Панче Ќумбев нема дилеми: Јувентус ќе го победи Наполи

Продолжуваме заедно со некогашниот фудбалер на Борец, Победа, Гроцлин Дискоболија, Легија и Работнички, а и за овој викенд Ќумбев е подготвен со својата анализа и предлог-типови да ви помогне полесно да стасате до добивка.

На „менито“ на некогашниот македонски репрезентативец се дерби-натпреварите Челзи – Ливерпул и Јувентус – Наполи, а типува уште и два ефикасни дуели во Полска и Англија и прв триумф на Шалке 04 во Бундеслигата.

„Време е за прва победа на Шалке 04 во германското првенство. Имаат квалитетен состав и мечот против Мајнц, едноставно, мора да го добијат. Мислам дека и Јувентус ќе го победи Наполи, а на дуелите меѓу Челзи и Ливерпул секогаш е ефикасно, па верувам дека ќе следиме возбудливо англиско дерби со многу погодоци“, вели Ќумбев.

Еве ја неговата анализа и предлог-типови за викендот што е пред нас:

Шалке 04 – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Ова е натпревар од типот да се биде или не за домаќинот.Толку квалитетен состав, а толку неубедливи на стартот од сезоната. Мислам дека сега немаат поинаков избор освен атак со сите сили на победа. Едноставно, мора да добијат и да се тргнат од дното на табелата.Традицијата во меѓусебните дуели ми дава право овде да типувам победа на домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Арсенал –Ватфорд (Сабота, 16.00 часот)

Интересен дуел на два тима чија форма оди во нагорна линија. И Арсенал и Ватфорд играат убав фудбал за око и верувам дека ќе има доста голови. Имам верба во голгетерските квалитети  на Лаказет и на Обамејанг и мојот тип е Арсенал да постигне најмалку два гола на натпреварот.

Предлог тип: Т1 2 + (1.40)

 

Јувентус-Наполи (Сабота, 18.00 часот)

Дербито на врвот во Калчото мислам дека ќе му припадне на, според мене, поквалитетниот во моментов – Јувентус.
Според мене, домаќините немаат сериозен конкурент во домашното првенство и имаат премногу квалитетни играчи за да не бидат фаворити и на овој дуел. Наполи игра променливо и неубедливо и шансите да избегне пораз на дербито на седмото коло во Серија А му се мали.

Предлог тип: 1 (1.78)

 

Челзи –Ливерпул (Сабота, 18.30 часот)

Дефинитивно, дуел на две екипи кои се најсериозни кандидати за титулата во Премиер лигата. Последниот натпревар во Купот, во средата, покажа дека овие екипи имаат доволно муниција во своите редови за нов ефикасен дуел и верувам во многу голови, и тоа на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.87)

 

Лех Познањ- Легница (Недела, 18.00 часот)

Очекувам висока победа на домаќинот. Лех на домашен терен игра доста напаѓачки и постигнува многу голови. Фаворит е во овој дуел и верувам во победа на составот од Познањ, комбинирано најмалку со 3 гола на натпреварот.

Предлог тип: 1&3 + (2.80)

 

- Оглас -

Најнови вести