9.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025
Дома Blog Страница 9952

„Бомбата“ на Павков за ерупција на „Маракана“ (видео)

Вистинска ерупција се случи на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, каде што на средбата меѓу Црвена ѕвезда и Ливерпул резултатот е 2-0 по првото полувреме. Во 25-тата минута, напаѓачот на домаќините, Милан Павков, го постигна својот втор гол на средбата, а погодокот беше вистински убавец.

Од далечина речиси од 20 метри, Павков не се двоумеше да го издави максимумот од голманот на „црвените“ и ја смести топката во мрежата, гол по кој присутните на стадионот „паднаа во транс“.

https://www.dailymotion.com/video/x6wrmgs

Кожув поразен од албанската Теута во БИБЛ

Кожув е поразен од албанската Теута со 85:94 во мечот од регионалната Балканска лига (БИБЛ) во кошарка. За гевгеличани, ова беше втор настап сезонава и втор пораз, додека Теута има 3-0, а ова им беше прво гостување и прв успех.

По 30 минути игра, гостите имаа 16 поени плус, но Кожув заигра одлично, ја стопи негативата и на три и пол минути пред крајот, дојде на 81-84. Сепак, по тајмаутот, улогите се сменија, Теута реализираше во наредните четири напади и се одлепи на 81-92, со што го одлучи победникот.

Пековиќ со 23 поени беше најефикасен во поразениот тим, Радуловиќ даде 16, а Мишковиќ и Караколев по 13. Кај гостите, тројца поединци имаа 20 или повеќе поени.

Кожув имаше повеќе скокови и асистенции, малку подобра реализација на шут, но и десет загубени топки повеќе, што беше клучно бидејќи Теута даде многу лесни поени од контранапади. Наредниот настап на тимот на тренерот Павле Николов во БИБЛ е на 14-ти ноември, на гости кај косовскиот претставник Башкими.

Лукаку го пропушта Јувентус

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, не допатува за Торино со остатокот од тимот во пресрет на реванш-средбата против Јувентус во Лигата на шампионите. Белгиецот се мачи со повреда, па така, на последните подготовки тој не присуствуваше на тренингот, што е знак дека не е комплетно подготвен за настап.

Претходно ги пропушти и двата последни меча во Премиер лигата, во кои „црвените ѓаволи“ издвоија две победи, против Евертон и Борнмут.

„Потребни му се уште неколку дена за да закрепне. Не знам што точно се случи, мислам дека се повреди на тренинг, па ќе мора да чекаме уште малку за Лукаку да се врати во тимот“, истакна Мурињо.

Средбата е предвидена за утре, со почеток од 21 часот.

Надал успешно опериран

Рфаел Надал денес се огласи преку социјалните мрежи дека успешно ја минал операцијата на зглобот од десната нога. Повредата која го спречи да се натпреварува на Мастерсот во Париз и која го натера да се откаже од АТП-финалињата во Лондон, Шпанецот ја санираше и сега ќе биде потребно време да се рехабилитира.

Токму поради тоа, Надал мораше да го откаже хуманитарниот натпревар наменет за поплавите кои неодамна го зафатија градот Мајорка. Засега е неизвесно дали ќе го откаже и егзибицискиот меч против Новак Ѓоковиќ, кој е закажан за 22-ри декември, а треба да се одигра во Саудиска Арабија.

„Ви благодарам за сите пораки и поддршката, операцијата помина добро. Сепак, принуден сум да го откажам хуманитарниот настан кој е организиран за помош на оние кои настрадаа во поплавите кои се случија во Мајорка“, истакна Надал на „Твитер“.

Вториот светски рекет претходно, поради повреда на коленото, се откажа во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, а потоа го пропушти и Мастерсот во Шангај. Дополнителни проблеми му правеа и болките во стомачните мускули, што беше една од причините што се откажа и турнирот во Париз.

Погледнете ги сите погодоци на вечерашните натпревари од ЛШ (видео)

*Крај на натпреварите:

Атлетико Мадрид – Б. Дортмунд 2-0

Интер – Барселона 1-1

Наполи – ПСЖ 1-1

Порто – Локомотив Москва 4-1

Шалке – Галатасарај 2-0

Тотенхем – ПСВ 2-1

*ГОООООООООООООООООООЛЛЛЛЛ 90+3‘ – Порто со гол во последната минута ги постави конечните 4-1 против Локомотив Москва

*ГОООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 89‘ – Тотенхем прави комплетен пресврт од 2-1 против ПСВ во последните минути, Кејн повторно стрелец

*ГОООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 87‘ – Малку траеше радоста на Барселона, Икарди израмни на 1-1

https://www.dailymotion.com/video/x6wrwet

*ГОООООООООООООЛЛЛЛЛ 80‘ – Гризман ја зголемува предноста на Атлетико на 2-0 против Дортмунд

https://www.dailymotion.com/video/x6wrwas

*ГООООООООООООООЛЛЛЛ 83‘ – Малком со својот прв гол во дресот на Барселона носи радост за „каталонците“ против Интер

https://www.dailymotion.com/video/x6wrw9d

*ГОООООООООООООЛЛЛЛ 78‘ – Тотенхем конечни израмни против ПСВ на 1-1, Кејн погоди за „петлите“

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 67‘ – Корона носи удобна предност за Порто од 3-1 против Локомотив од Москва

https://www.dailymotion.com/video/x6wrvmr

*ГОООООООООООООЛЛЛ 62‘ – Инсиње од пенал израмнува на 1-1 против ПСЖ

https://www.dailymotion.com/video/x6wrvhw

*ГОООООООООООООЛЛЛЛЛ 59‘ – Локомотив Москва ја намалува предноста на Порто на 2-1, голот за гостите го реализираше Фарфан

https://www.dailymotion.com/video/x6wrv9o

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛЛ 57‘ – Шалке води и со 2-0 против Галатасарај, Ут прецизен за домаќините

https://www.dailymotion.com/video/x6wrv1v

*Полувреме: Атлетико Мадрид 1-0 Борусија Дортмунд; Интер 0-0 Барселона; Наполи 0-1 ПСЖ; Порто 2-0 Локомотив Москва; Шалке 1-0 Галатасарај; Тотенхем 0-1 ПСВ

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛ 45+2‘ – ПСЖ на неколку секунди пред паузата успева да поведе против Наполи со 1-0, стрелец на голот, Бернат

https://www.dailymotion.com/video/x6wrtkp

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛ 43‘ – Марега зголеми на 2-0 во корист на Порто против Локомотив

https://www.dailymotion.com/video/x6wrtbq

*ГОООООООООООЛЛЛЛ 33‘ – Саул му носи водство на Атлетико Мадрид од 1-0 против Борусија Дортмунд

https://www.dailymotion.com/video/x6wrstn

*По првите 25 минути, мируваат мрежите на средбите Наполи – ПСЖ, Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд и Интер – Барселона, додека на останатите мечеви, ПСВ, Шалке и Порто водат со по 1-0 против Тотенхем, Галатасарај, односно Локомотив Москва

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛ 4‘ – Бургсталер прецизен за предност од 1-0 за Шалке против Галатасарај

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛ 2‘ – Порто поведува со 1-0 против Локомотив Москва, стрелец на голот Ерера

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛ 2‘ – ПСВ го изненадува Тотенхем по само две минути игра на „Вембли“, резултатот е 0-1 за Холаѓаните по голот на Де Јонг

https://www.dailymotion.com/video/x6wrr70

*Крај на натпреварите: Црвена звезда 2-0 Ливерпул; Монако 0-4 Клуб Бриж

*ГОООООООООООООЛЛЛЛЛ 85‘ – Клуб Бриж го растури Монако, резултатот веќе е 4-0 по голот на Вормер

*Официјални состави:

Интер – Барселона

Интер: Хандановиќ, Врсаљко, Де Вриј, Миранда, Асамоа, Весино, Брозович, Најнголан, Перишиќ, Политано, Икарди.

Барселона: Тер Штеген, Роберто, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Артур, Ракитиќ, Кутињо, Дембеле, Суарез.

Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд

Атлетико: Облак, Хуанфран, Хименез, Лукас, Фелипе Луиз, Томас, Родри, Саул, Кореа, Гризман, Калиниќ.

Дортмунд: Бурки, Хакими, Аканжи, Топрак, Пишчек, Делејни, Витсел, Санчо, Ројс, Пулишиќ, Алкасер.

Наполи – ПСЖ

Наполи: Оспина, Максимовиќ, Албиол, Кулибали, Руи, Алан, Руиз, Хамшик, Калјехон, Мертенс, Инсиње.

ПСЖ: Буфон, Керер, Макрињос, Тијаго Силва, Бернат, Дракслер, Верати, Ди Марија, Мение, Мбапе, Нејмар, Кавани.

Тотенхем – ПСВ

Тотенхем: Газанига, Орие, Санчез, Алдервајлд, Дејвис, Винкс, Али, Сон, Ериксен, Лукас, Кејн.

ПСВ: Цоет, Виргевер, Шваб, Ангелино, Переиро, Хендрикс, Де Јонг, Лозано, Бергвијн, Росарио, Дамфрис.

Шалке – Галатасарај

Шалке: Нубел, Настасиќ, Ут, Руди, Стамбули, Калиџури, Бургстелар, Харит, Сане, Шоф, Емболо

Галатасарај: Муслера, Фереира, Азиз, Родригез, Белханда, Гумуш, Линес, Донк, Ндиаје, Онјекуру, Кабак

Порто – Локомотив Москва

Порто: Касилјас, Макси Переира, Милитао, Брахими, Торес, Марега, Телес, Ерера, Корона, Данило, Фелипе

Локомотив: Гилерме, Идову, Фернандес, Хеведес, Криховјак, Миранчук, Чорлука, Игнатиев, Едер, Денисов, Миранчук

*Полувреме: Црвена звезда 2-0 Ливерпул; Монако 0-3 Клуб Бриж

*ГООООООООООООООООЛЛЛЛЛ 29‘ – Павков зголемува на 2-0 во корист на „црвено белите“ против Ливерпул. Фантастичен погодок на напаѓачот на Звезда, Алисон немаше шанси

*ГООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 24‘ – Бриж го зголеми водството против Монако на 3-0, стрелец на голот Весли.

*ГООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛ 22‘ – Црвена Звезда води со 1-0 против Ливерпул со голот на Милан Павков. Павков беше највискок по изведениот корнер на домаќините.

https://www.dailymotion.com/video/x6wrm1i

*17‘ – Стариџ промаши во непосредна близина пред голот на домаќините, Англичанецот можеше да им донесе рано водство на „црвените“

*ГООООООООООООООЛЛЛЛ 17‘ – Ванакен од белата точка го постигнува вториот гол на средбата за двојно водство на Бриж против Монако, 0-2

https://www.dailymotion.com/video/x6wrm6x

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛ 12‘ – Клуб Бриж поведува против Монако со 1-0, Ванакен стрелец на првиот гол вечерва.

https://www.dailymotion.com/video/x6wrlds

 

*Официјални состави:

Црвена звезда – Ливерпул

Звезда: Борјан, Стојковиќ, Дегенек, Савиќ, Родиќ, Крстичиќ, Јованчиќ, Марин, Бен, Срниќ, Павков.

Ливерпул: Алисон, Александре – Арнолд, Ван Дајк, Матип, Робертсон, Лалана, Милнер, Вајналдум, Салах, Мане, Стариџ.

 

Монако – Клуб Бриж

Монако: Бенаљо, Сидибе, Жемерсон, Глик, Барека, Тилеманс, Чадли, Аит Бенасер, Сила, Диоп, Фалкао.

Бриж: Хорват, Денсвил, Мечеле, Пулин, Мата, Вормер, Накамба, Риц, Диата, Ванакен, Весли.

 

Лигата на шампионите се враќа на големата сцена во пресрет на четвртото коло од групната фаза. Веќе стана обичај, два натпревари започнуваат во 18:55 часот, останатите шест во терминот од 21 часот.

Највозбудливиот дуел се очекува да биде оној на „Џузепе Меаца“ во Милано, средбата меѓу Интер и Барселона, а секако има и уште неколку интересни дуели како Атлерико Мадрид против Борусија Дортмунд, и Наполи против ПСЖ.

Познати се и официјалните состави на двата натпревари кои треба да започнат за педесетина минути, односно средбите меѓу Црвена звезда и Ливерпул, како и Монако против Клуб Бриж.

Германски комичар си игра мајтап со Роналдо (Видео)

Комичарот Маце Кноп на хумористичен начин им претстави на гледачите како изгледа еден ден на Кристијано Роналдо во Торино. Кноп посети неколку култни места во Торино, меѓу кои и кафуле во кое ѕвездите пијат еспресо или продавница на Јувентус.

Кноп се внесе во улогата на Роналдо, зборува мешано италијански, португалски и германски, секако со португалски нагласок, постојано си ја мести фризурата, а откако проба едно палто од кашмир, не сакаше да го купи затоа што според Роналдо, би било многу ефтино, иако цената е 3.500 евра.

Погледнете го првиот дел од сеирот, за утре се најавува втор дел:

МКФ и Oпштина Гевгелија ја официјализираа соработката

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, со градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков, ја официјализираа соработката помеѓу двете страни, која ќе резултира со одигрување на натпреварот од претквалификациите за Евробаскетот 2021 на сениорите против Косово, закажан за втори декември, со почеток во 20.15 минути.

Градот Гевгелија, конкретно спортската сала „26 Април“ ќе биде домаќин на нашата сениорска репрезентација, која ќе се обиде да запише трета победа во низа во оваа фаза од претквалификациите за ЕП 2021.

МКФ му се заблагодари на градоначалникот Поцков, како и на градот Гевгелија за подадената рака како и за условите за одигрување на натпреварот – од комплексот хотели до користење на спортската сала. Од МКФ ја ценат иницијативата на градоначалникот, како и залагањето за да се оствари оваа соработка и со нетрпение го очекуваат втори декември.

Барса против Интер во розеви дресови

На гостувањето во Градот на Модата, екипата на Барселона реши да направи презентација на својата трета гарнитура дресови. Станува збор за опрема во розева боја.

Барса засега има максимални 9 бода од три меча, а дали и розевите дресови ќе се покажат како среќни, останува да се види вечерва од 21 часот. Гарнитурата дресови во розева боја беше претставена во септември, а инспирацијата доаѓа од една од најпознатите улици во Барселона, Дијагонал. На дресот има и црвена боја, како и изглед на дел од градот погледнат од височина.

Во составот на Барса има двајца поранешни играчи на Интер, тоа се Кутињо и Рафиња, но најголемата дилема е дали ќе настапи Лионел Меси, кој ќе биде во составот и не се знае колку е подготвен за настап по повредата на лакотот здобиена пред две недели.

Вардар против Нексе ќе се подготвува за Барса

Вардар од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува хрватскиот вицепрвак Нексе во меч од регионалната СЕХА-лига и средбата треба да биде генерална проба пред дуелот со Барселона од Лигата на шампионите.

Нексе е најпријатно изненадување сезонава во СЕХА, тимот од Нашице има шест победи и само еден пораз, па во моментов го дели првото место на табелата со 18 бода, исто колку и ППД Загреб. Вардар е на третото место со 15 бода.

Нексе неодамна се засили и со Халил Јагањац, кој дојде од Металург, но Вардар е домаќин и ќе ја има улогата фаворит, иако нема да настапи пивотменот Рожерио Мораеш, кој има проблеми со коленото и ќе биде поштеден за да може да игра против Барселона.

„Нексе е силна екипа која игра добар ракомет. Имаа доволно време за да се одморат и да се подготват за нас. Доаѓаат во полн состав во Скопје. Со самото тоа, тие доаѓаат по бодови. Ние одиме на максимум и ова е дуел кој ќе ни биде подготовка за дуелот против Барселона. Нема сомнежи дека ќе покажеме најдобра игра што можеме. Секогаш се бориме до крај и затоа мораме да одиграме квалитетно од почетокот и да се обидеме уште во првото полувреме да дојдеме до предност и тука да го решиме победникот“, изјави Дејан Милосављев, голманот на Вардар.

Фудбалер на Зенит намерно добил црвен картон за да оди на Бока – Ривер

Леандро Паредес, кој игра за руски Зенит, а како и многу Аргентинци, ќе сака да го гледа финалето од Копа Либертадорес (Лига на шампиони во Јужна Америка) помеѓу аргентинските ривали Бока јуниорс и Ривер плате, па се шпекулира дека намерно направил непромислен потег за да може да замине во Буенос Аирес и да го гледа мечот.

Паредес, кој има 24 години, кариерата ја почна во Бока јуниорс и срцето му е во тој клуб, а во Европа играше и за Рома. На мечот со Ахмати Грозни, Паредес во 83-тата минута без потреба со две нозе удри противнички играч на средината на теренот и го испровоцира судијата да му даде црвен картон. Сега Паредес нема право на настап на наредниот меч и ќе има време да замине до родната земја да го гледа финалето помеѓу Бока и Ривер.

Откако постои Копа Либертадорес, а тоа е од 1960 година наваму, првпат се случува најголемите аргентински тимови да играат еден против друг во финале и затоа приликата е посебна и Паредес не сака да ја пропушти, наместо да тренира понапорно и да игра подобро во дресот на рускиот клуб.