Пандев е повреден и не игра против Фиорентина за збогум на 2018 година

Горан Пандев се пожалил на болка во мускулот и нема да игра утре против Фиорентина, во последниот меч за Џенова во 2018 година во Серија А.

Капитенот на македонската репрезентација не беше присутен на последниот тренинг пред мечот со „виолетовите“ и не е на списокот на Чезаре Прандели за настап утре.

Повредата сепак не е од сериозен карактер, а Пандев ќе има период од околу еден месец да се врати потполно здрав на теренот и да биде во комбинација за настап на дуелот со Милан на 21. јануари.

Во првиот дел од сезоната капитенот на македонската репрезентација одигра 11 натпревари за Џенова, постигна и два гола, а според истражувањето на фудбалската опсерваторија „CIES“, тој е највлијателниот играч во Серија А на бодовната состојба на клуб во Серија А.

Кога Пандев е во игра Џенова освојувала 1,6 пати повеќе бодови, отколку кога тој е надвор од теренот, што го смести Гоче на врвот на табелата што ја подготви „CIES“.

Утре од 15 часот Џенова ќе и биде домаќин на Фиорентина од 15 часот, во последните мечеви во Серија А за 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести