Пандев е во одличен голгетерски ритам, ќе има рекордна сезона

Горан Пандев со вечерашниот гол против Рома, не успеа да спречи пораз на неговата Џенова, но за утеха, може да биде задоволен барем од личниот голгетерски учинок. За Пандев ова е петти гол сезонава, со што ја надмина бројката на голови од целата претходна сезона кога имаше четири.

Пет гола за Џенова постигна и во сезоната 2017/2018, на 32 меча, а досега сезонава има 5, иако играл на само 16 средби. Инаку, рекорд во кариерата в Серија А му се 13 гола во една сезона, како играч на Лацио во сезоната 2007/2008. Таа бројка е тешко достижна, но ако продолжи вака, може да дојде до двоцифрен број на голови и најдобра голгетерска сезона во дресот на Џенова. Но, поразот од Рома од 1-3 ги става џеновјаните во тешка ситуација, претпоследни се на табелата и ќе треба да се помачат ако сакаат да останат дел од елитата.

- Оглас -

Најнови вести