23.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Пандев: Лесно е кога го имаме Елмас, нашиот најголем бисер

Горан Пандев одигра капитенски и беше лидер во победата против Словенија, што ја круниса извонредниот Елиф Елмас со два гола во мрежата на Јан Облак.

Пандев му асистираше на Елмас за првиот гол, а имаше и многу комплименти за него по мечот, што го добивме со 2:1.

„Ја надигравме Словенија во сите сегменти на фудбалската игра и заслуживме победа. Нашиот најголем фудбалски бисер Елмас беше извонреден. И претходно сум зборувал дека ова момче е подготвено да ја води оваа репрезентација и да биде вистински лидер, како што тоа беше вечерва. На крај сакам да ѝ се заблагодарам на публиката, бидејќи таа беше нашиот 12. играч вечерва и го остави срцето на терен како нас. Кажав дека според мене Словенија не е подобра во ниту еден сегмент о д фудбалската игра и тоа се потврди и вечерва“, изјави Пандев.

Популарниот Гоче го одигра 106. меч за националната репрезентација, а следниот ќе биде клучен за нас на патот кон ЕП 2020 година. Ќе ни треба успех против лидерот Полска, за да останеме докрај во битката за првите две места што водат на континенталниот фудбалски самит следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести