се чека само да дојде 17 часот и да се активира „навивачкиот вулкан“ во кој е потребно Барселона да падне. За тоа каква е атмосферата во Вардар, објасни капитенот Стојанче Стоилов.

„И во клуб кога играме компјутерски игри, се тепаме и сакаме да победиме, а не па вака на дуел против Барселона. Тие  се издвоија како фаворити за првото место во групата, но ние можеме со нив да се носиме. Играме пред наша публика, ќе ги очекува пекол и ако дадеме сè од себе, можеме да ги победиме. Двете екипи добро се познаваат и мислам дека ќе одлучи борбеноста“, рече Стоилов.

Овој оптимизам на борбениот пикер е поткрепен со фактот дека Вардар во последните четири меча против најтрофејниот тим во Европа има биланс од две победи и два порази. Минатата сезона „црвено-црните“ се радуваа во „Јане Сандански“ со 27:24, во меч на кој каталонците беа инфериорни во текот на целиот меч. Во одредени делови од средбата гостите губеа и со по 6-7 разлика. Сигурно сите сакаат да се повтори таа игра, но секако ќе биде радост и ако победата е минимална и изразена со само еден гол, како што тоа беше пред на фајлн-фор турнирот во Келн пред две сезони (26:25).

Сепак, севкупно пресметано, Барселона е многу поуспешна. Каталонците имаат 11 победи, едно реми и само два порази во дуелите со македонскиот првак.

 

Пребројани повеќе од 50 отсто од гласовите: Меси и Роналдо ги нема ни во Топ 3

Лионел Меси и Кристијано Роналдо доминираа во изминативе 10 години и постојано еден од нив двајца беше освојувач на „Златната топка“. Сепак, како што стојат работите, оваа година, ќе се стави крај на таа доминација на Меси и Роналдо.

Француските медиуми откриваат дека по повеќе од 50 отсто од пребројаните гласови, двајцата фудбалери кои го одбележаа светскиот фудбал во овие години, сега ги нема ниту во Топ 3, во изборот за „Златна топка“, која традиционално ја доделува „Франс Фудбал“.

Според новинарот Ерик Мамрух, ова ќе биде историска година, во која ќе се каже „крај“ за Меси и Роналдо. Тој објавува дека досега се пребројани нешто повеќе од 50 отсто од гласовите, а во водство е Лука Модриќ. Зад капитенот на хрватската репрезентација се двајца Французи. Рафаел Варан и Килијан Мбапе се зад Модриќ.

 

Време е за добивка, фаворитите играат денеска

Кога на распоредот во европскиот фудбал нема Лига на шампиони, поголем дел од фаворитите, своите мечеви ги играат во недела, за да може да добијат уште еден ден за одмор. Токму таква е и оваа недела. Поголем дел од европските гиганти денеска ги играат редовните мечеви од домашните првенства.

Барселона на „Камп Ноу“ го пречекува Бетис, кој го има победено девет пати во последните 10 меѓусебни средби. Најголемиот ривал на каталонците, Реал Мадрид ќе гостува и тоа во Виго кај Селта. Домаќините знаат да бидат незгоден ривал, но ова е вистинска мотивација за тренерот Сантијаго Солари да ја продолжи победничката низа со Реал Мадрид и конечно да добие постојан договор, барем за до крајот на годината. Откако Солари седна на клупата, Кралскиот клуб има три победи во низа и тоа без ниту еден примен гол.

Од европските фаворити, прв работата треба да ја одработи Интер. „Нераѕурите“ во 12:30 часот гостуваат кај Аталанта. Минатата сезона на ова гостување Интер одигра без голови, но сега со многу повеќе самодоверба Мауро Икарди и останатите веруваат во триумф.

Во Серија А, полесна задача би требало да има Рома. „Волчицата“ на свој терен игра против Сампдорија. Сепак, резултатите од последните три меѓусебни дуели се на страна на гостите. Минатата сезона Сампдорија славеше во Рим со 1:0, а на претходните два меча има уште една победа и реми.

Арсенал во Лондон игра против Вулверхемптон. „Топчиите“ очекуваат три бода, за да може да останат во ритам со водечката четворка на табелата. Ако се гледа денешната понуда од Премиер лигата, најреално е да има само „единици“.

ПСЖ гостува кај Монако, во меч кој ако се играше пред неколку сезони ќе беше вистинско дерби, но не и сега. Монако е очаен и повеќе од 10 меча нема победа во сите натпреварувања. Секако, ПСЖ не е ривалот против кој може да ја прекинат оваа низа.