Пандев не заслужи последниот настап во кариерата да му биде на неважен меч против Алесандрија

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, на неславен начин ја заврши играчката кариера.

Откако лани во Амстердам во голем стил се прости од националниот тим на Македонија, не се повлече, туку реши да одигра уште една сезона на клупски план, па сплетот на околности сакаше последниот меч да му биде на 30-ти април против Алесандрија.

Парма и Алесандрија одиграа 2-2 во неважен меч од италијанската Серија А, а Гоче на таа средба играше едно полувреме.

Поради повреда, Пандев денеска не беше во составот на средбата со Кротоне, па ако остане на зборот дека ова му е последна сезона во кариерата, Пандев веќе нема да го гледаме на фудбалските терени.

Уште повеќе боли што наместо со заслужени овации од полн стадион, тој од активното играње се прости на обичен второлигашки меч.

Последниот гол Пандев го даде на 12-ти февруари против Порденоне, и тоа е негов единствен гол сезонава во Италија (играше и за Џенова во Серија А, но не даде гол).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести