Палас го освои натпреварувањето во кое воопшто и не требаше да игра

Кристал палас оваа сезона првпат играше во некој европски куп и како дебитант успеа да го освои, тоа е историски подвиг сам по себе, а интересно е дека клубот од Лондон воопшто и не требаше оваа сезона да игра во Конференциската лига.

Како освојувач на англискиот ФА куп, на Палас му следуваше место во Лигата на Европа. Но, УЕФА не му дозволи да играат во Лигата на Европа, место што фер го заработија со своите настапи на теренот минатата сезона. Причината е што имаат иста сопственичка структура со Лион, а и двата клуба не можат да бидат во исто натпреварување на УЕФА.

Навивачите на Кристал палас протестираа против УЕФА, истакнаа транспарент „УЕФА мафија“ со симболот на еврото.

Со победата вечерва, правдата сепак е задоволена и Палас треба да игра во Лигата на Европа, во која требаше да игра и оваа сезона, и тешко дека ќе ја освоеше и дека ќе имаа славење како вечерашното. Но, и Лион повторно ќе биде во тоа натпреварување, останува да се види дали сега УЕФА ќе им прави проблем.

- Оглас -

Најнови вести