Стоилов: Познат противник, одиме на победа

Вардар пред неколку дена претрпе висок пораз на гостувањето кај Мешков Брест (35:20) во меч од СЕХА-лигата, но на таа средба „црвено-црните“ играа со втор состав. Сега следи нова битка на овие два ривали, но во Лигата на шампионите, во Скопје. „Јане Сандански“ е местото каде што Вардар е фаворит без разлика кој е противникот, па затоа и секогаш се очекува победа на македонскиот првак. Тоа го знае и капитенот Стојанче Стоилов.

„Добро го познаваме противникот, бидејќи секоја година играме против нив. Се работи за сериозен тим, но ние играме на домашен терен и треба да докажеме зошто ја имаме улогата фаворити. Сакаме полна сала, а ние ќе одиме на победа“, рече Стоилов на денешната прес-конференција.

На овој меч, Вардар ќе биде без Вуко Борозан, кој доби суспензија од еден натпревар поради црвениот картон кој го заработи во претходното коло во ЛШ.

„Вчера стигна информацијата дека Борозан е казнет и нема да може да игра. Не знам зошто е таа суспензија, бидејќи немаше намера во стартот. Тоа беше во жарот на играта. На местото на Вуко, за прв пат ќе игра Дисингер. Мешков е силен противник, а посебно игра добро во одбраната, но нашата цел е една, а тоа е да победиме и да освоиме нов два бода“, рече тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Во досегашните пет одиграни меча, Вардар има четири победи и еден пораз, додека Мешков Брест е со биланс од две победи и три порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести