13.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025
Дома Blog Страница 9968

Реал му нуди на Јувентус размена на Бразилците

Двата најтрофејни клуба во Шпанија и Италија, Реал Мадрид и Јувентус, може да направат размена на играчи. Според пишувањата на италијанските медиуми, постои можност двајца Бразилци да си ги сменат клубовите.

Искусниот Марсело веќе подолго време најавува дека сака да си оди од Реал и да се приклучи на другар му Кристијано Роналдо во Јувентус. Реал бара решение за тоа како да го даде Марсело, но и да добие квалитетен играч за возврат. Комбинацијата е Алекс Сандро да си замине од Торино и да го облече дресот на „кралевите“.

Алекс Сандро има договор со Јуве до 2020 година, но тимот од Торино веќе подолго време настојува да му ја продолжи соработката, а Бразилецот тоа го одбива. Токму затоа е на повидок и негово заминување од италијанскиот првак. Ако се направи размена, Реал би можело да бара и доплата, бидејќи моментно Марсело се проценува на 15 милиони евра повреден од соиграчот од репрезентацијата.

Балканско дерби во Париз, Ѓоковиќ против Чилиќ за полуфинале

Новак Ѓоковиќ со победа против Дамир Џумхур го прослави враќањето на првото место на АТП-листата, а мечот од осминафиналето заврши предвреме.

Поради повреда на грбот, Џумхур го предаде мечот при негатива од еден сет и 1:2 во гемови во вториот сет.

Ѓоковиќ атакува на петта титула во Париз, а следниот противник му е еден од омилените ривали, Марин Чилиќ. Србинот има неверојатен биланс од 15:2 во победи против Чилиќ, но и еден пораз годинава од Хрватот.

Во јуни, на тревната подлога во Лондон, Марин го победи Ѓоковиќ со 2:1 во меч за титула. Сè останато е во знакот на популарниот Џокер, кој има блескав биланс против Чилиќ.

 

Чилиќ прв до четврт-финале во Париз

Марин Чилиќ е првиот четврт-финалист на АТП-турнирот во Париз, по победата од 7:6 (5), 6:4, и за полуфинале ќе игра против уште еден тенисер од Балканот, Новак Ѓоковиќ, или Дамир Џумхур.

Хрватот во неизвесен меч беше за нијанса подобар од ривалот од Бугарија и по четврти пат во пет меѓусебни дуели беше поуспешен.

На Чилиќ, кој моментно е седморангиран тенисер на светот, му треба само уште една победа за да обезбеди настап на завршниот турнир во Лондон, каде што ќе игра октетот најдобри во 2018 година.

Украдена ѕвездата на Горан Пандев од плоштадот во Струмица

Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска остана без едно од своите обележја. Украдена е ѕвездата на Горан Пандев, која стоеше на плоштадот. Општината Струмица сподели фотографии на кои се гледа како местото на кое стоеше ѕвездата сега е празно.

Оваа ѕвезда беше поставена во 2010 година, кога Пандев со Интер стана европски и светски првак. Пандев е само третиот Македонец кој успеал да го оствари ова постигнување. Гордоста на Струмица, но и на цела Македонија уште е предводник на националниот тим и еден од главните играчи во обидот „црвено-жолтите“ преку Лигата на нациите да стигнат до пласман на Европско првенство 2020 година.

Сити со втор тим против Фулам

Манчестер сити – Фулам (20.45 ч.)

Акуелниот освојувач на Лига купот на Англија, Манчестер Сити, вечерва на свој терен игра против Фулам во четвртото коло. Сити е апсолутен фаворит, но гостите не губат надеж дека во еден меч може да го изненадат домаќинот. За „граѓаните“ ова ќе биде вториот меч од вкупно пет што треба да ги одиграат само за 13 дена.

Токму поради набиениот распоред, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола најави дека во Купот ќе им даде шанса на овие играчи кои помалку играат во првенството. Иако тоа би било нешто како втор тим на Сити, не треба да залажува бидејќи „граѓаните“ имаат силен состав и со оние кои почесто се на клупата за резерви.

Фулам во Купот го победи Милвол, но веднаш по тој меч загуби четири пати по ред и се најде во зоната за испаѓање во Премиер лигата. Дури и тренерот на Фулам, Славиша Јокановиќ, повеќе е фокусиран на дуелот против Хадерсфилд во првенството отколку на борбата во Купот, но задоволен е што токму против Сити ќе игра вечерва.

„Овој меч доаѓа во вистинско време за нас. Можеме да се подобриме и да бидеме подготвени за дуелот во понеделник. Имаме позитивен пристап“, рече Јокановиќ.

Сити победи на шесте последни средби против Фулам, вклучувајќи го и триумфот од 3-0 на почетокот на оваа сезона. Интересно е што Сити во претходните две сезони не даде гол во мечот од четвртото коло во Купот. Минатата сезона играше 0-0 против Вулверхемптон, а една година претходно загуби од Манчестер јунајтед со 1-0. Сепак, сега не би требало да продолжи таа традиција и се очекуваат голови.

Предлог тип: 1-2 пп. 1-2 вп. (2.95)

 

Феенорд – Ден Хаг (20.45 ч.)

Лесна задача во Купот, но не во Англија, туку на тој во Холандија, треба да има Феенорд. На последните три меча меѓу гигантот од Ротердам и екипата на Ден Хаг имало барем четири погодоци, па затоа се очекува и овојпат отворена игра со многу возбудувања.

Предлог тип: 1&4+ (2.25)

 

Сент Гален – Сион (20.15 ч.)

Се работи за дуел од Купот, а двата тима најавуваат дека сакаат да поминат понатаму. Ова се две екипи кои играат без многу калкулации. Традицијата покажува дека може да се очекуваат погодоци. На 11 од последните 12 меѓусебни дуели двата тима постигнувале погодок, што значи дека речиси сигурно е загарантирано за играта „ГГ“. Во овој период дури осум средби биле ГГ3+, па затоа и сега би понудиле таков тип како најсигурна варијанта.

Предлог тип: ГГ3+ (1.72)

 

Розенборг – Старт (19.05 ч.)

Розенборг е клуб кој секогаш оди на трофеи во Норвешка. Тоа го покажува и моменталната табелата во првенството, каде што Розенборг е лидер по 27 одиграни меча. За разлика од домаќинот, Старт ќе се бори за опстанок во лигата. Токму поради ова, дуелот во Купот би требало да биде само еден рутински дуел за фаворитот.

Поредлог тип: 1&3+ (1.86)

 

Навивачите се немилосрдни – Рамос и Бензема се лоши, Бејл е најлош

Герет Бејл е најголемиот виновник од играчите на Реал Мадрид за кризата што го тресе Кралскиот клуб, според мислењето на навивачите на клубот.

Во анкета за „Марка“ популарните мадристи немаа милост ниту кон капитенот Серхио Рамос, ниту кон Карим Бензема. Според нив, тие се меѓу главните виновници за хаосот во клубот.

Велшанецот Бејл најмногу ги разочара и тој собра дури 56 илјади гласови. Од него се незадоволни бидејќи беше скапо платен, дури повеќе и од Кристијано Роналдо, а нема впечатлив учинок на теренот. Далеку е од Роналдо, дури и немерлив е придонесот на Велшанецот, а скапо е платен, коментираат навивачите на актуелниот европски првак.

Рамос е виновен за ангажманот на Хулен Лопетеги, бидејќи капитенот беше еден од главните симпатизери на поранешниот шпански селектор. Тој инсистираше Лопетеги да дојде во Реал Мадрид, а познато е што се случи откако Хулен дојде во клубот.

На третото место е Бензама, според изборот на навивачите. Го нема Кристијано и Карим како да исчезна од теренот. Не дава голови, се мачи на секој меч и веќе е непрепознатлив. Далеку е од старата форма, велат симпатизерите на Реал.

По триото главни виновници, следат: Варан, Асенсио, Модриќ, Крос, Иско, Куртуа и Марсело.

Стоилов: Познат противник, одиме на победа

Вардар пред неколку дена претрпе висок пораз на гостувањето кај Мешков Брест (35:20) во меч од СЕХА-лигата, но на таа средба „црвено-црните“ играа со втор состав. Сега следи нова битка на овие два ривали, но во Лигата на шампионите, во Скопје. „Јане Сандански“ е местото каде што Вардар е фаворит без разлика кој е противникот, па затоа и секогаш се очекува победа на македонскиот првак. Тоа го знае и капитенот Стојанче Стоилов.

„Добро го познаваме противникот, бидејќи секоја година играме против нив. Се работи за сериозен тим, но ние играме на домашен терен и треба да докажеме зошто ја имаме улогата фаворити. Сакаме полна сала, а ние ќе одиме на победа“, рече Стоилов на денешната прес-конференција.

На овој меч, Вардар ќе биде без Вуко Борозан, кој доби суспензија од еден натпревар поради црвениот картон кој го заработи во претходното коло во ЛШ.

„Вчера стигна информацијата дека Борозан е казнет и нема да може да игра. Не знам зошто е таа суспензија, бидејќи немаше намера во стартот. Тоа беше во жарот на играта. На местото на Вуко, за прв пат ќе игра Дисингер. Мешков е силен противник, а посебно игра добро во одбраната, но нашата цел е една, а тоа е да победиме и да освоиме нов два бода“, рече тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Во досегашните пет одиграни меча, Вардар има четири победи и еден пораз, додека Мешков Брест е со биланс од две победи и три порази.

Артуро Видал се радува на три бода, а Барселона играше во Купот

Барселона минимално со 1-0 славеше на гостувањето кај третолигашот Културал Леонеса во меч од Купот на Шпанија. Тренерот на каталонскиот гигант, Ернесто Валверде, шанса на овој меч им даде на оние играчи кои добиваат помалку минутажа во Примера и во Лигата на шампионите.

Иако беше апсолутен фаворит, Барселона се намачи и со гол во 91-вата минута стигна до победата. Артуро Видал беше еден од најискусните во редовите на каталонскиот гигант и на теренот не направи грешка, но кога требаше да даде изјава по средбата, се посрамоти.

Чилеанскиот репрезентативец заборави дека играше Куп натпревар против третолигашки противник. „Среќни сме бидејќи освоивме три бода“, рече Видал, без да размисли дека тоа не беше дуел од Примера дивисион.

 

 

ТИПУВАЈТЕ НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА: Башакшехир ќе покаже дека е новиот газда во Истанбул?

Кога се зборува за турското фудбалско првенство, веднаш асоцијацијата е на трите гиганти од Истанбул. Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче се клубовите кои со децении доминираат во шампионатот на Турција и речиси сите титули се во витрините на еден од овие три клуба. Оваа доминација на триото од Истанбул сезонава може да доживее крај, и тоа повторно од клуб кој доаѓа од најголемиот град во земјата.

Башикшехир е екипата која по првите 10 кола е лидер во шампионатот. Со шест победи, три ремија и само еден пораз, Башакшехир има 21 бодови, два повеќе од Касимпаша и Галатасарај, а три повеќе од Бешикташ. В сабота, Башакшехир на својот стадион „Фатих Терим“ ќе биде домаќин на Бешикташ во дербито на 11-тото коло.

Ретко кој до пред неколку години ќе веруваше дека во Истанбул ќе се појави четврти тим што може да се бори за титулата, а сега Башакшехир е предводник на табелата. Тоа е клуб кој е формиран во 1990 година, а во 2006 година за првпат се избори за настап во Супер лига. По седум сезони, повторно испадна во втората лига, но експресно, само за една година се врати во елитата во 2013 година и започна неговата ренесанса.

Во 2015 и 2016 година завршуваа на четвртото место и играа во Европа. Минатата сезона беа во борба за титулата, но попуштија во темпото и завршија како трети. Сега најавуваат дека ќе издржат и ќе го задржат лидерското место до крајот. Голем предизвик ќе имаат веќе в сабота, против Бешикташ.

Овој дуел е и на понудата на СПОРТСКА ПРОГНОЗА во третото коло, а ваше е да типувате за конечниот исход. Покрај дербито во Турција, стандарно има уште 11 главни мечеви и две резервни средби на кои може да типувате:

Правила

  • Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
  • Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, подарокот ќе се подели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
  • За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
  • За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
  • За погодени 9 натпревари – ваучер од 200 денари.

За учество во играта потребно е да сте фан на нашата facebook страница: facebook.com/SportManija

Секој корисник има право на една прогноза. Корисникот кој прогнозирал два или повеќе пати ќе биде дисквалификуван за тековното коло.

Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.

Во конкуренција се прогнозите испратени пред почетокот на првиот натпревар.

 

По враќањето на првото место на АТП, Ѓоковиќ упати моќна порака

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е тип човек кој никогаш не се откажува. Откако пред две години го загуби првото место на АТП-листата, Србинот имаше многу проблеми како со провредите така и со начинот на кој повторно ќе се врати во препознатливата форма.

Откако вчера стана јасно дека Ѓоковиќ повторно ќе биде број 1 тенисер на АТП-листата, популарниот Ноле испрати порака преку својот профил на „Твитер“. Со фотографија од времето кога бил дете, Новак порача: „Верувај во себе. Секој ден“. Оваа порака треба да биде мотив за сите, без разлика дали се спортисти или не.

https://twitter.com/DjokerNole/status/1057875675506368512