Пандата на Врсаљко е хит, го стопи снегот во Мадрид (Фото)

Шиме Врсаљко и неговиот автомобил „фиат панда“ се хит на социјалните мрежи, а успеаја да го победат снегот во Мадрид и да се пробијат до тренинг-кампот на Атлетико.

Хрватскиот репрезентативец објави фотографија на „Инстаграм“ со необичното возило во кое со него авантурата на снегот во главниот шпански град успешно ја минаа и Јаник Караско, Томас Лемар и Марио Хермосо.

 

Автомобилот е стар и експертите од автомобилизмот објавија дека може да се купи за околу 1.000 евра на пазарот за коли, но се покажа како многу издржлив и рационален за пат на снегот во Мадрид.

Невремето во Шпанија, што особено го погоди Мадрид го одложи мечот меѓу Атлетико и Атлетик Билбао што требаше да се игра завчера на „Ванда Метрополитано“, фудбалскиот дом на популарните Јорганџии.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести