Александар Трајковски ја урна Италија со гол во 92-рата минута во Палермо и ја испрати Македонија во завршниот бараж за настап на Мундијалот во Катар, а уште еден поранешен играч на Палермо вечерва е јунак со победнички гол.
Некогашниот соиграч на Трајковски во Палермо, Робин Кваисон, погоди во 110-тата минута за Шведска, која ја победи Чешка со 1:0 во возбудлив дуел во Солна.
#Sweden × #Czech
110' 1-0 Quaisonpic.twitter.com/uXeVY6Mjkc— أهداف • Goals (@AllGoalsAreHere) March 24, 2022
Кваисон влезе во игра во 61-вата минута и погоди во второто продолжение, па Шведска ќе игра со Полска во последниот бараж-меч за настап на Светското првенство во Катар, што ќе се игра во ноември и декември годинава.
На 29 март ќе играат Португалија и Македонија, Полска против Шведска, а Велс го чека подобриот од дуелот меѓу Шкотска и Украина, што треба да се игра во јуни.
Победниците ќе играат на СП во Катар.

