10.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025
Дома Blog Страница 9958

Шпанска комбинација на „сините“ за славје против Кристал палас

Челзи со 3-1 против Кристал палас ја забележа осмата овосезонска победа во Премиер лигата. Благодарение на шпанското дуо Мората-Педро, „сините“ остануваат непоразени и по 11 меча во англискиот шампионат, повторно се на второто место со 27 бода, два помалку од лидерот Сити, а со ист број на бодови како и Ливерпул, но подобра гол-разлика.

Мората го отвори резултатот во 32-та минута по асистенција на неговиот сонародник Педро, за водство на избраниците на Маурисио Сари по првите 45 минути. Мал шок за „сините“ беше израмнувачкиот гол на Таунсенд во 53-тата минута, но неивесноста траеше малку повеќе од десетина минути.

Само една минута по влегувањето на Азар, Белгиецот од прекин асистираше за вториот погодок на Мората на средбата, во 65-тата минута, а Педро го реши победникот само пет минути подоцна, откако ја затресе мрежата по прецизното додавање од Алонсо.

Кристал палас влезе во негативна серија од четири порази на последните пет натпревари во шампионатот, и само едно реми, па така со осум бода се наоѓаат на 14-тото место на табелата.

Сефте победа за Металург во Лигата на шампионите

Металург го совлада тимот на Чеховски медведи со конечни 25-24, во шестото коло во Лигата на шампионите. Изрбаниците на Данило Брестовац конечно се израдуваа на победа во европскиот шампионат, откако претходно ги загубија првите пет сребди.

Последните минути од првото полувреме беа клучни за победата на „металурзи“, кога ја направија најголемата разлика од шест гола, па со 16-10 заминаа на паузата.

Гостите на стартот од вториот дел за успеаја да ја намалат негативата на само три гола, додека во последните пет минути предноста на Металург се стопи на два гола. Сепак, во финишот Чеховски останаа со играч помалку, но создадоа драма постигнувајќи гол во последната минута за 25-24, а потоа го промашија во нивниот последен напад за евентуално реми, па Даниловски ја забележа 18-тата интервенција и ја осигура победата за нашиот претставник.

 

 

Ништо од пет во низа, Леванте ремизираше со Вилјареал

Леванте не издржа во судиското надополнување да не прими гол, па така со реми од 1-1 заминуваат од гостувањето кај Вилјареал. Во рамките од 11. коло во Ла Лига, екипата за која игра нашиот репрезентативец Енис Барди, малку им недостасуваше да го остварат петтиот триумф во низа.

Фунес Мори ќе беше трагичар за „жолтата подморница“, кој во 77-та минута си постигна авто гол, а Педраса во третата минута од судиското надополнување успеа да го спаси својот тим од шестиот пораз сезонава.

Во последната минута од средбата, Барди имаше шанса од слободен удар да ги шокира домаќините, меѓутоа неговиот удар заврши во жииот ѕид, па во истиот момент судијата го означи крајот на мечот.

Неприкосновениот Сити броеше до шест против Саутемптон

Манчестер сити го декласираше Саутемптон со 6-1 во рамките од 11. коло во Премиер лигата. “Граѓаните“ уште по 20 минути ги обезбедија бодовите и ја продолжија серијата на 11 меча без пораз, и повторно се на врвот со 29 бода.

За водство имаа помош од дефанзивецот на гостите, Весли Хоедт, кој си ја смести топката во својата мрежа во шестата минута. Агуеро и Давид Силва зголемија на 3-0 во 12-тата, односно 18-тата минута, пред Ингс да го постигне почестниот гол за „светците“ преку пенал во 30-тата минута.

Стерлинг ги постигна следните два погодоци за Сити, прво во втората минута од судиското надополнување во првиот дел, а потоа и во 67-та минута, додека за конечни 6-1 погоди Сане во 90-тата минута.

Сити сезонава веќе четврти пат успева да постигне пет или повеќе погодоци на еден меч во рамките од Премиер лигата. На Хадерсфилд им дадоа шест во второто коло, против Кардиф и Барнли броеа до пет, во шестото, односно во деветтото коло.

Извонредна е и нивната статистика во гол-разлика, фудбалерите на Пеп Гвардиола на 11 меча постигнаа 33 погодоци, а примија само четири.

Пред Баерн се двете Борусии

Борусија Менхенгладбах со конечни 3-0 издвои триумф против Фортуна Дизелдорф во рамките од 10. коло во Бундеслигата. На тој начин Гладбах изби на втората позиција на табелата, со исто бодови како и Баерн Минхен (20), но со подобра гол разлика.

Домаќините трите гола ги постигнаа во вториот дел, отвори Торган Азар преку пенал во 48-та минута, Хофман зголеми на 2-0 во 67-та минута, а на десетина минути пред крајот, Азар го постигна својот вторл гол на средбата.

По 10 одиграни натпревари во германскиот шампионат, Дортмунд е лидер со 24 бода, Гладбах и Баерн се на второто, односно третото место со ист број на бодови, 20.

 

„Биковите“ ја прегазија Сампдорија

Торино со убедливи 4-1 славеше голема победа над Сампдорија во Џенова. Белоти на два пати ја тресеше мрежата на домаќините во првиот дел, Фалке во 56- тата минута зголеми на 3-0, пред Квалјарела намали да го постигне почесниот гол за Сампдорија во 65-тата минута. Ицо ги постави конечните 4-1 во 78-та минута.

Сасуоло лесно ја оствари петтата победа сезонава, откако на гостувањето кај Киево славеше со 2-0. Ди Франческо го отвори резултатот  во 42-та минута, додека пред самиот финиш Џакерини си ја смести топката во својот гол и ја потврди победата на гостите.

Парма и Фросиноне одиграа реми без голови, иако домаќините речиси половина час играа со играч помалку, Фросиноне не успеа да ја искористи таа ситуација.

Сензационална победа над Ѓоковиќ за прва Мастерс титула на Хачанов

Карен Хачанов одигра феноменално финале во Париз против Новалк Ѓоковиќ, па со 2-0 во сетови (7-5, 6-4), го совлада првиот светски рекет. За Русинот ова беше прво појавување на финалињата на Мастерс турнирите, па така го освои и првиот голем трофеј во кариерата.

Хачанов буквално го надмудри Ѓоковиќ во двата сета. Иако српскиот тенисер прв направи брејк за 3-1 во првиот сет, Хачанов веднаш возврати, па така и ја врати неизвесноста се до 5-5, а потоа го направи и второт брејк, кој беше клучен за освојување на сетот.

Помалку физички потрошен, Ѓоковиќ се најде во негатива на стартот од вториот сет, откако загуби гем на свој сервис за 2-1 во корист на Хачанов, па предноста ја одржа Русинот до крајот на средбата.

Хачанов на овој турнир настапи како 18-то рангиран тенисер во светот, а од утре ќе напредне на листата за дудри седум места, односно ќе биде 11-ти, додека Ѓоковиќ од утре и официјално ќе биде прв носител на АТП листата. За Србинот ова беше прв пораз во финале во Париз, откако претходно четири пати триумфираше на овој турнир, во 2009 година, а потоа и три по ред во 2013, 2014 и 2015 година.

Ибрахимовиќ бара договор од 18 месеци за да се врати во Милан

Претставници на Златан Ибрахимовиќ и на Милан продолжуваат со преговорите околу враќање на Швеѓанецот на „Сан Сиро“ во јануари. Наводно, „росонерите“ му понудиле шестмесечен договор, односно до крајот на оваа сезона, додека Златан сака да има опција да го продолжи истиот на уште една сезона.

Според италијанските медиуми, неговата плата треба да изнесува 1,5 милиони евра, додека останатите бонуси треба да ги покријат неговите спонзори.

Ибрахимовиќ моментално е играч на ЛА галакси, но откако со тимот не успеа да се пласира во плеј-офот од МЛС лигата, тој изразил желба да се врати во Милан, тимот за кој одигра 85 натпревари и постигна 56 погодоци од 2010-та до 2012 година.

Меси ќе патува за Милано за дуелот против Интер

Лионел Меси се врати на тренинзите во пресрет на гостувањето на Барселона кај Интер (вторник, 21 часот), мечот кој ќе се одигра во рамките од 4. коло во Лигата на шампионите. Аргентинецот поради фрактура на десната рака која ја заработи на мечот против Севилја, ги пропушти последните четири средби на Барса во сите конкуренции, во кои „каталонците“ издвоија максимален учинок.

Валверде го именуваше Меси во составот кој ќе патува за Милано, иако тој нема добиено дозвола од медицинскиот тим за настап. Засега е неизвесно дали Лео ќе биде меѓу резервите и ќе чека шанса да влезе од клупа, или пак нема да биде меѓу они 18 играчи кои ќе бркаат победа против „нероаѕурите“.

Шкупи на прошетка до Тетово, Шкендија го стаса Вардар на врвот на табелата

Шкендија го декласира Шкупи во меч што требаше да биде дерби на 13. коло и со триумф од 3:0 е лидер на табелата. Фазли, Емини и Алими беа стрелци за шампионот, кој го искористи и киксот на Вардар, па сега со 28 бодови е лидер на табелата.

Вардар има ист број на бодови, 28, но послаба гол-разлика, а денеска со реми против Беласица за првпат во ова првенство не е лидер на табелата.

Дарко Мицевски постигна еврогол за „црвено-црните“ во 30. минута, а за Вардар „кобен“ беше убавиот погодок на Филип Ивановски, играч кој настапуваше за најтрофејниот наш клуб. Денеска и донесе голем бод на Беласица во првото гостување на струмичани на Вардар по 12 години.

Втората струмичко-скопска пресметка им припадна на фудбалерите на Академија Пандев против Работнички. Љупче Дориев со прецизен удар во 54. минута ги израдува домаќините.

Победа со два гола во второто полувреме го надигра и победи Силекс. Нвабуезе и Танушев беа стрелци за прилепчани во 60. и 90. минута.

Ренова има рецепт за експресни пресврти, а и денеска „гипсарите“ победија со два гола за една минута. Влатко Стојановски и Емран Рамадани погодија во 60. и 61. минута за победа во Ѓорче Петров. Домаќинот Македонија поведе со погодокот на Дејан Тантуровски по 15 минути игра, но повторно загуби. Ова е трет пораз по ред за популарните „лавови“.

 

Резултати, 13. коло: Шкендија – Шкупи 3:0, Вардар – Беласица 1:1, Победа – Силекс 2:0, Академија Пандев – Работнички 1:0, Македонија Ѓ.П. – Ренова 1:2.

Табела: Шкендија и Вардар по 28, Академија Пандев 22, Победа и Работнички по 17, Ренова 16, Беласица 14, Македонија Ѓ.П. 13, Шкупи 12, Силекс 11.