Пандев влезе предоцна за да спречи пораз на Џенова

Наполи со пресврт ја победи Џенова со 2:1, и изби на втората позиција на табелата во Серија А. Ова беше дуел на сегашниот и поранешниот клуб на Горан Пандев.

Нашиот репрезентативен капитен беше резерва, веројатно домашните беа задоволни и со 1-1, но дури откако го примија вториот гол во 85 минута, тренерот реши да го стави Пандев во игра. Тоа се случи во 91 минута, предоцна за да може да спречи пораз на „грифоните“.

И овој меч беше прекинат, но кратко, поради силни врнежи од дожд, и таа пауза како да ги пресече домашните и на крај го загубија натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести