9.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025
Дома Blog Страница 9957

Агуеро во друштво со Анри и Руни

Во победата од 6-1 против Саутхепмтон, голгетерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, го постигна 150-тиот гол за „граѓаните“ во Премиер лигата. Аргентинецот со тоа стана третиот играч на Островот кој постигнал 150 погодоци за еден премиерлигашки клуб, па со овој учинок им се приклучи на легендата на Арсенал, Тиери Анри (175), и ексѕвездата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни (183 гола).

Вкупно девет играчи во историјата на Премиер лигата постигнале 150 или повеќе погодоци во кариерата:

Алан Ширер – 260, Вејн Руни – 208, Енди Кол – 187, Френк Лампард – 177, Тjери Анри – 175, Роби Фаулер – 163, Џермејн Дефо – 162, Мајкл Овен – 150 и од вчера Серхио Агуеро.

https://twitter.com/brfootball/status/1059103809065099264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1059103809065099264&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPremier-League%2Fa256788-Serhio-Aguero-u-klubu-150.html

Ѓоковиќ и официјално број 1, Димитров испадна од Топ 10

Она што се знаеше уште пред неколку дена, денеска доби официјализација, Новак Ѓоковиќ е новиот машки рекет број 1. Ѓоковиќ по пласманот во финалето на Мастерсот во Париз, се врати на челната позиција на светската ранг-листа и има 8.045 поени, додека второпласираниот Рафаел Надал, кој не игра и загуби многу поени кои ги бранеше од лани, падна на 7.480.

Новак за последен пат беше лидер на АТП-листата на 31-ви октомври 2016 година, а по две години, еве го повторно на врвот. Пресвртницата беше Вимблдон. На лондонскиот Гренд слем, Ѓоковиќ ја освои титулата како 21-ви носител. Потоа го освои и Мастерсот во Синсинати, турнир кој го немаше освојувано ниту порано кога беше во топ форма.

По Ѓоковиќ и Надал, трети е ветеранот Роже Федерер, а во топ 5 се уште Дел Потро и Зверев. Најголем пад имаше Григор Димитров, кој од 10-то падна на 19-то место, а Карен Хачанов од 18-то, напредуваше на 11-то место.

Кај жените, нема поместувања кај најдобрите 10, тие веќе не играат, и натаму прва е Симона Халеп, а нашата Лина Ѓорческа напредуваше за 62 места и сега на 424-та позиција.

 

Брестовац: Не е точно дека судиите ни помагале

Првата победа на ракометарите на Металург во Лигата на шампионите сезонава донесе задоволство во редовите на тимот од скопската Автокоманда, а се покажа и дека со поголема ротација, „металурзите“ имаат што да кажат. И во триумфот над Чеховски медведи, Металург имаше пад во второто полувреме, кое го одигра послабо отколку првото, но успеа да ја задржи предноста од шест разлика по првите 30 минути.

„Имаме поголем ростер и повеќе ротација. Не најдовме решение за нивната одбрана од 5-1. Немавме многу време за да се подготвиме за сето тоа што Чеховски медведи може да го понуди. Додека играа 6-0, делувавме добро, но на тоа и повеќе работевме. Благодарение на Даниловски и добрата одбрана, заслужено имавме 16:10 на полувреме. Во вториот дел промашивме две зицера и два пенала. Сега е лесно да зборуваме, но доколку ги реализиравме, сигурно многу порано ќе го решевме овој дуел. Сепак, во ниту еден момент не помислив дека можеме да загубиме. На клупата сите бевме свесни дека го имаме овој натпревар и верувавме во тоа“, изјави тренерот Данило Брестовац.

По жалбата на гостинскиот тренер Владимир Максимов дека судиите во одредени ситуации му помогнале на македонскиот тим, Брестовац кажа: „Можам да кажам дека судиите не ни помогнаа воопшто. Токму Чеховски беа во постојана комуникација со судиите и не знам од каде е впечатокот дека судиите ни помогнале“, одговори Брестовац.

Молња ги стресе „сенаторите“ во продолжение

Тампа беј лајтнинг издвои победа над Отава сенаторс со 4-3 само по 14 одиграни секунди во продолжението. За искачување на лидерската позиција во Источната конференција, хокеарите на Тампа беј мораа да се извлечат одзаостанувањето со два гола.

По првиот период, „сенаторите“ водеа со 2-0, додека голот на Пакете за 2-1 на стартот од втората третина беше единственото возбудување пред решавачката делница. Гостите на 30 секунди до крајот израмнија на 3-3, па во дополнителното време им беа потребни замо 14 секунди да го остварат пресвртот и значајната победа.

 

Њујорк ренџерс без поголеми проблеми го совладаа тимот на Бафало сејберс со конечни 3-1. „Ренџерите“ создадоа удобна предност во втората третина, но за да ја сочуваат, мораа да одолеат на нападите на гостите во последните 20 минути, а Весеј пред крајот погоди празен гол за 3-1, за да ги разреши сите дилеми на средбата.

Покрај Тампа беј, и Анахејм дакс се израдуваа на триумф по продолжение. Со конечни 3-2, „патките“ го совладаа тимот на Колумбус блу џекетс благодарение на хет-трикот кој го забележа Фаулер. Анахејм беше на чекор до победа во регуларниот дел, но на триесетина секунди пред крајот, Дубуа израмни на 2-2, но Фаулер веќе во првата минута од продолжението ја реши средбата.

Момче од 14 години влезе во историјата на парагвајскиот фудбал (Видео)

Фернандо Овелар со голот кој го постигна на дуелот помеѓу Олимпија Асунсион и Серо Портењо, влезе во историјата на парагвајскиот, можеби и јужноамериканскиот фудбал, како најмлад стрелец на гол. Овелар, кој е играч на Серо Портењо, има само 14 години, 9 месеци и 27 дена.

Фернандо Овелар е внук на Џеронимо Овелар, кој беше одбранбен играч на Серо Портењо во 70-тите и 80-тите години од минатиот век и освојувач на Копа Америка со Парагвај во 1979 година.

Ова беше втор меч за Овелар во сениорската кариера. Дербито заврши со 2-2, Олимпија остана лидер со седум бода предност пред Серо Портењо.

Погледнете го историскиот гол на веројатно идниот репрезентативец на Парагвај:

https://www.youtube.com/watch?v=tVGv66fMsU0

 

Торонто без Ленард удри по „езерџиите“, Букер е херојот на Феникс (видео)

Торонто репторс по првите 10 натпревари во новата сезона, има скор од 9-1, откако ноќеска беше подобар од ЛА лејкерс со 121:107 во „Стејплс центарот“. Канадската франшиза и без Кавај Ленард, но предводени од Ибака и Лаури, му го украдоа шоуто на Леброн Џејмс, кој имаше скромна вечер.

Кон победата направија голем исчекор уште во првата четвртина, Торонто за 12 минути постигна 42 поени, во однос на оние 17 на „езерџиите“, па во остакотот од средбата успешно ја сочуваа предноста. Ибака со дабл-дабл учинок беше најефикасен играч на гостите, со 34 поени и 10 скока, притоа шутираше 15/17 од игра. Лаури додаде 25 поени и 15 асистенции, додека кај поразените најрасположен беше Кајл Кузма со 24 поени, додека Леброн реализираше 18.

 

Девон Букер е херојот на Феникс кој го погоди шутот за победа со звукот на сирената против Мемфис гризлис, во победата од 102:100. Во неизвесната пресметка која се одигра во Аризона, Букер донесе победа за „сонцињата“ погодувајќи за водство во нивниот последен напад, не оставајќи простор на противникот да се обиде да извлече продолженија.

Првата ѕвезда на Феникс завшри со 25 поени и седум асистенции, додека за тимот на Мемфис, Шелвин Мек реализираше 21 поени.

Резултати НБА:

Милвоки бакс – Сакраменто кингс 144:109

Бруклин нетс – Филаделфија севентисиксерс 122:97

Вашингтон визардс – Њујорк никс 108:95

Сан Антонио спарс – Орландо меџик 110:117

Феникс санс – Мемфис гризлис 102:100

Портланд трејлблејзерс – Минесота тимбервулвс 111:81

Лос Анџелес лејкерс – Торонто репторс 107:121

Игуаин е неизвесен за дербито против Јувентус

Милан е во низа од три победи во италијанската Серија А. „Росонерите“ вечерва се израдуваа на триумф против Удинезе. Единствена лоша работа за „росонерите“, од овој меч е повредата на Гонзало Игуаин.

Аргентинскиот голгетер беше заменет во 35 минута од првото полувреме, кога се пожали на болки во грбот. Според прогнозите, се работи за незгодна повреда која може да го одвои Игуаин од теренот и тој да не игра на следниот меч од првенството.

Милан во следното коло, на 11 ноември го очекува големото дерби против Јувентус. Актуелниот шампион ќе гостува на „Сан Сиро“, а можно е Милан да биде без Игуаин во тимот, играчот кој дојде токму од редовите на гигантот од Торино.

Со освоените три бода на мечот против Удинезе, Милан има 21 бод, точно 10 помалку од лидерот Јувентус.

Милан се израдува во 97 минута, судијата прво го поништи погодокот, па досуди гол (Видео)

Милан со погодок во последните секунди од мечот, победи на гостувањето кај Удинезе со 1:0. Капитенот Алесио Ромањоли втор пат за само неколку дена е херојот на „росонерите“. Откако во средата даде гол во 91 минута за триумф против Џенова, овојпат ја затресе мрежата на Удинезе и тоа во 97 минута.

Требаше да се играат 4 минути продолженија, но во судиското надополнување Удинезе остана со играч помалку по црвениот картон на еден од домашните фудбалери. Токму поради тој црвен картон, иргата беше дополнително продолжена, а Милан тоа го искористи и со голот на Ромањоли стигна до победа.

Гостите се израдуваа на голот, кога судијата покажа дека имало офсајд, па го поништи погодокот. Сепак, по прегледување на ситуацијата со помош на ВАР системот, голот беше признат, што значеше и победа за Милан.

За „росонерите“ ова е трета победа во низа и е одлична најава за дербито во следното коло против Јувентус на „Сан Сиро“.

 

Матиќ поради еден цвет бил подготвен и да си оди од Манчестер јунајтед

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ бил подготвен да го напушти Манчестер јунајтед и тоа пред вчерашниот меч против Борнмут. Матиќ беше единствениот фудбалер на теренот на Борнмут, кој на својот дрес не го носеше „полското цвеќе“. Тоа е цвеќе со кое во англискиот фудбал се оддава почит на англиските војници кои загинале во Првата светска војна, но и во чест на НАТО војниците.

Матиќ не ни знаел зошто служи тој цвет. Кога го видел залепен на неговиот дрес и кога разбрал дека е во чест и на НАТО војниците, Србинот бурно реагирал.

„Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси да го носам ова. Ако треба, подготвен сум веднаш да си заминам од клубот“, била реакцијата на Матиќ, непосредно пред вчерашниот меч против Борнмут.

Во англискиот фудбал не е задолжително да се носи ова цвеќе на дресот, а ниту од Федерацијата наметнуваат казна за одбивање да се носи тој симбол.

Салах доби статуа, ама личи на циркузант и сите му се смеат

Египетскиот скулптор Маи Абдел реши да изработи статуа во чест на Мохамед Салах, но работите тргнаа во непосакувана насока. Статуата требало да покажува како Салах се радува на постигнат гол, но кога ќе го погледнете крајниот производ од скулпторот, тешко дека некој ќе го асоцира дека тоа треба да е Салах.

Голгетерот на Ливерпул не е прв и единствен кој добил ваква смешна статуа. Пред неколку години, статуата на Кристијано Роналдо беше уметничка катастрофа, бидејќи воопшто не личеше на еден од најдобриот фудбалер во историјата.