Пандев, Елмас, Несторовски чекаат на вашите прогнози, не го пропуштајте 32-то коло

Втората сезона на Спортска прогноза влегува во самиот финиш и остануваат само уште три кола до крајот на овој циклус на бесплатната игра што за вас ја организираат Спорт Манија и Sport Life. Во тек е 32-рото коло во кое можете да се приклучите и денеска, најдоцна до 17 часот, односно до почетокот на првиот меч меѓу Селта и Бетис.

Тројца наши репрезентативци со своите екипи учествуваат во ова коло. Пандев со Џенова ќе го нападне Несторовски и Удинезе, додека Елмас и Наполи имаат нерасчистени сметки со Рома.

Леванте без Барди, кој има пет жолти картони ќе се надигрува со Сосиедад,  Затоа, не го пропуштајте ова интересно коло кое може да ви донесе прекрасни подароци.

Мобилен телефон IPhone XS е главната премија која може да ја освоите доколку погодите „Среќна 13-ка“, односно имате точна прогноза на сите 13 понудени парови. Подароци има и за оние кои ќе бидат на чекор од „13-ката“. Со 12 погодоци добивате вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11 погодени парови ќе станете сопственик на вредносен ваучер од 500 денари во Sport Life.

Освен тековните подароци кои ги нудиме, изненадувања ќе има и за најдобрите петмина во Генералниот пласман. За најдобриот играч во сезоната следува  ТВ смарт од 48 инчи. Во битката за Генералниот пласман, вториот шампион на Спортска прогноза е речиси познат, а Христијан Т. треба само рутински да држи темпо во последните три кола. Лидерот на табелата има 214 поени и двоцифрена разлика во однос на конкурентите.

Подароци ќе има и за останатите прогнозери што ќе се задржат во Топ-5 во последните три кола, а конкуренцијата е голема, па затоа секој поен е важен. Прогнозирајте, забавувајте се и очекувајте убави награди со Спортска прогноза.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести