Палмеирас ќе игра финале на Светскиот куп – Човекот што доживеа семејна трагедија пред шест години, сега се посрамоти (Видео)

Бразилскиот Палмеирас ќе игра финале во Светскиот клупски куп откако со 2:0 го победи африканскиот првак Ал-Ахли од Египет.

Веига и Дуду беа главни актери во полуфиналето и со по еден гол и по една асистенција му донесоа меч за пехарот на Палмеирас.

Во финалето ќе играат со подобриот од мечот меѓу Челзи и Ал-Хилал што ќе се игра утре.

 

Ал-Ахли не успеа да му пружи посериозен отпор на Палмеирас, па во немоќ Ајман Ашраф направи глупост во финишот на мечот.

Во 81-вара минута брутално стартуваше и, за среќа, сепак не го повреди играчот на Палмеирас.

Играчот што во 2016 година доживеа семејна трагедија и во сообраќајка ги загуби мајката и сестрата најпрво доби жолт картон, но по прегледување на снимката со ВАР-технологијата, беше исклучен.

Ал-Ахли ќе игра за третото место на Светскиот клупски куп против поразениот од второто полуфинале меѓу Челзи и Ал-Хилал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести